Контакт

Култура

Премиера на „Бунило“ во Кинотеката на Македонија

Објавено пред

Во понеделник, 25 октомври, во Кинотеката ќе се одржи премиерната проекција на филмот „Бунило“, во режија на Даријан Пејовски

Филмот  е во продукција на Триангл филм во соработка со Гејзер продукција, а проектот е подржан од Советот за радиодифузија на РМ како проект од јавен интерес.Сценариото е на Русомир Богдановски, а ко-сценаристи се Пејовски и Вардан Тозија. Директор на фотографија е Апостол Трпески, монтажата е на Филип Грчевски, сценографијата на Срѓан Митровиќ, а музиката е на Александар Пејовски. Продуцент е Данчо Чевревски. Играат: Тони Михајловски, Ана Стојановска, Данчо Чевревски, Милиана Ленак, Висар Вишка, Катина Иванова, Драган Миладиновски и Жаклина Стефковска.Игор, полицаец од Скопје, по грешка убива цивил. Тој прифаќа понуда од својот претпоставен да помине неказнет, но под услов да биде прекомандуван во погранично село, што подалеку од Скопје. Игор предоцна дознава дека понудата е всушност уцена која ќе го доведе до морален и емотивен распад.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Со дела од македонски композитори заокружена музичката програма на „Охридско лето“

Објавено пред

Од

Врвните членови на македонската културна сцена и членови на Сојузот на музички уметници на Македонија синоќа во рамките на фестивалот „Охридско лето“ одржаа целовечерен концерт на домашна музика.

Во црквата „Света Софија“ настапија баритонот Горан Начевски, пијанистите Јасна Аврамовска и Тодор Светиев, како и обоистот Васил Атанасов заедно со Скопскиот дувачки квинтет во кој покрај Атанасов членуваат и флејтистката Марија Јаќимовска, кларинетистот Ристо Ѓоревски, Даниел Апостолов на фагот и Александар Гошев на хорна.

Познатиот обоист Васил Атанасов, како што соопштуваат организаторите во своето соопштение, посочил дека заедно со колегите вложиле голем труд за синоќешниот настап. Според него, додаваат во соопштението, постојат многу македонски дела со кои македонските исполнители се претставуваат себеси и државата низ целиот свет.

Меѓу уметниците кои синоќа настапија беше и ќерката на познатиот композитор Ристо Аврамовски, пијанистката Јасна Аврамовска, а во публиката беше и неговата сопруга, Емилија, која се присети на деновите кога со композиторот го славеле неговиот роденден заедно со „Охридско лето“ токму на 20 август кога се спушта и фестивалската завеса, велат организаторите во соопштението.

Концертот, велат организаторите, се одржа по повод јубилејот од раѓањето на македонските уметници Ристо Аврамовски, Драгослав Ортаков и Стојан Стојков.

Прикажи повеќе...

Култура

„Бит фест“: Наградата од „Тра-ла-ла“ замина во Италија

Објавено пред

Од

На последната фестивалска вечер од 19. издание на интернационалниот фестивал „Тра-ла-ла“, во салата на Центарот за култура, беа доделени наградите за најдобрите изведувачи.

Според стручното жири, првата награда отиде во рацете на Сара дел Олио од Италија, на која покрај пехарот ѝ беше доделена парична награда од 1000 евра.

Организаторот на фестивалот на учесниците им додели медали со гравиран мотив од Битола, а на изведувачите, менторите, стручното жири и останатите учесници им беа додели плакети. За поддршка на фестивалот од страна на Општина Битола посебна плакета доби и градоначалничката Наташа Петровска.

Фестивалот „Тра-ла-ла“ се одржа во рамките на „Бит фест“.

Прикажи повеќе...

Книги

Промовирана книгата „Вермахтот и Македонија“

Објавено пред

Од

Во рамките на овогодишното издание на фестивалот „Бит фест“, во малата сала на НУ Завод и музеј -Битола се одржа промоција на книгата на д-р Роберто Трајковски, со наслов „Вермахтот и Македонија (1943-1944 година)“.

Пред публиката на промоцијата се обрати д-р Александар Литовски, историчар, осврнувајќи се на делови од содржината на книгата и нејзиното значење.

За книгата и мотивите за нејзиното создавање зборуваше и авторот, Роберто Трајковски.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

Германски министер во посета на Аушвиц: Со тага и срам се поклонувам пред милиони жртви

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, го посети поранешниот нацистички логор на смртта, Аушвиц. Притоа тој рече дека со...

