Контакт

Култура

Недела на франкофонски филм

Објавено пред

Францускиот центар за соработка „Жан Моне“ во Кинотека на Македонија, организира Недела на франкофонски филм.

Францускиот центар за соработка „Жан Моне“ во Кинотека на Македонија, организира Недела на франкофонски филм.

Во рамките на Неделата на франкофонски филм ќе бидат прикажани француски, белгиски, швајцарски и романски филмови, а филмската недела ќе започне во понеделник на 22 март.

Филмската ревија ќе биде отворена со францускиот филм „Летно време“ од 2007 година на режисерот Оливие Асајас, а последен ќе се прикажува романскиот филм „Незаборавно лето“.

Неделата на франкофонскиот филм е во организација на Францускиот центар за соработка „Жан Моне“, Кинотека на Македонија, амбасадите на Романија и на Швајцарија и Валонија-Брисел Интернационал./крај/ин



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Актуелно

Почина поранешниот министер за култура Благој Стефановски

Објавено пред

Поранешниот министер за култура, актер и долгогодишен театарски работник Благој Стефановски – Баге почина денеска на 67-годишна возраст.

Стефановски беше болен подолго време, а потоа и позитивен на коронавирусот.

Како директор на Битолскиот народен театар од 1975 до 1980 година тој ги постави основите за уметнички развој на оваа театарска куќа, која потоа со своите изведби се прослави не само на македонската туку и на југословенската уметничка сцена.

Стефановски стана дел и од македонската политика. Од 1994 до 1998 година беше пратеник во македонското Собрание, а од 2002 до 2006 година и министер за култура.

Во својата професионална кариера тој беше и претседател на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“, на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“, а беше и на чело на Охридско лето.

По завршувањето на министерскиот мандат, го оформи Мал драмски театар – Битола и работеше на независната сцена.

 

Прикажи повеќе...

Култура

Изложба на победниците на конкурсите на Националната галерија за зрел уметник и за млад уметник

Објавено пред

Оваа година Националната галерија првпат објави конкурси за зрел и за млад уметник, поддржани од страна на Министерството за култура.

„На 25 јуни беше понуден професионален повик за учество во конкурсот, отворен за сите уметници. За победниците, како што беше објавено, обезбедени се средства за хонорар, за реализација и продукција на делата, пракса која одамна не се применува на македонската ликовна сцена, а е потврда на професионалност и респект кон влогот и трудот на ликовниот уметник“, велат од Националната галерија.

До крајниот рок, 20 јули, аплицираа 10 уметници на конкурсот за зрел уметник и 23 млади автори за млад уметник.

Меѓународната комисијата во состав: Мишко Шуваковиќ – декан и професор на докторски студии по трансдисциплинарна и трансмедијална уметност при Факултетот за медија и комуникации при Универзитетот „Сингидунум“ од Белград, Роман Урањек, уметник и член на групата IRWIN и Арта Агани Буњаку, ликовен уметник, дизајнер и директор на Уметничката галерија на Косово ги избра победниците.

На 26 август Националната галерија го објави добитникот на конкурсот за зрел уметник: Роберт Јанкулоски и добитниците на конкурсот за млад уметник: Дарко Комненовиќ и Викторија Попоска.

Финално, трите добитници ќе ги постават и реализираат своите проекти во објектот Мала станица. Истите, публиката ќе може да ги посети од 10 декември до 10 јануари 2021 година.

Прикажи повеќе...

Култура

Ревија филмови на Митко Панов во Кинотека

Објавено пред

Кинотеката организира ревија филмови на режисерот, сценарист и продуцент Митко Панов на 8, 9 и 10 декември во кинотечната сала. Филмофилите ќе имаат можност да ги видат неговите кратки филмови Со кренати раце (креативен документарец) и Ливада (игран), долгометражниот документарец Земјаци и долгометражните играни филмови „Војната заврши“ и „Сведок“ (во кој славниот актер Бруно Ганц ја оствари неговата последна главна улога на филм).

Панов ќе биде присутен на проекциите и ќе одговара на прашањата на публиката.

