Култура
Изложба на Билјана Ангелеска во Битола
Уметницата од Охрид по вторпат се претставува со самостојната изложба на слики со наслов „Враќање на ангелите“ која e продолжение na нејзината прва самостојна изложба „Ангели“, но првпат во Битола. Сликите ќе бидат поставени во џез клубот Porta Jazz на Широк сокак од 23 април (петок)
„Ангелите се гласници кои не водат и заштитуваат за време на духовната трансформација која ја минуваме додека сме на планетава. Се појавуваат со зачестеност на безусловна љубов. Како низ ренгентска снимка, го барам нивното непостоечко присуство во просторот. Го замрзнувам кадарот и проектирајќи ги врз празната инпрегнирана површина полека станувам свесна дека она што претходно било мирис, светлина, глас….се пресликува во материја. Духот се материјализира. Неприсуството веќе е присутно.“, вели уметницата Билајан Ангелеска, за мотиви на дел од нејзиното творештво кое ќе биде во петок претставено пред битолчани Младата Ангелеска се обидува да го разбие чувството на затвореност на просторот, што го прави преку нагласување на некои раскажувачки моменти со несликарски материјали (јаже, жица, платно, пердуви) така што, секогаш излегуваат надвор од рамката и површината на сликата. „Струи меланхолија, со акцент на личното чувствување и сваќање на тој над-свет претставен преку очајот на овоземскиот, со мрачни и стравични фигури, темни тонови и палета на земјени бои, преку кои метафизичкото е сведено на физичко, на болка која не само што се претпоставува туку и се чувствува, потенцирана и отелотворена преку ангелите. Невидливото постанува видливо. Тука се, заедно со нашиот дух и за време на гревови, и после смртта……постојано, за целото време на физичкиот и спиритуален живот на нашиот дух. Ендаш твој – засекогаш со тебе. Основен мотив за поистоветување човек-ангел е фасцинацијата од обединување на контрастните разлики како и идејата за враќање кон единството, односно, логично поврзување на човекот со хармонично структурираниот космос. Принципот на обединување што лежи во коренот на философијата за истржување и пронаоѓање на човечката личност се манифестира преку балансот на телото и духот, јинг – јанг, и нивно сплотување во едно цело совршенство. Од сите работи поврзани со телото, крилата потенцираат една од разликите и имаат најголема поврзаност со божественото. Затоа неговиот концепт го поврзувам со улогaта што ја има – да го земе она што е „тешко“ и да го издигне до местото каде ангелите почиваат.“, наведува Ангелеска по повод претстојната изложба. Надежта не умира, бидејќи повторно се раѓа. Во повторното раѓање се раѓа како чиста душа, а ангелот е чиста душа и е бесмртен. Објективноста е едно, субјективноста друго, искуството некaде меѓу, а прашањето е…..Дали вие верувате, во АНГЕЛИ?, гласи поентата од изложбата што деновиве ќе може да ја проследат битолчани.Билјана Ангелеска родена на 8ми април 1983 г. во Охрид, дипломирала 2008 г. на Факултетот за Ликовни уметности во Скопје во класата на проф. Симон Шемов, отсек сликарство,насока конзервација и реставрација и рачноа изработка на хартија-медиум целулоза (волонтерски). Член е на ДЛУМ од 2009 година.Самостојно илзожувала 2010 – Прилеп, „Враќање на ангелите“, центар за култура „Марко Цепенков“, 2008 септември-Струга, „Ангели”, центар за култура „Браќа Миладиновци”, 2008 јуни-Охрид, „Ангели”, Музејска зграда „Робевци”, а има учествуванно и на повеќе групни изложби: 2010-Скопје, 13ти зимски салон „доктор Глобал – мистер Локал“, Музеј на современа уметност, 2009-Берат, Албанија,галерија „Едвард Леар“, 2009-Скопје, музеј на град Скопје, ДЛУМ-годишна изложба, 2009-Охрид, хотел “Инекс Горица”, ИПЕС симпозиум, 2007-Охрид, центар за култура “Глигор Прличев”, по повод патронот на град Охрид Св.Климент Охридски, 2007-Битола,кц “Магаза”, СТАР ПРОСТОР-НОВА ЛИНИЈА, во организација на Центарот за современи јавни уметности “Елементи”-Битолам 2007-Охрид, Прокредит банка, изложба на млади уметници од град Охрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Националниот џез оркестар со програмата Џез лектира гостува во Велес
По концертот во Скопје, Националниот џез оркестар со програмата под наслов „Џез лектира“ гостува во Велес. Концертот ќе се одржи на 23 април, 2024 година, со почеток од 20 часот во театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“.
