Култура
„Дваесет и првиот“ на Османли претставник на Македонија за наградата „Балканика“

Романот „Дваесет и првиот“ на Томислав Османли е претставник на Македонија за книжевната награда „Балканика“ за 2009 г., објави скопската издавачка куќа „Магор“ организатор на изборот на дело од македонски автор кое ќе конкурира за најдобра книга на Балканот
Како што известија од издавачката куќа „Магор“, за 2009-та за наградата конкурирале 12 автори, а одлуката Томислав Османли со романот „Дваесет и првиот“ да биде кандидатот за „Балканика“ за 2009 г., едногласно ја донело жирито со кое претседаваше годинава Наташа Аврамовска, и челновте Луан Старова и Ферид Мухиќ, членови.„ Одлуката на жирито ја препознава книжевната вредност на делото во извонредно умешната градба на романескната структура чија динамична изведба речиси ги всмукува координатите на просторот (на Македонија, на Балканот, на светот) и на времето (на Историјата, на Митот, на актуелно пулсирачката стварност) во единствената изведба на романескната стварност“, стои меѓу другото во образложението на жирито.Покрај романот на Османли, во потесен избор биле и делата „Недела“ на Ермис Лафазановски, „Последниот чај“ на Винка Саздова и „Стража“ на Милован Стефановски.Оваа година ќе има двојно жирирање и ќе бидат избрани добитниците на наградата „Балканика“ и за 2008 и за 2009 година. Минатата година не се одржа жирирање поради проблеми на неколку членови на Фондацијата „Балканика“. Македонски претставник за „Балканика“ за 2008 година е Кица Колбе со нејзината книга „Жените Гаврилови“.Настанот го организира меѓународната фондација „Балканика“ со седиште во Бугарија. Учествуваат Македонија, Грција, Албанија, Бугарија, Романија, Србија и Турција. Идејата за „Балканика“ е востановена пред 14 години во Охрид со цел да се промовира значењето на културата и литературата како мост за културно и општествено поврзување меѓу земјите од регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги
„Будење на свеста“ прогласена за најпродавана книга од македонски автори за 2020 година

Авторите Катерина Ангеловска и Радован Витошевиќ се закитија со признанието за најпродавана, а со тоа и најчитана книга од домашни автори за својата „Будење на свеста“, издание на издавачката куќа „Паблишер“.
При врачувањето на ова признание во книжарницата на ТРИ во Дебар Маало, авторите одговорија на неколку прашања со срца полни благодарност за укажаната чест. Им се заблагодарија на издавачот и на сите читатели, кои согледаа, како што изјави Радован Витошевиќ, дека оваа книга не е само збир од зборови, туку дело во коешто се собрани тајните на себеспознавањето. Зборуваа за создавањето на ова исклучително дело, кое доживеа шест македонски и едно англиско издание. Катерина говореше за реакциите од читачката публика во однос на главната цел и мисијата за создавање на една поубава внатрешна, а со тоа и надворешна реалност.
Двајцата извонредни автори се согласија дека се воодушевени од овој успех и дека се пријатно изненадени од неочекуваното признание. Токму тоа беше одговор и на прашањето за изворот на нивната мотивација. Инспирацијата на Ангеловска и Витошевиќ се нивните читатели , кои заедно со нив работат на будење на свеста. Овој долг процес секогаш резултира со мир и со љубов. Надежта дека успеваат во таа своја мисија е нивната книжевна водилка која ги мотивира да создаваат нови дела .
Култура
Почна снимањето на филмот „Зад стоговите сено” во копродукција меѓу Грција, Македонија и Германија

На локации во Грција почна снимањето на филмот „Зад стоговите сено”, во режија на младата Асимина Проедроу од Грција.
Филмот е копродукцијаомеѓу Грција, Македонија и Германија. Овој филмски проект е поддржан од Грчкиот филмски центар, Агенцијата за филм на Северна Македонија, а финансиска поддршка доби и од Еуримаж (Европски фонд за копродукција и дистрибуција на кинематографски и аудиовизуелни дела).
„Оваа соработка е од суштинска важност, поради испреплетувањето на ресурсите помеѓу двете земји во доменот на филмската продукција. За првпат имаме проект кој се снима во двете земји. Се надевам дека оваа соработка помеѓу соседите ќе се продлабочи и развива и во иднина вклучувајќи ги сите останати сегменти од културното творење“, истакна Бојан Лазаревски, директор на Агенцијата за филм.
Снимањето на филмот почна во Грција на 13 јануари 2021, а според моменталниот оперативен план треба да продолжи во РС Македонија во периодот помеѓу 22 и 28 февруари 2021, на локации во Дојран и Гевгелија.
Македонскиот продуцент на овој комплексен филмски проект е „Сектор филм“, кој веќе почна со работа на подготовките, поточно во моментов се дефинираат точните локации и кастингот. Главен продуцент на филмот е продуцентската куќа Argonauts Production, а копродуценти покрај „Сектор филм“, продуцентска куќа од Скопје, се и Fiction Park – Entertainment Halbershmidt Tsika GbR од Германија.
Дејствието на филмот се одвива во 2015 година и го прикажува животот на населението од двете страни на границата.
концерти
Танго-магија со Астор Пјацола