Митко Панов (Скопје, 17.04.1963) студирал сликарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Во период од 1983 – 1988 студира филмска режија на Високото државно училиште за филм, телевизија и театар во Лоѓ, Полска. Неговите остварувања се емитувани на бројни телевизиски станици како PBS, А & Е, ZDF, Channel + и Channel 4. Првиот негов краток филм „Леб и сол“ е снимен 1986 во бродоградилиштето „Ленин“ во Гдањск, местото каде што во 1980 година е формиран независниот синдикат „Солидарност“ и жариште на демократките промени во Полска во осумдесеттите години…

Митко Панов со неговиот студентски филм СО КРЕНАТИ РАЦЕ (во полска продукција),снимен во 1985 година, е сосема нетипичен изданок. Тој филм по шест години, во 1991-та, учествува на фестивалот во Кан и ја добива „Златната палма“ за најдобар краткометражен филм. Претходно филмот исто добивал награди на фестивалите во Краков, Минхен,Тел Авив, Римини и Монте Касино, но наградата во Кан ја заокружи неговата приказна.

За краткиот документарец БЕРИЌЕТ (кој е дел од трилогијата ЧОВЕКОТ И ТРУДОТ) во 1995 на Меѓународниот филмски фестивал Исмаилија (Египет) доби Гран При за режија.

Панов со децени предава филм на Универзитети во САД и Европа. Еден од неговите студенти бил и режисерот Стив Меквин (Steve McQueen) од Англија, оскаровец со филмот12 ГОДИНИ РОПСТВО (12 Years a Slave, 2014) и еден од најуспешните режисери последнава деценија во светот.
Екранизацијата на романот „Пиреј“ на Петре М. Андреевски останува негов сè уште неостварен филмски сон…

8 ДЕКЕМВРИ (ВТОРНИК), 18:00 Ч.
СО КРЕНАТИ РАЦЕ
(Z podniesionymi rekami / With raised hands)
Документарен филм, Полска
1985, 6 минути, црно-бел
Режија: Митко Панов
Сценарио: Митко Панов
Улоги: Јарослав Дунај, Кшиштоф Франио, Моника Мозер (Jaroslaw Dunaj, Krzysztof Franio, Monika Mozer)
Вистинита приказна за холокаусот, фиктивна ре-креација на еден вистински настан: депортацијата на Евреите од Варшавското гето во април 1943 година. Филмот ги замислува моментите пред и по снимањето на познатата фотографија од Втората светска војна, на која се жена и дете со кренати раце, дел од бројните жртви Евреи во Полска за време на Втората светска војна…
СО КРЕНАТИ РАЦЕ е студентски филм на Митко Панов, снимен во полска продукција, и освои повеќе меѓународни награди вклучувајки ја и „Златната палма“ за најдобар краткометражен филм во Кан 1991. Награден и на фестивалите во Минхен, Краков, Тел Авив, Римини и Монте Касино.

ЛИВАДА
(Meadow)
Игран филм, Македонија
1998, 20 минути, колор
Режија: Митко Панов
Сценарио: Русомир Богдановски, Митко Панов (Според расказот „Порта на одморот“ на Русомир Богдановски)
Улоги: Јосиф Јосифовски, Мето Јовановски
Приказна за пријателството помеѓу два лика кои очигледно многу се разликуваат. Едниот е доктор, христијанин, додека другиот е селанец, муслиман. И на едниот и на другиот работата им е сè. Кога поради здраствени проблеми селанецот не ќе може повеќе да ја коси ливадата, тој одлучува и покрај противењето на докторот да го стори тоа. Косењето на ливадата е кобно за селанецот кој умира. Косењето на ливадата го завршува докторот.
ЛИВАДА ја доби специјалната награда од жирито на Меѓународниот фестивал на краткометражен филм во Клермон-Феран, Франција, 2000, и беше прогласен за најдобар филм на Балканот на Фестивал на краткометражен филм во Драма, Грција, 2000.

ЗЕМЈАЦИ
(Comrades)
Документарен филм, САД/Македонија
2000, 106 мин., колор, ДЦП
Режија: Митко Панов (MitkoPanov)
Сценарио: Митко Панов (MitkoPanov)

Документарен филм за бесмисленоста, жестокоста и еродирањето на животот на поединецот по и за време на граѓанската војна во некогашна СФР Југославија во почетокот на деведесеттите години од минатиот век.ЗЕМЈАЦИ е познат и под насловот ДРУГАРИ (Comrades).
Авторот Панов доаѓа во родната Македонија и 15 години по завршување на служењето на воениот рок во некогашната Југословенска народна армија (ЈНА) решава да ги посети неговите некогашни војнички другари, а сето тоа да го забележи во видеокамера. Мислел дека таа негова мисија ќе ја заврши за време на летниот распуст од неговите обврски како професор во САД: снимањето на ЗЕМЈАЦИ траело 4 години, Панов со камерата ги посетува војничките другари во неколку градови во некогашна Југославија, но и низ Европа, каде што некои емигрирале…
ЗЕМЈАЦИ учествуваше на филмскитефестивали Синеквест во Сан Хозе, Калифорнија (САД),XSW – Југ-Југозапад, Остин,Тексас (САД), Скопје филм фестивал, Филмски фестивал, Мотовун, Хрватска…

