Контакт

Култура

Светска премиера на „Мајки“ на Манчевски во Торонто

Објавено пред

В недела, на 12 септември филмот „Мајки“ на Милчо Манчевски ќе ја има светската премиера на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, еден од најголемите фестивали во светот од А-категорија

dobivaj vesti na viber

Филмот на Манчевски е вброен во престижната програма Специјални презентации. Особена почест за „Мајки“ е што ќе игра во новиот фестивалски дом, спектакуларниот кино-комплекс Бел лајтбокс, новата канадска архитектонска и културна атракција што со голема целодневна свеченост ќе се отвори  само неколку часа пред премерата на филмот на Манчевски, закажана за 20.30 часот по канадско време..„Мајки“ на премиерата ќе го претстави лично директорот на Торонто филм фест, легендарниот Пирс Хендлинг, кој е автор и на текстот за филмот во каталогот на фестивалот. Хендлинг лично го избра „Мајки“ за фестивалската програма и го смета за еден од најдобрите филмови што ги видел во последните години, како поради храбрата, експериментална синематска структура, така и поради содржината. „„Мајки“ почнува со фикција, и тоа со фабрикување на една лага, оди кон обид за фабрикување на еден мит и завршува во потресната сликовност на реалното, каде што никакво фабрикување не е возможно. Под површината на сите епизоди лежи мрежа од детски лаги и предавства, во целина мали, но тие добиваат ужасна сила во финалето, каде се покажува дека човек кој бил почитуван од заедницата ги измамил сите. Нема лесно читање на „Мајки“, туку само потреба да соработуваме со авторот за да ги откриеме многубројните значења на филмот, – заклучува Хендлинг во неговиот текст во каталогот.На светската премиера во Торонто ќе присуствуваат режисерот Милчо Манчевски (во Торонто на покана  од фестивалот и како нивни гостин), продуцентот Кристина Калас (на покана од фестивалот, но во свој аранжман) и дизајнерот на продукција Дејвид Манс (во сопствен аранжман).Непосредно пред официјалната светска премиера, „Мајки“ веќе добива позитивни најави во канадскиот печат, каде филмот се смета за „концептуален предизвик“ и „дело кое те остава во чудо“.Покрај премиерата на 12 септември, филмот на Манечвски ќе има уште две проекции за публиката на фестивалот, на 13 и на 18 септември, и две прес-проекции, на 11 и на 17 септември.„Мајки“ е четврт филм на Милчо Манчевски, македонско-француско-бугарска копродукција. Снимањето се одвиваше во Скопје, Мариово, Кичево, Тетово и Гостивар минатата година, а монтажата беше завршена летово во пост-продукциските студија во Париз, Лондон и Минхен.Главните улоги ги толкуваат Ана Стојановска, Димитар Ѓорѓиевски, Владимир Јачев, Ратка Радмановиќ, Салаетин Билал, Диме Илиев, Марина Поп Панкова, Петар Мирчевски, Горан Трифуновски, Благоја Спиркоски, Борис Чоревски, а за прв пат на филм се појавуваат Емилија Стојковска и Милијана Богдановска.Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, продукциски дизајнер Дејвид Манс, костимограф Елизабета Монталдо, дизајнер на маска Марио Микисанти, монтажер Жаклина Стојчевска, дизајнер на тонот Питер Балдок, кастинг директор Маја Младеновска, а музиката е на Игор Василев Новоградска. Продуцент е Кристина Калас, а копродуценти се Тиери Ленувел, Мари-Пјер Масиа и Методиус Петриков. Дистрибутер е Манакифилм.Филмот на оригинален начин испреплетува вистински приказни за едно општество на небрежни и отсутни мајки, каде деца кои беснеат со кредитни картички набедуваат невини луѓе, каде старци умираат сами и заборавени, каде пензионирани чистачки се жртви на сериски силувања и убиства. Филмот е современа рефлексија на мрачниот свет на Достоевски.„Мајки“ користи експериментална филмска структура, во која играниот филм се претвора во документарец и ја продолжува традицијата на уметници кои комбинираат вистина и фикција, најдени објекти и уметнички создадени елементи, како Роберт Раушенберг, В.Г. Зибалд, Јозеф Бојс, Марсел Дишан, Бисти Бојс.  Мото на филмот е – Вистина, само вистина, и скоро ништо освен вистина.Во врска со тоа Манчевски го цитира Том Кленси: „Се разбира дека вистината е поневеројатна од уметноста. Во уметноста мора да има логика“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Светска премиера на „Киука – Пред летото да заврши“ во Кан – филмот е копродукција помеѓу Грција и Македонија

Објавено пред

„Киука – Пред летото да заврши“ (Kyuka Before Summer’s End) во режија и по сценарио на Костис Харамуданис, кој е реализиран како билатерална копродукција помеѓу Грција и Северна Македонија и е поддржан од Агецијата за филм на Република Северна Македонија, својата светска премиера ќе ја има на Канскиот филмски фестивал како дел од 32. издание на програмата ACID, што ќе се одржи од 15 до 24 мај оваа година. На „Куика“ му е доверена честа да ја отвори оваа програма.

dobivaj vesti na viber

„Лист продукција“ е македонски копродуцент на дебитантскиот филм на режисерот Харамуданис со Марија Димитрова и Игор Иванов како копродуценти, а Херетик од Грција е главен продуцент со Данае Спатхара, Јоргос Карнавас и Константинос Контовракиси како продуценти.

