Контакт

Изложби

„100 години од раѓањето на Ибрахим Кодра“ во Чифте амам

Објавено пред

Националната галерија на Македонија ја најавува изложбата „100 години од раѓањето на Ибрахим Кодра“, која ќе биде реализирана во соработка со Националната галерија на Косово. Изложбата ќе биде отворена на 12 мај 2018 година во 20 часот во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, и ќе биде поставена до 12 јуни.

Ибрахим Кодра (22.4.1918, Ишем, Албанија – 7.2.2006, Милано, Италија), светски познатиот албански уметник, животниот пат од Албанија го води во Милано и Рим, Италија, каде што творечки се развива во светската Академија за ликовни уметности „Брера“. Тој создава, другарува и изложува со најпознатите имиња на светската уметност во тоа време, како што се: Пабло Пикасо, Анри Матис, Амадео Модиљани, Жорж Руо, Жорж Брак, Хуан Миро, Оскар Кокошка и други, а во Милано изработил повеќе фрески за најпознатите музеи и згради.

Кодра изложува во повеќе центри во целиот свет (Њујорк, Токио, Палермо, Штутгарт и други) достигнувајќи многу голем успех. Неговите уметнички дела, создадени со посткубистички влијанија, се збогатени со реминисценции на традицијата на неговата татковина, Блискиот Исток, Византија, средбите на културите на Средоземното Море. Неговите уметнички дела се наоѓаат во многу музеи и приватни збирки, како што е Музејот на Ватикан.

Ова претставување на творештвото на светски најреномираниот албански уметник, кој изложувал и соработувал со многу светски имиња што го означиле текот на модерната и современа уметност во Европа и светот, ќе опфати дела од разни творечки периоди на Ибрахим Кодра. На изложбата ќе бидат претставени дела што се сопственост на Националната галерија на Косово и Фондацијата „Ибрахим Кодра“ од Милано, Италија.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

Нова изложба на дизајнерката Јованка Јанкоска

Објавено пред

Третата самостојна изложба на дизајнерката Јованка Јанкоска, насловена „Хексагон“ од денеска ќе биде отворена галеријата Eville Soe во Софија.

„Хексагон“ е новиот инспиративен предизвик на Јованка Јанкоска, филигрански осмислен и на оваа третата самостојна и прва меѓународна изложба. Со сребрената жица како медиум Јанкоска ги синтетизира традиционалните и модерни креативни тенденции така што хексагонот, што е во основата на формата, низ оплеменување со филигранот во техниката и методите на создавањето, добива универзални уметнички димензии. Накитот создаден со уникатна и впечатлива естетика, како оригинално, единствено надополнување на убавината на жената, едновремено е и впечатлив изложбен експонат на Хексагон“, наведуваат организаторите во своето соопштение.

Во соопштението се додава дека изложбата традиционално е со продажен карактер и ќе трае до 9 декември.

Прикажи повеќе...

Изложби

Нова изложба на дизајнерката Јованка Јанкоска

Објавено пред

Третата самостојна изложба на дизајнерката Јованка Јанкоска, насловена „Хексагон“ ќе биде отворена утре во галеријата Eville Soe во Софија.

„Хексагон“ е новиот инспиративен предизвик на Јованка Јанкоска, филигрански осмислен и на оваа трета самостојна и прва меѓународна изложба. Со сребрената жица како медиум Јанкоска ги синтетизира традиционалните и модерни креативни тенденции така што хексагонот, што е во основата на формата, низ оплеменување со филигранот во техниката и методите на создавањето, добива универзални уметнички димензии. Накитот создаден со уникатна и впечатлива естетика, како оригинално, единствено надополнување на убавината на жената, едновремено е и впечатлив изложбен експонат на Хексагон“, наведуваат организаторите во своето соопштение.

Во соопштението се додава дека изложбата традиционално е со продажен карактер и ќе трае до 9 декември.

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложба „Чудниот рај“ на Сашо Блажес во Скопје

Објавено пред

Денеска, во галеријата „КО-РА“ во Скопје ќе биде отворена изложбата „Чудниот рај“ на ликовниот уметник Сашо Блажес од Охрид.

Изложбата која ќе трае до 23 ноември претставува прво претставување на авторот пред скопската публика со дела работени меѓу 2005 и 2013 година.

Изложбата ќе биде отворена за посета секој ден освен викенд од 8:30 до 16:30 часот.

В петок ќе бидат изложени дела обединети под еден наслов „Чудниот рај“, дела изработени во периодот од престојот во Букурешт од 2005 до 2013 година. Делата естетски се осврнуваат на проблемите во цртежот, комбинирањето со други графички елементи, но и сликарски моменти и премрежја.

За неговото творештво кураторот на изложбата, Виолета Калиќ, кажа дека „Чудниот рај“ е можност да се допре дел од инспирацијата, која допира многуслојно опсервирање на човековата природа.

„Имаме и еден свет кој е и личен и универзален во ист момент, конгломерат на надреални собитија.Тоа е една растреперна атмосфера каде јавето и сонот се поклопуваат, глобалните проблеми и сништа сето она што едно човечко битие успева да го апсорбира во свеста и потсвеста“, вели Калиќ.

