Контакт

Култура

Првпат Македонец настапи во Миланската скала

Објавено пред

Оперскиот бас пејач Александар Стефаноски е првиот Македонец кој настапи во Миланската Скала (Teatro alla Scala) во Италија, на премиерата за операта „From the house of the death“ (Од куќата на мртвите)

Премиерата на „From the house of the death“ (Од куќата на мртвите) од чешкиот композитор Леош Јаначек, под диригентска палка на Еса Пека Салонен се одржа на 28 февруари. Во оваа опера Александар ја има улогата на Свештеникот. Операта „From the house of the death“ е во копродукција со „Wiener Festwochen“, „Holland Festival“, „Festival d’Aix en Provence“ и „Metropolitan Opera“.Стефаноски по премиерата рече дека кога прв пат седнал како посетител во Миланската скала си ветил себе си дека еден ден ќе настапи. „Кога прв пат ја видов, си помислив какво ли е чувството да се настапи на сцената на оваа куќа.“ изјави македонскиот оперски пејач Стефаноски.Миланската Скала е еден од најголемите светски театри, кој датира од 3 Август 1778. Ова е театар каде свои премиери имале најреномираните композитори од деветнаесетиот век.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Објавена книгата „Сликање со светлина“ од Цветан Гавровски

Објавено пред

„Матица македонска“ ја објави книгата „Сликање со светлина“ од авторот Цветан Гавровски, национален мајстор на фотографијата и ЕФИАП (Excellence FIAP) на светската федерација на фотографска уметност.

На 370 страници со двата циклуса, црно-бело и колор, во книгата се репродуцирани речиси 200 авторски фотографии со кус наратив за секоја од фотографиите.

Книгата е на македонски и англиски јазик со текст за авторското видување на креативната фотографија како ликовно изразно средство.

Цветан Гавровски (1947) е автор на дванаесет самостојни изложби и учесник на повеќе од 200 изложби во светот. Ја претставувал македонската фотографија со фотографии во националните колекции на светските изложби во: Кина (1997, 2006), Швајцарија (1999), Италија (2001), Унгарија (2004), Луксембург (2004), Словачка (2008), Ирска (2009), Индонезија (2015), Кореа (2016), Шпанија (2012, 2019).

Прикажи повеќе...

Изложби

Оливер Мусовиќ со виртуелна изложба „Урбани шуми“

Објавено пред

„Локомотива“ – центар за нови иницијативи во уметноста и културата во 2020 година, во рамкте на програмата „Други простори“ поддржа развој на три современи уметнички дела на домашните уметници Зорица Зафировска, Оливер Мусовиќ и Филип Јовановски.

Користејќи разни медиуми, уметниците преку своите дела се занимаваат со исклучително важни теми поврзани со екологијата, која ја разгледуваат како динамична категорија на меѓусебно поврзани, еколошки, општествени, демократски, како и културни процеси на секојдневното живеење. Делата истражуваат и се занимаваат со јавниот простор, животната средина, урбаното планирање на градот и правото на одлучување на уредување и развивање на средината во која живееме. Делата опфаќаат истражување, документација и уметничка презентација на зелените површини, од планирање на градското зеленило и пошумување како дел од урбаните политики и просторното планирање до граѓански грасрут-инцијативи за развој на урбани градини во одредени градски маала и четврти.

Оливер Мусовиќ прв ќе се претстави во рамките на програмата со својот фотографски проект „Урбани шуми“, кој ќе може да го проследиме како виртуелна изложба на платформата „Кунстматрикс“. Кон изложбата може да се пристапи на следниот линк.

Насоките за разгледување и навигација низ изложбата се наоѓаат на веб-страницата на „Локомотива“ (www.lokomotiva.org.mk), како и на социјалните мрежи на организацијата. Тие се дадени и на самиот влез во виртуелниот простор на изложбата. Изложбата ќе биде отворена в петок, 27 ноември, и ќе биде достапна за посета до сабота, 12 јануари.

