Контакт

Култура

Режисерот Акар: Најубавите години од мојот живот ги поминав во Македонија, ќерка ми се вика Балкан

Објавено пред

Сердар Акар, продуцентот и режисер на серијата „Збогум, Румелија“, седна во директорската фотелја на „Балканска приказна“, ТВ-серија што се емитува на Турската национална телевизија ТРТ 1, а веќе неколку месеци се снима во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Акар со филмовите што до сега ги има снимено и со напишаните сценарија освои многу награди во Турција и во странство. Сердар Акар сега како дел од семејството на серијата „Балканска приказна“ вели дека најубавите години од својот живот ги поминал токму овде во Македонија.

„Како прво, не се чувствувам како странец во Македонија. Додека ја снимавме ‘Збогум, Румелија’, раскажувавме за животот на луѓето овде пред сто години. Тие беа тие што требаше да си заминат, се подготвуваа за емигрирање. Денес, во ‘Балканска приказна’ се раскажува за тие што останаа во Македонија… Освен тоа, задоволство е повторно да се биде во ист проект со луѓето со кои порано сме работеле. Уште попријатно е да се сретнеме на Балканот. Затоа што гласот на радоста е силен на овие простори. Најубавите години од животот ги поминав во Македонија. Ќерка ми се вика Балкан, претпоставувам самото тоа покажува колку сум среќен што имам можност повторно да работам овде на Балканот“, вели Сердар Акар, режисер на серијата „Балканска приказна“.

Серијата „Збогум, Румелија“ е еден од најзначајните проекти за Акар што влезе во историјата на телевизијата. Тој беше и продуцент и режисер на овој проект. Сега за „Балканска приказна“ вели дека раскажува сосема поинакво дејство за две семејства од две националности.

„Балканска приказна“ прикажува дејства што се случуваат денеска во реално време. Скопје е град поделен на два дела. Турците и Албанците од едната страна на Вардар и Македонците од другата страна. Колку и Вардар да го дели градот, сепак тие живеат заедно. Но, сепак, тие се разликуваат и знаат како да живеат со своите разлики и да ги прифаќаат меѓусебно. Нашата серија раскажува приказна за две семејства што научиле да живеат поинаку“, вели Акар за серијата „Балканска приказна“.

Според новиот режисер на „Балканска приказна“, Сердар Акар, не е лесно да се снима ТВ-серија во Скопје како главен град на државата, но сепак е среќен што наидуваат на големо разбирање од локалното население. Од друга страна, пак, актерската екипа го засака Скопје и, како што вели, многумина од нив веќе воспоставиле добри пријателства со луѓето овде.

По почнувањето со снимање и со прикажувањето на серијата на ТВ-екраните во Турција, се зголеми и бројот на турски туристи што прашуваат за дуќанот на Ќофтеџи Сулејман во Старата скопска чаршија и се сликаат пред него. Токму оваа балканска приказна е и мотив плус за зајакнување на односите меѓу Македонија и Турција како две пријателски држави и народите од овие две земји.

„Балканска приказна“ е една од најамбициозните продукции за Турција снимена во странство и веќе го привлече вниманието на гледачите со својата приказна, врвни актерски имиња, балканската музика и убавините од Скопје, каде што и се снима серијата. „Балканска приказна“ се прикажува секој втор ден на Турската национална телевизија, со почеток во 20 часот.

Мајсторските имиња Ердал Озјаџилар и Озлем Туркад ги делат главните улоги со Емре Беј и Мерих Озтурк во серијата заедно со актерскиот тим Хакан Бојав, Сузан Акбелге, Џан Колукиса, Сарп Бозкурт, Ѓозде Чиаџи, Дениз Ѓуркан, Емине Халил, Бурак Рахман, Сулејман Кара, Каан Тургут, Ерман Шабан, Џенап Самет и Бену Шахин. Сценариото е напишано од Угур Узунок, Нурулах Севимли, Абдулхамид Ишик и Есма Коч. Продуценти се Јалчин Ари и Угур Узунок, а линиски продуцент на серијата е Богдан Јончевски и локален партнер „Сити стар продукција“.

Култура

Под слоганот „Приказна се чита“ денеска почнува Саемот на книга

Објавено пред

Во арената „Борис Трајковски“ во Скопје денеска ќе биде отворено 36. издание на Саемот на книга, кој во седумте саемски дена ќе понуди книги од домашни и странски автори од преку 60 издавачки куќи од земјава и регионот.

dobivaj vesti na viber

На официјалното отворање на Саемот на книга обраќање ќе има министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Слоганот на манифестацијата е „Приказна се чита“.

