Култура
Македонски уметници изложуваат во Модена
Делата на седум македонски уметници цел месец од денеска ќе бидат изложени во италијанскиот град Модена во рамките на меѓународната изложба „Open citу“
Македонските уметници Јане Чаловски, Христина Иваноска, Оливер Мусовиќ, Жанета Вангели, групата „Елементи“ (Билјана Исијанин и Љупчо Исијанин) и архитектката Билјана Стефановска, се дел од интернационалната изложба „Open city”, која од 9 октомври до 9 ноември ќе се случува во урбаниот истражувачки центар „Laboratorio della Città“ во Модена.Станува збор за кураторски проект на Клаудија Занфи, во кој учествуваат 40 уметници со свои визуелни материјали и креираат една голема јавна инсталација.Инсталацијата подразбира голем мозаик во кој се вклучени идеи, емоции, цртежи, фотографии и слики од уметниците кои се повикани повторно да го обмислат и испитаат Балканот како комплексна целина и концептот на „отворен град“.Како што вели кураторката на проектот, Клаудија Занфи, „Open city” значи обид да се идентификува градот како отворен простор, место на размена и средба, на слобода и правичност, крстопат на култури во кој индивидуата може да стане „граѓанин“. Оттаму „Оpen city” е арена на потенцијалност, мултикултурализам и интердисциплинарност.„Open city” ќе започне со симпозиум на тема мобилност и миграција, фокусирајќи се посебно на регионот на Балканот преку директни сведоштва на Италијански но и на странски уметници како Alterazioni Video (уметнички колектив кој бил дел од Венециското биенале), TooA (уметничко дуо на видео уметници и истражувачи), Еди Мука (директор на Биеналето во Тирана) и Емина Вуковиќ (новинарка која работи во Милано и Сараево).На крајот од дискусијата, ќе следува музичка програма составена од неколку различни групи на имигранти. Проектот се реализира од страна на културната организација „aMAZElab Art&Culture” од Милано.Овој проект ќе се развива и во областа Крочета во Модена. Оваа област, која се наоѓа во позадината на железничката станица во Модена е карактеристична по тоа што има висока густина на странска имиграција и проширено урбано и социјално доградување.Преку учеството на локалното население и вклучувањето на мултикултурални групи, проектот се обидува да започне акција на социјална импрелементација со тоа што ќе работи со најшироко прифатените програми на повторен урбан развој на железничките станици.Изложбата „Open city” се реализира како дел од проектот насловен GOING PUBLIC 2010, кој е добитник на наградата на Европската Унија за култура во 2007 година. Во соработка со Мрежата на Јавни библиотеки на Модена и Theatre Foundation / Le Vie dei Festival, „aMAZElab“ организира серија на изложби и настани на темата миграција и гостољубивост. Настанот ги истражува границите меѓу литературата и театарот, вклучувајќи сведоци и истражувачи во нарацијата и нејзините врски со усната традиција како и интернационални уметници кои работат инсталации во јавниот простор на градот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Националниот џез оркестар со програмата Џез лектира гостува во Велес
По концертот во Скопје, Националниот џез оркестар со програмата под наслов „Џез лектира“ гостува во Велес. Концертот ќе се одржи на 23 април, 2024 година, со почеток од 20 часот во театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“.
„На концертот „Џез Лектира“ се осврнуваме на дел од творештвото на Каунт Бејси биг бендот. Вилијам Џејмс, познат како Каунт Бејси е американски џез пијанист, органист, водач на бенд и композитор, познат и како „Кралот на свингот“. Во 1935 година, тој го формира оркестарот „Каунт Бејси“ и ја води оваа група скоро 50 години. Неговата работа резултира со низа иновации во музичкиот израз како употреба на два „поделени“ тенор саксофони, нагласување на ритам секцијата, рифови во биг бенд композиции, аранжери за дополнително проширување на биг бенд звукот и слично“, се наведува во соопштението на Националниот џез оркестар.
