Контакт

Култура

„21 ден до крајот на светот“ на Теона Митевска селектиран на фестивалот во Венеција

Објавено пред

По „Најсреќниот човек на светот“, Теона Стругар-Митевска се враќа во Венеција со својот најнов филм „21 ден до крајот на светот“ во програмата Денови на авторите, која оваа година прославува 20 години од своето постоење, создадена од Италијанската асоцијација на режисерите и авторите.

Целта на оваа програма, пандан на Кканската програма „Режисерски две недели“, е да се сврти вниманието кон висококвалитетно кино, без никакво ограничување, со посебна грижа за иновативност, истражување, оригиналност и независност. Селекторите на оваа венециска секција, која го промовира авторскиот филм, го вклучија „21 ден до крајот на светот“ во својата програма како неверојатно смел и искрен експериментален филм на автор што секогаш изненадува.

„Сè почна за време на заклучувањето и изолацијата за време на ковид-памдемијата. Вознемиреноста беше во воздухот, но целото семејство беше среќно што беше заедно во куќата на нашето семејство надвор од Скопје до денот кога умре нашиот чичко, така што јас и сите ние бевме опкружени со смрт и стравот беше нашиот водич. Што ако е ова, а утре го нема, дали сум подготвен да ја прифатам сопствената кршливост, дали ќе умрам сама, дали ќе го оставам светот како што е, дали ќе се осмелам да одам на другата страна – ако има друга страна… сите овие дилеми ми ја стуткаа главата и со тоа ја доживеав неопходноста да се повлечам во себе и да се вратам во некоја исконска, сурова состојба на битието. Требаше да направам нешто. Сакав да излупам слоеви на потиснати емоции. Требаше да работам. Мојот концепт беше едноставен: ќе бројам 21 ден напред, што е еднакво на 21-дневно размислување за мојот живот. Во тој процес пишував, снимав и ја создавав мојата најлична работа“, изјави Теона Стругар-Митевска.

„Македонскиот филм успева да има постојаност на најголемите филмски смотри, со тоа што секоја година македонскиот филм е присутен на сите европски фестивали. Секако, треба да се радуваме на нивните индивидуални успеси, но и на нашата кинематографија. Како Агенција за филм ги правиме сите напори постојано да го поддржиме и потврдиме потенцијалот на нашите таленти, кои нè застануваат и нè тераат и нас да одиме напред со нив во оваа толку комплексна уметност“, истакна директорот на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски.

„Да се биде во Венеција вторпат во две години е огромна работа за секоја кинематографија, а да не зборуваме за македонската. Вакви успеси во континуитет не се баш вообичаени и за поголеми кинематографии и Македонија може само да се  гордее. Да се биде во селекција што ги негува авторите и која секогаш била насочена кон авторството е голема чест. Селекторите на Венециските денови речиси ја прогонуваа Теона да го доврши и технички доуреди филмот за да го вклучат во програмата. Овој филм е поинаков од сè она што сме го виделе од Теона досега. Овој филм е нејзин експериментален личен дневник, создаден како комплетно независна продукција, со најминимални финансии, речиси целосно сработен само од Теона и едноставно е уникатен мал филм“, изјави Лабина Митевска, продуцент на филмот.

Филмот е копродукција помеѓу Македонија и Белгија.

„21 ДЕН ДО КРАЈОТ НА СВЕТОТ“

Синопис

Што би направиле ако ви останат уште 21 ден живот? Што мислите дека би можеле да направите? Ова е смел филм, вознемирувачки искрен, со застрашувачка меланхолија во себе, речиси непријатно за гледање. Смел, импулсивен и храбар, режисерот стои гол изложувајќи го сето тоа. Дали се осмелуваме да погледнеме? Дали се осмелувте да слушате кога некој ви се обраќа толку смело?

„НАЈСРЕЌНИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ“

Награди

Во последните две недели минатогодишниот учесник на Венеција, „Најсреќниот човек на светот“, освои дури четири награди, две на Бриселскиот интернационален филмски фестивал, за најдобра глума Јелена Кордиќ-Курет и за наjдобар звук и две награди за најдобра глума на тукушто завршениот Филмски фестивал во Пула.

Најново

Македонија3 минути

По повеќе од 33 часа работа на терен на пожарникарите од ТППЕ Битола, изгаснати пожарите во повеќе села во општините Могила, Новаци и Битола.

Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Битола, со целокупниот расположлив капацитет, повеќе од 33 часа интервенираше на пожарите што на 12 август...

Македонија7 минути

Голема акција за чистење на атмосферската и фекалната канализација во Бутел

Општина Бутел спроведува голема акција за чистење и одржување на атмосферската и фекалната канализациона мрежа на својата територија. Градоначалникот Дарко...

Македонија10 минути

(Видео) СДСМ: Граѓаните на Гостивар чекаат Мицкоски и Клековски да се вратат од „екскурзија“

Граѓаните на Гостивар пет недели немаат безбедна вода за пиење, а според СДСМ, власта предводена од премиерот Христијан Мицкоски и...

Македонија18 минути

(Видео) Петрушевски: Ширењето паника за водата е крајно сериозно, институциите го расчистуваат случајот

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Венко Филипче е заедно на Егејот со својот другар Зоран Заев, но влијае на оние кои...

Економија34 минути

Секој плаќа за себе: Wolt ја воведе функцијата Split Payments за групни нарачки

Корисниците сега можат директно во апликацијата да платат за своите артикли кога заедно нарачуваат од ресторани со пријателите, семејството или...

Македонија37 минути

Николоски: Со инсталација на новиот систем, македонското небо добива највисоко ниво во контрола на безбедност

Поставувањето на новиот АТМ систем во М-НАВ е од исклучително значење за повисоко ниво на безбедност, сигурност и ефикасност во...

Спорт1 час

Ѓоковиќ откри одлични вести за состојбата на своето тело пред Мастерсот во Синсинати

Новак Ѓоковиќ откри одлични вести за состојбата на своето тело пред Мастерсот во Синсинати, велејќи дека во последните две години...

Македонија1 час

(Видео) СДСМ поднесе кривична против полициски службеници и Манасиевски за објавување службена тајна

СДСМ поднесе кривична против полициски службеници и Манасиевски, соопшти Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ. „Поминаа 9 дена од...

Македонија2 часа

Влен: Артан Груби е „црната кутија“ и од неговото присуство или отсуство зависат многу разврски

Обвнинението за Артан Груби ги зовре страстите во ДУИ. Стравот од неговата меморија си го прави своето. Ахмети најавува повлекување од...