За својот проект Мусовиќ вели: „Дрвјата се едни од најотпорните креации на природата, кои играат важна улога во правењето на нашите градови погодни за живеење. Од јавните паркови, преку општествените градини, па до уличните дрвја, секој аспект на вегетацијата на градот, без разлика колку е мал, сочинува дел од неговата поголема урбана шума. Но, како што се зголемува густина на градовите и зградите заменуваат сè повеќе дрвја, сè поголема е загубата на градското зеленило, кое не секогаш е веднаш видливо, но секако таа загуба е значајна.

Проектот за фотографско истражување на урбаните и пери-урбаните шуми во Скопје ги испитува просторните политики и политиките кон животната средина во специфичниот локален контекст.

Резултатот на проектот е дигитална фотографска серија на урбани пејзажи, која мапира и документира индивидуални дрвја на ниво на улица наспроти заднина на изграденото опкружување, групи дрвја, паркови и други урбани шуми во Скопје. Ова не е научен еколошки проект, иако во својата методологија користи некои конвергентни трансдисциплинарни пристапи, туку личен, поетски поглед на еден од жителите на градот за тоа како природата во градот се повлекува“.

Оливер Мусовиќ (1971) самостојно изложувал во Македонија, Швајцарија, Словенија, Србија, Австралија и во Црна Гора. Учествувал на многубројни групни графички изложби и изложби на современа уметност во целиот свет. Учествувал и на резиденцијални престои во Германија, Чешка, Швајцарија, Кореја, САД и во Франција. Негови дела се застапени во повеќе јавни колекции и се публикувани во повеќе публикации – прегледи на современа уметност од најзначајните светски издавачи на уметничка литература.

Уметничките продукции се развиваат како дел од проектот „Програма на ‘Локомотива’ во кино ‘Култура’ – проектен простор за современи изведувачки уметности и современа култура“, финансиран од Град Скопје, и како дел од програмата „Други простори“ на проектот ACT: Act, Climate, Transition/„Уметност, клима, промена“, кофинансиран од програмата „Креативна Европа“ на Европската унија.

Прикажи повеќе...

Култура

Онлајн-дискусија: техничките елементи на пишувањето рап-песна со Тонио Сан

Објавено пред

„КСП Центар-Јадро“ организира онлајн-дискусија со Антонио Аранѓеловиќ (Тонио Сан) за техничките елементи и аспекти на рецитирањето и пишувањето во рапот.

Преку заедничка анализа на дел од песните на Тонио Сан и неговата методологија во однос на пишувањето, ќе се разгледаат разните елементи во пишувањето: тема, punchline, интуитивност, интензитет на глас, емоција, flow, живописно раскажување и др. Целта на оваа дискусија е да се анализираат деталите на пишувањето рап-песни и колку таа техника придонесува кон градење автентичен идентитет на рап-артистот.

Антонио Аренѓеловиќ, професионално познат како Тонио Сан или РНС, e македонски рапер, стрип-уметник и универзитетски професор. Oд 2015 година работи на Универзитетот ФОН на Факултетот за дизајн и мултимедија. Во мај 2019 ја издаде својата прва графичка новела со наслов „Некои мали нешта“.

Има издадено три соло албуми: „Цветот на светот“ (2004); „Друштвото на мртвите поети“ (2010); „Синтеза на ум и меч“ (2012).

Во соработка со други артисти бил дел од повеќе албуми: Чаирскиот алмум со Кемп ОД (2013); Green out – „Некои скопски бандити“ (2009); Green out -„ Рапаноја“ (2014); „Легијата – Лош ден за империјата“ (2008); Легијата на проколнатите (2016).

И неколку компилации, како: Sk street beats (2002); „Прирачник за модерен рап“ (2009); „Деценија“ (2010).

Модератор на настанот ќе биде Ѓорги Пулевски (Џоџо).

Дискусијата ќе се одржи денес со почеток од 17 часот на фејсбук-профилот на „КСП Центар-Јадро“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Заев: Да се соочиме со историските прашања и да развиеме капацитет да си простиме

Премиерот Зоран Заев изрази жалење што неговото интервју за БГНЕС предизвика толку негативни емоции, кои вели дека ги разбира. „Никој...

