Контакт

Култура

Операта што ја скандализираше Европа

Објавено пред

Не стивнуваат реагирањата откако верзијата на операта „Лулу“ беше изведена на почетокот од месецов на салзбуршкиот фестивал во поставка на бугарската режисерка Вера Немирова

dobivaj vesti na viber

Операта беше најавувана како нов напад на еуротрешот, а рецензентите ја дочекаа „на нож“. Сепак од реномираниот фестивал на класичната музика на кој се поставуваат нови видувања на класичните дела исклучиво во сопствена продукција, не се очекуваше ништо помалку сензационално или контроверзно. Меѓутоа, како што се забележува во западниот печат, операта „Лулу“ како што ја пренесе Вера Немирова натприсечно ги возбуди духовите и ја подели уметничката јавност. Така, не може да се најдат барем две критики во специјализираните страници за уметноста каде ќе се сретнат барем приблиќни ставови по однос на режијата, сценографијата, костимите па и толкувањата на ролјите.За едни критичари без дилеми највпечатлива е сцената на берзанската паника, во која филхармонијата е мирна а над главите од музичарите берзанските трговци се размавтуваат со акциите, која била поставена под светлечка диско топка  во сценографијата која ја изработила Вера Немирова заедно се германскиот сликар Даниел Рихтер, била единствената трага од провокативност и скандал во целата претстава Инаку, „Лулу“, како дело е осмислено во каква и да е поставка да предизвика контроверзи и очекувано е по секоја поставување на сцената да има противречности и скандали. За друг критичари, пак, во оваа поствка има многу секс, крв и бездушност. Тие забележуваат дека Немирова едиснтвено имала „разбирање и сочувство“ за Лулу, централниот и најинтригантен лик во делото. Лулу имено е фатална заводничка чиј маж богат банкар ја фаќа во прегратка со сликарот што го платил да наслика нејзин портрет. Мажот веднаш умира од инфаркт а Лулу сфаќа дека станува богата вдовица и почнува заплетот во приказната, полн со уцени, пресврти, при што Лулу бездушно манипулира со луѓето бидејќи тоа и’ е единственото оружје, но и запаѓа во мрежата од сплетки на оние што сакаат да дојдат до нејзиното богато наследство. Албан Берг (Alban Berg,)  германски композитор кој живеел од 1885 до 1935 г., сам го напишал и либретото за „Лулу“, според драмите „Духот на земјата“ и „Пандорината кутија“ на Франк Ведекинд и целата поставка го има предвид скандалот. Така Немирова Лулу како фатална заводничка ја соблекла во долна облека а нејзините машки партнери ги натерала што повеќе да ја допираат, ги вметнала експлицитните алузии на сите видови сексуални игри, воведува и лезбијска нитка ставајќи ја Лулу во прегратките на грофицата Гешвиц, која е единствената која ја сака без заднина, потоа ја сплеткува со неконтролирани момчиња и злобни перверзни старчиња. Од ваквата постановка, единствено не можеле да профитираат оперските ведети кои ен добиле можност да ги покажат своите квалитети. Така Француската сопранистка, Патрисија Петибон која ја толкувала насловната ролја на Лулу, е оценета како повеќе кревка кукла отколку бесрамна фатална волшебничка на скескот, а ѕвездите како Павол Бреслик во улогата на страсниот сликар, Михаел Воле како искомпромитираниот Др. Шен и Франк Грундербер како Шиголш биле премногу директни и мажевни. Само толку водечките европски оперски критичари посветуваат внимание на протагонистите на сцената, покрај задолќителната компарација со, како што ќе повторат – повеќеслојната, возбудлива и авангардна псотановка на „Лулу“ на Петер Музбах пред петнаесетина години. Но „Лулу“ на Немирова не ја поштедеа и прекуокеанските критичари. И пред да биде одржана премиерата New York Timesa напиша дека сигурно нејзината „Лулу“ ќе биде уште еден еуротраш на сцената, особено окомувајќи се на сцената за која вели дека е бесцелна, кога се појавува Патрисиа Петибон со огромни ангелски крилја на грбот во сената кога сликарот ја портретира Лулу.Критиката прашува зошто „беше потребна речиси четиричасовна и скапа претстава на измачени луѓе измачкани со крв, голи мажи во ела низа сцени со ползење, цело време плазејќи се по Лулу“, што требало да го нагласи неодоливиот сексапил на Лулу. Исто така, на неразбирање наиде и замислата на режисерката во речиси целиот прв чин пејачите да се шетаат низ публиката пеејќи под запалените рефлектори, со служење пијачки и коцкање, претерано облечени во необичните костимографкси решенија на Клаус Ноак. Во германските критики, покрај доминирачките забелешки се признава дека пубиката неколкупати одушевено реагирала а дека само еднаш исвиркала, но најмногу реагирала со млаки куртоазни аплаузи. Најголемите овации актерите ги добиле на крајот, во сцената кога Лулу по сите заплети е сведена на ефтина проститутка и го убива човекот кој ќе ја собере од улица и ќе се покаже дека тоа бил лично – митскиот лондонски крвник Џек Мевосек.Меѓу критиките по острината се издвојува онаа која наведува дека никогаш не е видена кулминација на претстава режиран со толку нескриена деградација. Други, пак, тврдат дека Немирова ја прикажала вистинска природа на приказната за Лулу, некои дека покажала кукавичлак, егзибиционизам и неразбирање, покрај сиот невкус. Во секој случај, правот е подигнат, што можеби и е и целта на помалку заморениот оперски свет, кој бара нови доловувања на класиците.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Објавено пред