Оркестарот на Филхармонија в четврток, во 20 часот, ќе одржи концерт на кој ќе биде изведен Концертот за хармоника и оркестар „Аконкагва“ од Астор Пјацола, а како солистка ќе настапи Анна Коловска од Русија. Диригент е Борјан Цанев, а на програмата се и „Песна и танец“ од македонскиот композитор Томе Манчев, и „Орава“ од полскиот композитор Војчех Килар.
Астор Пјацола (1921 – 1992) е еден од најзначајните аргентински композитори, кој го револуционаризираше традиционалното танго, носејќи го во нов стил што го нарече „нуево танго“ (ново танго) во кое инкорпорираше елементи од џезот и класичната музика. Првиот концерт за бандонеон и оркестар, познат како „Аконкагва“ (така го насловил неговиот издавач Алдо Пагани, како асоцијација за врв во неговото творештво, аналогно на највисокиот врв во Јужна Америка), Пјацола го создава во 1979 година.
Војчех Килар (1932 – 2013) е еден од најзначајните современи полски композитори, автор на класична и филмска музика. Добитник е на повеќе награди за неговата музика за филм, а негово најголемо остварување е музиката за „Дракула“ на Френсис Форд Копола. Автор е и дел од музиката за филмот „Пијанист“ на Роман Полански. „’Орава’ е едниственото мое дело во кое не би сменил ниту една нота. Тоа најдобро ме одразува како композитор“, изјави полскиот композитор Војчех Килар во едно интервју направено во Краков во 1997 година. Насловот на делото не сугерира само на географскиот регион, сместен меѓу Полска и Словакиа, туку и на реката која тече во овој регион. Музичката прогресија во „Орава“ може да се дефинира како поток кој тече од планинските предели низ различните пејзажи.
Томе Манчев (1950 – 2020) е еден од најистакнатите претставници на македонската музика од преминот меѓу 20 и 21 век. Автор е на обемен творечки опус во речиси сите музички жанрови, но главниот белег го остави во оркестарското творештво. Благодарение на своите темелни и систематски студии во Македонија (Властимир Николовски) и во странство (Чешка – J. Дворжачек и Ј. Церемуга и Бугарија – Д. Сагаев) Манчев имаше можност темелно да ги изучи и истражи техниките на компонирање и оркестрирање на дваесеттиот век кои ги примени и адаптира во своето музичко творештво. Во „Песна и танец“ за гудачки оркестар (2000), Манчев ја инкорпирира својата суштинска препознатливост како автор која се рефектира преку фузија на македонската музичка и духовна традиција со европската авангарда.
Добитникот на македонското признание „Најдобар музички изведувач во 2013 година“, диригентот Борјан Цанев, се смета за еден од најпрефинетите музичари во Македонија. Од 1999 година е постојан диригент на Македонската филхармонија и на чело на овој оркестар постигнува забележителни резултати во својата земја и во странство. Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а магистрира на Државната музичка академија во Софија. Веднаш потоа, Цанев специјализира диригирање на Кралскиот музички колеџ во Лондон, каде што работи со реномираните диригенти сер Сајмон Ратл, Даниеле Гати и Јанош Фурст, а ќе биде поканет да му биде асистент-диригент на сер Колин Дејвис на Кралскaта оперска школа. Добитник е на наградата „Аугуст Манс“ за најдобар диригент токму на Кралскиот музички колеџ, за потоа да диригира со Лондонскиот симфониски оркестар како дел од мајсторскиот клас на сер Колин Дејвис. Во наредните години маестро Цанев има многубројни концерти со Македонската филхармонија, како и со нејзиниот Камерен оркестар во Македонија и во странство (Рим, Париз, Истанбул, Прага, турнеја во Полска, Загреб, Њујорк).Неговото успешно деби со Софиската филхармонија во 2004 година му носи постојани ангажмани со овој виден оркестар, а во 2006 година е назначен и за негов постојан гостин-диригент. Во 2005 година, Цанев дебитира во Македонската опера и балет, каде што следната година ја поставува премиерата на „Волшебната флејта“ од Моцарт. Покрај гореспоменатите, Цанев диригирал и со Црногорскиот симфониски оркестар, Филхармонијата на Арад, Симфонискиот оркестар „Вагнер“ од Токио, Симфонискиот оркестар на Војводина, „Синфониета“ – Софија, Хрватскиот камерен оркестар, Задарскиот камерен оркестар, Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија, со ансамблот за современа музика „Алеа“ и др.Борјан Цанев како диригент се појавува во САД, Англија, Јапонија, Италија, Франција, Чешка, Полска, Хрватска, Србија, Бугарија, Црна Гора, Турција, Романија…
Анна Кришталева Коловска е родена во Армавир, Русија, во 1996 година и уште од рани години се врзува за музиката, редовно концертирајќи и настапувајќи на интернационални и на домашни натпревари. Основното музичко образование го завршува во новокубанското детско музичко училиште, во класата на проф. Михаил Бојко. Во 2014 година, пак, се запишува во Ростовскиот музички колеџ во класата на познатиот професор и заслужен артист на Русија – Јури Шишкин. Нејзиниот репертоар е богат и вклучува композиции од различни музички епохи, дела од Менделсон, Григ, Московски, Лекуона, Кусјаков, Бах, Шчедрин, Семионов…, како и композиции од руската народна музика. Инаку, Анна Кришталева редовно настапува на натпревари, како и на концерти во Русија и надвор од земјата, а нејзините изведби се високо позитивно оценети од страна на критиката и опишани како „интерпретации исполнети со страст и длабочина, во комбинација со долги и драматични скали, деликатен опсег на звукот и брилијантна техника…“ Кришталева е добитник на Гранд при на натпреварот „Акордеон плус“ во Ростов на Дон, Русија, во 2012 година, потоа победник е во сениорска категорија за класична музика на Интернационалниот натпревар „Кастелфридардо“ во Италија во 2015 година, а има освоено и прво место на вториот Интернационален натпревар за хармоника во Алкобаса, Португалија, како и прво место на натпреварот „Гридин“ во Курск, Русија, во 2016 година.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот