Култура
„Сотби“ презентираше во Москва
Минатата седмица аукциската куќа „Сотби“ (Sotheby’s) претстави изложба во Москва, како вовед од врвните претстојните аукции „Руска уметност“ и „Импресионистите и уметноста на дваесеттиот век”
„Нашата работа во Русија и во државите од поранешната Заедница на независни држави го доживува во моментов највисокито врв од ваквата активност проследена со зголемен обем на продажба“, изјави на прес-конференција во Москва заменик претседателот на бордот на Сотби Европа, лордот Марк Полтимор претставувајќи ја изложбата во Историскиот музеј.Според Полтимор, минатата година била тешка од економска гледна точка, но пазарот на уметнички дела се опоравил многу побрзо отколку што се очекувало. Што може да се толкува дека имотните се свртуваат кон нов вид бизнис, вложувајќи во скапите уметнички дела. Чии вредност и постојано растат. Како што известува Сотби, изненадувачки на споменатата изложба големо внимание предизвикал фовистичкиот пејзаж на Андре Дерен „Дрвјата во Колиуре“ од збирката на Анброаз Волар. Вреди да се напомене дека ова е најскапата работа на уметноста која беше донесена во Москва која е проценета меѓу девет и 14 милиони фунти. По овој пејзаш следува,с поред цената сцената на Пјер Бонар „Утро.Јадиатор“ која е процента на 2,5 до 3,5 милиони фунти/Во Москва беше изложено и делото на Пабло Пикасо „Жена која седи со мачка“ која е проценета на шест милиони фунти како и сликата „Камердинера“ на Хаиме Сутен чија цена се движи мешу седум и девет милиони фунти. Овие дела, како и онаа на Анри Матис всушнсо скицата за „Розева голотија“ која може да достигна цена до 2,5 милиона фунти се поставени на изложбената аукција „Импресионистите и уметноста на дваесеттиот век“, кој ќе се одржи во Лондон на 22 јуни. На лчондонската аукција ќе биде поставено и делото „Кловн“ на руската уметница Марија Василјева чија првишна цена ќе биде 100 илјади фунти. Според директорот на „Сотби” за Русија, Михаил Каменски, оваа поставка не е случајна.„Ние не ги изложивме во близината на Пикасо Василјева а до Матис Серебрјакова, заради недостиг од простор. Нашата намера беше да се потенцира дијалогот на културите“, вели Каменски. Задолжената во акуциската куќа за руската уметност, Џо Викери, подготвува изложба на дела од колекции и портрет на издавачот Зиновија Гржебина од четката на Јуриј Аненков која е проценета мешу 800 илјади и 1.200.000 фунти. Седумдесет години овој портрет бил во семејството Гржебинм но досега не беше проценета неговата точна вредност. Тие досега не знаеле ништо за тоа, но кога ја однесле сликата за обработка на резбаната рамка, им биле отворени очите какво ремек дело претставува тоа што го поседуваат. Исто така, на „Сотби“ најавува и дека ќе ги псотави делата на славниот Фаберже, на аукција за руски декоративни и применетите уметности, која ќе се одржи во Лондон на 9 јуни. Мешу нив се и една дворска ваза, која според легендата била наменета за чќерката на рускито цар Николај Први која била мираз за ќерка му Олга, проценета на 1.200.000 фунти, потоа скапоцени рамки за фотографии и слики кои се од 40-те години на 19.-от век кои се проценети на 250 илајди фунти а се во сосптвеност на германско кнежевско семејство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Националниот џез оркестар со програмата Џез лектира гостува во Велес
По концертот во Скопје, Националниот џез оркестар со програмата под наслов „Џез лектира“ гостува во Велес. Концертот ќе се одржи на 23 април, 2024 година, со почеток од 20 часот во театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“.
„На концертот „Џез Лектира“ се осврнуваме на дел од творештвото на Каунт Бејси биг бендот. Вилијам Џејмс, познат како Каунт Бејси е американски џез пијанист, органист, водач на бенд и композитор, познат и како „Кралот на свингот“. Во 1935 година, тој го формира оркестарот „Каунт Бејси“ и ја води оваа група скоро 50 години. Неговата работа резултира со низа иновации во музичкиот израз како употреба на два „поделени“ тенор саксофони, нагласување на ритам секцијата, рифови во биг бенд композиции, аранжери за дополнително проширување на биг бенд звукот и слично“, се наведува во соопштението на Националниот џез оркестар.
