Контакт

Култура

Традиционален концерт за Василица

Објавено пред

Во Македонската опера и балет утревечер, по повод Василица, ќе се одржи традиционалниот концерт со најпопуларните македонски евергрини изведени на Скопскиот фестивал, Макфест, како и од најпознатите фестивали во поранешна Југославија. Настапуваат имиња од домашната естрада и гости од регионот

Маја Оџаклиевска, Драган Мијалковски, Калиопи, Елена Ристеска, Џон Илија Апелгрин, Жак Хоудек (Хрватска) се само дел од учесниците на утрешниот концерт „Македонски евергрини“. Настапува оркестарот на Македонската опера и балет, под диригентство на маестро Кире Костов. Почетокот е во 20 часот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Филмот „Отворена врата“ во македонска копродукција е кандидат за „Оскар“ на Албанија

Објавено пред

Играниот филм „Отворена врата“, дебитантски филм на младиот албански режисер Флоренц Папас, во кој Mакедонија учествува како копродуцент, е кандидат за „Оскар“ на Албанија во категоријата најдобар странски филм.

Филмот е во продукција на „Бункер филм+“ од Албанија, а копродуценти се „Сиркл филм“ од Косово, „Лупин филм“ од Италија и „Авард филм и видео“ од Македонија, а со поддршка и на „Еуримаж“.

„Отворена врата“ се снимаше во Албанија во 2018, а е приказна за мажена жена и нејзината бремена сестра, кои се обидуваат да најдат маж за да глуми нејзин сопруг пред средбата со нивниот строг традиционален татко.

Како македонски дел од екипата, покрај продуцентите Горан Стојилковиќ и Владимир Стојчевски, во проектот учествуваат и актерот Висар Вишка, композиторот Александар Пејовски, Фејми Даут како прв асистент на камера, дизајнерот на звук Игор Поповски од студиото „Аудиохаус“, заедно со целосната екипа на секторот звук составена од Ристо Алчинов, Илија Цветковски, Драган Спасов, Ненад Стефаноски и Леотрим Вока.

Филмот светската премиера ја имаше минатата година во главната програма на Сараевскиот фестивал, а македонската премиера беше на Фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола.

Покрај тоа „Отворена врата“ беше прикажан на петнаесетина значајни фестивали во целиот свет.

Прикажи повеќе...

концерти

Гала-оперски концерт во рамките на Есенските музички свечености

Објавено пред

На 4 ноември, со почеток во 20 часот, на сцената на Националната опера и балет, ќе се одржи гала-оперски концерт, настан кој е во рамките на фестивалот Есенски музички свечености 2020.

Диригент е Иван Еминовиќ. Настапуваат оперските солисти Марјан Николовски, Марјан Јованоски, Елена Голомеова, Драган Ампов, Ристе Велков, Билјана Јосифов, Десанка Глигориевиќ, Наде Талевска-Спасовска, Ирена Кавкалевска, Зоран Сотиров, Хорот и Оркестарот на Националната опера и балет. Режисер е Дејан Прошев, концерт-мајстор е Јане Бакевски, а хор-мајстори се Јасмина Ѓоргеска и Ѓургица Дашиќ.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени за моментата состојба предизвикана од пандемијата на Ковид-19 за одржување настани одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење заштитна маска, а влезот за публиката ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот.

Билетите се во строго ограничен број.

Прикажи повеќе...

Култура

Битолскиот театар ги откажа претставите, потврдени се случаи на коронавирус

Објавено пред

Битолскиот театар ги откажа претставите по потврдени неколку случаи на коронавирус.

„Почитувана наша публико, со жалење ве известуваме дека ни НТБ не остана имун на вирусот Ковид-19. Веќе се изолирани неколку случаи и во тоа име, сакајќи да го заштитиме нашиот колектив, а секако и вас, драга публико, претставите и работата на новата претстава се одложуваат за одредено време“, соопштија од театарот.

Исто така, велат од таму, одговорно изјавуваме дека сите претстави, проби, промоции, концерти, кои беа организирани во изминатиот период, беа изведени под силни протоколи и по сите пропишани мерки за заштита.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

Автомобил удри во група луѓе во Германија – загина дете, а има и тешко повредени

Дванаесетгодишно момче загина, а тројца се тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи доцна попладнево во Германија, пренесуваат...