Мартин Протоѓер, СЈО, Титаник Мартин Протоѓер, СЈО, Титаник
Македонија7 часа

„Ќе им се мочам у уста на ‘А1’“, ѝ вели Протоѓер на Јанкулоска

По паузата во кривичниот суд, продолжи објавувањето на бомбите во предметот „Титаник“. Досега, од 1.063 бомби, објавени се 219. Во...

Македонија8 часа

Полициските станици немаат бензин, му се жали Јанкулоска на Ставрески

Во телефонски разговор од 31 мај 2011 година, меѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески, ексминистерката му се жали на вицепремиерот...

Економија9 часа

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат

Од ноќеска на полноќ бензините ќе поевтинат за половина денар, а цената на дизелот ќе се зголеми за половина денар,...

Регион10 часа

(Фото) Претепаната Британка во Сплит раскажува: Беше ужасно, нè заклучија во соба и почнаа да нè тепаат

Полицијата во Сплит потврди дека младата Британка била нападната за време на својот одмор во Сплит во хостелот во кој...

Македонија10 часа

Дерковски: Јанакиески може давал инструкции, но прашање е дали јас сум го послушал

Учествувам во избори уште од 1994 година и од секогаш сум соработувал со институциите, Јанакиески може да дава насоки, но...

Македонија11 час

Претседателот на ДИК, Дерковски, во бомбите добива насоки од Јанакиески за денот на гласањето

Оливер Дерковски, сегашниот претседател на ДИК, го има во бомбите што се пуштаат во јавноста. Во еден од разговорите од...

Македонија12 часа

„Кажете дека брашното е канцерогено“, Јанакиески нарачувал инспекции во ромското маало во Струмица

Во кривичниот суд во Скопје продолжи пуштањето на бомбите во предметот „Титаник“ на специјалното јавно обвинителство. Во неколку од разговорите...

Економија12 часа

Грција ја напушта европската програма за помош

Грција излезе од кризата и ја напушта европската програма за помош. По осум години економски реформи, кои беа под надзор...

Регион13 часа

Гром усмрти момче на плажа кај Сплит

Сплит и околината вчера ги зафати невреме во кое загина младо момче. Како што пренесуваат хрватските медиуми, момчето го погодило...

Свет13 часа

(Видео) Пукање врз Амбасадата на САД во Анкара

Врз Амбасада на САД во Анкара, околу пет часот по локално време, биле испалени неколку истрели од возило во движење....

Свет1 ден

Долг, сериозен и детален разговор помеѓу Путин и Меркел

Три часа траеа разговорите помеѓу лидерите на Русија и Германија, Владимир Путин и Ангела Меркел во Берлин. Портпаролот на рускиот...

Свет1 ден

(Видео) Два силни земјотресa од над шест степени ја погодија Индонезија

Индонезискиот остров Ломбок денеска го погодија два силни земјотресa, со јачина од 6,3 и 6,9 степени според Рихтеровата скала, а...

Регион1 ден

Дачиќ во Анталија: Србија нема да биде дел од никаква коалиција против Турција

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, денеска од Анталија изјави дека Србија е верен и искрен пријател на Турција и...

Свет1 ден

Францијa: Кај 840 мостови постои ризик од евентуално уривање

Околу 840 мостови во Франција имаат сериозна штета и се изложени на голем ризик од нивно можно уривање, покажуваат податоците...

Регион1 ден

Запленети 247 килограми марихуана во близина на грчко-албанската граница

Грчката полиција во две одделни акции запленила 247 килограми марихуана внесена од Албанија. Во првиот случај во Неа Селефкиа, кај...

Економија2 дена

Во вторник ново задолжување од 6,5 милиони евра за да се вратат стари долгови

Во вторник, 21 август, Министерството за финансии од домашните банки ќе побара заем од 6,5 милиони евра. Станува збор за...

Свет2 дена

Нов силен земјотрес го погоди индонезискиот остров Ломбок

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според рихтеровата скала денеска го погоди индонезискиот остров Ломбок, соопшти американскиот геолошки институт....

Македонија2 дена

На Богородица и Табановце се чека од 15 до 30 минути за влез и излез од државата

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини Богородица и Табановце се...

Свет2 дена

Oд понеделник во Гана еднонеделна жалост по смртта на поранешниот Генерален секретар на ОН

Претседателот на Гана, Нана Акуфо Адо од понеделник прогласи еднонеделна жалост по смртта на поранешниот Генерален секретар на Обединетите нации...

Досие