Култура
Програмата на МОТ на три сцени – во Железничката зграда, на малата сцена на НОБ и во МКЦ
Со почеток од 18 часот во Железничката зграда ќе можете да ја проследите хрватската „Сè во парите“ на Борис Бакал. Претставата е т.н. work in progress и се занимава со односите меѓу општествените и материјалните вредности од една и парите од друга страна, сè од перспектива на лични наративи, реални финансиски примања, перманентни финансиски кризи на ова време, како и амбивалентна улога на парите во целокупната општествена размена. Концептот на проектот е базиран на банкарско-финансиската ‘револуција’ на светскиот пазар. Поле на истражување на претставата се земји како Хрватска, Италија, Словенија и други. Во текот на истражувачкиот процес континуирано се собираат сведоштва за лични искуства со пари, за пари од инвестиции, стекнување, збогатување, осиромашување, лоша финансиска среќа, до одрекување од финансиски добра.
Втората претстава за вечерта која ќе започне во 20 часот на малата сцена на НОБ е „Момчињата на Медеја“ во продукција на Аполо 1111 од Романија. Претставата го илустрира режисерското прекршување на легендата на Аргонаутите и Златното руно. Се отвора дискусија за машката ранливост, мачоизмот, патријархатот и мизогонизмот, користејќи средства на иронија и хумор. Сцената (прикажана како морнарски бар) е населена само со машки ликови. Овде некои Аргонаути се среќаваат за да го прослават своето големо животно искуство – митското патување на бродот Арго.
Третата претстава – „Арапска ноќ“ во режија на Зоја Бузалковска започнува во 22:30 во МКЦ. Сценографијата е на Јулијана Војкова-Најман, драматургија на Лидија Митоска Ѓорѓиевска, а музиката ќе ја изведува бендот Фолтин во склоп на самата претстава. Драмскиот текст на Роланд Шимелфениг, „Арапска ноќ“, е напишан во 2001 година. Поставен е речиси во сите поголеми и поважни театри, одигран е на многу јазици. Овој текст-партитура за пет ликови е игра на жанрови и стилови. Дејството се случува во еден европски град, на седмиот кат од една станбена зграда, во една летна ноќ, кога веќе востановената практика на функционирање на животите секоја вечер, ненадејно се прекинува. Со текот на времето, зградата се претвора во „волшебна кула“ и станува „извор на магичен реализам“. Елементите на трилер ја градат неизвесноста, а приказната, која почнува така што се чини дека секој од ликовите дејствува сам за себе, полека ги пополнува испрекинатите линии и добива на тензичност и густина. Во склоп на придружната програма во МКЦ со почеток од 12 часот ќе се одржи промоција на книгата „Анамнезис“ од Сандра Ускоковиќ. Во книгата се обработуваат културни пракси и уметнички дела на уметници и уметнички колективи, кои воспоставуваат нови модели на активно учество во создавањето и менувањето, како на урбаната култура, така и на самиот урбан, т.е. јавен простор.
Во книгата се обработени авторите од хрватската уметничка сцена активна изминатите 40-тина години, и тоа: Том Готовац, Сања Ивековиќ, Кугла Глумишта, Едит Шуберт, Зоран Павелиќ, Сандра Стерле, Славен Тољ, Игор Грубиќ, Златко Копљара, Петар Гримани, Боже Јурјевиќ, Синиша Лабровиќ, Ивана Јелавиќ, Тое Савиќ Гецан, Никол Хјуит, Наташа Лушетиќ, Станка Јузбашица, Александра Ацева, Еле Аготиќ, Александра Баришиќ, Борис Бакал и Бацачи сјенке.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Книги
МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга
Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.
Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).
Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).
Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.
Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).
Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).
Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).
Култура
Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија
„Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД.
Фестивалот којшто се одржа од 10 до 14 април, во своето 22-годишно постоење се залага за промоција на храбри филмови кои обработуваат општествени предизвици, но и говорат за смелоста на човековиот дух.
Цветановски го радува тоа што филмот по вторпат e наградeн во САД, откако минатиот месец беше прогласен за највпечатлив филм на 30. издание на „Седона интернешнал филм фестивал“ во Аризона.
„Калифорнија е центар на американската филмска индустрија, и секако дека како автор сум горд што добивме награда овде, и тоа во конкуренција со американски филмови со многу поголеми буџети. Едвај чекам да завршиме со оваа светска фестивалска турнеја и во септември да го презентираме пред нашата публика. Очекувам филмот да отвори теми за дискусија на повеќе нивоа, но пред се‘ сакам да го продолжиме трендот од последниве години, во кој на домашните гледачи им се враќа довербата и желбата да гледаат македонски филмови“, рече Цветановски.
„Бизнисот на задоволството“ досега доби осум награди на филмските фестивали низ светот, од кои пет се за најдобар долгометражен филм.
Филмот ја следи приказната на новинарка, која опседната со исчезнувањето на нејзината најдобра пријателка, подготвува тајна операција со цел да разоткрие мрежа за трговија со жени. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Филмот е снимен со поддршка на Агенцијата за филм.
Култура
Националниот џез оркестар со програмата Џез лектира гостува во Велес
По концертот во Скопје, Националниот џез оркестар со програмата под наслов „Џез лектира“ гостува во Велес. Концертот ќе се одржи на 23 април, 2024 година, со почеток од 20 часот во театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“.
„На концертот „Џез Лектира“ се осврнуваме на дел од творештвото на Каунт Бејси биг бендот. Вилијам Џејмс, познат како Каунт Бејси е американски џез пијанист, органист, водач на бенд и композитор, познат и како „Кралот на свингот“. Во 1935 година, тој го формира оркестарот „Каунт Бејси“ и ја води оваа група скоро 50 години. Неговата работа резултира со низа иновации во музичкиот израз како употреба на два „поделени“ тенор саксофони, нагласување на ритам секцијата, рифови во биг бенд композиции, аранжери за дополнително проширување на биг бенд звукот и слично“, се наведува во соопштението на Националниот џез оркестар.