Контакт

Култура

Откриен непознатиот Џото

Објавено пред

Реставраторите од фирентинската реставраторска куќа Opificio delle Pietre Dure со помош на ултравиолетови зраци откриле повеќе оригинални детали на фреските од славниот ренесансен италијански сликар

Овие детали се откриени во фирентинската капела Перуци во црквата „Светиот крст“, каде стоеле непознати со векови. Значајното откритие во светската уметност за јавноста го соопшти директорката на Opificio delle Pietre Dure, Изабела Лапи Балерини. Инаку, оваа реставраторска и конзерваторска куќа е една од најпрестижните и најавторитетни во светот.Минатата година десетина нејзини реставратори и уметници го почнаа од многумина  карактеризиран како преамбициозен прокет за ткн. „независна дијагностика“, за да се утврди вистинската состојба на 12 метри високата капела, чијашто внатрешност ја сликал и во свое време славниот Џото во 1320 г. Целта на студијата е да се соберат што повеќе информации за површината на капелата која изнесува 170 квадратни метри за да се почне со нејзината реставрација. Во текот на четиримисечната работа, реставраторите проучувајќи ги фреските под ултравиолетовите зраци забележале детали кои инаку не можат да се видат со голо око. „Тоа е нешто навистина восхитувачко, бидејќи видовме некои детали кои биле сокриени под повеќе слоеви од претходните реставраторски зафати“, изјавила водителката на проектот, Сесилија Фосини.„Станува збор за некој вид тродимензионално гледање на фреските. Совршено се гледа впечатокот на светлото и сенките, односно класичниот ’чиароскуро’ ефект, од одеждите се гледаат телата, се гледаат и наборите на облеките, фините изрази на лицата“,  појаснила Фосини.Историчарите на уметноста веруваат дека фреските на Џото од капелата Перуци силно влијаеле врз подоцнежните фрески на исто така славниот италијански сликар Микеланџело Буонароти, роден 140 години по Џото, и врз неговите фрески во Сикстинската капела во Ватикан.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Актуелно

Почнува „Скопската фотонедела“, врвни фотографи и кинематографи ќе ги споделат своите искуства

Објавено пред

Mеѓународниот настан „Скопска фотонедела“ почнува денеска во 15 часот.

Настанот, кој оваа година се одржува петти пат, ги носи најдобрите фотографски и кинематографски имиња кои на македонската јавност ќе ѝ ги пренесуваат своите искуства бесплатно.

Поради коронавирусот, настанот ќе со одржува онлајн, а граѓаните ќе може да го следат на следниов линк.

Во рамките на „Скопската фотонедела“ беше организиран и натпревар. До крајот на рокот биле пристигнати над 850 инстаграм-фотографии споделени на хаштагот #SPW2020 и 450 апликации преку електронска пошта.

Деветчленото жири ќе додели една од наградите во вкупна висина од 100.000 денари за што од организаторите потенцираат дека јавностга ќе биде дополнително информирана.

Прикажи повеќе...

Култура

Традиционален поетски конкурс „Маџирмаалски поетски бранувања“

Објавено пред

Извршниот одбор на „Маџирмаалски средби“ и Ккомисијата за реализација на манифестацијата „Маџирмаалски поетски бранувања“ распишуваат конкурс за избор на најдобра потска творба во рамките на „Маџирмаалски поетски бранувања“ за 2020 година.

