Култура
Се отвораат сефовите на Франц Кафка
Ракописите и цртежите на славниот писател ќе бидат извадени од сефовите во швајцарската банка UBS за потребите на судскиот спор во кој наследниците на овие материјали спорат со израелските власти
Идниот понеделник по повеќе од педесет години ќе бидат отворени сефовите со цртежите и ракописите на Франц Кафка, авторот на познатиот роман „Процес“, кој во 1924 г. во Австрија починал од туберколоза, пишува весникот Neue Zurcher Zeitung, кој потсетува дека целата постапка е шпчнета по неколку слични дејствија во две банки во Тел Авив по налог на израелскиот суд.Како што е наведено во написот, професорката по книжевност, Ита Шедлецки ќе биде првата личност која ќе има увид во овие документи.Франц Кафка е роден во 1883 г. во чешката престолнина Прага, тогаш во составот на Австро-унгарската монархија а својот пријател и издавач Макс Брод го овластил по неговата смрт да ги спали сите негови дела. Меѓутоа, Брод кој пред нацизмот бега во 1938 г. во Тел Авив, спротивно на волјата од својот голем пријател ги обајвува неговите дела .Во 1945 г., тој докуемнтите и ги доверува на неговат секретарка Естер Хофе, која ракописите и цртежите ги депонирала во сефови на швајцарската банка. По нејзината смрт пред три години, овие документи ги наследиле нејзините три ќерки кои од израелските власти бараат потврда на наследството.Судската постапка во Тел Авив е поведена за да се утврди дали наследничките може слободно да рапсолагаат со оставнината на Кафка. Страната која сака да дојде до дојде до материјалите што ги оставил Франц Кафка е Израелската национална библиотека во Ерусалим.Израелската национална библиотека во октомври 2009 г. побара и од Музејот на модерна литература во Марбах, Германија, да го предаде оригиналниот ракопис од расказот „Процес“, со цел да се исправат некои „историски неправди“. Ракописот бил продаден на аукција на Сотби во 1988 г. за речиси два милиона долари на Владата на Германија. Националната библиотека во Ерусалим бара ракописот да биде вратен во Израел, како што барал Макс Брод, „Националната библиотека на Израел, која е библиотека на сиот еврејски народ, се води според волјата на Макс Брод кој во својот тестамент бара сите документи да бидат сместени во јавна архива и ја наведува токму израелската библиотека како прва опција“, изјави тогаш Мер Хелер, адвокат на библиотеката. Улрих Раулф, директор на Германскиот литературен архив, смета дека ракописот во 1988 го добиле легално и пред очите на светската јавност и нема кому да му се враќа овој ракопис.Франц Кафка (3 јули 1883, Прага – 3 јуни 1924, Виена) е еден од главните писатели на германски јазик од 20-иот век. Најголемиот дел од неговите дела се објавени постхумно. Кафка во својот живот објавува само неколку раскази, само мал дел од неговото творештво. Но, пред да почине тој го упатува својот пријател Макс Брод да ги уништи сите негови ракописи. Неговата љубовница Дора Диамант делумно ги извршила неговите претсмртни барања. Голем дел од неговите последни ракописи, вклучувајќи 20 тетратки и 35 писма таа тајно ги задржува се‘ додека не се конфискувани од Гестапо во 1933 г. Се‘ уште се во тек неколку интернационални барања кои се спроведени за да се пронајдат овие изгубени текстови на Кафка. Брод ги прекршува упатствата на Кафка и ги прегледува публикациите на поголемиот дел од текстовите што ги поседувал, и наскоро овие текстови започнуваат да привлекуваат внимание и високи критички оценки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Националниот џез оркестар со програмата Џез лектира гостува во Велес
По концертот во Скопје, Националниот џез оркестар со програмата под наслов „Џез лектира“ гостува во Велес. Концертот ќе се одржи на 23 април, 2024 година, со почеток од 20 часот во театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“.
„На концертот „Џез Лектира“ се осврнуваме на дел од творештвото на Каунт Бејси биг бендот. Вилијам Џејмс, познат како Каунт Бејси е американски џез пијанист, органист, водач на бенд и композитор, познат и како „Кралот на свингот“. Во 1935 година, тој го формира оркестарот „Каунт Бејси“ и ја води оваа група скоро 50 години. Неговата работа резултира со низа иновации во музичкиот израз како употреба на два „поделени“ тенор саксофони, нагласување на ритам секцијата, рифови во биг бенд композиции, аранжери за дополнително проширување на биг бенд звукот и слично“, се наведува во соопштението на Националниот џез оркестар.
