Контакт

Култура

Роберт Редфорд на отворањето на филмскиот фестивал за Хаити

Објавено пред

Холивудската ѕвезда на отворањето на 26-тото издание на филмскиот фестивал Санденс заборувал за, како што нагласил трагичната ситуација на Хаити и ги повикал сите присутни да не ги заборават настраданите во катастрофалниот земјотрес од 12- јануари

Седумдесет итри годишниот актер Роберт Редфорд на прес-конференцијата на отворањето на американскиот фестивал на независниот филм кој секоја година се одвива во зимското одморалиште Парк Сити близу Солт лејк Сити.Запрашан за состојбата на Хаити, Редфорд изјавил дека го чувствува она што и сите за катастрофата, која според неа е многу тажно. „Тоа е трагично, ужасно тажно. И страшно е неправедно, особено кога се има предвид како каков беше животот на Хаитјаните претходно“, рекол славниот актер.За самиот фестивал, Редфорд рекол дека со своето присуство на овој најголем филмски фестивал во САД, сакал да им се врати на корените. Тој во моментов завршува со монтажата на филмот за убиството на американскиот претседател Абрахам Линколн „Заговор“. Инаку фестивалот е отворена со филмот „Рестрепо“, долго најавуван документарец за војната во Авганистан на режисерот Себастијан Јангер и Тим Хитхерингтон. До 31-ви јануари ќе бидат прикажани повеќе од сто документарни и играни филмови од американска и странска продукција.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

Отворена ретроспективна изложба на Решат Амети во Даутпашиниот амам

Објавено пред

Ретроспективната изложба на академскиот сликар Решат Амети со наслов „30 години уметност“ беше отворена вчера во Даутпашиниот амам.

Министерката за култура, Ирена Стефоска, му посака успех на Амети во понатамошната сликарска кариера.

На отворањето беа присутни претставници од највисокиот протокол на политичкиот кор, претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој е и долгогодишен пријател на Амети, министри, пратеници, претставници на дипломатскиот кор, амбасадорите на Албанија и на Косово во РСМ, како и уметници и професори на државните и приватните универзитети.

Изложбата е достапна во Даутпашиниот амам секој ден, освен понеделник, од 10 до 18 часот.

Прикажи повеќе...

Книги

Промоција на „101 сонет од една чудна пролет“ од Владимир Мартиновски

Објавено пред

Владимир Мартиновски (1974) пишува поезија, проза, есеи и книжевна критика. Автор е на десетина книги поезија, исто толку книжевно-есеистички книги, четири книги куси прози и раскази, како и на две книги за деца. Неговата поезија е преведена на дваесетина јазици. Добитник е на неколку книжевни награди. Се занимава и со музика. Разговорот со авторот ќе го води Николина Андова-Шопова.

Во поговорот на најновата поетска книга на В. Мартиновски, Оливера Ќорвезироска, меѓу другото, истакува: „’101 сонет од една чудна пролет’ е несекојдневна збирка песни за песните, поезија заседната дома, во поетскиот занает. Преклопувањето на карантинот на луѓето (поетот) со карантинот на поезијата (автореференцијалната песна) се творечкото кредо на оваа збирка. Таа е претворање на врвното непоетско околу нас во врвно поетско за нас и во нас; вистински дар, најубавото лице на долгото седење дома во пролетта 2020 година. Сонетите не се непознати за поетското творештво на Мартиновски, но сепак цела збирка исклучиво со толкав голем и провокативен број сонети е вистински подвиг. Најзабележлива карактеристика на збирката е удвоеноста на песните, спарувањето, дихотомноста. Речиси сите песни имаат свој парник, најчесто контрастен или само огледално обратен, утешителен или ризичен. Независно каков е односот на сонетите во диптисите, сметам дека најважното е тоа што секој сонет сам по себе функционира како грамофонска сингл-плоча со А и Б-страна. Тоа е многу повеќе од поетски (и музички) шарм, тоа е апотеоза на дуалноста, на двете лица на секое нешто, на денот и ноќта, на лошото и доброто…“

Книгата е во издание на „Кликер“. Настанот ќе биде реализиран во согласност со протоколите за организирање настани во затворен простор. Ве молиме да се придржувате кон нив. Бројот на посетители е намален, носењето маски е задолжително за време на целиот настан.

Прикажи повеќе...

Култура

Споменикот за Горан Стефановски е готов и ќе биде поставен во неговото Дебар Маало

Објавено пред

Во чест на починатиот писател, режисер, сценарист, драматург и еден од најзначајните ликови во македонската култура, Горан Стефановски, Општина Центар заедно со семејството на Стефановски во неговото Дебар Маало набргу ќе го постави долгонајавуваниот споменик.

Симболичниот споменик е веќе излеан и се наоѓа во Лондон, а ќе биде поставен во паркчето што се наоѓа спроти бараките на Општината, веднаш до чинарот, кој минатата година на роденденот на Стефановски – 27 април, беше засаден во знак на сеќавање на доајенот на македонската литература.

