Култура
Мозаици на Чемерски во Претседателската резиденција

Овие две големи уметнички дела се поставени во Свечената сала на Претседателската резиденција
Во претседателската вила Водно, во Свечената сала, од сношти на двата бочни ѕидови зрачат двата мозаика на авторот Глигор Чемерски: “Македонија – светла земја” и “Македонија – земјата памети”.На пригодната свечена промоција, пред македонската општествена и културна јавност , двата мозаика беа презентирани од Претседателот на Македонија д-р Ѓорге Иванов и академик Гане Тодоровски, а беша јавно прочитана и промотивната беседа на академик Митко Маџунков.Овие две големи уметнички дела се поставени во Свечената сала на Претседателската резиденција затоа што во неа, како што беше нагласено, ќе се случуваат средби и разговори што се од битно историско значење за Македонија, за на соговорниците да им стане јасно дека се во земја што памети и зрачи светлосно од неолитот, преку антиката, христијанизирањето, словенизирањето, византиската уметност, до денешни дни.Авторот Чемерски искажа благодарност до претседателот Иванов и до сета македонска јавност за поставувањето на тие два мозаика на тоа место на кое, отсега натаму, ќе се пишува македонската современа историја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби
Изложба „Современа скулптура“ на Друштвото на ликовните уметници

Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ), под покровителство на Министерството за култура, ја поставува изложбата „Современа скулптура“ во Уметничкиот центар АРТ ХАБ во ГТЦ 2 во Скопје, што љубителите на уметноста ќе може да ја видат од 25 февруари до 8 март 2021 година, во работното време на галеријата (од понеделник до петок, од 10 до 17 часот).
Годинава, селектор на изложбата „Современа скулптура“ е историчарот на уметност Благоја Варошанец, која во својот текст ќе истакне:
„Анализите на современата скулптура како дел од континуираните изложби на Друштвото на ликовните уметници на Македонија покажуваат дека изложбата ‘Ситна пластика’ од почетокот на 80-тите години на минатиот век подоцна еволуира во ‘Современа скулптура’ и има несекојдневна и необична приказна, односно историјат директно поврзан со начинот на нејзиното конституирање, но и со начинот на нејзината изложбена интерпретација. Современата македонска скулптура од самите почетоци на модерниот израз ги носи сите атрибути на жива менлива материја, која дава можност за разни варијации во изложбената поставка.
Скулптурата ја следиме преку стилската аналогност, разновидните истражувања на уметниците и нивните индивидуални стремежи, но и како медиум за интерпретација и дејствување во разни правци во уметноста. Аналогноста на изразот во контекст на разни ликовни правци нуди разновидност како во техниката така и во материјалот. Динамиката на размислување прикажува разни приоди на модулации при чинот на создавање – вајање. Интензитетот на постоењето на скулпторот му ја открил вистинитоста на формата, а формата е менлива до хегемонија на постмодерната.
Од пластичност до фрагменти, визуелни сензации на разни медиуми, скулптурите доведуваат до поместување на уметничките дисциплини, а материјалот го одредува обликот. На оваа изложба доминираат фигуративната скулптура и геометриската апстракција. Структуралните моменти, пак, прават јасни разлики кај оние скулптури со вајарска природа и оптичка чувствителност кај некои од скулптурите што припаѓаат на некој простор кој продолжува во некој друг. Тие го ослободуваат вајарството од претставувањето и го утврдуваат како слободна форма. Доминираат творби од метал, дрво, бронза, пластика, но и објекти што се доближуваат до цртеж, инсталација“.
На изложбата учество ќе земат: Александар Јанев, Ана Димчевска-Семенпеева, Ангел Димовски-Чауш, Ива Станковска, Љупчо Бојаров, Маја Танева, Марина Цветановска-Мартиновска, Перо Кованцалиев, Сашо Саздовски, Слободан Милошески и Златко Бојковски.
На изложбата се доделува една парична награда од семејството на нашиот истакнат скулптор Боро Митриќевски, која што го носи неговото име. Оваа година добитник на наградата е скулпторот Слободан Милошески за делото со наслов „Воздигување“.
Култура
Распределени 11 милиони евра за проекти од културата

