Контакт

Култура

Лажните Миладиновци

Објавено пред

Не само за Димитрија. Јавноста има погрешна претстава и за ликот на Константин, тврди внукот на браќа Миладиновци Ристе Миладин од Струга, откривајќи нови моменти за вистинскиот лик на Димитрија Миладинов

dobivaj vesti na viber

Постои само една автентична фотографија на Димитрија Миладинов, но таа не е ниту една од фотографиите што се отпечатени во книгите, учебниците и во публикациите што се однесуваат на Браќа Миладиновци. Ова за forum.com.mk го тврди Ристе Миладин, внук на славните преродбеници од Струга.

„Целата документација и сите фотографии се изгубени кога Митра, сопругата на Димитрија, импровизирала погреб во 1868 во Струга, откако пропаднале сите обиди за да се донесат телата на Димитри и Константин од затворот во Истанбул. На таквиот погреб, наместо телото, биле погребани во ковчег речиси сите работи што некогаш му припаѓале на Димитри, меѓу нив и фотографиите со неговиот лик“, ни рече Миладин.

Но, кој е човекот од фотографијата што ја знаеме како фотографија на Димитрија Миладинов?

Како што ни раскажа Миладин, според неговите сознанија, сликите со ликот на Димитрија се всушност уметничка интерпретација на ликот на неговиот предок, чиј автор е македонскиот сликар Димитар Кондовски.

„Тоа се слики настанати според устен опис на ликот на Димитри. Разни истражувачи ги прашувале жените од нашава фамилија да го опишат, па тие раскажувале – имал вакви образи, имал бакембарди… итн.“, ни рече Миладин.

Подоцна, како што ни рече, како фотографија на Димитри почнала да се користи и фотографија на Иван Миладин, страничен роднина на браќа Миладиновци, од роднини-деленици кои се отселиле во Бугарија.

„Тој тврдел дека е во ликот исти како стрико му, дека тој најмногу личел на стрико му, па му успеало да протурка негова фотографија, која подоцна била прифатена како фотографија на Димитри Миладин“, ни рече нашиот соговорник.

Како што дознаваме од него, не е проблематична само веродостојноста на ликот (физиономијата) на Димитрија Миладинов, туку јавноста има погрешна претстава и околу ликот на помладиот брат, Константин, која е исто така, уметничка интерпретација на Кондовски.„Постои само една веродостојна фотографија на Димитри и само една фотографија со вистинскиот лик на Константин. Вистинскиот лик на Димитри може да се види само на една фотографија на која е сликан со тогашниот грчки владика Мелетие, а вистинскиот Констатнтин е Константин што е фоторафиран со неговите колеги од студиите во Москва“, ни рече Миладин.

Во текот на денешниот ден forum.com.mk ќе се обиде да дојде до нови информации за вистинскиот лик на Димитрија и Константин Миладинови и ќе се обиде да ги пронајде и единствените автентнични фотографии.

Види и: Кој е овој човек? , Вистинските Миладиновци , Третиот Миладин



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Андерс Рослунд во Скопје: Генијалниот автор на крими жанрот доаѓа на Саемот на книга

Објавено пред

Читателската публика во Скопје ќе има неповторлива можност да се сретне со еден од најуспешните автори на крими трилери на денешнината, Андерс Рослунд, кој ќе биде специјален гостин на Саемот на книга на штандот на „Антолог“.

dobivaj vesti na viber

Рослунд е познат по своите напнати трилери и освојувањето на многу награди, но и по позиционираноста на водечки места на бестселер-листатата на „Њујорк тајмс“. Шведскиот автор ќе биде присутен на штандот на Антолог во сабота (20 април) со почеток од 12 часот во рамки на Саемот на книга, подготвен да се запознае со своите читатели.

„Ние како издавачка куќа сме исклучително возбудени што имаме можност да го пречекаме Андерс Рослунд на Саемот на книга во Скопје. Рослунд е еден од најистакнатите автори на криминалистичка проза во моментов, со богата кариера и со голем број на обожаватели низ светот. Неговите трилери се познати по својата напнатост и интрига, и сигурни сме дека ќе биде неповторливо искуство за сите присутни на настанот да имаат можност да го сретнат и разговараат одлблизу со него“, потенцираат од издавачката куќа „Антолог“.

Андерс Рослунд е автор на најчитаните „Чук чук”, „Слатко сонувај“ и „Верувај ми“, која ќе има специјална промоција во рамки на Саемот на книга, три дела кои веќе се преведени на македонски, и на други наслови зад кои се потпишува во дуо.