Одбележувањето на роденденот на Горан Стефановски е дел од програмата за култура на Општина Центар и со исклучок на годинава, кога целиот свет се соочува со пандемијата на коронавирусот, Општината секоја година во Дебар Маало ќе го одбележува со пригоден настан.

„Од неодамна функционира и Здружението на граѓани за зачувување и промоција на културното наследство на Горан Стефановски, чија цел е неговиот опус во секое време да биде достапен на граѓаните за подобро запознавање со неговите дела и промоција на сето она што значеше Горан за македонската културна сцена“, се наведува во соопштението од Општина Центар.

Стефановски беше автор на многу текстови и драми, меѓу кои и „Јане Задрогаз“, „Диво месо“, „Лет во место“, „Хај-фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Црна дупка“, „Демонот од Дебар Маало“ и на детската ТВ-серија, „Бушава азбука“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Маските стануваат задолжителни на отворено, Собранието ги изгласа законските измени

Собранието вечерва со 53 гласови за, 26 воздржани и ниту еден глас против ги изгласа измените во Законот за заштита...

Македонија6 часа

Славјанка Петровска позитивна на коронавирус, качила температура додека била на седница во Собранието

Актуелната пратеничка во Собранието од СДСМ и поранешна дополнителна заменичка на министерот за внатрешни работи во техничката влада Славјанка Петровска...

Македонија6 часа

Во Скопје рекорден број новозаразени, Аеродром надмина 700 активни случаи

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани рекордни 422 нови случаи на Ковид-19, а во тој период починале тројца...

Македонија7 часа

Рекордни 870 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа 14 лица

Во последните 24 часа во Македонија 14 лица починаа од коронавирус, а потврдени се 870 нови случаи од  2.647 тестирања,...

Свет9 часа

Германија воведе строги мерки: рестораните, кината и баровите ќе бидат затворени 4 недели

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека германските власти се согласиле на четиринеделен делумен карантин. Во овој временски период затворени...

Македонија11 час

ВМРО-ДПМНЕ утре на протести поради загадениот воздух

ВМРО-ДПМНЕ повика утре на протести поради загадениот воздух. Протестите ќе се одржат во Скопје, Битола, Струмица, Тетово и Куманово. Протестот во...

Македонија12 часа

МОН го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение

Министерството за образование и наука го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение поради несоодветна и дискриминирачка содржина. „Во...

Македонија13 часа

Пауновски: Нови вработувања ќе има в година, дотогаш ќе се снаоѓаме

Државниот пазарен инспекторат добил од Владата ветување дека в година ќе им бидат одобрени бараните 20 нови вработувања. Директорот на...

Македонија13 часа

Поради контакт со Спасовски, само едно лице е во изолација

Државниот санитарен и здравствен инспекторат издал само едно решение за изолација на лице што било во контакт со министерот за...

Македонија13 часа

Пожарникарите протестираа пред канцеларијата на Шилегов

Пожарникарите на мирниот протест пред канцеларијата на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, порачаа дека не се откажуваат од своето барање...

Македонија14 часа

Поранешениот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, осуден на шест години затвор

Поранешениот шеф на кабинетот на ексдиректорот во УБК, Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, е осуден на шестгодишна затворска казна во случајот...

Македонија14 часа

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – совет во учебник по македонски за шесто одделение

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – ова е совет во учебник по македонски за шесто одделение....

Македонија15 часа

Советот за безбедност ќе одржи седница за состојбата со коронавирусот

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“, утре, 29 октомври, со почеток во 11 часот, ќе се одржи...

Свет15 часа

Куба ја регистрира својата втора вакцина против коронавирусот

Куба официјално регистрира втора вакцина против Ковид-19, а испитувањата се очекува да почнат набргу, објави „Агенсија Кубана де нотисијас“ (АКН)....

Македонија16 часа

Мицкоски: Бремените жени да се ослободат од работа поради загадувањето и пандемијата

Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на Ковид-19, апелирам бремените жени да се ослободат од работа, и во...

Свет17 часа

(Видео) Меланија Трамп: Медиумите од мојот сопруг направија личност што не је препознавам

Првата дама на САД, Меланија Трамп, вчера одржа говор на предизборен митинг во Пенсилванија – тоа беше нејзино прво соло...

Македонија18 часа

Митко Јанчев повикува на протест за смена на Мицкоски

Митко Јанчев повикува на протест за смена на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.   Поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен...

Свет19 часа

Блумберг донира уште 15 милиони долари за кампања на Бајден

Американскиот милијардер Мајкл Блумберг донира дополнителни 15 милиони долари за претседателската кампања на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден во Охајо...

Свет19 часа

Од коронавирус во светот заразени повеќе од 44.155.000 лица

Повеќе од 44.155.000 лица се заразени од коронавирус во светот, според најновите статистички податоци што ги одржува специјализираната страница worldometers.info....

Свет19 часа

Русија ја поднесе својата вакцина во СЗО за забрзана регистрација

Русија поднесе барање до Светската здравствена организација (СЗО) за забрзана за регистрација и претквалификација на својата прва вакцина против новиот...

Досие