Култура
Биенале – Перформанси, работилници и гастрономија
Многу музика, танц, куклен театар,слики во движење, гастрономија… се дел од многуте настани што ќе го одбележат третиот ден од Биеналето на млади уметници од Европа и од Медитеранот Скопје 2009 на многуте локации низ градот
Куршумли Ан, Музеј на Македонија, Музеј на град Скопје, Куќата на креативноста (Дом на АРМ), кејот на Вардар, Македонската опера и балет, АММС канцеларијата (Асоцијација за меѓународна младинска соработка), Македонски Народен Театар, градски плоштад – ресторан Пивница, Музеј на современата уметност, МКЦ, Школка – Градски парк се локациите што продолжуваат да ,дишат, како со домашните, така и со интернационалните уметници и нивните перформанси. Овој, трет ден, ќе почне на пладне, а ќе заврши во два часот по полноќ. Уметничката Анета Стојниќ од Србија, ќе ја има честа да го отвори третиот ден од Биеналето со нејзиниот перформанс Balkan Desire во Куршумли Ан во 12 часот. Нејзиниот перформанс поставува две значајни прашања: позицијата на Источноевропскиот-Балкански уметник во западен систем на уметност и статус за да се направи дело, во пазарна смисла. Она што ќе го прикаже е еден источноевропски уметник, неговата желба е желба на другите – нудејќи се себе си како манифестација на претпоставената фантазија за Балканот (сливи, џем, жена во патријархално општество, скриена зад готвењето, сиромашен уметник барајќи бесплатна храна). Интересен перформанс ќе има Federica Casarosa од Италија, кој ќе се одржува во Музеј на современа уметност во 14 часот. За нејзиниот перформанс и е потребна публика и нејзино активно учество. Нејзиниот проект е проект во развој чијшто исход зависи од вистинскиот одговор на учесниците, согласно барањата насочени кон нив. Куклен театар ќе има во канцелариите на Асоцијацијата за меѓународна младинска соработка (АММС). Преставите почнуваат во 18, 19 и во 20 часот. Уметниците Left luggage Theatre доаѓаат од Велика Британија. Специјалност им е перформанс во кој публиката вклучена во околина опкружена со звуци, мулти-сензорна сценографија, кукларство, психички театар, текст и проекции. За тоа време пак, поточно во 19 часот, на плоштадот на Македонија кај ресторанот Пивница ќе мириса на готвено бидејќи во дисциплината Гастрономија ќе се претстават Luci Nell’aranceto, Sebastiano Randieri, Luigi Taglienti од Италија. Воинствен оброк на пример, е оброкот на Luci Nell’aranceto со вино и храна, посочуваќи ја Медитеранската култура за храна. Има за цел да спроведе култура и опсесија за здрава и природна храна. На неговото мени може да се најде храна од југот на Италија. Дојдете да го видите и готвењето на другите двајца италијански готвачи. Најударните термини за музика се од 21 часот, па се до 2 часот по полноќ. Во 21 часот, Владимир Лукаш од Македонија ќе се претстави на плоштадот Македонија, со својот проект наречен проектот Тркало. Тоа е инструментална постановка за мал камерен оркестар (обоа или кларинет, маримба, пиано…) содржејќи седум циклуси. Насловот доаѓа од зборот чакра, кој се преведува како тркало. Концертите инаку траат до 2 часот по полноќ и тоа градскиот плоштад, како и кај Школка, во Градскиот парк. Денешната оф програма ќе почне со првата регионална конференција за графички дизајн, со цел да се загатнат регионалните прашања за развојот на дизајнот како академска дисциплина, но и како силна културна и економска алатка во земјите од Источноевропските земји. Конференцијата ќе се одржи во просториите на Европскиот Универзитет, соба 229. Во куќата на креативност (Дом на АРМ) во концертната сала, од 10 до 13 часот ќе има работилница на Conspiracy band – единствена можност да се видат најголемите музички имиња во модерната и џез музика на едно место… вреди да се видат Frank London, Bob Stewart, Gianluca Petrella. Од 15 до 18 часот, работилницата Европа со емоции, треба да го скрши стереотипот дека Европа е ладна и бирократска, преку работилницата за млади дизајнери. Таа ќе се одржи на Европскиот Универзитет, соба 233 со Гордана Вренцовска и Давор Брукета.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Марко Бањоли во Чифте амам
На 23 април во 19 часот во Националната галерија на Македонија – Чифте амам, Скопје ќе се отвори мултимедијалната изложбата „Тркало на времето“ на истакнатиот италијански уметник Марко Бањоли.