Македонија7 часа

Во Скопје 390 новозаболени и петмина починати, најмладата жртва има 35 години

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани 390 нови случаи на Ковид-19 и петмина починати. Меѓу починатите најмладата жртва...

Македонија8 часа

Нови 862 заразени и 14 починати од Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.699 тестирања, а регистрирани се 862 нови случаи на...

Свет9 часа

(Видео) Макрон се обрати на нацијата – нема да се откажеме од нашите вредности

Франција повторно беше цел на терористички напад, порача францускиот претседател, Емануел Макрон, во Ница, каде што утрово беа убиени тројца...

Македонија11 час

Кривична за Лидија Димова, се товари дека злоупотребила милиони од европски фондови

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривични пријави против директорката на...

Македонија11 час

(Видео) За Заев е неприфатливо тоа дека македонскиот јазик извира од бугарскиот

Премиерот Зоран Заев изјави дека не се прифатливи некои од сигналите што доаѓаат од Бугарија. „Не е прифатливо“, изречно рече...

Македонија12 часа

Пендаровски: До овој момент не се размислува за полициски час каков што имавме

Претседателот Стево Пендаровски, по денешната седница на Советот на безбедност, изјави дека во овој момент не се размислува за полициски...

Македонија13 часа

Спасовски пренесен на Инфективната клиника во Скопје

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вчеравечер е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Согласно протоколите, тој со...

Економија15 часа

АЕК ќе спроведува физибилити-студија за влијанието на 5Г-мрежата врз здравјето на луѓето

Агенцијата за електронски комуникации набргу ќе распише меѓународен тендер за избор на компанија што ќе изработи физибилити-студија за влијанието на...

Македонија15 часа

Задолжителна самоизолација од закажувањето тестирање на Ковид-19, казните се 50 евра

Со новите законски измени самоизолацијата е задолжителна при тестирање на Ковид-19 од закажување на тестот или самото тестирање, па сè...

Свет15 часа

Во нападот во Ница убиени три лица, една жена е обезглавена

Во нападот што се случи во Ница, за кој се сомнева дека е терористички, убиени се три лица со нож,...

Македонија17 часа

МОН најави реформа на учебниците по честите реакции за грешки и стереотипи во нив

Министерството за образование и наука формира работна група која развива концепт за целосна и суштинска промена на учебниците за основно...

Македонија17 часа

Стапија во сила новите мерки – забрането е групирање по 22 часот, казната е 500 евра

Од денеска забрането е групирање на отворено на повеќе од четири лица по 22 часот, а казната за непочитување на...

Свет18 часа

Едно од ретките места во светот без коронавирус ги забележа првите два случаја

Маршалските Острови, едно од последните места во светот каде што немаше коронавирус, ги забележаа првите два позитивни случаја, пишува Би-би-си....

Македонија18 часа

Од денеска маските се задолжителни на отворено

Собранието синоќа со 53 гласови „за“, 26 воздржани и ниту еден глас против ги изгласа измените во Законот за заштита...

Македонија18 часа

Седница на Советот за безбедност за состојбата со коронавирусот во Македонија

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“, со почеток во 11 часот, ќе се одржи седница на Советот...

Европа1 ден

(Видео) Од петок карантин во цела Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон прогласи каратин од петок што ќе трае најмалку до 1 декември. „Бранот се рашири низ цела...

Македонија1 ден

Славјанка Петровска позитивна на коронавирус, качила температура додека била на седница во Собранието

Актуелната пратеничка во Собранието од СДСМ и поранешна дополнителна заменичка на министерот за внатрешни работи во техничката влада Славјанка Петровска...

Македонија1 ден

Во Скопје рекорден број новозаразени, Аеродром надмина 700 активни случаи

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани рекордни 422 нови случаи на Ковид-19, а во тој период починале тројца...

Македонија1 ден

Рекордни 870 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа 14 лица

Во последните 24 часа во Македонија 14 лица починаа од коронавирус, а потврдени се 870 нови случаи од  2.647 тестирања,...

Досие