На 23 април во 19 часот во Националната галерија на Македонија – Чифте амам, Скопје ќе се отвори мултимедијалната изложбата „Тркало на времето“ на истакнатиот италијански уметник Марко Бањоли.

dobivaj vesti na viber

„Со оваа изложба ја објавуваме одлуката на Советот на Остен „Земја во фокус“ на Остен Биеналето Скопје 2024 да биде Италија“, велат од Остен.

Изложбата е организирана во соработка со Зеринтија, Асоцијација за современа уметност, а со поддршка на Италијанска амбасада во Скопје и Италијанскиот културен институт во Белград.

Прикажи повеќе...

Култура

Настап на Дуња Иванова и концерт посветен на Кире Костов во изведба на Биг бендот на фестивалот „Крај Вардарот џез“

Објавено пред

Во рамки на втората фестивалска вечер на „Крај Вардарот Џез“, утревечер на 23 април во Македонската филхармонија со почеток во 20 часот на пијано ќе настапи Дуња Иванова.

dobivaj vesti na viber

Нејзиниот концертен настап „Мирисот на липите“ ќе биде проследен со текст и нарација на Тина Иванова. Музичко-поетски проект, кој раскажува приказна за познатите урбани и скриени места на Општина Центар. Липите на улицата „Орце Николов“, панкот од гаражите на „Плочник“, дружбите во дворот на „Песталоци“, графитите на Кеј, паркот на Горан Стефановски, кафеаната „Наџак“…

Ќе бидат изведени композицијата „Свита за Скопје“ од македонската композиторка Ана Пандевска, и песната „Ние сме од Скопје“ на Мирко Попов, чиј аранжман за пијано го направи Пандевска. Получасовно патување низ симболите на Скопје, погледнати низ интимна, лична перспектива на авторите. Во музиката, како и во нарацијата, провејува нишка на носталгија, а во исто време и крик за подобро утре на градот во кој пораснавме и без чиј воздух не можеме да живееме. „Мирисот на липите“ симболично ќе прикаже, преку звук и говор, еден живот на жител од Центар. Поетскиот наратив е оригинално креиран за овој уметнички перформанс, кој промовира иновативен пристап со содржина која пак, претставува ,,жива“ материја, блиска до човечкото срце.

Минатиот месец за „ПМГ Џез“, како 44 издание, излезе албум во живо, концерт на пијано на Дуња Иванова, кој беше реализиран во рамки на музичката програмата „Крај Вардарот Сесии во Аудиокултура“, која изведе композиции од Ана Пандевска.

Веднаш потоа во 21 часот на истата сцена ќе започне долгоочекуваниот концерт на Биг Бендот со музика од Кире Костов. Концерт посветен на еден од стожерите на современата џез композиција Кире Костов, преку интерпретација на негови избрани дела во современ аранжман од страна на Биг Бендот под диригентската палка на Љупчо Мирковски. Костов е едно од најзначајните имиња во современата џез музика, чија работа опфаќа бројни ангажмани и дела, меѓу кои: солист и диригент на Танцовиот оркестар на РТВ Скопје, наградуван трубач во Југославија, претставник во Биг бендот на Европската радиодифузија, автор на околу педесетина композиции во оркестарска изведба од областа на џезот и 300 песни во популарната музика и реализатор на сите изданија на Скопскиот фестивал од 1991. Подеднакво значајна ќе биде и изведбата на селектираните дела од Костов на еден од нашите најзначајни оркестарски формации, чија историја датира од далечната 1961 година (Биг Бендот на МРТ), кој во 2013 година се возобновува и продолжува да работи во музичка формација водена од Љупчо Мирковски како диригент.

Фестивалот ќе биде заокружен на 27 април во едукативно културниот центар Лабораториум со концертен настап на „Macedonian Free Society“ и со еден од највозбудливите музички проекти „Поетроника“.

Фестивалот е поддржан од Министерство за култура на Р.С. Македонија и се реализира во соработка со Македонска филхармонија и Лабораториум. Концертот „Мирисот на липите“ се реализира со поддршка на општина Центар.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија2 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија3 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија5 часа

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија8 часа

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ9 часа

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија10 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија12 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија12 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија12 часа

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија12 часа

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија13 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија13 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија23 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија1 ден

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија1 ден

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија1 ден

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија1 ден

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија1 ден

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...