Култура
Кустурица навреден го напуштил фестивалот во Турција
Српскиот режисер Емир Кустурица одлучи да го напушти денес филмскиот фестивал во Турција на кој беше почесен гостин, по полемиката предизвикана од неговите просрпски гледишта за војната во Босна и Херцеговина, пренесе Франс прес.
Српскиот режисер Емир Кустурица одлучи да го напушти денес филмскиот фестивал во Турција на кој беше почесен гостин, по полемиката предизвикана од неговите просрпски гледишта за војната во Босна и Херцеговина, пренесе Франс прес.
„Тоа е варварство и примитивизам“, изјавил Кустурица пред новинарите во Анталија, каде се организира 47.филмски фестивал Златен портокал, и додал дека ги откажува сите обврски на фестивалот и веднаш ја напушта Турција.
Имено, турскиот министер за култура Ертугрул Гунај вчера ги критикувал „котраверзните гледишта“ на Емир Кустурица за војната во БиХ и рекол дека ќе го заобиколи фестивалот на кој Кустурица бил предвиден и како член на жирито.
Кустурица е режисер на добро познатите филмови „Татко на службен пат“ и „ Андерграунд“ и добитник на две Златни палми на филмскиот фестивал во Кан.
„Министерот за култура на оваа земја го сметам за непријател. Тој го заслужува тоа“, рекол Кустурица./крај/фп/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
„Госпоѓиците од Авињон“ на сцената на Националната опера и балет
На сцената на Националната опера и балет на 11 април со почеток во 20.00 часот ќе се изведе атрактивната балетска претстава во 9 слики „Госпоѓиците од Авињон“. Со оваа претстава започнува jубилејното 20. издание на интернационалниот фестивал Танц Фест Скопје 2024, кое ќе има нов концепт и повеќе различни програми, меѓу кои и програмата насловена „Паралели“ во која ќе се прикажат три претстави од репертоарот на Националната опера и балет, со цел да се прикажат современите текови на Националниот балет и да се претстават повеќе домашни кореографи.
Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ е инспирирана од истоимената слика на уметникот Пабло Пикасо, зборува за пет жени и нивниот живот, нивната потрага по љубовта, смртта и слободата.
Музиката во претставата е на Калиопи Букле, за кореографијата и режијата задолжена е Олга Панго. Либретото и драматургијата се на Сашо Димоски, костимограф е Раде Василев, а на мултимедија и дизајн работеше Емил Петров, дизајн на светло – Милчо Александров, а дизајн на шминкa – Златица Поповска. Асистенти на кореографот се Горан Божинов и Саша Евтимова Користени се сценографски елементи од операта „Змејовата невеста“ – сценограф Валентин Светозарев.
Настапуваат: Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лочеи, Агим Бафтии, Ендру Кук.
Култура
Бесплатен влез за две претстави во МНТ за Светскиот ден на театарот
Македонскиот народен театар, по повод 27 Март, Светскиот ден на театарот, за љубителите на театарската сцена организира две бесплатни претстави.
Станува збор за детско-младинската претстава „Силјан Штркот шанца“ во режија на Срѓан Јаниќијевиќ, која ќе се одигра на малата сцена на 30 март во 12 часот, и изведбата на претставата „Бесачи“, во режија на Јавор Грдев, која ќе биде со вечерна изведба на 6 април со почеток во 20 часот.
Гратис билетите ќе се подигнуваат пред почетокот на изведбите.
ПР-текст
Култура
Промоција на стихозбирката „Песнило“ од Ива Петреска
Дебитантската стихозбирка „Песнило“ од младата поетеса Ива Петреска ќе биде промовирана в среда, 27 март, со почеток од 20 часот во „Кафе лаб“ („Лабораториум“) во Скопје. Збирката низ разговор со авторката ќе ја претстави Јулијана Величковска, а настанот ќе биде збогатен и со изложба на фотографии од Колевски.
„’Песнило’ пее за сите нешта што се чувствуваат на кожата, што ежат, што горат, што оставаат лузни, а потем сече, слој по слој, со прецизен и остар јазик како скалпел соголувајќи го гнилото во нас и во општеството за накрај в раце да го држи нашето срце и од нас зависи дали ќе ни заврши во тегла“, вели Јулијана Величковска.
„’Песнило’ ќе ви ги отвори очите, ќе ве разбесни, ќе ве насмее, ќе ве налути, ќе ве праша дали сте здрави и ќе ве прекори. Ова е стихозбирка што беснее меѓу двете корици, а ако има беснило, Ива Петреска ќе ја излечи со своето песнило“, рече Андреј Медиќ-Лазаревски.
„Ете така, само понекогаш, ќе се појави млад женски глас што патува низ времето, и постои отсекогаш до којзнае кога, ако не и засекогаш. Ива Петреска со својот младешки импулс и глас им ја дава живоста и бојата на нештата од кои е составен товарот на животот. ‘Песнило’ е анатомија на суштественото; песните се хируршки прецизни резови преку кои се прави пристап до телесното и духовното, од каде излегуваат звучно и тактилно, со сета своја силина, љубовта, презирот, молкот на едниот и крикот на другиот, болката на местото на љубење, сето тоа длабоко од внатрешноста на срцето, директно од местото на допирот, однатре истекува сета зачуденост од неправди и лаги, сета растргнатост помеѓу грижата за другиот и гневот кон него, сета храброст одново и повторно да љуби. „Песнило“ е сите прашања, сите повици да се разбуди другиот, да се биде буден, да се гледа, да се држи погледот вперен во убавината, во апсурдот, во животот, да се биде една од жените што трчаат со волците, да се биде дива, а не сива“, вели Д. А. Лори.
Ива Петреска (2001, Скопје) студира на Медицинскиот факултет во Скопје. Учествувала на повеќе поетски читања, како што се: „Поетска епизода“ и „Клинци“, во организација на „Култура бета“,„Отскочна штица“, настан за млади во рамките на Скопскиот поетски фестивал, „Добри гости“, и др., а неколку нејзини песни се објавени во „Репер“. Застапена е во „Ново раѓање на зборот: антологија на младата македонска поезија“ (2023, ПНВ Публикации). „Песнило“ е нејзина прва стихозбирка.