„Киука – Пред летото да заврши“ е приказна за едно трочлено семејство, кое како и секое лето, плови со својата едрилица до островот Порос, каде што таткото Бабис и децата Константинос и Елса, кои се веќе на прагот пред полнолетството, го минуваат годишниот одмор. Додека пливаат, се сончаат и создаваат нови пријателства на островот, децата случајно ја запознаваат Ана, жената што ги родила и ги напуштила уште во најраното детство, со што ќе почне едно горко-слатко патешествие на созревање под летното сонце, а долгогодишната огорченост на Бабис избива на површина.

Програмата на ACID (Association for the Distribution of Independent Cinema – Асоцијација за дистрибуција на независен филм) на Канскиот филмски фестивал е креирана во 1993 година и прикажува 9 долгометражни филма, фикција и документарци. Овие филмови се избираат од стотиците пристигнати филмови од цел свет од страна на петнаесетина филмаџии, членови на асоцијацијата.

Снимањето на филмот се одвиваше во октомври 2022 година во Атина и на островот Порос, а постпродукцијата се работеше на релација Атина – Скопје.

Главните улоги во филмот ги играат Симеон Цакирис, Елса Лекаку, Константинос Георгопулос, Афродита Капокаки и Елена Топалиду.

Македонската екипа во овој филм ја сочинуваат Михаил Димитров, Игор Поповски и студиата за постподукција „Аудио хаус“ и „Слобода филм“.

Прикажи повеќе...

Култура

Почнува „Крај Вардарот џез“: три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Објавено пред

Денеска, во едукативниот културен центар „Лабораториум“ имаше конференција за печат во пресрет на петтото издание на фестивалот „Крај Вардарот џез“, кој ќе се одржи од 20 до 27 април. Програмата се состои од 3 вечери и 5 концертни настапи, кои ќе се реализираат во Македонската филхармонија и во едукативниот културен центар „Лабораториум“.

dobivaj vesti na viber

Годинашното издание ќе се одржи во чест на Мирко Попов, кој заедно со Владан Дробицки е идеен творец на фестивалот. Со голема жар и посветеност Попов и Дробицки работеа на програмата на годинашниот фестивал, чија реализација Попов не успеа да ја дочека.

„Иновативноста во градење на фестивалската програма е присутна како во творештвото на авторите што настапуваат на фестивалот, така и во начинот на презентација на нивната музика. Ова е особено евидентно во годинашното фестивалско издание преку интердисциплинарниот пристап на програмата, која ги надминуваат границите на уметничките дисциплини и музичките жанрови спојувајќи џез, електроника, современа музика, поезија и проза“, рече Виолета Качакова, дел од тимот на КВЏ.

„Фестивалот е тесно поврзан со дискографската куќа ‘ПМГ џез’. Со 47 изданија македонска џез, светска и современа музика, освен како издавачи, континуирано организираме концертни и слушачки промоции. Домашната музика станува достапна до меѓународни музички професионалци и куратори, кои го признаваат нејзиниот квалитет, преку низа награди за најдобри џез-албуми и композиции на дел од изданијата за ‘ПМГ џез’, доделени од музичките платформи Bandcamp и All About Jazz. Непосредно пред почетокот на фестивалот ‘ПМГ џез’ излезе со 3 нови изданија на изведувачи, кои ќе настапат на фестивалот“, објасни Качакова.

На самото отворање на 20 април, во „Лабораториум“, во 21 часот ќе настапат Cobalt Code Unit, фракција од четири млади музички аскети, кои успеваат да ја спојат традицијата, современиот џез, африканскиот бит и бучавата на индустрискиот метеж.

На 23 април во Македонската филхамонија, во 20 часот, публиката ќе го проследи музичко-поетскиот проект „Мирисот на липите“ на Дуња Иванова на пијано и Тина Иванова како автор на текст и наратор на приказна.

„Иницијална каписла за овој проект се заедничките спомени со сестра ми Тина и мирисот на липите, кој нè потсетува на нашето детство и заедничката потреба да создадеме нешто храбро“, рече Дуња Иванова.