Возрасна категорија: 12 години
Влезница: бесплатен влез

9 ДЕКЕМВРИ (СРЕДА), 18:00 Ч.
ВОЈНАТА ЗАВРШИ
(The War Is Over)
Игран филм, Македонија/Швајцарија
2010, 103 мин., колор, ДЦП
Режија: Митко Панов (MitkoPanov)
Сценарио: Митко Панов (MitkoPanov)
Улоги: Музафер Етеми, Шеќерие Буќај, Енвер Петровци,Армонд Морина, Љупчо Тодоровски, Селман Локај, Сулејман Локај, Блерта Сула, Дрито Аме (Muzafer Etemi, Sheqerie Buqaj,Enver Petrovci, Armond Morina, Ljupcho Todorovski,Selman Lokaj,Sylejman Lokaj, Blerta Syla, Dritero Ame)

Во 1999 семејството Рахмани и нивните три деца за време на НАТО бомбардирањето во Србија емигрираат во Швајцарија. После неколку години тие се соочуваат со депортација. Очајни да останат, Расим- таткото на семејството и еден поранешен учител по музичко- организираат Албанска група за Танцување со цел на собирање на потписи од Заедницата за нивна поддршка. Војната заврши e интимна приказна која го отсликува искуството на сите иселеници во ера на глобализација. Може ли добриот човек да издржи притисоците на војна, егзил и депортација? Ќе биде ли во можност повторно да го изгради својот живот во странство?
ВОЈНАТА ЗАВРШИ е игран филм чија инспирација е судбината на едниот од војничките другари на Панов од ЈНА, прикажани во неговиот долгометражен документарец ЗЕМЈАЦИ. Во ЗЕМЈАЦИ има околу десетина портрети на луѓе, а еден од нив е и Кадри, кој е учител во близина на Медвеѓе и кој во 1999 година емигрира во Швајцарија.Слоганот на филмот е „Најголемата војна е онаа под твојот покрив“.
Филмот ја доби специјалната награда на Фестивал на јужноевропски филмови во Лос Анџелес, 2011, Медиа награда на Меѓународниотфилмски фестивал Прифест во Приштина, 2010, а беше прогласен за најдобар филм на Балканот на Меѓународниотфилмски фестивал во Тирана, 2010…

Возрасна категорија: 12 години
Влезница: бесплатен влез

10 ДЕКЕМВРИ (ЧЕТВРТОК), 18:00 Ч.
СВЕДОК
(I Witness)
Игран филм, Македонија/Швајцарија/Ирска
2018, 115 мин., колор, ДСП
Режија: Митко Панов (MitkoPanov)
Сценарио: Митко Панов, Владислав Пасиковски (MitkoPanov, Wladyslaw Pasikowski)
Улоги: Бруно Ганц, Наташа Петровиќ, Падек Дилејни (Bruno Ganz, Natasha Petrovic, Pádraic Delaney)

СВЕДОК е акциона драма за еден помлад истражител од Хашкиот воен трибунал, полн со ентузијазам, кој е во потрага по правдата. Апсењето на Генералот Миро Антиќ става крај на потерата долга една деценија која постојано ги фрустрираше неговите гонители од Западот и оставаше да гние едно од најкрвавите поглавја во поновата историја на Европа.
Тој e обвинет од страна на Трибуналот за воени злосторства на ОН по обвиненијата за геноцид и злосторства против човештвото, но кога претставник од Хаг доаѓа во потрага по клучниот сведок, Никола Радин, познат како Генералот, почнуваат проблемите. Излегувањето од дивината не е лесно затоа што локалните жители не сакаат Генералот да сведочи против Антиќ, кој тие го доживуваат како нивен национален херој.Крвавата потера ќе му даде животна лекција на младиот претставник кој ќе сфати дека постојат многу повеќе нијанси од она што тој сметал дека е „црно и бело“.
СВЕДОК е снимен на локации во Хрватска, Македонија (Трескавец, Маврово, Галичник, Маџари…) и Ирска.

Возрасна категорија: 12 години
Влезница: бесплатен влез

Прикажи повеќе...

Најново

Европа8 часа

Шведска ги отфрла препораките на СЗО, тамошните експерти велат дека маски не се потребни

Сè уште нема потреба да се носат маски во Шведска, изјави денес водечкиот здравствен службеник во оваа скандинавска земја со...