Култура
Костадиновска-Стојчевска: Саемот на книгата, во време на емотикони, е во одбрана на раскажувачите и писменоста
Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, во арената „Борис Трајковски“ на отворањето на 36. издание на Саемот на книгата порача дека Министерството за култура, како покровител на овој, како што рече, „празник на книгата“, останува голем пријател и силен поддржувач на ова наше богатство.
„На годишните конкурси, од година во година, импресивен е бројот на сè повеќе пријавени квалитетни дела и од млади македонски автори. И тоа искрено нè радува. Како што нè радува и зголемениот интерес за создавање многубројни наслови и публикации за деца. Без двоумење ја добиваат нашата поддршка зашто во овие модерни времиња во кои има сè помалку зборови, а сè повеќе кратенки и емотикони, раскажувачите на приказни се чувари на писменоста“, рече министерката за култура.
Во присуство на голем број љубители на пишаниот збор, Костадиновска-Стојчевска порача дека во виртуелниот свет го нема овој опоен мирис на книгата. Само во реалниот свет, ова богатство од книги на македонски јазик од домашни и од странски автори го испишува овој простор во уште една „Приказна која се чита“.
Саемите за книги во последните години, според некои автори, кажа министерката дека прераснаа во едукативни и културни настани кои даваат можност за вмрежување преку негување на врските меѓу авторите, издавачите и читателите. Истовремено радува и сè поголемиот број посетители, што само по себе зборува многу за односот кон книгата.
Триесет и шестото издание на Саемот на книгата, што ќе трае до 24 април, во седумте саемски денови ќе понуди книги од домашни и од странски автори од над 60 издавачки куќи од земјава и од регионот.
Култура
Светска премиера на „Киука – Пред летото да заврши“ во Кан – филмот е копродукција помеѓу Грција и Македонија
„Киука – Пред летото да заврши“ (Kyuka Before Summer’s End) во режија и по сценарио на Костис Харамуданис, кој е реализиран како билатерална копродукција помеѓу Грција и Северна Македонија и е поддржан од Агецијата за филм на Република Северна Македонија, својата светска премиера ќе ја има на Канскиот филмски фестивал како дел од 32. издание на програмата ACID, што ќе се одржи од 15 до 24 мај оваа година. На „Куика“ му е доверена честа да ја отвори оваа програма.
„Лист продукција“ е македонски копродуцент на дебитантскиот филм на режисерот Харамуданис со Марија Димитрова и Игор Иванов како копродуценти, а Херетик од Грција е главен продуцент со Данае Спатхара, Јоргос Карнавас и Константинос Контовракиси како продуценти.
„Киука – Пред летото да заврши“ е приказна за едно трочлено семејство, кое како и секое лето, плови со својата едрилица до островот Порос, каде што таткото Бабис и децата Константинос и Елса, кои се веќе на прагот пред полнолетството, го минуваат годишниот одмор. Додека пливаат, се сончаат и создаваат нови пријателства на островот, децата случајно ја запознаваат Ана, жената што ги родила и ги напуштила уште во најраното детство, со што ќе почне едно горко-слатко патешествие на созревање под летното сонце, а долгогодишната огорченост на Бабис избива на површина.
Програмата на ACID (Association for the Distribution of Independent Cinema – Асоцијација за дистрибуција на независен филм) на Канскиот филмски фестивал е креирана во 1993 година и прикажува 9 долгометражни филма, фикција и документарци. Овие филмови се избираат од стотиците пристигнати филмови од цел свет од страна на петнаесетина филмаџии, членови на асоцијацијата.
Снимањето на филмот се одвиваше во октомври 2022 година во Атина и на островот Порос, а постпродукцијата се работеше на релација Атина – Скопје.
Главните улоги во филмот ги играат Симеон Цакирис, Елса Лекаку, Константинос Георгопулос, Афродита Капокаки и Елена Топалиду.
Македонската екипа во овој филм ја сочинуваат Михаил Димитров, Игор Поповски и студиата за постподукција „Аудио хаус“ и „Слобода филм“.