Контакт

Култура

Над 48.000 посетители на Саемот на книгата

Објавено пред

31. издание на Саем на книгата 2019, кој траеше од 8 до 14 мај, вчера се затвори и ја надмина вообичаената посета од страна на читателите. Заклучно со вчерашниот ден, саемот го посетија 48.000 обожаватели на пишаниот збор од кои 40% беа ученици.

dobivaj vesti na viber

Соработката со Република Унгарија и унгарската амбасада во Република Северна Македонија, кој оваа година беше земја во фокус на саемот, како и соработката со ЈСП со воведувањето на двете вонредни линии за полесен пристап на посетителите до најголемата културна манифестација, резултираа, покрај промената на локацијата на Саемот на книгата, овој саем оваа година да го зацврсти своето постоење, без разлика на местоположбата. И оваа година ја добивме поддршката од Министерството за култура на Република Северна Македонија, што беше исклучително важно за самата манифестација и за издавачката дејност. Овој саем ќе го паметиме по бројните промоции на нови изданија на книги од издавачите, по бројните гостувања на домашни и странски автори, но и по зголемената бројка на посетители на саемот на книгата“ – изјави Сања Кондарко, проект менаџер на Саемот на Книгата.

Во рамките на програмата на Промотивниот центар се доделија наградите во организација на Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), како и доделувањето награди организирано од страна на Здружението на издавачите и книжарите на Македонија (ЗИКМ).

На 31. издание на Саем на книгата 2019, кој се затвори вчера, се претставија околу 70 издавачки куќи од Северна Македонија, како и од Унгарија, Србија, Косово, Албанија и Данска.

Саемот беше организиран под мотото 31 година Читај со задоволство!



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

„Временски сензации“ – изложба на скулптурите од керамика на Боро Новаковски

Објавено пред

Скулптури од керамика на Боро Новаковски – Новак ќе бидат изложени во Уметничкиот Центар АРТ ХАБ во Скоопје, ГТЦ, 2 кат.

dobivaj vesti na viber

Изложбата ќе се отвори на 18 април – четврток, со почеток во 20 часот.

На изложбата ќе бидат презентирани ретките сочувани дела на Боро Новаковски-Новак, чијашто кариера како ќерамичар започнува во средината на 50-тите години. Неговите првични обиди за изработка на ќерамички скулптури биле скромни, обидувајќи се да додаде украси и бои на грнчарски производи. Сепак, набрзо го менува овој приод, фокусирајќи се на изучување на ќерамичарскиот занает и создавањето на сопствени уникатни скулптури.

Делата на Боро се одликуваат со нежни линии и хармонични облици, отсликувајќи го неговиот интимен и личен пристап кон ќерамиката. Тие се трајни сведоци за неговата страст и посветеност на ќерамичарската уметност. Оваа изложба нуди уникатен поглед во неговиот свет, каде што секоја скулптура раскажува своја приказна, проткаена со историја, уметност и емотивна длабочина.

За сите љубители на уметноста изложбата ќе трае до 18 мај.

Прикажи повеќе...

Култура

Изложба на карикатури од Фестивалот за хумор и сатира IN VINICA VERITAS во Крива Паланка

Објавено пред

На 17 март (среда), со почеток во 12 часот, во НУ Центар за култура – Крива Паланка ќе биде отворена изложба на карикатури од Меѓународниот фестивал за хумор и сатира IN VINICA VERITAS 2023, кој го организира Домот на култура „Тошо Арсов“ – Виница.

dobivaj vesti na viber

Годинешното издание е посветено на темата „Нештата стануват возможни“, а како и секоја година конкурсот за карикатура традиционално предизвикува голем интерес кај професионалните карикатуристи од целиот свет, што се потврдува со учество на 224 автори од 46 држави и со вкупно 622 карикатури.

Жирито е составено од интернационални и домашни претставници, а годинава за најдобри се прогласени акрикатурите на Фернандо Пица од Колумбија (прво место), Кијанг Лио од Кина (2. место) и Хуан Габриел Бенавидес од Шпанија (3. место).

Фестивалот за хумор и сатира IN VINICA VERITAS од Виница прват е утврден во 1993 година, но згаснува при крајот на 90-тите години од минатиот век. Се обновува во 2009 година кога добива и меѓународен карактер и годинава слави 15-годишен јубилеј. Тој е еден од најпознатите и најинтригантни фестивали за карикатура, кој секоја година има интересна тема, што е вистински предизвик за карикатуристите од целиот свет.

IN VINICA VERITAS е поддржан од Министерството за култура, а изложбата во НУ Центар за кутура – Крива Паланка е дел од манифестацијата „Крива Паланка – град на културата 2024“.

Прикажи повеќе...

Култура

Герасимовски: Бесплатни билети за учениците од Центар преку меморандумот за соработката со НУ Театар за деца и младинци

Објавено пред

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски потпиша Меморандум за соработка со Националната установа „Театар за деца и младинци“ – Скопје, со кој се проширува и зајакнува соработката во полето на културата и уметноста.

dobivaj vesti na viber

Со овој Меморандум им се овозможува на децата и младите во Општина Центар, ученици во училиштата и градинките на подрачјето на Општина Центар, организирани посети на претстави реализирани од НУ Театар за деца и младинци – Скопје, користење на просториите на НУ Театар за деца и младинци – Скопје, за потребите на Општина Центар и консултации и соработка со вработените во Театарот за деца и младинци – Скопје, за потребите на децата во училиштата и градинките на територијата на Општина Центар, во областа на културата и уметноста.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија20 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски. Во ЕУ се почитуваат основните човекови права и се унапредуваат, а...

Македонија31 минута

Стојаноска во Тетово: угостителите сезонски се селат во други држави, незадоволни се од актуелната власт

Вчерашниот ден Дафина Стојаноска – членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ го искористи и за средба со Здружението на угостители од...

Регион1 час

Го искористи правото да не сведочи: заврши сослушувањето на мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ го искористи законското право да...

Свет2 часа

Полицијата нападот во црквата во Сиднеј го окарактеризира како терористички чин, напаѓачот е уапсен

Австралиската полиција го прогласи прободувањето со нож во црква во Сиднеј за верски мотивиран „терористички чин“. Момче (15) е уапсено...

Свет2 часа

Иран зад себе има незамислива сила која е закана за целиот свет: група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Иранскиот напад врз Израел го отвори патот за нова ескалација на Блискиот Исток. Директен конфликт меѓу овие две земји ќе...

Регион2 часа

Земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција. Епицентарот на земјотресот бил на Крит на...

Македонија12 часа

Силјановска -Давкова: Ќе се залагам АРМ секогаш да ги исполнува НАТО стандардите и да вклучва повеќе жени

„Претседателот е врховен командант на вооружените сили. А вооружените сили се бранителот на територијалната независност и интегритет на Македонија. Во...

Македонија12 часа

(Видео) „Ако го интересира Мицкоски кој од неговите најблиски соработници биле кај мене, ќе му кажам“, рече Пендаровски

Вечерва претседателскиот кандидат Стево Пендаровски беше меѓу жителите на Гази Баба и одговараше на нивните прашања. Граѓаните побараа одговор дали...

Македонија19 часа

Протестите на специјализантите имаат политичка заднина, колкав притисок и да прават, решение е можно по изборите, вели Демири

Министерот за здравство ги поддржува барањата за поголеми плати и платени придонеси на приватните специјализанти, но нема мерки што би...

Македонија20 часа

Демири: Ќе предложам невакцинирани да не може да се вработат во јавното здравство

Министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, ќе побара законски измени со кои ќе биде забрането во јавното здравство...

Македонија20 часа

Деветвалентната ХПВ-вакцина, која спречува 80 отсто од аналниот карцином и 70 отсто од карциномот на грлото на матката, достапна кај нас од следниот месец

За еден месец сите вакцинални пунктови ќе ја добијат деветвалентната ХПВ-вакцина, која од оваа година, покрај девојчињата на возраст од...

Македонија21 час

Припадници на затворската полиција се сомничат дека му овозможиле на осуденикот да побегне од Идризово – може да добијат и до 10 години затвор

Седумнаесет полицајци се приведени по повеќемесечна предистражна постапка за бегството на затвореникот од Идризово, кое се случи во октомври минатата година....

Македонија22 часа

Османи со порака до Израел: Воздржете се од возвраќање, спиралата на конфликти може да се влоши

Министерот за надворешни работи Бујар Османи порача до Израел да не возраќа на нападот на Иран бидејќи состојбата може да...

Uncategorized22 часа

Укината социјалната помош на 1.134 лица оти имале возило и за 18 месеци ја оштетиле државата за над 2,5 милиона евра

Министерството за труд изготвило 1.134 решенија за прекин на гарантирана минимална помош и социјална пензија на лица што 18 месеци...

Топ22 часа

На автопатот Скопје – Велес мотоциклист излетал од патот и починал од повредите

Вчера, во 12 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Велес, во близина на тунелот „Бадар“,...

Македонија23 часа

Си плаќаме приватно за да се лекуваме оти не сме здравствено осигурени, велат приватните специјализанти, кои излегоа на штрајк

Над 400 приватни специјализанти утрово излегоа на генерален штрајк барајќи покачување на платите и здравствено осигурање. Тие истакнаа дека надоместокот...

Свет1 ден

Израел: Иран почна војна, сите опции се на маса

Иран покрена војна против Израел кога лансираше беспилотни летала и проектили, мораме да ги одвратиме, изјави за „Скај њуз“ портпаролката...

Свет1 ден

Израелската армија објави фотографии од штетите од иранските напади

Околу 99 отсто од ракетите, беспилотните летала и крстаречките ракети лансирани за време на одмаздничката операција на Иран биле соборени...

Свет1 ден

Иран: Ако Израел возврати, следниот напад ќе биде одлучувачки

Амбасадорот на Иран во ОН, Амир Саид Иравани, даде изјава за „Скај њуз“ по состанокот на Советот за безбедност на...

Македонија1 ден

(Видео) Пендаровски: Мицкоски е докажан извор на лажни вести, страв му е да не му се врати Груевски

На вечерашниот граѓански митинг во Куманово, кандидатот за претседател Стево Пендаровски одговарајќи на прашање од граѓани зошто ВМРО-ДПМНЕ во последните...