Култура
Наградуваната „Кавкаски круг…“ за затворање на Охридско лето
Јубилејното 50-то издание на една од најзначајните културни манифестации во државава Охридско лето ќе биде свечено затворено со претставата „Кавкаски круг со креда од Бертолд Брехт во режија на Мартин Кочовски
Јубилејното славеничко издание на 50-тото „Охридско лето, ќе биде свечено затворено со Кавкаски круг со креда“ од Бертолд Брехт во режија на Мартин Кочовски во изведба на младиот ансамбл на Народниот театар „Војдан Чернодрински од Прилеп, најави Ѓорѓи Јолевски, кој годианва ја имаше „ролјата“ на драмски селектор на Охридско лето. „Оваа година на Охридско лето беа прославени многу јубилеи, 60 години од формирањето на Албанскиот театар од Скопје, 60 години од формирањето на Турскот театар од Скопје, 50 години славеше и Јоана Поповска од нејзиното прво професионално појавување на македонската театарска сцена, 20 години од формирањето на Театарот за деца и младинци од Скопје а претставата Покондирена тиква од Јован Стерја Поповиќ во изведба на ансамблот на Српско народно позориште од Белград во Охрид ја славеше 50-та изведба. Во оваа славеничка театарска фамилија се најде и Народниот театар Војдан Чернодрински од Прилеп славејќи го својот роденден, 60 години од своето постоење.“, рече Јолевски. Како што вели Јолевски образловожувајќќи го својот избор за претствата со која ќе биде спуштена завесата на годинешното богато со атрактивни настани издание на манифестацијта, Бертолд Брехт е еден од најголемите автори во историјата на драмската уметност кој со своите револуционерни текстови ја возбуди театарската и политичка јавност во средината на 20-от век ставајќи го на испит етичкото, естетското и политичко кредо на системот во кој што живеел и творел. Секој режисер кој потегнува по текстовите на овој автор неминовно е критичар на системот во кој живее што е всушност должност на секој уметник, да го вперува прстот во најжешките проблеми со кои се судира човекот.За Мартин Кочовски, пак, Јолевски вели дека режисерот заедно со својот тим од соработници и младата и ентузијастичка трупа на прилепскот театар со „неверојатен жар зборуваат за системот во кој живееме употребувајќи ја својата снага да создадат дела кои ги пленат гледачите и ги оставаат вчудовидени од силината на автентичната енергија која заплиснува како бран од сцената кон гледалиштето“„Мноштвото зборови, идеи, звуци, песни, закани, емоции, љубови и разочарувања, метални констукции, саркастични дијалози, композиции отпеани и одживеани со енергија која ја има само на ова тло, ставени се во рамката на Брехт и неговата естетика, се разбира неробувајќи на никакви шаблони туку напротив. копонирани хармоничен театарски израз на силно и автохтоно уметничко дело“, рече Јолевски. Спроед селекторот на годинешѓнава драмска програма на Охридско лето, она што плени во оваа претстава е „колективниот дух на младата актерска сила која работи, дејствува и живее на сцената, а и вон неа, без никаква резерва, играјќи со таква жестокост каква што е им е потребна на револуционерите кога го менуваат светот“. За Јолевски, нивната посветеност е без задршка а таквиот однос кон театарот невозможно е да не резултира со искрење кое може да го запали светот. Оваа генерација актери во овој миг ја пишуваат историјата на својот но и на македонскиот театар.„Во лепезата на автори кои дејствуваат со својата индивидуалност морам да ја акцентирам имагинативната музика на групата Фолтин кои се вткаени во претставата со својот специфичен израз радувајќи не со убавината на својата музика. Моето задоволство е уште поголемо затоа што следејќи ги пробите на претставата Кафкаски круг со креда на сцената на прелепскиот театар се одлучив свеченото затворање на биде токму со оваа претстава, додека беше во процес на работа, незнаејќи дека на Националнот фестивал Војдан Чернодрински ќе биде прогласена за најдобра претстава понесувајќи ги сите големи награди во сите сегменти, но бев сигурен дека ќе се роди големо театарско дело кое достојно ќе го претставува македонскиот театар, култура и јазик ширум светските театарски сцени“, рече Јолевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Марко Бањоли во Чифте амам
На 23 април во 19 часот во Националната галерија на Македонија – Чифте амам, Скопје ќе се отвори мултимедијалната изложбата „Тркало на времето“ на истакнатиот италијански уметник Марко Бањоли.