Македонија9 часа

Заев: Да профитираме од извоз на сушен цвет од канабис, а дома да ја легализираме марихуаната

Ако успее парламентот до крајот на годината да го донесе законот за измени и дополнување на Законот за опојнит дроги...

Македонија10 часа

1.342 новозаразени од Ковид-19, починаа 22 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.399 тестирања, а регистрирани се 1.342 нови случаја на...

Македонија10 часа

МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА бараат во преговорите со Бугарија да не се погази достоинството на народот

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Македонската православна црква (МПЦ-ОА) и Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) истапија со...

Македонија13 часа

Се спушта возрасната граница за лична асистенција од 18 на шест години за деца со попреченост

На барање на семејствата на децата со попреченост ја намалуваме возраста кога личната асистенција станува законско право – од сегашните...

Домашен14 часа

Град Скопје го награди младиот боксер Ардијан Аземи со 100.000 денари

Град Скопје го награди со 100.000 денари младиот Ардијан Аземи, освојувач на бронзен медал на Европското првенство во бокс за...

Топ14 часа

Сандаци со куршуми од Втората светска војна пронајдени кај Машката плажа во Струга

Четири лимени сандаци со куршуми биле пронајдени при ископ во близина на Машката плажа во Струга. СВР Охрид соопшти дека...

Свет15 часа

Обама, Буш и Клинтон пред камера ќе се вакцинираат против коронавирус

Поранешните претседатели на САД, Барак Обама, Џорџ В. Буш и Бил Клинтон, ќе примат вакцина против коронавирус пред камера за...

Свет15 часа

Чешка го укина полицискиот час, се отвораат сите продавници и ресторани

По повеќе од еден месец строги мерки поради пандемијата на коронавирус, Чешка го укина полицискиот час. Од денеска се отворени...

Македонија16 часа

„Политико“: Вархеји и ЕПП не се доволно остри кон Борисов и Софија за блокадата за Македонија

Еврокомесарот за добрососедство и проширување Оливер Вархеји беше премногу мек кон Софија, а Европската народна партија (ЕПП) не беше доволно...

Свет16 часа

Генералниот директор на „Бајонтек“: Веруваме дека ова е почеток на крајот на пандемијата

Угур Сахин, генералниот директор на компанијата „Бајонтек“, која заедно со „Фајзер“ ја разви единствената вакцина што е пуштена на пазарот,...

Регион17 часа

Руската вакцина „Спутник 5“ на проверка во Србија

Русија денеска ќе достави 20 дози од својата вакцина против коронавирус „Спутник 5“ до Српската агенција за лекови и медицински...

Топ17 часа

Притвор за скопјанец кој крадел oд викендички во Гази Баба

Триесет и седумгодишен скопјанец со иницијали А.Ф., за кого е распишана потерница од Одделението за криминалистички работи Гази Баба, е...

Европа17 часа

Германски експерти: Вакцинацијата може да потрае некое време

Експертите од германскиот државен епидемиолошки институт „Роберт Кох“ предупредија на прекумерна еуфорија поради вакцината за коронавирус, наведувајќи дека поради различни...

Свет18 часа

Пандемијата ќе има негативно влијание на фертилитетот во Европа, предупредуваат експертите

„Време е да станете мајка“, гласи пораката што стотици Португалки ја добија на своите мобилни телефони минатиот месец. Пораката испратена...

Свет18 часа

Франција ќе проверува џамии поради екстремизам

Француската влада во борбата против верскиот екстремизам ќе преземе низа акции, масовни и без преседан, меѓу кои и проверка на...

Регион18 часа

Силен земјотрес ја погоди Турција

Силен земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер утрово го погоди југоистокот на Турција. Управата за катастрофи и вонредни...

Европа1 ден

Белгија планира да почне со вакцинација од 5 јануари

Белгија планира да почне со вакцинација на 5 јануари доколку се одобри вакцина развиена против коронавирусот. Премиерот Александер де Кро...

Свет1 ден

Убиецот на словачкиот новинар осуден на 25 години затвор

Словачкиот Врховен суд го осуди убиецот на истражувачкиот новинар Јан Куцијак на 25 години затвор. Оваа пресуда на апелацискиот суд...

Спорт1 ден

Синот на Марадона бара Меси да се откаже од „десетката“ во чест на татко му

Диего Синагра, попознат како Диего Јуниор, синот на Диего Марадона, вели дека бил потресен од гестот на Лионел Меси со...

Досие