Култура
Бит Фест се затвора со првиот солистички концерт на Ребека
Во петок, 27-ми август, на Хераклеа крај Битола придружена од етно соства, Ребека ќе го оддржи својот прв солистички концерт, на кој покрај песните од нејзиниот последен албум кои премиерно ќе бидат изведени во живо, ќе ги отпее и други постари хитови преработени во етно стил
По компилациското издание „Најдоброто од Ребека“, пејачката прави повторно нешто што коренито ја зименува нејзината досега препознатлива музичка концепција. „Започна долгото патешествие за собирање нов материјал“, вели Ребека, додавајќи дека како Македонка, нејзината желба е да даде свој придонес за зачувување на она што соседите сакаат да ни го земат, а е наша единствена светост – нашето културно и духовно наследство.Благодарение на Тони Китановски и Никола Коџобашија, музичките уредници на изданието, се создаде новиот албум, со кој Ребека особено се гордее.„Мириса на сон“ е музичко албумско издание кое концептуално е различно од досегашни проекти на Ребека. Имено ако „Обиди се“ и „Нешто убаво“ беа столбот на тогашниот македонски урбан поп израз, „Мириса на сон“ во себе го има вткаено духот на прататковците преку нови видувања на изворни македонски песни и нови дела на Македонски композитори од новата генерација.Песните содржат базични етно елементи комбинирани од византиски и старословенски мотиви, аранжирани во симфо форма, каде покрај класичните камерни инструменти, паралелно прозвучуваат и саз, традиционални и ориентални перкусии, тамбура, ќемане, кавали, итн.„Мириса на сон“ содржи девет песни: „ Мори чупи костурчанки“ (изворна македонска песна во аранжман на Тони Китановски), „Сугаркинг“ (автор на музика, аранжман и текст Никола Коџобашија). „Златни жици“ (автор на музика Џина Папас-Џокси, автор на аранжман Диран Тавитјан и автор на текст Огнен Неделковски), „Почесна стрелба“ (автори на музика Горан Трајковски, Горазд Чаповски, Влатко Каевски, автор на текст Горан Трајковски и Ребека Јанковска Ристески, автори на аранжман Џијан Емин и Иван Бејков), „Мириса на сон“ (автор на музика, аранжман и текст Никола Коџобашија), „Желба“ (автор на музика Игор Атанасовски, автор на аранжман Гаро Тавитјан автор на текст Ребека Јанковска Ристески), „Бистра вода“ (изворна македонска песна во аранжман на Тони Китановски), „Мирис анасон“ (автор на музика, аранжман и текст Никола Коџобашија), „Кажи, кажи либе Стано“ (изворна македонска песна во аранжман на Диран Тавитјан, дует со хрватскиот оперски баритон Роналд Браус). На албумот како пратечки вокали се јавуваат во „Бистра вода“ Елена Стевковска, Фросина Мариноска, Габриела Јанушевска, Гордана Тасева, Мерете Фјелдбо; во „Сугаркинг“ Џијан Емин, Иван Бејков, Владимир Поп Христов, Никола Коџобашија и визнтиско пеење Јане Коџобашија; во „Златни жици“ Габриела Јанушевска, Теодора Ѓоргиева; во „Мирис анасон“ Гавин Хуцк, Оливер Литлетон, Паул Типет, Роберт Бенет.Исто така, на последнит оалбум на Ребека како инструменталисти се јавува плејада млади но еминеттни македонски изведувачи, како Теодосиј Спасов, Никола Коџобашија, Џијан Емин, Диран Тавитјан, Тони Китановаки, Игор Атанасовски Харе, Стевче Стојковски, Изет Кизил, Иван Бејков, Дарко Багевски, Гаро Тавитјан, Шеазаир, Газменд Бериша, Гоце Стевковски, Горанчо Ангелов, Хустреф Саид, Анди Греј, Грегорио Манкалги, Гавин Хуцк, Оливер Литлетон, Паул Типет, Роберт Бенет.Од најновиот материјал на Ребека, досега е издадено и се емитува на домашните музички телевизиски канали видеото за „Почесна стрелба“, коешто инаку е седумнаесетто музичко видео на Ребека, а во моментов се работи на видеата за песните „Мириса на сон“, „Сугаркинг“ и „Мори чупи костурчанки“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Националниот џез оркестар со програмата Џез лектира гостува во Велес
По концертот во Скопје, Националниот џез оркестар со програмата под наслов „Џез лектира“ гостува во Велес. Концертот ќе се одржи на 23 април, 2024 година, со почеток од 20 часот во театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“.
„На концертот „Џез Лектира“ се осврнуваме на дел од творештвото на Каунт Бејси биг бендот. Вилијам Џејмс, познат како Каунт Бејси е американски џез пијанист, органист, водач на бенд и композитор, познат и како „Кралот на свингот“. Во 1935 година, тој го формира оркестарот „Каунт Бејси“ и ја води оваа група скоро 50 години. Неговата работа резултира со низа иновации во музичкиот израз како употреба на два „поделени“ тенор саксофони, нагласување на ритам секцијата, рифови во биг бенд композиции, аранжери за дополнително проширување на биг бенд звукот и слично“, се наведува во соопштението на Националниот џез оркестар.
Култура
Костадиновска-Стојчевска: Саемот на книгата, во време на емотикони, е во одбрана на раскажувачите и писменоста
Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, во арената „Борис Трајковски“ на отворањето на 36. издание на Саемот на книгата порача дека Министерството за култура, како покровител на овој, како што рече, „празник на книгата“, останува голем пријател и силен поддржувач на ова наше богатство.
„На годишните конкурси, од година во година, импресивен е бројот на сè повеќе пријавени квалитетни дела и од млади македонски автори. И тоа искрено нè радува. Како што нè радува и зголемениот интерес за создавање многубројни наслови и публикации за деца. Без двоумење ја добиваат нашата поддршка зашто во овие модерни времиња во кои има сè помалку зборови, а сè повеќе кратенки и емотикони, раскажувачите на приказни се чувари на писменоста“, рече министерката за култура.
Во присуство на голем број љубители на пишаниот збор, Костадиновска-Стојчевска порача дека во виртуелниот свет го нема овој опоен мирис на книгата. Само во реалниот свет, ова богатство од книги на македонски јазик од домашни и од странски автори го испишува овој простор во уште една „Приказна која се чита“.
Саемите за книги во последните години, според некои автори, кажа министерката дека прераснаа во едукативни и културни настани кои даваат можност за вмрежување преку негување на врските меѓу авторите, издавачите и читателите. Истовремено радува и сè поголемиот број посетители, што само по себе зборува многу за односот кон книгата.
Триесет и шестото издание на Саемот на книгата, што ќе трае до 24 април, во седумте саемски денови ќе понуди книги од домашни и од странски автори од над 60 издавачки куќи од земјава и од регионот.
Култура
Светска премиера на „Киука – Пред летото да заврши“ во Кан – филмот е копродукција помеѓу Грција и Македонија
„Киука – Пред летото да заврши“ (Kyuka Before Summer’s End) во режија и по сценарио на Костис Харамуданис, кој е реализиран како билатерална копродукција помеѓу Грција и Северна Македонија и е поддржан од Агецијата за филм на Република Северна Македонија, својата светска премиера ќе ја има на Канскиот филмски фестивал како дел од 32. издание на програмата ACID, што ќе се одржи од 15 до 24 мај оваа година. На „Куика“ му е доверена честа да ја отвори оваа програма.
„Лист продукција“ е македонски копродуцент на дебитантскиот филм на режисерот Харамуданис со Марија Димитрова и Игор Иванов како копродуценти, а Херетик од Грција е главен продуцент со Данае Спатхара, Јоргос Карнавас и Константинос Контовракиси како продуценти.
„Киука – Пред летото да заврши“ е приказна за едно трочлено семејство, кое како и секое лето, плови со својата едрилица до островот Порос, каде што таткото Бабис и децата Константинос и Елса, кои се веќе на прагот пред полнолетството, го минуваат годишниот одмор. Додека пливаат, се сончаат и создаваат нови пријателства на островот, децата случајно ја запознаваат Ана, жената што ги родила и ги напуштила уште во најраното детство, со што ќе почне едно горко-слатко патешествие на созревање под летното сонце, а долгогодишната огорченост на Бабис избива на површина.
Програмата на ACID (Association for the Distribution of Independent Cinema – Асоцијација за дистрибуција на независен филм) на Канскиот филмски фестивал е креирана во 1993 година и прикажува 9 долгометражни филма, фикција и документарци. Овие филмови се избираат од стотиците пристигнати филмови од цел свет од страна на петнаесетина филмаџии, членови на асоцијацијата.
Снимањето на филмот се одвиваше во октомври 2022 година во Атина и на островот Порос, а постпродукцијата се работеше на релација Атина – Скопје.
Главните улоги во филмот ги играат Симеон Цакирис, Елса Лекаку, Константинос Георгопулос, Афродита Капокаки и Елена Топалиду.
Македонската екипа во овој филм ја сочинуваат Михаил Димитров, Игор Поповски и студиата за постподукција „Аудио хаус“ и „Слобода филм“.