Со вонреден напор и под голем притисок кон комисиите, успеавме да ги селектираме најдобрите проекти за кои единствен критериум беше квалитетот, рече министерката за култура, Ирена Стефоска, на денешната прес-конференција за резултатите од годишниот конкурс за проекти од национален интерес од културата.
На конкурсот биле пристигнати рекордни 6.352 проекти, а вкупниот буџет изнесувал 11 милиони евра.
„Знам дека оваа прес-конференција најмногу ја очекуваат уметниците и културните работници. Сакам да нагласам дека буџетот ни е намален за 3 милиони евра поради недомаќинско работење во минатото. Значи, доделени се толку средства со колку што располагавме, односно 11 милиони евра и ние нема да го пречекориме овој буџет“, рече Стефоска.
Таа се забалгодари на членовите на комисиите кои одлучувале под голем притисок, но направиле правична и фер селекција.
„Од овој момент одговорноста е моја. Разочарана сум дека добар дел од корисниците на проекти барале средства кои не се разумни и исто така за проекти кои не можат да се завршат во услови на пандемија. Исто така имаше нецелосно пополнети апликации и затоа мора да работиме на висока свест за отчетност. Исто така сум разочарана штро има корисници кои се извештиле да го надмудруваат конкурсот, односно се протнуваат низ дупките на системот“, рече Стефоска.
Според неа, на конкурсот се појавувале исти лица, во различни функции и практично си конкурирале на самите себе.
„Неретки се оние кои аплицираат со проекти со кои веќе биле поддржани и други неправилности. Во ваква комплексна атмосфера моравме да обезбедиме правична дистрибуција. Критерумите беа квалитетот, релевантност, поддршка на млади и оригинални автори, маргинални групи и тоа со реално вреднување на трудот. Мултикултурноста е срцето на нашата земја, но мора да се одлучува по квалитет, а не припадник на етничка заедница. Ме радува фактот дека има проекти за деметрополизација на културата, овој конкурс не може да ги реши сите проблем, но ова е првиот чекор за усовршување на целиот систем“, рече Стефоска.
Таа апелираше дека најбрзо треба да биде донесен новиот Закон за јавен интерес кој го очекуваат 3.500 корисници. Исто така, нагласи дека роковите за завршување на проектите ќе бидат пролонгирани, бидејќи се земени предвид условите со пандемијата.
Култура
Споменикот на Горан Стефановски од Лондон наскоро пристигнува во Скопје

Во чест на починатиот писател, режисер, сценарист, драматург и еден од најзначајните ликови во македонската култура, Горан Стефановски, Општина Центар заедно со семејството на Стефановски во неговото Дебар Маало наскоро ќе постават спомен-обележје.
Симболичната клупа-споменик е излеана, се наоѓа во Лондон, Велика Британија, и ќе биде поставена во паркчето кое се наоѓа спроти бараките на општината, веднаш до чинарот, кој на роденденот на Стефановски – 27 април, беше засаден во знак на сеќавање на доајенот на македонската литература.
„Клупата на Горан Стефановски; малото, но сепак големо спомен-обележје на македонскиот литературен лауреат, го започнува патешествието од Лондон до Скопје. Во наредниот период очекуваме да пристигне тука и заедно со семејството, пријателите, но и со сите почитувачи на ликот и делото на Стефановски, да ја поставиме во неговото Дебар Маало“, изјави градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.
Покрај поставувањето на споменикот, Општина Центар секоја година во Дебар Маало со пригоден настан го одбележува и роденденот на Горан Стефановски, како дел од општинската Програма за култура, со исклучок на минатата година, кога целиот свет се соочуваше со пандемијата на коронавирусот.
Активно е и Здружението на граѓани за зачувување и промоција на културното наследство на Горан Стефановски, чија цел е неговиот опус во секое време да биде достапен на граѓаните за подобро запознавање со неговите дела и промоција на сето она што значеше Горан за македонската културна сцена.
Роден во Битола, на 27 април 1952-ра година, Стефановски останува еден од најпознатите и признати македонски академици, писатели, професори и драматурзи. Автор е на многу текстови и драми, меѓу кои и „Јане Задрогаз“, „Диво месо“, „Лет во место“, „Хај-Фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Црна дупка“, „Демонот од Дебар Маало“ и на детската ТВ-серија, „Бушава азбука“.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер