Контакт

Култура

Македонска филмска магија на американски терен

Објавено пред

Го искористивме престојот на Дејвид Милер, режисер од САД, во Скопје, кој е дојден во работна посета на студиото Фx3x со кое веќе подолго време успешно соработува. Со него зборувавме за досегашните искуства од соработката со скопските “анимајстори” и за идните планови со Фx3x

dobivaj vesti na viber

Студиото Фx3x го сработи анимираниот филм за деца Холи и Хал во траење од 50 минути за потребите на американски синџир на продавници на играчки Билда беар. Филмот беше наменет за интернет-пазарот, но позитивните реакции му доделија почесна премиера на американската телевизија Еј-Би-Си која е сопственост на Дизни. Премиерата е најавена за 24 ноември, на Денот на благодарноста, во ударен термин во 19 часот. Филмот е во режија на американскиот режисер и продуцент Дејвид Милер, а во Македонија се изработи комплетната анимација и монтажа на звукот, што значи речиси цел филм е завршен тука. Покрај ова, Фx3x редовно работат на реклами за познати брендови за американскиот пазар, а во изработка е и нова анимирана серија. Тимот Фx3x предводен од Кристијан Даниловски ја има и единствената номинација за Македонија на наградите “Еми” за телевизиската серија Патеката до 11 септември.Интересната комбинација од Дејвид Милер, режисер кој работел исклучиво на долгометражни филмови, и креативноста на веќе познатото македонско студио Фx3x, предводено од Кристијан Даниловски, го обележа патот кон успехот.  Првата нивна соработка е на анимирана серија со музичка содржина. Во приказната станува збор за музички инструменти кои имаат свои карактери, карактер на виолината, карактер на тапанот, карактер на трубата… “Секој инструмент е посебна личност. Приказната е за деца на возраст од три до седум години. На таа возраст може да се влијае на децата за да се оформат како музички креативни личности, но и да научат од каде доаѓа музиката, кој ја создава, затоа музичките инструменти се одбрани како главни ликови. Приказната негува хармонија што треба да е присутна во музиката. Целата приказна е базирана на музика која всушност е интернационална и инструментите се од целиот свет”, ни раскажа Милер. На прашањето како дојде до оваа идеја за да се направи една ваква анимирана серија, тој одговори: “Публиката за којашто е наменета оваа серија, односно децата, многу често знаат да речат дека млекото и сирењето се од супермаркет, а не од животните. Па, поради тоа треба да им се покаже од каде доаѓа и музиката и кој ја создава”, објасни режисерот.Инаку, Дејвид Милер и Кристијан Даниловски соработуваат веќе пет години и заедно имаат работено на многу проекти.“Пред околу пет години се запознав со Кристијан преку некои продуценти од филмската индустрија. Јас работев на проект во Холандија, работев на развивање на моите ликови и тогаш ми беа претставени луѓето од Македонија за кои ми рекоа дека се заинтересирани, работат со 3Д-анимација, дека работат на развивање ликови и така се запознавме”, рече Милер и додаде: “Македонците се ентузијасти и воедно се и големи професионалци, па по извесно време почнавме да работиме заедно на креирањето на материјалот. Заедно сме пет години и работевме на многу проекти”, заврши Милер. Македонското студио Фx3x работеше и на реклами на многу познати брендови, како што се Shell Oil, Теlмеx – Теlеcом Меxicо, Фанта и АТ&Т, но она што е најинтересно и што беше изненадување за сите е работата на филмски гиганти како Терминатор, претходно Авијатичарот, како и на Златниот компас, филм што го освои “Оскарот” за визуелни ефекти. Но, сепак, за свој најголем успех ја сметаат номинацијата за “Еми”, за телевизиската серија Патот до 11 септември. Дејвид Милер за Форум откри интересни податоци околу неговата работа. Започнал уште во раните деведесетти години, како режисер на фотографија и дизајнер на продукција во индустријата за долгометражни филмови, вклучувајќи го и интегрирањето на забавните паркови во тие визуелни проекти и нивно дизајнирање. Имајќи предвид дека во тоа време технологијата и компијутерите за таа работа не биле доволно усовршени, Милер сепак наоѓал начини да ја заврши работата најдобро што може. Дејвид Милер важи  за извонреден светски режисер и продуцент во филмската индустрија на светско ниво, а тоа го докажува и најинтересната случка што тој ја сподели со Форум. “Во 1993 г. на снимањето на Симпл мајндс и на Дејвид Стјуарт ги испраќавме визуелните ефекти од Лос Анџелес директно на сцената во Париз за да добиеме ефект на прашина директно на нивниот концерт. Значи, во не многу совршени услови работевме од Лос Анџелес, а прашината ја создававме на сцената во Париз”, се присети Дејвид на успешната работа во раните деведесетти години кога технологијата и условите и не биле доволно поволни за нивната работа. Во тој период, Кристијан Даниловски заедно со неговиот партнер Миливоје Ѓорѓевиќ ја основаат Фx3x, а претходно и двајцата работеле на анимации и ефекти. Нивна главна желба и тајната до успехот е што обајцата сакале да работат во областа на визуелните ефекти и самите да креираат ефекти како оние во популарните филмови на тоа време, Терминатор 2 и Паркот Јура. “Дванаесет години подоцна, по многу работа, дел од желбите ни се исполнија. Со партнерот решивме да понудиме соработка со Холивуд и така почна сè”, вели Кристијан за неговите почетоци кон успехот.

Во Македонија подобро се работи отколку во Кина“Сум работел во земји низ целиот свет, развивајќи ги визуелните ефекти. Сум работел во Шангај, во Индија и на многу други места, но сепак Македонија е нашиот избор.Македонија има разбирање за културата која денес заработува на светскиот пазар. Американската филмска индустрија е таа која прави пари и го има приоритетот, но и Македонците имаат чувство за тоа и се прилично успешни на тоа поле”, рече Милер.“Кинезите имаат посебно сфаќање за забавата. Понекогаш работат нешто сосема различно. Не станува збор за подобро или полошо, едноставно е различно. Ако сакате да направите нешто што ќе му се приближи на Дизни или Дрим воркс, треба да се има посебно чувство за тоа, особено во индустријата за анимација, а моментно на тоа наидувам само во Македонија”, нагласува Милер.

Култура

Националниот џез оркестар со програмата Џез лектира гостува во Велес

Објавено пред

По концертот во Скопје, Националниот џез оркестар со програмата под наслов „Џез лектира“ гостува во Велес. Концертот ќе се одржи на 23 април, 2024 година, со почеток од 20 часот во театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“.

dobivaj vesti na viber

„На концертот „Џез Лектира“ се осврнуваме на дел од творештвото на Каунт Бејси биг бендот. Вилијам Џејмс, познат како Каунт Бејси е американски џез пијанист, органист, водач на бенд и композитор, познат и како „Кралот на свингот“. Во 1935 година, тој го формира оркестарот „Каунт Бејси“ и ја води оваа група скоро 50 години. Неговата работа резултира со низа иновации во музичкиот израз како употреба на два „поделени“ тенор саксофони, нагласување на ритам секцијата, рифови во биг бенд композиции, аранжери за дополнително проширување на биг бенд звукот и слично“, се наведува во соопштението на Националниот џез оркестар.

Прикажи повеќе...

Култура

Костадиновска-Стојчевска: Саемот на книгата, во време на емотикони, е во одбрана на раскажувачите и писменоста

Објавено пред

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, во арената „Борис Трајковски“ на отворањето на 36. издание на Саемот на книгата порача дека Министерството за култура, како покровител на овој, како што рече, „празник на книгата“, останува голем пријател и силен поддржувач на ова наше богатство.

dobivaj vesti na viber

„На годишните конкурси, од година во година, импресивен е бројот на сè повеќе пријавени квалитетни дела и од млади македонски автори. И тоа искрено нè радува. Како што нè радува и зголемениот интерес за создавање многубројни наслови и публикации за деца. Без двоумење ја добиваат нашата поддршка зашто во овие модерни времиња во кои има сè помалку зборови, а сè повеќе кратенки и емотикони, раскажувачите на приказни се чувари на писменоста“, рече министерката за култура.

Во присуство на голем број љубители на пишаниот збор, Костадиновска-Стојчевска порача дека во виртуелниот свет го нема овој опоен мирис на книгата. Само во реалниот свет, ова богатство од книги на македонски јазик од домашни и од странски автори го испишува овој простор во уште една „Приказна која се чита“.

Саемите за книги во последните години, според некои автори, кажа министерката дека прераснаа во едукативни и културни настани кои даваат можност за вмрежување преку негување на врските меѓу авторите, издавачите и читателите. Истовремено радува и сè поголемиот број посетители, што само по себе зборува многу за односот кон книгата.

Триесет и шестото издание на Саемот на книгата, што ќе трае до 24 април, во седумте саемски денови ќе понуди книги од домашни и од странски автори од над 60 издавачки куќи од земјава и од регионот.

Прикажи повеќе...

Култура

Светска премиера на „Киука – Пред летото да заврши“ во Кан – филмот е копродукција помеѓу Грција и Македонија

Објавено пред

„Киука – Пред летото да заврши“ (Kyuka Before Summer’s End) во режија и по сценарио на Костис Харамуданис, кој е реализиран како билатерална копродукција помеѓу Грција и Северна Македонија и е поддржан од Агецијата за филм на Република Северна Македонија, својата светска премиера ќе ја има на Канскиот филмски фестивал како дел од 32. издание на програмата ACID, што ќе се одржи од 15 до 24 мај оваа година. На „Куика“ му е доверена честа да ја отвори оваа програма.

dobivaj vesti na viber

„Лист продукција“ е македонски копродуцент на дебитантскиот филм на режисерот Харамуданис со Марија Димитрова и Игор Иванов како копродуценти, а Херетик од Грција е главен продуцент со Данае Спатхара, Јоргос Карнавас и Константинос Контовракиси како продуценти.

„Киука – Пред летото да заврши“ е приказна за едно трочлено семејство, кое како и секое лето, плови со својата едрилица до островот Порос, каде што таткото Бабис и децата Константинос и Елса, кои се веќе на прагот пред полнолетството, го минуваат годишниот одмор. Додека пливаат, се сончаат и создаваат нови пријателства на островот, децата случајно ја запознаваат Ана, жената што ги родила и ги напуштила уште во најраното детство, со што ќе почне едно горко-слатко патешествие на созревање под летното сонце, а долгогодишната огорченост на Бабис избива на површина.

Програмата на ACID (Association for the Distribution of Independent Cinema – Асоцијација за дистрибуција на независен филм) на Канскиот филмски фестивал е креирана во 1993 година и прикажува 9 долгометражни филма, фикција и документарци. Овие филмови се избираат од стотиците пристигнати филмови од цел свет од страна на петнаесетина филмаџии, членови на асоцијацијата.

Снимањето на филмот се одвиваше во октомври 2022 година во Атина и на островот Порос, а постпродукцијата се работеше на релација Атина – Скопје.

Главните улоги во филмот ги играат Симеон Цакирис, Елса Лекаку, Константинос Георгопулос, Афродита Капокаки и Елена Топалиду.

Македонската екипа во овој филм ја сочинуваат Михаил Димитров, Игор Поповски и студиата за постподукција „Аудио хаус“ и „Слобода филм“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...

Македонија8 часа

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само...

Македонија8 часа

(Видео) Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ,...

Македонија10 часа

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...

Македонија13 часа

Министерството за здравство за приватните специјализанти: Решение ќе има после изборите

„Министерството за здравство секогаш се залага за подобрување на условите за работа на здравствените работници и соработници, кои меѓу нив...

Македонија18 часа

Наместо покачена 12 отсто, вработените во културата не добија никаква плата, од утре излегуваат на протести

Доколку до крајот на денот не им биде исплатена платата за март на 3.000 вработени во културата, од утре тие...

Македонија18 часа

Сексизам, дискриминација, навреди и говор на омраза од Пендаровски и лица вклучени во неговата кампања: Силјановска-Давкова со нова претставка

Гордана Силјановска-Давкова денеска поднесе нова претставка до Државната изборна комисија, Комисијата за заштита од дискриминација, ОБСЕ – Организација за безбедност...

Македонија18 часа

ДУИ симулира седница на која Бугарите влегоа во Уставот, Села е претседател на Собранието, а Османи на државата

„Европскиот фронт“ предводен од Демократската Унија за интеграција симулираше конститутивна седница на Собранието, со тоа, сликовито прикажувајќи што би се...

Македонија21 час

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар. Пред присутните Пендаровски...

Свет22 часа

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Лидерите на Европската унија вчера одлучија да ги зголемат санкциите против Техеран додека светските сили се обидуваат да спречат поширок...

Свет22 часа

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Украинскиот премиер изјави за Би-Би-Си дека ќе има трета светска војна доколку Украина ја загуби војната со Русија, апелирајќи до...

Македонија1 ден

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Народот знае дека гласот за Стево е глас за ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби. Гласот за Стево е глас...

Топ2 дена

Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид. Од МВР информираа дека инцидентот...

Македонија2 дена

Арсовска: Министерката за култура успеа самата себеси да се побие и не одговори на ниедно прашање

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска успеа самата да се побие и не одговори на ниту едно прашање коешто беше поставено,...

Топ2 дена

Кривична против Курто Дудуш: за директори на градинка именувал лица што не биле вработени таму

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 49-годишниот К. Д., градоначалник на скопска општина...

Македонија2 дена

„Два месеца нема плата за вработените, а пред избори се примаат работници“ – „Национални шуми“ на протест

Триесет подружници се собраа пред Јавното претпријатие „Национални шуми“ со цел да го изразат незадоволството оти втор месец немаат добиено...

Македонија2 дена

Со Арсовска ќе се видиме на суд да објасни како јас сум знаела, а не сум пријавила пожар во Универзалната сала, најави министерката за култура

За министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, вчерашните обвинувања од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, се лаги, скандалозни тврдења и обид...

Македонија2 дена

Грејната сезона продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како...

Македонија2 дена

Училиштата не може да објаснат како е направен изборот на фирмите за чии услуги плаќаат родителите: набавките за униформи за учениците, за фотографирање и за ужина се нетранспарентни

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето „Отсуство на процедури, транспарентност и отчетност кај набавките што се финансираат со пари...

Регион2 дена

По високите температури, Србија во снег: мештаните шокирани

Силниот дожд во утринските часови на територијата на западна Србија прерасна во лапавица и снег, а на Златибор веќе е...