Контакт

Култура

Рубенс Корубин изложува во КИЦ

Објавено пред

Од среда 3-ти ноември во Културно-информативниот центар скопје ќе биде поставена изложбата „Месечеви приказни“ на познатиот македонски сликар Рубенс Корубин

Од среда 3-ти ноември во Културно-информативниот центар скопје ќе биде поставена изложбата „Месечеви приказни“ на познатиот македонски сликар Рубенс Корубин Во изложбениот салон ма КИЦ ќе биде промовирана инигата  „Месечеви приказни“ со репродукции од ликовно творештво на Рубенс Корубин и два есеа од Иван Џепаровски и Кирил Пенушлиски. Корубин ќе се претстави со 30-ина слики и цртежи создадени последните десет години и неколку необјавени дела од подоцнежниот творечки опус.  Рубенс Корубин дипломирал и магистрирал на Факултетот за ликовни уметности во Белград, во класата на проф. Младен Србиновиќ.  Во 1977/79 студиски престојувал во Париз во L’Ecole des Beaux Arts кај познатиот проф. Јанкел. Моментално Корубин е ангажиран како редовен професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Самостојно излажувал во Скопје, Сомбор, Белград, Битола, Прилеп и Париз. Учествувал на повеќе групни ликовни изложби во земјата и странство, Париз, Њујорк, Сиднеј, Торонто, Лондон и др. Автор е на два монументални мозаика  „Пелинце 2004“ и „Cupidae legum iuventutu“ на Правниот факултет “Јустинијан Први“ во Скопје во 2006 г. Добитник е на пет национални награди, меѓу кои наградатa  Гран-при на Зимскиот салон на ДЛУМ во 2005 г.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

(Видео) Објавен првиот тизер за филмот „Денот на жената“ на Гоце Цветановски

Објавено пред

Објавени се првите снимки од долгометражниот игран филм „Денот на жената“ во режија и сценарио на Гоце Цветановски.

Станува збор за општествено-ангажиран филм кој се снимаше во октомври, минатата година, а фокусот на приказната е на трговијата со луѓе и присилната проституција.

Актерката Слаѓана Вујошевиќ ќе ја видиме во главната женска улога како истражувачка новинарка која се обидува да ја разбие мрежата и да ја разоткрие вистината.

Слаѓана Вујошевиќ во главната женска улога (Фото: Маја Арагикијева)

Главните машки улоги ги толкуваат Муса Исуфи и Исмаил Касуми, актери од Кумановскиот театар . Дел од актерскиот тим се и Катерина Коцевска, Елени Декидис, Егзона Салиху, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Мендим Муртези и Авни Далипи.

Директор на фотографијата е Фејми Даут, кој беше еден од кинематограферите на номинираниот филм за „Оскар“ – „Медена земја“.

„Денот на жената“ е прв долгометражен филм на режисерот Гоце Цветановски. Тој студирал филмско сценарио и режија во Париз, каде живеел од 1998 до 2015 година. Има режирано и продуцирано околу 20 кратки филмови, прикажани на над 100 филмски фестивали во светот, освојувајќи бројни награди.

Режисерот Гоце Цветановски на снимањето на филмот „Денот на жената“ (Фото: Маја Аргакијева)

Филмот е снимен со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Мицко Дамњановски нов уметнички раководител на НОБ

Објавено пред

За нов уметнички раководител на Националната опера и балет е назначен Мицко Дамњановски, кој доаѓа на местото на диригентката Бисера Чадловска, која беше уметнички раководител од септември 2017 до сега.

Мицко Дамњановски 2002 година дипломирал на факултетот за Музичка уметност, отсек туба, а магистрирал 2006 година на Кралскиот конзверваториум за музика во Брисел, Белгија, отсек туба. Пред вработувањето во оркестарот на Националната опера и балет во 2007 година, кратко време работел во Бриселската филхармонија.

Постојан член е на меѓународниот оркестар за снимање филмска музика FAMES, соработник на сите помали и поголеми оркестри формирани за посебни намени (Биг бенд, Дувачки оркестар, Градски оркестар и други, како и гостин тубист во Нишкиот симфониски оркестар, Национална опера-Тирана, Црногорски симфониски оркестар. Основач е на БРАССТЕТ СКОПЈЕ во 2019 година со настапи на Охридско лето и други фестивали низ републиката.

