Култура
Мартовска филмска програма во Кинотека: Идоли и инспирации од подвижните слики
Мартовската програма во Кинотеката ја започнуваме со холивудскиот хит Куќата Гучи (House of Gucci, 2021) на Ридли Скот (Ridley Scott), со Лејди Гага, Адам Драјвер, Џереми Ајронс, Џаред Лето, Ал Пачино и Селма Хајек во ѕвездениот кастинг, филм инспириран од вистинската приказна за семејното царство на италијанската модна куќа „Гучи“, најавуваат од Кинотека на Македонија.
Минатиот месец, во март му оддаваме почит на маестро Александар Џамбазов, со македонскиот игран филм МЕМЕНТО (1967) во режија на Димитрие Османли. Овој наш познат и значаен диригент и композитор е автор на „Рапсодија за Скопје“ – композиција за пијано и оркестар (1966) која е главна музичка тема во филмот, информираат од таму.
На програмата е и новиот филм на Пол Ферхуфен (Paul Verhoeven), некогашниот култен автор на акционите научно-фантастични филмови РОБОКАП (RoboCop, 1987) и ТОТАЛНО ОТПОВИКУВАЊЕ (Total Recall, 1990), како и еротските трилери ОСНОВЕН ИНСТИКТ (Basic Instinct, 1992) и ШОУ ДЕВОЈКИ (Showgirls, 1995). По враќањето во Европа Ферхуфен (порано го пишувавме и Верховен) направи неколку авторски поинакви филмови, а БЕНЕДЕТА (Benedeta, 2021) е најновиот во неговата филмографија, во кој провоцира со неговото видување на геј-сексуалноста и митологијата.
Од 9 до 10 март Кинотеката веќе традиционално е домаќин на Вечерите на женски права, а на 13 март ќе биде одбележана 79-годишнина од злокобната депортација на македонските Евреи во логорот Треблинка со проекција на италијанскиот филм ЅВЕЗДЕНО НЕБО НАД РИМСКОТО ГЕТО (Un cielo stellato sopra il ghetto di Roma / A Starry Sky Above the Roman Ghetto, 2020) на Џулио Базе (Giulio Base).
Кон средината на март на кинотечната програма ја враќаме рубриката Уредник со причина, во која овој пат филмови бира Илина Арсова. Таа е и академска сликарка со мултитаскинг темперамент која ја користи уметноста за да ги претстави загадувачките навики и човековите интервенции врз природата. Преку својот визуелен креативен израз се обидува да ја подигне еколошката свест кај своите сограѓани. Последнава деценија и пол Арсова е една од нашите најдобри алпинистки, засега единствена која ги има искачено највисоките планински врвови на 7 континенти, меѓу кои и Мон Блан и Монт Еверест, додаваат од таму.
Договарајќи го нејзиниот избор на филмови, Арсова го потенцираше македонскиот игран филм ДЕЛФИНА (1977) на Александар Ѓурчинов како наслов со кој се поистоветува секогаш кога ѝ е тешко и кога патот до целта е долг. „Заради ПЛАЖАТА (The Beach, 2000) на Дени Бојл (Danny Boyle) ги открив далечните дестинации и патував речиси низ целиот свет, а со МОИ ПЕСНИ МОИ СНИШТА (The Sound of Music, 1965) на Роберт Вајс (Robert Wise) пораснав и уште тогаш се вљубив во алпскиот планински пејзаж “, вели Арсова.
Како вовед во нејзиниот уреднички избор ќе бидат прикажани и и неколку кратки документарни филмови од серијалот THIS IS HERSTORY (2019), во режија на Игор Христов, чиј продуцент е самата Арсова. Овие неколку приказни за жени алпинистки и спортистки, вљубени во движењето, планините и природата, учествувал на 20-тина меѓународни фестивали и има добиено 4 награди.
