Контакт

Култура

Изложбата „Машина на преименување“ во Виена

Објавено пред

Концептуалната војна на имиња меѓу Грција и Македонија, која резултираше во меѓународна игра на надмудрување, е пример за тоа како бескрајно одложуваниот настан на преименување може да доведе до една неофицијална вонредна состојба во која машината за преименување е или потценета или преценета

dobivaj vesti na viber

Поектот по успешното започнување во Љубљана во 2008, продолжува со истоимената изложба во Виена во галеријата Отворен простор. Кураторка на проектот е д-р Сузана Милевска, теоретичарка и кураторка на визуелна култура , а главен организатор на проектов е Институтот P.A.R.A.S.I.T.E. Љубљана

Проектот Машина за преименување ги разгледува сложените испреплетувања вклучени во политичките и културните процеси на преименувањето. Неговиот главен концепт ја отсликува круцијалната потреба да се преиспита начинот на кој овие процеси извршиле влијание на создавањето и дестабилизацијата на сеќавањето за националните, културните и личните идентитети во поранешна Југославија и Југоисточна Европа во последните две децении. Во текот на проектот ќе се разгледуваат различни уметнички и културни феномени поврзани со поимот преименување со цел да се одреди степенот до кој преименувањето влијае врз визуелната култура и ги оформува културните идентитети и културната политика во регионот и пошироко. Машината за преименување ја нагласува произволната и случајна природа на имињата, но, паралелно со теоретските импликации на преименувањето, проектот ги испитува скриените идеологизирани схеми на желбената преименувачка машина која дејствува зад доминантниот општествен апаратус. Во проектот Машина за преименување машиничната претстава за функционирањето на општеството е всушност ставена под лупа бидејќи двигател на машините сме сепак ние, луѓето. Машината за преименување, на пример, има огромни последици и врз родовата политика преку начинот на кој патријархалниот брачен договор традиционално диктира жената да го преземе семејното име на  сопругот, и со тоа го брише нејзиниот предбрачен идентитет. Не случајно денес се повеќе жени одлучуваат да се спротистават на оваа општествена пракса со задржувањето на сопственото презиме.    Како регион преоптоварен со промени во државните граници, Балканот има историја која изобилува со политиката на преименување. Промените во имињата на институции, луѓе, етнички заедници, јазици, топоними, па дури и држави, најчесто се сметаа како прв чекор кон апропријација, или бришење на националните, културните и личните идентитети, како и за начин да се заштитат долгорочните политички интереси и да се осигура доминацијата врз одредена територија. Со распадот на Југославија, апаратусот за преименување ги отстрани и ги избриша сите траги од ерата на Тито, вклучувајќи го и името на самиот лидер на Југославија, кое беше додадено во многу имиња на места во поранешната држава. Дури и самиот регион се нарекува со различни имиња: Балкан, Западен Балкан, Југоисточна Европа, итн., во зависност од геополитичките интереси и ставови по однос на неговиот интегритет или поделба. Покрај учесници од Македонија во изложбата учествуваа седум други земји: Словенија, Хрватска, Романија, Србија, Финска, Косово и Бугарија. Д-р Сузана Милевска која на овој проект работи веќе подолго време и во кој беа вклучени околу осумдесет учесници: Дан и Лиа Пержовски (Романија), ИРВИН, Тадеј Погачар (Словенија), Сања Ивековиќ, Игор Грубиќ, Младен Стилиновиќ (Хрватска), Магнус Барташ и Александер Вајндорф (Шведска), Саша Хубер и Кале Хам (Финска), МОНУМЕНТ (Србија), Тања Остојиќ (Германија), Христина Иваноска, Дејан Спасовиќ, Лилјана Ѓузелова, Александар Станкоски, Жанета Вангели, Оливер Мусовиќ, Сашо Станојковиќ (Македонија), како и многу други уметници, теоретичари, куратори, културни организации и други соработници. Во Виена ќе бидат презентирани акумулираните уметнички видеа и архивските материјали од претходните изложби, конференции и други настани.Изложбата досега беше претставена во Галеријата Јакопич во Љубљана (2008) и во галеријата Мирослав Краљевиќ во Загреб (2009, а конференции и други настани во рамките на проектот беа одржани покрај во Љубљана и Загреб и во Скопје и Приштина, а главен организатор беше Институтот П.А.Р.А.З.И.Т.Е. од Љубљана, предводен од уметникот Тадеј Погачар. Во издание на оваа организација се подготвува обемна публикација – зборник на текстови и уметнички проекти на темата преименување, а за изложбата беше објавен обемен текст во најновиот број на француското списание за перформативни уметности Движење.   Во рамките на изложбата д-р Милевска ќе одржи предавање и работилница со студентите на Виенската ликовна академија со посебен фокус на културните, политичките и уметничките импликации на овој општествен механизам за бришење и повторно испишување на историјата и меморијата. Според Милевска Машината за преименување е желбена машина чие што континуирано постоење може да биде искористено како скриен код со кој може да се интерпретираат нагоните и фантазмите на преименувањето. Главната цел на овој метафоричен, но и истражувачки проект е да се истражи како во тие невидливи механизми се испреплетуваат хегемониско-империјалистичката, индентитарната и имагинативната провениенција и као тие се одразуваат на уметноста и визуелната култура во различни контексти.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Објавено пред

На 23 април во 19 часот во Националната галерија на Македонија – Чифте амам, Скопје ќе се отвори мултимедијалната изложбата „Тркало на времето“ на истакнатиот италијански уметник Марко Бањоли.

dobivaj vesti na viber

„Со оваа изложба ја објавуваме одлуката на Советот на Остен „Земја во фокус“ на Остен Биеналето Скопје 2024 да биде Италија“, велат од Остен.

Изложбата е организирана во соработка со Зеринтија, Асоцијација за современа уметност, а со поддршка на Италијанска амбасада во Скопје и Италијанскиот културен институт во Белград.

Прикажи повеќе...

Култура

Настап на Дуња Иванова и концерт посветен на Кире Костов во изведба на Биг бендот на фестивалот „Крај Вардарот џез“

Објавено пред

Во рамки на втората фестивалска вечер на „Крај Вардарот Џез“, утревечер на 23 април во Македонската филхармонија со почеток во 20 часот на пијано ќе настапи Дуња Иванова.

dobivaj vesti na viber

Нејзиниот концертен настап „Мирисот на липите“ ќе биде проследен со текст и нарација на Тина Иванова. Музичко-поетски проект, кој раскажува приказна за познатите урбани и скриени места на Општина Центар. Липите на улицата „Орце Николов“, панкот од гаражите на „Плочник“, дружбите во дворот на „Песталоци“, графитите на Кеј, паркот на Горан Стефановски, кафеаната „Наџак“…

Ќе бидат изведени композицијата „Свита за Скопје“ од македонската композиторка Ана Пандевска, и песната „Ние сме од Скопје“ на Мирко Попов, чиј аранжман за пијано го направи Пандевска. Получасовно патување низ симболите на Скопје, погледнати низ интимна, лична перспектива на авторите. Во музиката, како и во нарацијата, провејува нишка на носталгија, а во исто време и крик за подобро утре на градот во кој пораснавме и без чиј воздух не можеме да живееме. „Мирисот на липите“ симболично ќе прикаже, преку звук и говор, еден живот на жител од Центар. Поетскиот наратив е оригинално креиран за овој уметнички перформанс, кој промовира иновативен пристап со содржина која пак, претставува ,,жива“ материја, блиска до човечкото срце.

Минатиот месец за „ПМГ Џез“, како 44 издание, излезе албум во живо, концерт на пијано на Дуња Иванова, кој беше реализиран во рамки на музичката програмата „Крај Вардарот Сесии во Аудиокултура“, која изведе композиции од Ана Пандевска.

Веднаш потоа во 21 часот на истата сцена ќе започне долгоочекуваниот концерт на Биг Бендот со музика од Кире Костов. Концерт посветен на еден од стожерите на современата џез композиција Кире Костов, преку интерпретација на негови избрани дела во современ аранжман од страна на Биг Бендот под диригентската палка на Љупчо Мирковски. Костов е едно од најзначајните имиња во современата џез музика, чија работа опфаќа бројни ангажмани и дела, меѓу кои: солист и диригент на Танцовиот оркестар на РТВ Скопје, наградуван трубач во Југославија, претставник во Биг бендот на Европската радиодифузија, автор на околу педесетина композиции во оркестарска изведба од областа на џезот и 300 песни во популарната музика и реализатор на сите изданија на Скопскиот фестивал од 1991. Подеднакво значајна ќе биде и изведбата на селектираните дела од Костов на еден од нашите најзначајни оркестарски формации, чија историја датира од далечната 1961 година (Биг Бендот на МРТ), кој во 2013 година се возобновува и продолжува да работи во музичка формација водена од Љупчо Мирковски како диригент.

Фестивалот ќе биде заокружен на 27 април во едукативно културниот центар Лабораториум со концертен настап на „Macedonian Free Society“ и со еден од највозбудливите музички проекти „Поетроника“.

Фестивалот е поддржан од Министерство за култура на Р.С. Македонија и се реализира во соработка со Македонска филхармонија и Лабораториум. Концертот „Мирисот на липите“ се реализира со поддршка на општина Центар.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија47 минути

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ1 час

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија3 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија4 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија4 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија5 часа

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија5 часа

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија6 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија16 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија16 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија17 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија17 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија17 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија18 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија19 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија20 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија20 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија20 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија20 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...