Култура
Костадиновска-Стојчевска: Саемот на книгата, во време на емотикони, е во одбрана на раскажувачите и писменоста
Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, во арената „Борис Трајковски“ на отворањето на 36. издание на Саемот на книгата порача дека Министерството за култура, како покровител на овој, како што рече, „празник на книгата“, останува голем пријател и силен поддржувач на ова наше богатство.
„На годишните конкурси, од година во година, импресивен е бројот на сè повеќе пријавени квалитетни дела и од млади македонски автори. И тоа искрено нè радува. Како што нè радува и зголемениот интерес за создавање многубројни наслови и публикации за деца. Без двоумење ја добиваат нашата поддршка зашто во овие модерни времиња во кои има сè помалку зборови, а сè повеќе кратенки и емотикони, раскажувачите на приказни се чувари на писменоста“, рече министерката за култура.
Во присуство на голем број љубители на пишаниот збор, Костадиновска-Стојчевска порача дека во виртуелниот свет го нема овој опоен мирис на книгата. Само во реалниот свет, ова богатство од книги на македонски јазик од домашни и од странски автори го испишува овој простор во уште една „Приказна која се чита“.
Саемите за книги во последните години, според некои автори, кажа министерката дека прераснаа во едукативни и културни настани кои даваат можност за вмрежување преку негување на врските меѓу авторите, издавачите и читателите. Истовремено радува и сè поголемиот број посетители, што само по себе зборува многу за односот кон книгата.
Триесет и шестото издание на Саемот на книгата, што ќе трае до 24 април, во седумте саемски денови ќе понуди книги од домашни и од странски автори од над 60 издавачки куќи од земјава и од регионот.
Култура
Светска премиера на „Киука – Пред летото да заврши“ во Кан – филмот е копродукција помеѓу Грција и Македонија
„Киука – Пред летото да заврши“ (Kyuka Before Summer’s End) во режија и по сценарио на Костис Харамуданис, кој е реализиран како билатерална копродукција помеѓу Грција и Северна Македонија и е поддржан од Агецијата за филм на Република Северна Македонија, својата светска премиера ќе ја има на Канскиот филмски фестивал како дел од 32. издание на програмата ACID, што ќе се одржи од 15 до 24 мај оваа година. На „Куика“ му е доверена честа да ја отвори оваа програма.
„Лист продукција“ е македонски копродуцент на дебитантскиот филм на режисерот Харамуданис со Марија Димитрова и Игор Иванов како копродуценти, а Херетик од Грција е главен продуцент со Данае Спатхара, Јоргос Карнавас и Константинос Контовракиси како продуценти.
„Киука – Пред летото да заврши“ е приказна за едно трочлено семејство, кое како и секое лето, плови со својата едрилица до островот Порос, каде што таткото Бабис и децата Константинос и Елса, кои се веќе на прагот пред полнолетството, го минуваат годишниот одмор. Додека пливаат, се сончаат и создаваат нови пријателства на островот, децата случајно ја запознаваат Ана, жената што ги родила и ги напуштила уште во најраното детство, со што ќе почне едно горко-слатко патешествие на созревање под летното сонце, а долгогодишната огорченост на Бабис избива на површина.
Програмата на ACID (Association for the Distribution of Independent Cinema – Асоцијација за дистрибуција на независен филм) на Канскиот филмски фестивал е креирана во 1993 година и прикажува 9 долгометражни филма, фикција и документарци. Овие филмови се избираат од стотиците пристигнати филмови од цел свет од страна на петнаесетина филмаџии, членови на асоцијацијата.
Снимањето на филмот се одвиваше во октомври 2022 година во Атина и на островот Порос, а постпродукцијата се работеше на релација Атина – Скопје.
Главните улоги во филмот ги играат Симеон Цакирис, Елса Лекаку, Константинос Георгопулос, Афродита Капокаки и Елена Топалиду.
Македонската екипа во овој филм ја сочинуваат Михаил Димитров, Игор Поповски и студиата за постподукција „Аудио хаус“ и „Слобода филм“.