Во текот на настанот, посетителите ќе имате можност да го сретнат Андерс Рослунд, да се фотографираат со него и да добијат автограм на неговите книги, вклучувајќи ја и „Верувај ми“, која излегува специјално за неговата посета. Читателите ќе имаат можност да уживаат во разговор со авторот и да го слушнат неговиот поглед на литературата што ја создава.

Рослунд се надева дека книженоста може да ни овозможи да ги надминеме нашите ѕидови, барем во доменот на имагинацијата. „За време на овие чудни и осамени времиња сите ние треба да отпатуваме на кратко, барем во некој измислен свет“, вели тој додека се борел со осаменоста и сите предизвици кои му застанувале на патот.

Доаѓањето на Андерс Рослунд во Скопје е еден од најважните активности во склоп на годинашниот Саем на книга кој се одржува под слоганот Приказна се чита, а публиката ќе има прилика да го доживее овој момент и да го запамети како незаборавен.

Андерс Рослунд (1961) е шведски новинар и писател. Автор е на трилери и на криминалистички романи. Досега има објавено десет книги како дел од успешните писателски дуети Рослунд и Хелстром и Рослунд и Тунберг. Пишува и под псевдонимот Антон Свенсон. Добитник е на многубројни престижни меѓународни награди. Бил основач на „Вести од културата“ на Шведската национална телевизија а работел и како новинар во црна хроника. Неговите дела се преведени на 31 јазик и продадени во 3 милиони примероци. Живее со семејството во Стокхолм.

Прикажи повеќе...

Култура

„Временски сензации“ – изложба на скулптурите од керамика на Боро Новаковски

Објавено пред

Скулптури од керамика на Боро Новаковски – Новак ќе бидат изложени во Уметничкиот Центар АРТ ХАБ во Скоопје, ГТЦ, 2 кат.

dobivaj vesti na viber

Изложбата ќе се отвори на 18 април – четврток, со почеток во 20 часот.

На изложбата ќе бидат презентирани ретките сочувани дела на Боро Новаковски-Новак, чијашто кариера како ќерамичар започнува во средината на 50-тите години. Неговите првични обиди за изработка на ќерамички скулптури биле скромни, обидувајќи се да додаде украси и бои на грнчарски производи. Сепак, набрзо го менува овој приод, фокусирајќи се на изучување на ќерамичарскиот занает и создавањето на сопствени уникатни скулптури.

Делата на Боро се одликуваат со нежни линии и хармонични облици, отсликувајќи го неговиот интимен и личен пристап кон ќерамиката. Тие се трајни сведоци за неговата страст и посветеност на ќерамичарската уметност. Оваа изложба нуди уникатен поглед во неговиот свет, каде што секоја скулптура раскажува своја приказна, проткаена со историја, уметност и емотивна длабочина.

За сите љубители на уметноста изложбата ќе трае до 18 мај.

Прикажи повеќе...

Култура

Изложба на карикатури од Фестивалот за хумор и сатира IN VINICA VERITAS во Крива Паланка

Објавено пред

На 17 март (среда), со почеток во 12 часот, во НУ Центар за култура – Крива Паланка ќе биде отворена изложба на карикатури од Меѓународниот фестивал за хумор и сатира IN VINICA VERITAS 2023, кој го организира Домот на култура „Тошо Арсов“ – Виница.

dobivaj vesti na viber

Годинешното издание е посветено на темата „Нештата стануват возможни“, а како и секоја година конкурсот за карикатура традиционално предизвикува голем интерес кај професионалните карикатуристи од целиот свет, што се потврдува со учество на 224 автори од 46 држави и со вкупно 622 карикатури.

Жирито е составено од интернационални и домашни претставници, а годинава за најдобри се прогласени акрикатурите на Фернандо Пица од Колумбија (прво место), Кијанг Лио од Кина (2. место) и Хуан Габриел Бенавидес од Шпанија (3. место).

Фестивалот за хумор и сатира IN VINICA VERITAS од Виница прват е утврден во 1993 година, но згаснува при крајот на 90-тите години од минатиот век. Се обновува во 2009 година кога добива и меѓународен карактер и годинава слави 15-годишен јубилеј. Тој е еден од најпознатите и најинтригантни фестивали за карикатура, кој секоја година има интересна тема, што е вистински предизвик за карикатуристите од целиот свет.

IN VINICA VERITAS е поддржан од Министерството за култура, а изложбата во НУ Центар за кутура – Крива Паланка е дел од манифестацијата „Крива Паланка – град на културата 2024“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

Со нова систематизација Синдикатот на Македонска пошта сам ќе ги укине вработените кои не доаѓаат на работа оти Владата и Управниот одбор молчат

Синдикатот на Македонска пошта во соработка со вработените и со ангажирање експерти ќе подготви нова систематизација која ќе ја достави...