Блажес дипломирал и магистрирал на Универзитетот за ликовни уметности во Букурешт, Романија како еден од најдобрите студенти на графичкиот отсек. Досега Блажес има изложувано во Берлин, Букурешт, Венеција, Њу Јорк, Темишвар, Сараево и Охрид.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија54 минути

МВР: Не постои ниту една причина Груевски да добие азил во Унгарија

Не постои ниту една причина Никола Груевски да добие азил во Република Унгарија, изјавија од Министерството за внатрешни работи откако...

Македонија1 час

Европратеничка прашува дали Груевски има ВИП-третман во барањето за азил

Холандската европратеничка Џудит Саргентини јавно ги праша унгарските власти дали ќе го одбијат барањето за азил на Никола Груевски оти...

Македонија2 часа

Заев: Нема никаков политички договор со Груевски, очекуваме Унгарија да го екстрадира

Премиерот Зоран Заев ги отфрла шпекулациите дека имало каков било политички договор со неговиот претходник Никола Груевски, кој е во...

Македонија2 часа

Груевски повеќе не може да се води како оправдано отсутен од Собранието, платата ќе му биде намалена

Отсуството на пратеникот Никола Груевски од собраниските седници повеќе нема да се води како оправдано, а платата ќе му се...

Македонија3 часа

(Видео) Стефанова за Мијалков: Нема недопирливи во оваа држава

Доколку постои најмал основ за сомнение дека постои опасност од бегство или влијание врз кој било сведок, веднаш ќе биде...

Македонија3 часа

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за целосна амнестија на 26 ноември пред пратениците

Предлог-законот за амнестија на осомничените, осудените и обвинетите за 27 април доставен од ВМРО-ДПМНЕ пред пратениците ќе се најде на...

Свет3 часа

Снимка од разговор во случајот со Кашоги: Кажи му на шефот дека мисијата е извршена

Кусо по убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, член на саудискиот одред на...

Македонија5 часа

Стефанова: Јанакиески и Божиновски се подготвувале за бегство

Миле Јанакиески и Кирил Божиновски се подготвувале да бегаат. До вакви сознанија дошло специјалното јавно обвинителство, кое веднаш побарало од...

Македонија5 часа

(Видео) Јанкулоска: Нема причина да ми се определи притвор

Јас ги почитувам мерките за претпазливост, не постои никаква причина да се преиначат, изјави ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска,...

Македонија5 часа

Судот потврди – Јанакиески и Божиновски притворени оти може да избегаат

Судот ја потврди информацијата дека Миле Јанакиески и Кирил Божиновски рано изутринава биле притворени поради опасност од бегство. „Кривичниот совет...

Македонија17 часа

Јанакиески: Немам намера да бегам, ја осудувам постапката на Груевски

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески го осудува бегството на експремиерот Никола Груевски. ,,Најостро го осудувам ваквиот чин...

Македонија19 часа

СЈО ќе бара притвори за обвинети, по бегството на Груевски

Специјалното јавно обвинителство од надлежниот суд ќе бара притвор како мерка за обезбедување  присуство за лица кои се обвинети во...

Македонија19 часа

Распишана меѓународна потерница за Груевски

Судот донел одлука за распишување меѓународна потерница за поранешниот премиер Никола Груевски, по информацијата дека тој се наоѓа во Унгарија....

Македонија20 часа

МВР потврди – Груевски е во Унгарија, побарал азил

Поранешниот премиер Никола Груевски е во Унгарија, каде што побарал азил, потврди Министерството за внатрешни работи. ,,По направените соодветни проверки,...

Македонија22 часа

Унгарската влада не потврдува дали Груевски бара азил во Будимпешта

Унгарската влада ниту потврдува ниту демантира дека бившиот премиер Никола Груевски бара азил во Унгарија. Во краткиот одговорот на прашањата...

Истражувања23 часа

(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ

Доколку и официјално се потврдат информациите дека поранешниот премиер Никола Груевски навистина е во бегство надвор од државата, како што...

Македонија24 часа

Кривичниот суд: СЈО ниту еднаш не побара притвор за Груевски

На обвинетиот Никола Груевски му се одзмени и личниот и дипломатскиот пасош и тие сè уште се наоѓаат во судот,...

Крвав четврток1 ден

Вељаноски до Мукоски: Човекот ми кажа дека од камерите кај вратите речиси и ништо не се гледа

На 28.4.2017 во 14.24 часот, поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, му испратил порака на Крсто Мукоски со содржина: „Човекот...

Македонија1 ден

Арсовски: Немаме контакт и информации каде е Никола Груевски

ВМРО-ДПМНЕ не знае дали Никола Груевски е во Будимпешта. Портпаролот на партијата, Димче Арсовски, рече дека не знае каде се...

Македонија1 ден

Груевски на „Фејсбук“: Јас сум во Будимпешта, побарав политички азил

Според статус објавен на официјалната фејсбук-страница на поранешниот премиер Никола Груевски, тој избегал во Будимпешта, каде што побарал азил од...

Досие