Критериуми за учество:

– право на учество на конкурсот имаат сите граѓани на нашата држава;
– секој автор може да учествува најмногу со две свои необјавени поетски творби напишани на македонски јазик, од кои само една може да биде наградена;
– членовите на комисијата за реализација на манифестацијата „Маџирмаалски поетски бранувања“ немаат право на учество на конкурсот за време на мандатот;
– песните што ќе бидат испратени на конкурсот треба тематски да кореспондираат со заложбите за афирмација на урбаниот живот, на навиките и на традициите и во нив да е присутен мотив поврзан со Маџир Маало;
– поетските творби треба да се во духот на соживотот и на верската и националната толеранција. Доколку некој од учесниците пријави поетска творба со која се предизвикува верска или национална омраза, комисијата што ќе ги разгледува, анализира и рангира песните има право да не дозволи учество на пријавениот учесник и неговата поетска творба;
– учесниците на конкурсот треба да ги достават поетските творби анонимно, под шифра, заедно со друг коверт на кој од надворешната страна треба да ја напишат шифрата, а внатре во ковертот на посебен лист да ги наведат името и презимето, насловот на песната и податоците за контакт (адреса и телефон);
– поетските творби може да се испраќаат до 23 декември 2020 година по пошта на следнава адреса:
„Маџирмаалски средби“
(за конкурсот на манифестацијата „Маџирмаалски поетски бранувања“)
ул. „Маџирмаало“ бр. 28
1000 Скопје
– авторите се обврзуваат песните што ќе ги испратат на конкурсот да му ги отстапат на организаторот за објавување во публикација на манифестацијата „Маџирмаалски поетски бранувања“.

Комисијата од сите пристигнати поетски творби ќе избере една која ќе биде прогласена за најдобра поетска творба на Мманифестацијата и на авторот ќе му биде доделена главната награда на „Маџирмаалски поетски бранувања“ за 2020 година во висина од 500 евра во денарска противредност.

Покрај првонаградената поетска творба, ќе бидат селектирани уште две поетски творби за кои на авторите ќе им бидат доделени пригодни награди.

Завршниот настан ќе се одржи во согласност со протоколите и безбедносните мерки предвидени во постојната епидемиолошка ситуација.

Прикажи повеќе...

Култура

Распишан поетскиот конкурс „Антево слово“

Објавено пред

Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ (Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchia), во соработка со Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“, годинава четврти пат го распишува конкурсот за најдобра необјавена поетска творба „Антево слово“, специјална награда на фестивалот, утврдена во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски.

На конкурсот може да учествуваат поети од Македонија, кои ќе испратат една своја необјавена песна на имејл-адресата: [email protected] на македонски и италијански или англиски јазик. Со учеството на овој конкурс тие автоматски учествуваат и за носечката награда на манифестацијата „Парнас – награда на Анџело Ла Векија“. Поезијата може да се испраќа до 10 јануари 2021 година.

Специјалната награда „Антево слово“ ќе ја координира интернационална жири-комисија, со која ќе претседава поетот од Македонија, Митко Гогов, претставник на Здружението за развој на културата и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“. Претсавниците на манифестацијата велат дека конкурсот за поезија е создаден со цел да се прослават и овековечат преку возвишена поезија духот, душата, суштината и есенцијата на животот.

Најмногу пријавени поети има од Италија, но меѓу учесниците има поети од цела Европа, Балканот и пошироко. Специјалната награда „Антево слово“ официјално ќе се додели на 28 март 2021 во Каникати, Сицилија, како дел од програмата на меѓународната поетска манифестација „Парнас – награда на Анџело Ла Векија“.

Сите пријавени учесници ќе имаат можност да влезат во конкуренција за двете награди, носечката награда „Анџело Ла Векија“, награда која е именувана по проф. Анџело Ла Векија, познат во Сицилија и на територијата на Италија со неговата работа како поет, драмски писател, историчар и професор и специјалната награда „Антево слово“, која ќе се доделува во чест на Анте Поповски, познатиот македонски поет, есеист, препејувач и публицист.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 часа

Оксфордската вакцина ефикасна до 90 проценти, а ќе чини само 3 долари

Вакцината против коронавирус, што ја развива Универзитетот во Оксфорд во соработка со „АстраЗенека“, ќе чини меѓу три и четири долари,...

Свет10 часа

Бајден избра нов државен секретар

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден го избра Ентони Блинкен за државен секретар на САД, соопшти тимот на Бајден. Toj денеска...

Свет10 часа

СЗО: Итно се потребни уште 4,3 милијарди долари или сиромашните нема да добијат вакцини

Постои ризик сиромашните и ранливите категории да не примаат вакцини против коронавирус, заради стампедото што ќе произлезе од овие лекови,...

Свет10 часа

Борис Џонсон го објави зимскиот план за ковид

Британскиот премиер, Борис Џонсон, на денешното јавно обраќање ги објасни деталите за излезот од „локдаун-от“, што започнува на 2 декември,...

Македонија12 часа

Во Македонија 387 нови случаи на Ковид-19, починале 35

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1176 тестирања, а регистрирани се 387 нови случаи на...

Македонија14 часа

Филипче: Хоспитализацијата на пациентите во ниту еден случај не зависи од нивната возраст

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) побарал да извршат вонреден инспекциски надзор за...

Регион16 часа

Црна Гора трета во светот по бројот на заболени од коронавирус

Црна Гора е на трето место во светот според бројот на заболени од коронавирус на милион жители, според податоците на...

Европа16 часа

СЗО: Европа ќе биде погодена од трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година

Светската здравствена организација стравува дека Европа може да се соочи со трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година...

Македонија17 часа

Спасовски се излекува од коронавирусот и се врати на работа

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, се излекува од коронавирусот и од денеска се врати на работното место. Тој на...

Регион17 часа

Со коронавирус заразен епископот Давид, кој ја водеше литургијата на погребот на Иринеј

Српскиот епископ Давид е заразен о1д коронавирус и се наоѓа во Центарот за клинички болници (КБЦ) „Д-р Драгиша Мишовиќ“, објави...

Македонија17 часа

Неделава почнува изведбата на модуларната болница во Гевгелија

Кон крајот на неделава почнува изведбата за конструирање на модуларната болница во Гевгелија. Како што информираат од Министерството за здравство,...

Европа18 часа

Саркози на суд поради корупција

Поранешниот француски претседател, Никола Саркози, ќе се појави на суд денес поради обвиненија за корупција и злоупотреба на влијание. Ова...

Регион19 часа

Хрватите почнуваат масовно тестирање со брзи тестови

Денес, во Загреб почнува масовно антигенско тестирање на коронавирусот, чиј наод се добива за 15 минути. Целта е да се...

Европа19 часа

Шпан: Германија може да почне со вакцинација против коронавирусот во декември

Германија може да почне со вакцинирање на граѓаните против коронавирусот веќе следниот месец, најави германскиот министер за здравство, Јенс Шпан....

Македонија19 часа

Лекот „фавира“ пристигнува во македонските аптеки

Лекот „фавира“ или „фавимол“, со генеричко име „фавипивир“ неделава ќе биде достапен во македонските аптеки кога Агенцијата за лекови и...

Свет20 часа

Оксфордската вакцина против коронавирусот е 70 проценти ефикасна

Тестовите покажаа дека вакцината за коронавирус развиена од Универзитетот во Оксфорд е 70 проценти ефикасна во спречување на заразата, пренесува...

Свет20 часа

(Видео) Напад во црква во Калифорнија, најмалку двајца убиени

Две лица се убиени, а неколкумина тешко повредени во црква во калифорнискиот град Сан Хозе кога непознат маж ги нападна...

Свет21 час

УНИЦЕФ на сиромашните земји ќе им испрати две милијарди дози вакцини

Земјите во развој ќе добијат речиси две милијарди дози вакцина против Ковид-19 в година, објави Агенцијата за деца на ООН....

Свет1 ден

Британија ќе ја прекине блокадата, намален бројот на нови инфекции

Британскиот премиер Борис Џонсон планира да ја прекине блокадата низ Англија, која е предвидено да трае до 2 декември и...

Македонија1 ден

Во Македонија се регистрирани нови 1.112 заболени и 24 починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2553 тестирања, а регистрирани се 1112 нови случаи на...

Досие