Контакт

Култура

Шулајковски во Берово

Објавено пред

Во Домот на културата „Димитар Беровски“ во Берово утре, 12:30 часот, ќе биде отворена изложбата на академскиот сликар Тони Шулајковски

Изложбата опфаќа 20 слики работени во техниката масло на платно и акрил и за првпат ќе бидат претставени пред публиката во Берово.„Електронскиот звук навлезен во сликарската визија на Тони Шулајковски долго време владее со неговиот ликовен израз. Боејќи го звукот и истовремено озвучувајќи ја бојата, авторот го слика звукот кој се облагородил преку неговиот мисловен процес. Сликајќи ја визијата за звукот, ги чувствува вселенските промени, кои низ боите ги воведува во видливото.“ – Дијана Петкова

Култура

Balkans beyond borders ги повикува македонските режисери да учествуваат на фестивалот

Објавено пред

Balkans Beyond Borders (BBB) ги повикува македонските млади режисери да ги пријават своите филмови на 11. издание на фестивалот за кратки филмови Balkans Beyond Border, кој ќе биде одржан во Измир, Турција, на тема contrUst: It is U who makes the difference.

Oд 2010 година фестивалот се одржал во 10 града (Белград, Тирана, Атина, Букурешт, Сараево, Солун, Брисел, Нови Сад и повторно Атина), со програма од над 380 балкански и над 200 небалкански филмови.

Фестивалските награди ќе ги додели жири составено од познати професионалци од филмската индустрија. Наградата за најдобар филм изнесува илјада евра, а ќе биде доделена и награда за најдобар прв филм, специјални признанија и награда од публиката. Рокот за пријавување е продолжен до 15 јуни оваа година.

Повеќе информации за условите и начинот на пријавување на следниот линк: http://www.balkansbeyondborders.eu/wp-content/uploads/2020/03/participation-terms-2020.pdf

Прикажи повеќе...

Култура

Распишан конкурс за наградата „Антево перо“

Објавено пред

Meѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ го распиша конкурсот за доделување на наградата „Антево перо“, утврдена во чест на творештвото на бардот на современата македонска поезија, Анте Поповски.

Наградата „Антево перо“ за 2020 година се доделува за необјавена поетска книга (поетски ракопис).

На конкурсот може да се јават сите автори што имаат необјавен поетски ракопис на македонски јазик, без разлика на националноста, возраста, литературниот стаж или државата во која живеат.

Наградата се состои во непрофитно објавување на поетскиот ракопис, со назнака на името на наградата на корицата од книгата и со отстапување на комплетниот тираж (300 примероци) на авторот.

Книгата ќе биде квалитетно претставена и промовирана со посебен осврт од наш истакнат лиитературен творец во рамките на самата манифестација.

Пристигнатите ракописи ќе ги разгледува тричлена комисија, во состав: Венко Андоновски (професор и писател), д-р Атина Цветаноска (книжевен истражувач) и Жорж Поповски (новинар, член на семејството на Анте Поповски). Третиот член има право на вето на одлуката на комисијата доколку смета дека делото што комисијата сака да го награди е под достоинството на поетското творештво на Анте Поповски или го навредува јавниот и естетскиот вкус.

Ракописите треба да бидат напишани во Times New Roman, фонт 12 и да бидат испратени во електронски формат pdf или word на електронската адреса: [email protected] заклучно со 25 август 2020 година.

Кандидатите ракописот може да го достават со свое име и презиме или со шифра. Во вториот случај авторството го докажуваат со копија од ракописот по објавувањето на резултатите.

Кандидатите не мора да го чекаат последниот рок затоа што комисијата ќе ги прегледува ракописите сукцесивно, онака како што пристигнуваат.

Комисијата својата одлука ќе ја соопшти за време на манифестацијата, која ќе се одржи кон крајот на септември.

Прикажи повеќе...

Култура

Литературна e-манифестација „Илинден“

Објавено пред

Општина Илинден, во насока на промовирање на современите културни достигнувања, ја организира 21. литературна манифестација „Илинден“.

Годинава, манифестацијата ќе има поинаков облик на одржување. Поради актуелната ситуација и забраната за организирање јавни собири, со цел да не им се одземе можноста на љубителите на поезијата да уживаат во убавината на пишаниот збор, првпат се организира литературна е-манифестација „Илинден 2020“.

„На 21. литературна манифестација ‘Илинден’ стиховите нема да одекнуваат од Домот на културата ‘Илинден’ – туку тие директно ќе се излеваат во домовите на почитувачите на пишаниот збор преку веб-страницата на Општина Илинден“, соопштија од Општината.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија37 минути

Филипче: Да знаевме дека нема да се почитуваат мерките, немаше да дадеме препорака за отворање на кафеаните

По објавата на фотографиите од скопски кафеани каде наместо почитување на препораките, се правеле забави без одржување дистанца, без маски...