„Со оваа изложба ја објавуваме одлуката на Советот на Остен „Земја во фокус“ на Остен Биеналето Скопје 2024 да биде Италија“, велат од Остен.
Изложбата е организирана во соработка со Зеринтија, Асоцијација за современа уметност, а со поддршка на Италијанска амбасада во Скопје и Италијанскиот културен институт во Белград.
Култура
Настап на Дуња Иванова и концерт посветен на Кире Костов во изведба на Биг бендот на фестивалот „Крај Вардарот џез“
Во рамки на втората фестивалска вечер на „Крај Вардарот Џез“, утревечер на 23 април во Македонската филхармонија со почеток во 20 часот на пијано ќе настапи Дуња Иванова.
Нејзиниот концертен настап „Мирисот на липите“ ќе биде проследен со текст и нарација на Тина Иванова. Музичко-поетски проект, кој раскажува приказна за познатите урбани и скриени места на Општина Центар. Липите на улицата „Орце Николов“, панкот од гаражите на „Плочник“, дружбите во дворот на „Песталоци“, графитите на Кеј, паркот на Горан Стефановски, кафеаната „Наџак“…
Ќе бидат изведени композицијата „Свита за Скопје“ од македонската композиторка Ана Пандевска, и песната „Ние сме од Скопје“ на Мирко Попов, чиј аранжман за пијано го направи Пандевска. Получасовно патување низ симболите на Скопје, погледнати низ интимна, лична перспектива на авторите. Во музиката, како и во нарацијата, провејува нишка на носталгија, а во исто време и крик за подобро утре на градот во кој пораснавме и без чиј воздух не можеме да живееме. „Мирисот на липите“ симболично ќе прикаже, преку звук и говор, еден живот на жител од Центар. Поетскиот наратив е оригинално креиран за овој уметнички перформанс, кој промовира иновативен пристап со содржина која пак, претставува ,,жива“ материја, блиска до човечкото срце.
Минатиот месец за „ПМГ Џез“, како 44 издание, излезе албум во живо, концерт на пијано на Дуња Иванова, кој беше реализиран во рамки на музичката програмата „Крај Вардарот Сесии во Аудиокултура“, која изведе композиции од Ана Пандевска.
Веднаш потоа во 21 часот на истата сцена ќе започне долгоочекуваниот концерт на Биг Бендот со музика од Кире Костов. Концерт посветен на еден од стожерите на современата џез композиција Кире Костов, преку интерпретација на негови избрани дела во современ аранжман од страна на Биг Бендот под диригентската палка на Љупчо Мирковски. Костов е едно од најзначајните имиња во современата џез музика, чија работа опфаќа бројни ангажмани и дела, меѓу кои: солист и диригент на Танцовиот оркестар на РТВ Скопје, наградуван трубач во Југославија, претставник во Биг бендот на Европската радиодифузија, автор на околу педесетина композиции во оркестарска изведба од областа на џезот и 300 песни во популарната музика и реализатор на сите изданија на Скопскиот фестивал од 1991. Подеднакво значајна ќе биде и изведбата на селектираните дела од Костов на еден од нашите најзначајни оркестарски формации, чија историја датира од далечната 1961 година (Биг Бендот на МРТ), кој во 2013 година се возобновува и продолжува да работи во музичка формација водена од Љупчо Мирковски како диригент.
Фестивалот ќе биде заокружен на 27 април во едукативно културниот центар Лабораториум со концертен настап на „Macedonian Free Society“ и со еден од највозбудливите музички проекти „Поетроника“.
Фестивалот е поддржан од Министерство за култура на Р.С. Македонија и се реализира во соработка со Македонска филхармонија и Лабораториум. Концертот „Мирисот на липите“ се реализира со поддршка на општина Центар.
Книги
МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга
Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.
Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).
Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).
Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.
Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).
Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).
Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).