Со неколкуте наслови од поновата европска филмска продукција, во која има филмови и за помладите, потоа насловите од Неделата на франкофонски филмови и редовната проекција на филм по избор на Институтот Гете во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
(Видео) „Кафе де Анатолија“ во живо во Сули ан во Скопје: фузија на музика и историја
Во хармонична фузија на култура, историја и музика „Кафе де Анатолија“ го претстави својот најнов жив настап, снимен меѓу древните ѕидови на Сули ан во Стариот базар/чаршија на Скопје.
Во соработка со Факултетот за уметности овој посебен настап ги обединува познатите уметници Маџноон (Majnoon) од Турција, Били Естебан (Billy Esteban), А. Јовевски (Aleksandar Jovevski) и Емра Кантуровски (Emrah Kanturovski) за несекојдневно музичко искуство.
Наспроти познатиот пејзаж на еден од најиконичните симболи на Скопје, овој жив настап е повеќе од само изведба – тоа е прослава на традицијата, иновацијата и универзалниот јазик на музиката.
Сули ан, карванска станица од 15 век, стои како доказ за богатата историја и културното наследство на Скопје. Почетно позната како водена крчма поради близината до реката Серава, Сули ан служела како витален дом за патници и трговци кои поминувале низ регионот. Во текот на вековите тоа ја видело менувачката историја развивајќи се од вибран пазар до центар за културна размена. Денес, тоа останува симбол на неодоливиот дух на Скопје привлекувајќи посетители од далеку, кои бараат да се потопат во неговата бурна минатост.
Вметнат во ѕидовите на Сули ан лежи Факултетот за ликовни уметности, светилник на креативност и уметнички израз. Основан во 1980 година како дел од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ факултетот нуди широк спектар на курсеви во фини и визуелни уметности градејќи го талентот на будни уметници и научници. Неговото присуство во Сули ан дополнително ја истакнува крстосницата на традицијата и иновацијата бидејќи студентите и Факултетот истовремено се инспирираат од богатото архитектонско и културно наследство што ги опкружува.
На оваа историска и креативна заднина настапот на „Кафе де Анатолија“ се развива ткаејќи го звучното платно што преминува граници и жанрови. Од зафатните мелодии на кавал до пулсирачките ритми на тамбурата, секоја нота резонира со духот на Скопје, одек се слуша низ древните коридори на Сули ан. Маџноон (Majnoon), Били Естебан (Billy Esteban), А. Јовевски (A. Jovevski) и Емрах Кантуровски (Emrah Kanturovski) донесуваат свој уникатен талент на сцената инфузирајќи традиционалната музика со современ печат. Додека музиката го исполнува воздухот, публиката се пренесува на патување на чувствата, опфатени во видот и звуците на Стариот базар на Скопје. Калдрмите, украсени со вековно стара архитектура, обезбедуваат живописна заднина за настапот зголемувајќи го општото искуство за гледачите. Ова е доказ за моќта на музиката да ги обедини луѓето во културите и континентите пресекувајќи го јазот помеѓу минатото и сегашноста.
Како што последните ноти стивнуваат, ехото на живиот настап на „Кафе де Анатолија“ престојува оставајќи неизбришлив печат на сите што имале среќа да го видат.
„Кафе де Анатолијa“ е македонска продукциска и издавачка компанија основана во 2017 година од Моника Илиева (Monika Ilieva), Никола (Nickarth ака Rialians On Earth) и Зоран Илиев (Billy Esteban). Постои од 2009 година како концепт и претставува една од основачите на новите жанрови Organic House, Oriental Deep House и Ethno House на светската музичка сцена. Со повеќе од 4.000 артисти диџеји, кои настапуваат глобално, нивниот каталог содржи над 6.000 музички композиции (најголем светски каталог во Organic House-жанрот. „Кафе де Анатолијa“ е најнаградуваната музичка издавачка куќа на „Јутјуб“ со 31 Creator Award, првиот македонски бренд промовиран во Њујорк на Тајмс сквер, а соработуваат со глобални брендови, како Forbes, Giorgio Armani, W Hotels, Four Seasons, GoTurkiy. Многу списанија, како Forbes, Billboard, Entrepreneur, Gulf News, Gothic Magazine, Influencive, The Jerusalem Post, CDA Mag, и многи други публикации имаат пишувано за растечкиот тренд бренд на „Кафе де Анатолијa“ во светот. Никола Илиев и Моника Илиева се дел од Forbes Business Council и присуствуваа на Forbes Under 30 и Forbes 30/50 самитите по добиената ексклузивна покана од Forbes, организацијата за најуспешни млади претприемачи и бизнис-лидери од целиот свет, за 2022, 2023 и 2024 година.