Македонија26 минути

„Немам партиска книшка, само крводарителска“ – приватните специјализанти реагираат на изјавата на Демири за политичка позадина на штрајкот

Штрајкот на приватните специјализанти продолжи и денес и како што најавуваат ќе трае додека не добијат на писмено од Владата...

Свет1 час

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Се’ повеќе високи ирански претставници ги предупредуваат и Израел и Западот за последиците од можната израелска одмазда. Така, иранскиот воен...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски. Во ЕУ се почитуваат основните човекови права и се унапредуваат, а...

Македонија2 часа

Стојаноска во Тетово: угостителите сезонски се селат во други држави, незадоволни се од актуелната власт

Вчерашниот ден Дафина Стојаноска – членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ го искористи и за средба со Здружението на угостители од...

Регион3 часа

Го искористи правото да не сведочи: заврши сослушувањето на мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ го искористи законското право да...

Свет3 часа

Полицијата нападот во црквата во Сиднеј го окарактеризира како терористички чин, напаѓачот е уапсен

Австралиската полиција го прогласи прободувањето со нож во црква во Сиднеј за верски мотивиран „терористички чин“. Момче (15) е уапсено...

Свет3 часа

Иран зад себе има незамислива сила која е закана за целиот свет: група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Иранскиот напад врз Израел го отвори патот за нова ескалација на Блискиот Исток. Директен конфликт меѓу овие две земји ќе...

Регион4 часа

Земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција. Епицентарот на земјотресот бил на Крит на...

Македонија13 часа

Силјановска -Давкова: Ќе се залагам АРМ секогаш да ги исполнува НАТО стандардите и да вклучва повеќе жени

„Претседателот е врховен командант на вооружените сили. А вооружените сили се бранителот на територијалната независност и интегритет на Македонија. Во...

Македонија14 часа

(Видео) „Ако го интересира Мицкоски кој од неговите најблиски соработници биле кај мене, ќе му кажам“, рече Пендаровски

Вечерва претседателскиот кандидат Стево Пендаровски беше меѓу жителите на Гази Баба и одговараше на нивните прашања. Граѓаните побараа одговор дали...

Македонија21 час

Протестите на специјализантите имаат политичка заднина, колкав притисок и да прават, решение е можно по изборите, вели Демири

Министерот за здравство ги поддржува барањата за поголеми плати и платени придонеси на приватните специјализанти, но нема мерки што би...

Македонија21 час

Демири: Ќе предложам невакцинирани да не може да се вработат во јавното здравство

Министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, ќе побара законски измени со кои ќе биде забрането во јавното здравство...

Македонија22 часа

Деветвалентната ХПВ-вакцина, која спречува 80 отсто од аналниот карцином и 70 отсто од карциномот на грлото на матката, достапна кај нас од следниот месец

За еден месец сите вакцинални пунктови ќе ја добијат деветвалентната ХПВ-вакцина, која од оваа година, покрај девојчињата на возраст од...

Македонија23 часа

Припадници на затворската полиција се сомничат дека му овозможиле на осуденикот да побегне од Идризово – може да добијат и до 10 години затвор

Седумнаесет полицајци се приведени по повеќемесечна предистражна постапка за бегството на затвореникот од Идризово, кое се случи во октомври минатата година....

Македонија23 часа

Османи со порака до Израел: Воздржете се од возвраќање, спиралата на конфликти може да се влоши

Министерот за надворешни работи Бујар Османи порача до Израел да не возраќа на нападот на Иран бидејќи состојбата може да...

Uncategorized23 часа

Укината социјалната помош на 1.134 лица оти имале возило и за 18 месеци ја оштетиле државата за над 2,5 милиона евра

Министерството за труд изготвило 1.134 решенија за прекин на гарантирана минимална помош и социјална пензија на лица што 18 месеци...

Топ24 часа

На автопатот Скопје – Велес мотоциклист излетал од патот и починал од повредите

Вчера, во 12 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Велес, во близина на тунелот „Бадар“,...

Македонија1 ден

Си плаќаме приватно за да се лекуваме оти не сме здравствено осигурени, велат приватните специјализанти, кои излегоа на штрајк

Над 400 приватни специјализанти утрово излегоа на генерален штрајк барајќи покачување на платите и здравствено осигурање. Тие истакнаа дека надоместокот...

Свет1 ден

Израел: Иран почна војна, сите опции се на маса

Иран покрена војна против Израел кога лансираше беспилотни летала и проектили, мораме да ги одвратиме, изјави за „Скај њуз“ портпаролката...