– Слоганот „Приказна се чита“ прави поврзаност помеѓу опцијата за објавување „стори“ (на англиски „story“, што во превод значи приказна) на социјалните мрежи со приказните кои ги бараме во литературата и кои се раскажани во нашите омилени книги. На тој начин, Саемот се обидува да испише една нова страница во постоењето, приближувајќи се до новата генерација и новиот стил на живот преку јазик и жаргон препознатлив за модерното време – се вели во најавата за годинашното издание.

Со секоја купена редовна влезница ќе се донираат 15 денари за СОС детско село. Исто така, по повод 23 април – Светскиот ден на книгата, во СОС детско село и ДУЦОР „Партенија Зографски“ од Скопје – средно училиште за ученици со оштетен слух ќе бидат донирани по 100 книги и бесплатни годишни претплати од Boksy – изложувач на саемот, за година онлајн читање на книги.

Саемот на книга ќе биде отворен секој ден, од 10.00 до 22.00 часот. Билети можат да се најдат на влезот на Саемот, како и онлајн преку www.karti.com.mk.

Прикажи повеќе...

Култура

Промоција на кривопаланечки драми од Страхил Алексиќ

Објавено пред

Во НУ Центар за култура Крива Паланка , во петок со почеток во 12 часот, ќе се одржи промоција на кривопаланечките драми „Ожењи се Санде калајџија“ и „Најефтината свадба“ , чиј автор е Страхил Алексиќ.

dobivaj vesti na viber

Драмските дела се инспирирани од вистинси настани кои се дел од кривопаланечката историја и традиција, а Алексиќ ги има напишано пред 30-тина години.

Драмата „Ожењи се Санде калајџија“ за првпат е поставена и изведена во 90-тите години под раководство на проф. Марица Николовска, а пред повеќе години беше реобновена и претставена пред кривопаланечката публика од Драмското студио при НУ Центар за култура, во режија на Глигор Цветковски. Во 2018 година, пак, е изведена од ученици од СОУ„Ѓорче Петров“, под раководство на проф. Катерина Наковска Митовска, што јасно говори за интересот кај познавачите на драмското творештво, младите актерски таленти и кривопаланечката јавност.

Делото „Најефтината свадба“ досега не е драматизирано и не е познато на јавноста.

Страхил Алексиќ е првиот и засега единствен автор од Крива Паланка кој напишал драмски дела што сведочат за кривопаланчките настани од минатото, со што се потврдува нивната неизмерна вредност.

Издавач на кривопаланечките драми на Алексиќ е НУ Центар за култура од Крива Паланка, рецензент е Емилија Колевска, а подготовката на делата и промоцијата се реализираат во соработка со ЛУ Градски музеј и Општина Крива Паланка.

Настанот е дел од програмата на манифестацијата „Крива Паланка-Град на културата 2024“.

Прикажи повеќе...

Култура

Изложба „Сликарството на Ликовната академија во Штип“ во КИЦ во Софија

Објавено пред

Во галеријата на Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Софија на 18 април (четврток) 2024, со почеток од 18:30 часот, ќе биде отворена ликовната изложба „Сликарството на Ликовната академија во Штип“.

dobivaj vesti na viber

На изложбата ќе бидат претставени дела кои се настанати во Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, во периодот од 2019 до 2023 година. Составот на авторите е од поранешни и сегашни студенти во оваа образовна установа, и тоа се: Александра Јеротијевиќ-Андреева, Бојана Тошевска, Вангел Крстиновски, Дејан Витанов, Ивана Ивановска, Крсте Тарабунов, Миа Ефремова и Мики Иванов.

Нас. доц. д-р Иво Пецов, како куратор на изложбата, се погрижи да бидат избрани нај карактеристичните дела од ареалот на штипската Ликовна академија, во согласност со целите на нејзината програма – да образува кадри од областа на класичното сликарство.

Во образовната програма „Класично сликарство“ студентите од оваа изложба работеле под менторство на различни наставници, и тоа: Лариса Бондаренко и Владимир Недајборшч од Украина, Викторија Егорова и Игор Егоров од Русија, како и македонските професори: Јана Јакимовска, Јордан Ефремов, Слободан Милошески и Ванѓа Димитријева-Кузманоска.

Жанровски нај застапена е мртвата природа, а исто така може да се видат и лицата на некои од авторите преку жанрот автопортрет, како и дела кои биле дел од специфични задачи од опфатените предмети во Ликовната академија.