Култура
Костадиновска-Стојчевска: Саемот на книгата, во време на емотикони, е во одбрана на раскажувачите и писменоста
Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, во арената „Борис Трајковски“ на отворањето на 36. издание на Саемот на книгата порача дека Министерството за култура, како покровител на овој, како што рече, „празник на книгата“, останува голем пријател и силен поддржувач на ова наше богатство.
„На годишните конкурси, од година во година, импресивен е бројот на сè повеќе пријавени квалитетни дела и од млади македонски автори. И тоа искрено нè радува. Како што нè радува и зголемениот интерес за создавање многубројни наслови и публикации за деца. Без двоумење ја добиваат нашата поддршка зашто во овие модерни времиња во кои има сè помалку зборови, а сè повеќе кратенки и емотикони, раскажувачите на приказни се чувари на писменоста“, рече министерката за култура.
Во присуство на голем број љубители на пишаниот збор, Костадиновска-Стојчевска порача дека во виртуелниот свет го нема овој опоен мирис на книгата. Само во реалниот свет, ова богатство од книги на македонски јазик од домашни и од странски автори го испишува овој простор во уште една „Приказна која се чита“.
Саемите за книги во последните години, според некои автори, кажа министерката дека прераснаа во едукативни и културни настани кои даваат можност за вмрежување преку негување на врските меѓу авторите, издавачите и читателите. Истовремено радува и сè поголемиот број посетители, што само по себе зборува многу за односот кон книгата.
Триесет и шестото издание на Саемот на книгата, што ќе трае до 24 април, во седумте саемски денови ќе понуди книги од домашни и од странски автори од над 60 издавачки куќи од земјава и од регионот.
Култура
Светска премиера на „Киука – Пред летото да заврши“ во Кан – филмот е копродукција помеѓу Грција и Македонија
„Киука – Пред летото да заврши“ (Kyuka Before Summer’s End) во режија и по сценарио на Костис Харамуданис, кој е реализиран како билатерална копродукција помеѓу Грција и Северна Македонија и е поддржан од Агецијата за филм на Република Северна Македонија, својата светска премиера ќе ја има на Канскиот филмски фестивал како дел од 32. издание на програмата ACID, што ќе се одржи од 15 до 24 мај оваа година. На „Куика“ му е доверена честа да ја отвори оваа програма.
„Лист продукција“ е македонски копродуцент на дебитантскиот филм на режисерот Харамуданис со Марија Димитрова и Игор Иванов како копродуценти, а Херетик од Грција е главен продуцент со Данае Спатхара, Јоргос Карнавас и Константинос Контовракиси како продуценти.
„Киука – Пред летото да заврши“ е приказна за едно трочлено семејство, кое како и секое лето, плови со својата едрилица до островот Порос, каде што таткото Бабис и децата Константинос и Елса, кои се веќе на прагот пред полнолетството, го минуваат годишниот одмор. Додека пливаат, се сончаат и создаваат нови пријателства на островот, децата случајно ја запознаваат Ана, жената што ги родила и ги напуштила уште во најраното детство, со што ќе почне едно горко-слатко патешествие на созревање под летното сонце, а долгогодишната огорченост на Бабис избива на површина.
Програмата на ACID (Association for the Distribution of Independent Cinema – Асоцијација за дистрибуција на независен филм) на Канскиот филмски фестивал е креирана во 1993 година и прикажува 9 долгометражни филма, фикција и документарци. Овие филмови се избираат од стотиците пристигнати филмови од цел свет од страна на петнаесетина филмаџии, членови на асоцијацијата.
Снимањето на филмот се одвиваше во октомври 2022 година во Атина и на островот Порос, а постпродукцијата се работеше на релација Атина – Скопје.
Главните улоги во филмот ги играат Симеон Цакирис, Елса Лекаку, Константинос Георгопулос, Афродита Капокаки и Елена Топалиду.
Македонската екипа во овој филм ја сочинуваат Михаил Димитров, Игор Поповски и студиата за постподукција „Аудио хаус“ и „Слобода филм“.