„Со оваа изложба ја објавуваме одлуката на Советот на Остен „Земја во фокус“ на Остен Биеналето Скопје 2024 да биде Италија“, велат од Остен.
Изложбата е организирана во соработка со Зеринтија, Асоцијација за современа уметност, а со поддршка на Италијанска амбасада во Скопје и Италијанскиот културен институт во Белград.
Култура
Настап на Дуња Иванова и концерт посветен на Кире Костов во изведба на Биг бендот на фестивалот „Крај Вардарот џез“
Во рамки на втората фестивалска вечер на „Крај Вардарот Џез“, утревечер на 23 април во Македонската филхармонија со почеток во 20 часот на пијано ќе настапи Дуња Иванова.
Нејзиниот концертен настап „Мирисот на липите“ ќе биде проследен со текст и нарација на Тина Иванова. Музичко-поетски проект, кој раскажува приказна за познатите урбани и скриени места на Општина Центар. Липите на улицата „Орце Николов“, панкот од гаражите на „Плочник“, дружбите во дворот на „Песталоци“, графитите на Кеј, паркот на Горан Стефановски, кафеаната „Наџак“…
Ќе бидат изведени композицијата „Свита за Скопје“ од македонската композиторка Ана Пандевска, и песната „Ние сме од Скопје“ на Мирко Попов, чиј аранжман за пијано го направи Пандевска. Получасовно патување низ симболите на Скопје, погледнати низ интимна, лична перспектива на авторите. Во музиката, како и во нарацијата, провејува нишка на носталгија, а во исто време и крик за подобро утре на градот во кој пораснавме и без чиј воздух не можеме да живееме. „Мирисот на липите“ симболично ќе прикаже, преку звук и говор, еден живот на жител од Центар. Поетскиот наратив е оригинално креиран за овој уметнички перформанс, кој промовира иновативен пристап со содржина која пак, претставува ,,жива“ материја, блиска до човечкото срце.
Минатиот месец за „ПМГ Џез“, како 44 издание, излезе албум во живо, концерт на пијано на Дуња Иванова, кој беше реализиран во рамки на музичката програмата „Крај Вардарот Сесии во Аудиокултура“, која изведе композиции од Ана Пандевска.
Веднаш потоа во 21 часот на истата сцена ќе започне долгоочекуваниот концерт на Биг Бендот со музика од Кире Костов. Концерт посветен на еден од стожерите на современата џез композиција Кире Костов, преку интерпретација на негови избрани дела во современ аранжман од страна на Биг Бендот под диригентската палка на Љупчо Мирковски. Костов е едно од најзначајните имиња во современата џез музика, чија работа опфаќа бројни ангажмани и дела, меѓу кои: солист и диригент на Танцовиот оркестар на РТВ Скопје, наградуван трубач во Југославија, претставник во Биг бендот на Европската радиодифузија, автор на околу педесетина композиции во оркестарска изведба од областа на џезот и 300 песни во популарната музика и реализатор на сите изданија на Скопскиот фестивал од 1991. Подеднакво значајна ќе биде и изведбата на селектираните дела од Костов на еден од нашите најзначајни оркестарски формации, чија историја датира од далечната 1961 година (Биг Бендот на МРТ), кој во 2013 година се возобновува и продолжува да работи во музичка формација водена од Љупчо Мирковски како диригент.
Фестивалот ќе биде заокружен на 27 април во едукативно културниот центар Лабораториум со концертен настап на „Macedonian Free Society“ и со еден од највозбудливите музички проекти „Поетроника“.
Фестивалот е поддржан од Министерство за култура на Р.С. Македонија и се реализира во соработка со Македонска филхармонија и Лабораториум. Концертот „Мирисот на липите“ се реализира со поддршка на општина Центар.
Книги
МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга
Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.
Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).
Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).
Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.
Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).
Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).
Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).