Веднаш потоа, во 21 часот, следува концерт на Биг бендот под диригентската палка на Љупчо Мирковски, со музика на еден од стожерите на современата џез-композиција – Кире Костов.

„Сè што научив за музиката и свирењето научив од Шпато и од Кире Костов и многу сум врзан за неговото творештво. Владан и Мирко направија избор од негови компизиции, кои под мојата палка ќе ги изведе Биг бендот“, изјави Мирковски.

На 27 април во „Лабораториум“, во 21 часот, вечерта ќе почне со концерт на Macedonian Free Society, нов креативен, (о)слободен, инспиративен, предизвикувачки израз и соработка помеѓу извонредни автори и инструменталисти, кои ја исцртуваат новата историја на македонската џез-музика. Во 22 часот ќе почне настапот на „Поетроника“. Еден од највозбудливите проекти, кој во форма на поетско-музички перформанс ја спојува македонската поезија со современа електронска музика. Модерен и динамичен поглед врз македонската поезија интерпретирана од актерот Оливер Митковски, во придружба на современа електронска музика во авторство и изведба на Андреја Ристески-Салпе.

„Музиката и поезијата се во совршена симбиоза. Музиката на Салпе, иако е електронска, има елементи и на џез и на етно. Тој креира совршена таписерија од звуци, а нарацијата, поезијата, ги крши сите клишеа. Целта ни беше да се сруши баналниот начин на интерпретација на поезија“, изјави Митковски.

Дробицки, кој заедно со Попов ја креира програмата за годинешниот фестивал, вели дека основна водилка им била: „Да понудиме програма, која ќе се разликува од сè што работевме досега – храбра и оригинална музика. Промовираме нови проекти, кои кокетираат со авангардните музички стилови – „Кобалт код унит“ и „Маседонијан фри сосајати“. Со „Поетроника“ ни се виде интересен спојот на избрана македонска поезија и музичка подлога, сублимат на модерни електронски стилови. Како контраст избравме камерен концерт со музика на една од најпродуктивните македонски композиторки, Ана Пандевска, во изведба на Дуња Иванова и надополнета со текст и нарација на Тина Иванова. Истовремено, му оддаваме почит на еден од најголемите македонски музичари, кој творел и работел во областа на џезот и оставил огромна трага во современата поп-музика, господинот Кире Костов“, вели Дробицки.

Фестивалот е поддржан од Министерство за култура и се реализира во соработка со Македонската филхармонија и „Лабораториум“. Концертот „Мирисот на липите“ се реализира со поддршка на Општина Центар. Онлајн-продажбата на билетите е достапна преку bileti.mk. Програмата за 20 април е бесплатна.

Прикажи повеќе...

Култура

Отворање на македонскиот павилјон на венециското биенале со просторната инсталација на Јанешлиева

Објавено пред

Последните подготовки за отворањето на македонскиот павилјон на 60. Венециско биенале, со проектот Inter Spem et Metum на уметничката Славица Јанешлиева во објектот Scuola dei Laneri привршуваат и официјалното отворање ќе биде денес во 18 часот.

dobivaj vesti na viber

Годинешното биенале го курира Адријано Педроса, а генералната тема е „Странци насекаде“.

Генералии за павилјонот:

Проект: Inter Spem et Metum

Уметник: Славица Јанешлиева

Носител на проектот: НУ Национална галерија на Република Северна Македонија

Комесар: д-р Дита Старова-Ќерими, директор на НУ Национална галерија

Куратор: д-р Ана Франговска, кустос советник во НУ Национална галерија

Поддржано од: Министерство за култура на Република Северна Македонија

Локација: Scuola dei Laneri

Концепт

Mожеме ли зборот убавина да го замениме или израмниме со зборовите почит, слобода, љубов, толеранција, прифаќање? Можеме ли да прифатиме некого поради сето она што тој/таа/тоа е и затоа што го познаваме суштински?

Трансмедијалниот и транснаративен проект INTER SPEM ET METUM на Славица Јанешлиева претставува визуелно прочистена и концептуално осмислена просторна инсталација која не флра во цивилизацискиот дебрис на еден мошне сензитивен и бајковит начин. Низ повеќедимензионални медиумски платформи и материјали, како пердуви, лед-неонски натписи, проекции, огледала, Јанешлиева не впушта во неколку концептуално-наратолошки матрици каде не соочува со чувството да си странец и тоа оној кој е насекаде, во мене, во тебе, во нив, во нас. Поточно таа не соочува со прифаќањето или неприфаќањето на одвоените кфалификативи од оние на мноштвото, без оглед дали различноста се базира на полот, сексуалната определба, изгледот, појавата, однесувањето, болест, националност, религија, јазик, политичко убедување…

Нè соочува и со чувството на самостигматизација, автоцензура и самокритика поради наметнатите очекувања.

Сепак, да се биде поинаков, носи потенцијал и за трансформација. Исто како и во природната селекција, мутацијата ја зголемува веројатноста дека ќе се случи или неуспех во адаптацијата или дека се појавила нова варијанта што е посупериорна од она што било претходно. Или некој би можел да ја објасни трансформативната моќ на различното како што произлегува од психолошката болка и страдање, кои се различни причини од кои може да се црпи инспирација и мотивација за издигнување над осудата и острацизмот што различноста од другите ги предизвикува.

Од секој од нас зависи да го најдеме својот пат до нашиот внатрешен лебед.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Ние водиме позитивна кампања, кампања на проекти, кампања на надеж, кампања која ќе ја врати довербата во институциите по шест...

Македонија2 часа

(Видео) „Нема откажување од иднината“ – СДСМ и коалицијата „За европска иднина“ го означија почетокот на кампањата за парламентарните избори

Со настан во Музејот на современа уметност, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Kоалицијата за европска иднина, го означија почетокот на...

Македонија3 часа

Наместо покачена 12 отсто, вработените во културата не добија никаква плата, од утре излегуваат на протести

Доколку до крајот на денот не им биде исплатена платата за март на 3.000 вработени во културата, од утре тие...

Македонија3 часа

Сексизам, дискриминација, навреди и говор на омраза од Пендаровски и лица вклучени во неговата кампања: Силјановска-Давкова со нова претставка

Гордана Силјановска-Давкова денеска поднесе нова претставка до Државната изборна комисија, Комисијата за заштита од дискриминација, ОБСЕ – Организација за безбедност...

Македонија3 часа

ДУИ симулира седница на која Бугарите влегоа во Уставот, Села е претседател на Собранието, а Османи на државата

„Европскиот фронт“ предводен од Демократската Унија за интеграција симулираше конститутивна седница на Собранието, со тоа, сликовито прикажувајќи што би се...

Македонија6 часа

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар. Пред присутните Пендаровски...

Свет7 часа

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Лидерите на Европската унија вчера одлучија да ги зголемат санкциите против Техеран додека светските сили се обидуваат да спречат поширок...

Свет7 часа

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Украинскиот премиер изјави за Би-Би-Си дека ќе има трета светска војна доколку Украина ја загуби војната со Русија, апелирајќи до...

Македонија17 часа

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Народот знае дека гласот за Стево е глас за ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби. Гласот за Стево е глас...

Топ23 часа

Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид. Од МВР информираа дека инцидентот...

Македонија1 ден

Арсовска: Министерката за култура успеа самата себеси да се побие и не одговори на ниедно прашање

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска успеа самата да се побие и не одговори на ниту едно прашање коешто беше поставено,...

Топ1 ден

Кривична против Курто Дудуш: за директори на градинка именувал лица што не биле вработени таму

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 49-годишниот К. Д., градоначалник на скопска општина...

Македонија1 ден

„Два месеца нема плата за вработените, а пред избори се примаат работници“ – „Национални шуми“ на протест

Триесет подружници се собраа пред Јавното претпријатие „Национални шуми“ со цел да го изразат незадоволството оти втор месец немаат добиено...

Македонија1 ден

Со Арсовска ќе се видиме на суд да објасни како јас сум знаела, а не сум пријавила пожар во Универзалната сала, најави министерката за култура

За министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, вчерашните обвинувања од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, се лаги, скандалозни тврдења и обид...

Македонија1 ден

Грејната сезона продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како...

Македонија1 ден

Училиштата не може да објаснат како е направен изборот на фирмите за чии услуги плаќаат родителите: набавките за униформи за учениците, за фотографирање и за ужина се нетранспарентни

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето „Отсуство на процедури, транспарентност и отчетност кај набавките што се финансираат со пари...

Регион1 ден

По високите температури, Србија во снег: мештаните шокирани

Силниот дожд во утринските часови на територијата на западна Србија прерасна во лапавица и снег, а на Златибор веќе е...

Свет1 ден

ОН се обидуваат да го спречат гладот ​​во Газа: „Постојано некои нови проблеми“

Обединетите нации(ОН) се уште се борат да се обидат да го спречат гладот ​​во Појасот Газа. Иако има одредено подобрување...

Македонија1 ден

Мицкоски: 13-ти ден од кампањата, а Пендаровски не кажа ни збор за криминалите на ДУИ, за „Соравија“, за грабежот – тоа значи дека го прифаќа

Најголемата трагедија е што овие години полека, но сигурно системот е срушен. Системот кој е создаден да служи на народот,...

Свет1 ден

Израел го остава Иран во неизвесност во врска со нивниот одговор за нападот: „Нека бидат нервозни“

Ставот на израелскиот воен кабинет е дека Иран треба да продолжи да погодува каков ќе биде одговорот на Израел на...