Изложбата ги опфаќа класичните сликарски техники: маслени бои на платно, акрил на платно, сув пастел на хартија и слично, а форматите се галериски.

При селектирањето на делата се акцентираше врз владеењето на академските вештини во сликарството. При селекцијата беше отворена можноста за учество на дела од автори кои развиле свој посебен стил и уникатност во изразувањето, за чиј развој дала придонес Ликовната академија во Штип.

Целта на изложбата е да го претстави квалитетот на ликовната обука и да ја афирмира Ликовната академија во државата и регионот, да го претстави развојниот пат на креативните личности сврзани со оваа институција.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија55 минути

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар. Пред присутните Пендаровски...

Македонија1 час

ВМРО-ДПМНЕ: Овие избори се последна шанса за Македонија

„СДС ја фрли Македонија во хаос. Институциите се парализирани, апатија и разочараност ги тиштат граѓаните. Корупцијата е распространета во секоја...

Македонија1 час

СДСМ: На овие избори одлучуваме за европска иднина на татковината, нема откажување

На овие избори одлучуваме за европска иднина на татковината. Граѓаните сакаат европски стандарди дома, сакаат развиена држава со подобри услови...

Свет2 часа

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Лидерите на Европската унија вчера одлучија да ги зголемат санкциите против Техеран додека светските сили се обидуваат да спречат поширок...

Свет2 часа

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Украинскиот премиер изјави за Би-Би-Си дека ќе има трета светска војна доколку Украина ја загуби војната со Русија, апелирајќи до...

Македонија12 часа

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Народот знае дека гласот за Стево е глас за ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби. Гласот за Стево е глас...

Топ18 часа

Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид. Од МВР информираа дека инцидентот...

Македонија19 часа

Арсовска: Министерката за култура успеа самата себеси да се побие и не одговори на ниедно прашање

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска успеа самата да се побие и не одговори на ниту едно прашање коешто беше поставено,...

Топ20 часа

Кривична против Курто Дудуш: за директори на градинка именувал лица што не биле вработени таму

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 49-годишниот К. Д., градоначалник на скопска општина...

Македонија21 час

„Два месеца нема плата за вработените, а пред избори се примаат работници“ – „Национални шуми“ на протест

Триесет подружници се собраа пред Јавното претпријатие „Национални шуми“ со цел да го изразат незадоволството оти втор месец немаат добиено...

Македонија22 часа

Со Арсовска ќе се видиме на суд да објасни како јас сум знаела, а не сум пријавила пожар во Универзалната сала, најави министерката за култура

За министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, вчерашните обвинувања од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, се лаги, скандалозни тврдења и обид...

Македонија22 часа

Грејната сезона продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како...

Македонија24 часа

Училиштата не може да објаснат како е направен изборот на фирмите за чии услуги плаќаат родителите: набавките за униформи за учениците, за фотографирање и за ужина се нетранспарентни

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето „Отсуство на процедури, транспарентност и отчетност кај набавките што се финансираат со пари...

Регион1 ден

По високите температури, Србија во снег: мештаните шокирани

Силниот дожд во утринските часови на територијата на западна Србија прерасна во лапавица и снег, а на Златибор веќе е...

Свет1 ден

ОН се обидуваат да го спречат гладот ​​во Газа: „Постојано некои нови проблеми“

Обединетите нации(ОН) се уште се борат да се обидат да го спречат гладот ​​во Појасот Газа. Иако има одредено подобрување...

Македонија1 ден

Мицкоски: 13-ти ден од кампањата, а Пендаровски не кажа ни збор за криминалите на ДУИ, за „Соравија“, за грабежот – тоа значи дека го прифаќа

Најголемата трагедија е што овие години полека, но сигурно системот е срушен. Системот кој е создаден да служи на народот,...

Свет1 ден

Израел го остава Иран во неизвесност во врска со нивниот одговор за нападот: „Нека бидат нервозни“

Ставот на израелскиот воен кабинет е дека Иран треба да продолжи да погодува каков ќе биде одговорот на Израел на...

Македонија1 ден

Пендаровски: Tие што беа против преспанскиот договор сега се фалат со НАТО-членството

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вчера вечер во Велес рече Силјановска да избере што ќе биде, претседател или врховен командант...

Македонија2 дена

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, праша врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, како и...

Македонија2 дена

Намален е бројот на ученици во училиштата во државата

Намален е бројот на ученици во основните и средните училишта, во учебната 2022/2023 година, укажуваат податоците во извештајот на Државниот...