Македонија1 час

(Видео) Филипче: Мерките не се почитуваат, можен е карантин во некои општини

Новозаболените од коронавирусот се резултат на непочитувањето на мерките, вели министерот за здравство, Венко Филипче, кој рече дека има информации...

Македонија2 часа

Загинувањето на планинарите на Кајмакчалан било несреќа, отфрлена кривичната пријава

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривична пријава против водичот на планинарската тура, во која пред 2...

Македонија2 часа

Потврдени 52 нови случаја на заразени, починаа 4 лица

Денеска, потврдени се 52 нови случаја на Ковид-19, оздравени се 30 пациенти, а починати се 4 лица, информира Министерството за...

Македонија2 часа

Се бара казна од 10.000 евра за поранешната директорка на кожната клиника

Скопското Обвинителство денеска до надлежниот суд поднесе предлог за издавање казнен налог против поранешната директорка на ЈЗУ Клиника за дерматовенерологија,...

Економија3 часа

(Видео) ФИТР објави повик за финансиска помош, фирмите со добивка ќе треба да ги вратат парите

Речиси 150 домашни микро, мали и средни компании имаат можност да добијат поддршка за брзо приспособување на последиците од Ковид-19...

Македонија3 часа

(Видео) Американски и грчки воени авиони летаа над нашата земја

Два авиона на американското воено воздухопловство, придружувани од четири воени авиона на Грција, околу 11 часот извршија прелет над територијата...

Македонија3 часа

Бугарија го укинува задолжителниот карантин за патниците од Македонија од 1 јуни

Бугарија планира од 1 јуни да го укине задолжителниот 14-дневен карантин за патниците од Македонија и од повеќето земји на...

Свет4 часа

Нов Зеланд има само еден активен случај на коронавирус

Седум дена по ред Нов Зеланд не потврди ниту еден нов случај на коронавирус. Здравствените власти соопштија дека во моментот...

Свет5 часа

(Видео) Немири во Минеаполис поради смртта на црнецот, запалена полициската станица, прогласена вонредна состојба

Демонстрантите влегоа во полициската станица во Минеаполис, предизвикаа пожари и уништија сè што им се нјаде на патот во текот...

Регион6 часа

Хрватска го објави протоколот за свадби – најмногу 150 гости, на подиумот да се држи растојание од два метра

Хрватскиот завод за јавно здравје објави детаљни препораки за одржување свадби, кои од неодамна повторно се дозволени во Хрватска. Некои...

Свет6 часа

Кина се закани со напад на Тајван

Кина ќе го нападне Тајван ако нема друг начин да се спречи неговата независност, предупреди еден од главните кинески генерали,...

Европа7 часа

Идејата за имунитет на стадото во Британија не успеа

Речиси седум проценти од луѓето во британската покраина Англија биле инфицирани со коронавирус, покажале резултатите од тестот на антитела на...

Свет7 часа

Итна седница на ОН за спорниот закон за безбедност за Хонгконг што го донесе Кина

САД и Велика Британија побараа седница на Советот за бесбедност на ОН за спорниот закон за безбедност, кој Кина го...

Македонија7 часа

Македонија додадена на листата на земји чии граѓани може да патуваат во Црна Гора

Националното координативно тело на Црна Гора, синоќа, по предлог на Институтот за јавно здравје, одлучи дека од 1 јуни ќе...

Македонија20 часа

Агенцијата за национална безбедност го демантира Чулев: Не располагаме со опрема за следење на комуникации

Агенцијата за национална безбедност не располага ниту со опрема за следење на комуникации, ниту со медијациски уреди за активирање на...

Регион21 час

Црна Гора на чекор до прогласување крај на епидемијата

Во Црна Гора ниту денеска нема нов случај на коронавирус, а црногорските медиуми пишуваат дека ако овој тренд продолжи уште...

Топ23 часа

АД „Водостопанство“ и еден раководител ќе одговараат за смртта на 15-годишното момче што се удави во Пчиња

Полицијата поднесе кривична пријава против АД „Водостопанство“ на Македонија и раководител на сектор за речен слив и речни корита поради...

Македонија23 часа

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна манипулација со бројките за смртност од коронавирус

ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна манипулација со бројките за смртност од коронавирусот и тоа е навистина загрижувачки. Не разбирам како може да...

Македонија23 часа

Пријава за фирма од Скопје – продавала производ за кој лажела дека нема глутен

Полицијата поднесе пријава против фирма во Скопје и нејзиниот сопственик поради измама на купувачи – односно продажба на производ на...

Досие