Македонија2 часа

Ѓоргиев за „Дојче веле“: Историските прашања да не се користат како политичка алатка

Генерално, погрешен е пристапот историските прашања да се користат како политичка алатка, изјави македонскиот историчар Драги Ѓоргиев, претседател на македонскиот...

Топ3 часа

Запленета марихуана во Струшко, приведен дилер од Албанија

Полицијата вчера заплени марихуана во Струшко и приведе дилер од Албанија по претходно добиени оперативни сознанија. Од МВР информираат дека...

Македонија4 часа

Пендаровски: Постои дилема дали државниот врв настапува единствено во спорот со Бугарија

Спорот со Бугарија може да се реши само ако доследно се почитуваат и македонскиот и бугарскиот народ и со избегнување...

Македонија4 часа

Опозицијата бара оставка од Заев поради вчерашното интервју

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од премиерот Зоран Заев поради ставовите изнесени во интервјуто за бугарската новинска агенција „Бгнес“. Од ВМРО-ДПМНЕ...

Свет4 часа

Меркел: Задолжително маски и на отворено

Германската канцеларка, Ангела Меркел, објави дека ограничувачките мерки против коронавирусот ќе бидат продолжени најмалку до 20 декември, а можеби и...

Свет5 часа

Трамп одобри помилување на својот поранешен советник за национална безбедност

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го одобри помилувањето на својот поранешен советник за национална безбедност, генерал Мајкл Флин, што медиумите го...

Македонија16 часа

Мицкоски повика на предупредувачки протест за одбрана на македонските црвени линии

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи повика на натпартиски протест за одбрана на црвените линии во преговорите со...

Македонија16 часа

1.288 новозаразени од Ковид-19, починаа 39 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.349 тестирања, а регистрирани се 1.288 нови случаи на...

Македонија17 часа

Кај Тумбе Кафе има околу 10.000 гранати од Првата светска војна, уништувањето ќе почне во декември

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека во декември ќе започне уништувањето на неексплодираните гранати од Првата светска војна...

Свет18 часа

Кинески експерти тврдат дека коронавирусот не потекнува од Кина

Кинескиот државен весник „Пиполс дејли“ тврди, повикувајќи се на изјави на кинески експерти, дека коронавирусот не потекнува од Вухан, град...

Меѓународен19 часа

Почина Диего Армандо Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона (60) почина од срцев удар во родната земја, јавуваат тамошните медиуми. Легендарниот фудбалер починал...

Македонија22 часа

Заев: Бугарија не е фашистичка земја, туку наш пријател

Бугарија не е фашистичка земја, таа е наш пријател, вели претседателот на Владата, Зоран Заев, во интервју за бугарската новинска...

Македонија1 ден

Судот го опомена Бојан Јовановски, одбиено е барањето за изземање на судијката

Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, го одби барањето на обвинетиот Бојан Јовановски за изземање на судијката Софче Гаврилова-Ефремова од...

Македонија1 ден

Се очекува зелено светло од Пендаровски за војниците од утре да почнат да ги обезбедуваат болниците

Припадниците на Армијата ќе може уште утре да бидат распределени во здравствените институции, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. „Вчера,...

Култура1 ден

Eкипата на „Медена земја“ тврди: На Атиџе ѝ обезбедивме дом, храна и лекови – здружението „Бекирлија“ и донациите ќе бидат затворени

Екипата на „Медена земја“ реагира по тврдењата што се појавија во јавноста дека Атиџе Муратова е заборавена од сите, без...

Европа1 ден

(Видео) Автомобил удри во оградата на канцеларијата на Меркел

Автомобил управуван од непознато лице удрил во оградата на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Деталите за оваа...

Свет1 ден

Сингапур го искорени коронавирусот

Некогаш имаше најголема стапка на Ковид-19 во Југоисточна Азија, но кога во вторникот пријави 14 дена без нови локални случаи,...

Македонија1 ден

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 39 пациенти, слободни уште 20-ина места

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје хоспитализрани се 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 486 лица...

Македонија1 ден

(Видео) Пендаровски: Пандемијата покажа дека домот не е најбезбедно место за многу жени и деца

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, се вклучи во глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“ на Обединетите нации,...

Досие