Култура
Во галеријата „Рудиќ“ – годишна изложба на фотографии на фотоклубот ЕЛЕМА – Скопје
На втори април, во 19 часот, вторник, во Рудиќ галерија ќе биде поставена клубска изложба на фотографии, „ЕЛЕМА 2024“.
„ЕЛЕМА 2024“ е изложба која го означува креативниот и творечкиот континуитетот на ФК Елема низ долгите години постоење и промовирање на фотографската уметност.
Како прва годишна клубска изложба она ги најавува идните активности на Клубот кои секако ќе бидат претставени во периодот кој следи, со јасен акцент на индивидуалноста на авторите слободниот дух, секогаш со нов пристап и нови трендови кон создавањето на фотографијата за што ЕЛЕМА секогаш имала капацитет.
Ќе бидат изложени фотографии на реномирани македонски автори: Раде Луковиќ, Дејан Гилевски, Кирил Штрков, Вацлав Лукиќ, Цветан Гавровски, Владимир Арсовски, Катарина Николов, Драгољуб Николовски и Боро Рудиќ.
Култура
Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот Регион
Министерката за култура и претседателка на Националната комисија за УНЕСКО, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска во Охрид оствари работна средба со претставниците на реактивната мониторинг-мисија на УНЕСКО, која е составена од членови на Центарот за светско наследство, Меѓународниот совет за споменици и локалитети и Меѓународната унија за заштита на природата. Средбатата се одржа во Завод и Музеј – Охрид, а учество зедоа и членовите на Националниот координативен тим од нашата држава и директорката Ирена Шајн.
„Министерството за култура и Националниот координативен тим посветено работат на спроведување на препораките од УНЕСКО во делот на заштита на културното наследство. Не отстапуваме од грижата за Охридскиот Регион и зачувување на статусот на престижната листа на УНЕСКО. Уверена сум дека обединети, сите заедно, централната, локалната власт и невладиниот сектор во заедничка координација со забрзана динамика ќе продолжиме да ги исполнуваме насоките на УНЕСКО во подобрување на состојбите со реткото природно и културно наследство на нашиот регион“, потенцира Костадиновска- Стојчевска.
На средбата стана збор за актуелните состојби поврзани со заштитата на културното наследство во Охридскиот Регион, начините за надминување на предизвиците и напредокот што го има остварено државата во однос на последните препораки на УНЕСКО.
Министерката со македонските експерти ги информира членовите на реактивната мисија за сите реализирани, како и за тековните активности поврзани со препораките, како што е донесувањето на стратегискиот план за рехабилитација на природното и културното наследство на Охридскиот Регион, изработката на правни документи, меѓу кои предлог-закон за управување со светското природно и културно наследство и предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за прогласување на старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење.
Беше дискутирано и за завршените активности за заштита на дрвената платформа во Заливот на коските, пристапот до заштитените културни добра, изработката на „упатство за иматели на недвижни културни добра во Охридскиот Регион – светско наследство на УНЕСКО“, со цел да им се помогне на имателите на недвижни културни добра во Охридскиот Регион да ги исполнат своите права и обврски.
Средбата беше дел од агендата на тридневната заедничка реактивна мониторинг-мисија на членовите од Центарот за светско наследство на УНЕСКО, Меѓународниот совет за споменици и локалитети (ИКОМОС) и Меѓународната унија за заштита на природата во прекуграничното светско наследство „Природно и културно наследство на Охридскиот регион“ во Република Албанија и во Северна Македонија.