„На концертот „Џез Лектира“ се осврнуваме на дел од творештвото на Каунт Бејси биг бендот. Вилијам Џејмс, познат како Каунт Бејси е американски џез пијанист, органист, водач на бенд и композитор, познат и како „Кралот на свингот“. Во 1935 година, тој го формира оркестарот „Каунт Бејси“ и ја води оваа група скоро 50 години. Неговата работа резултира со низа иновации во музичкиот израз како употреба на два „поделени“ тенор саксофони, нагласување на ритам секцијата, рифови во биг бенд композиции, аранжери за дополнително проширување на биг бенд звукот и слично“, се наведува во соопштението на Националниот џез оркестар.
Култура
Костадиновска-Стојчевска: Саемот на книгата, во време на емотикони, е во одбрана на раскажувачите и писменоста
Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, во арената „Борис Трајковски“ на отворањето на 36. издание на Саемот на книгата порача дека Министерството за култура, како покровител на овој, како што рече, „празник на книгата“, останува голем пријател и силен поддржувач на ова наше богатство.
„На годишните конкурси, од година во година, импресивен е бројот на сè повеќе пријавени квалитетни дела и од млади македонски автори. И тоа искрено нè радува. Како што нè радува и зголемениот интерес за создавање многубројни наслови и публикации за деца. Без двоумење ја добиваат нашата поддршка зашто во овие модерни времиња во кои има сè помалку зборови, а сè повеќе кратенки и емотикони, раскажувачите на приказни се чувари на писменоста“, рече министерката за култура.
Во присуство на голем број љубители на пишаниот збор, Костадиновска-Стојчевска порача дека во виртуелниот свет го нема овој опоен мирис на книгата. Само во реалниот свет, ова богатство од книги на македонски јазик од домашни и од странски автори го испишува овој простор во уште една „Приказна која се чита“.
Саемите за книги во последните години, според некои автори, кажа министерката дека прераснаа во едукативни и културни настани кои даваат можност за вмрежување преку негување на врските меѓу авторите, издавачите и читателите. Истовремено радува и сè поголемиот број посетители, што само по себе зборува многу за односот кон книгата.
Триесет и шестото издание на Саемот на книгата, што ќе трае до 24 април, во седумте саемски денови ќе понуди книги од домашни и од странски автори од над 60 издавачки куќи од земјава и од регионот.
Култура
Светска премиера на „Киука – Пред летото да заврши“ во Кан – филмот е копродукција помеѓу Грција и Македонија
„Киука – Пред летото да заврши“ (Kyuka Before Summer’s End) во режија и по сценарио на Костис Харамуданис, кој е реализиран како билатерална копродукција помеѓу Грција и Северна Македонија и е поддржан од Агецијата за филм на Република Северна Македонија, својата светска премиера ќе ја има на Канскиот филмски фестивал како дел од 32. издание на програмата ACID, што ќе се одржи од 15 до 24 мај оваа година. На „Куика“ му е доверена честа да ја отвори оваа програма.
„Лист продукција“ е македонски копродуцент на дебитантскиот филм на режисерот Харамуданис со Марија Димитрова и Игор Иванов како копродуценти, а Херетик од Грција е главен продуцент со Данае Спатхара, Јоргос Карнавас и Константинос Контовракиси како продуценти.
„Киука – Пред летото да заврши“ е приказна за едно трочлено семејство, кое како и секое лето, плови со својата едрилица до островот Порос, каде што таткото Бабис и децата Константинос и Елса, кои се веќе на прагот пред полнолетството, го минуваат годишниот одмор. Додека пливаат, се сончаат и создаваат нови пријателства на островот, децата случајно ја запознаваат Ана, жената што ги родила и ги напуштила уште во најраното детство, со што ќе почне едно горко-слатко патешествие на созревање под летното сонце, а долгогодишната огорченост на Бабис избива на површина.
Програмата на ACID (Association for the Distribution of Independent Cinema – Асоцијација за дистрибуција на независен филм) на Канскиот филмски фестивал е креирана во 1993 година и прикажува 9 долгометражни филма, фикција и документарци. Овие филмови се избираат од стотиците пристигнати филмови од цел свет од страна на петнаесетина филмаџии, членови на асоцијацијата.
Снимањето на филмот се одвиваше во октомври 2022 година во Атина и на островот Порос, а постпродукцијата се работеше на релација Атина – Скопје.
Главните улоги во филмот ги играат Симеон Цакирис, Елса Лекаку, Константинос Георгопулос, Афродита Капокаки и Елена Топалиду.
Македонската екипа во овој филм ја сочинуваат Михаил Димитров, Игор Поповски и студиата за постподукција „Аудио хаус“ и „Слобода филм“.