Прикажи повеќе...

Култура

„Врба“ на Манчевски ќе игра во кината во САД

Објавено пред

Македонскиот кандидат за Оскар за 2021 „Врба“ на Милчо Манчевски ќе игра во кината, на ТВ и на стриминг-платформите низ САД, во дистрибуција на „Кино Лорбер“, еден од најреномираните дистрибутери на уметнички филмови во САД.

„Врба“ пред американската публика ќе се прикажува во текот на 2021 и ќе продолжи во 2022 и 2023.

Сопственикот на Кино Лорбер, Ричард Лорбер, го нарече „Врба“ „моќно и најоригинално дело на маестро Манчевски, достојно за награди – трогателен, брилијантно одглумен и визуелно фрапантен поглед врз мајчинството.

„Не можеме да дочекаме да го споделиме ова длабоко дело со американската публика“, рече тој.

„Кино Лорбер“ постои од 1977 година, а во големата библиотека од над 4.000 нивни филмови се цела низа стари и нови добитници на Оскар и номинирани филмови и филмови на големи автори, како „Жртва“ на Тарковски, „Странецот“ на Орсон Велс, „Книга слика“ на Жан-Лик Годар, „Враќање дома“ на Хол Ешби, „Софи Шол“, „Збогум на оружјето“, „Ѕвездата е родена“, „Песјак“ на Лантимос, „Томасо“ на Абел Ферара со Вилем Дафо, „Суд“ на Тамхане, „Причината зошто скокам“, „Капитал во 21 век“ – документарец со Пикети, Фукујама и Стиглиц, документарни филмови за Јозеф Бојс, Роберт Френк, Кјубрик, Гери Виногранд, Џозеф Камбел, Грејс Џонс, итн. Во последните девет години имаат добиено дури седум номинации за Оскар.

 

Во текот на 2021 се предвидени кинопремиери на „Врба“ и во Србија, Белгија, Хрватска, Бугарија, Словенија, Албанија, Црна Гора и Велика Британија.

За една година од светската премиера на Римскиот филмски фестивал, „Врба“ се прикажа на над 20 фестивали на четири континенти.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион26 минути

Рама не отстапува од она што го кажа за вакцините, и покрај тоа што Франција го нарече анти-ЕУ

Не нападнав пријател, туку говорев за конкретната ситуација со вакцините и не остапувам ниту запирка од она што го кажав....

Свет3 часа

Бродот што потона во Турција не бил руски туку украински, загинаа најмалку 4 лица

Шест лица се спасени, а четири загинаа кога украински товарен брод со 12 член екипаж потона денес крај брегот на...

Македонија4 часа

Нови 190 случаи на коронавирус, оздравени се 2.009 пациенти, а починаа 6 лицa

Во последните 24 часа се направени 1.530 тестирања, а регистрирани се 190 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-71, Куманово-19, Тетово-6,...

Македонија4 часа

Мицкоски со Орбан и Јанша ќе разговара за бугарското вето

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и потпретседателот Александар Николоски, во наредните неколку дена ќе остварат дипломатски посети и средби со...

Економија5 часа

Одобрени 5,9 милиони евра за 506 компании преку Ковид 3 бескаматнaта линија

Одобрена е првата група барања од Ковид 3 бескаматната линија наменета за микро и мали трговски друштва, односно за трговци-поединци...

Македонија7 часа

Полицијата растури две домашни забави во Скопје, приведени се 13 лица

Приведени се 13 лица на две домашни забави во Скопје, бидејќи не ги почитувале мерките за заштита од Ковид-19. Од...

Свет8 часа

Трите одлуки на Бајден по преземањето на власта

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден планира да преземе чекори за поништување на некои од контроверзните одлуки на администрацијата во...

Спорт9 часа

Тенисерите бесни на Австралија опен, 47 од нив завршија во изолација

Повеќе тенисери и тенисерки се пожалија дека организаторите на Австралија опен ги смениле најавените правила за карантин поради Ковид-19, по...

Регион10 часа

Грција почна со масовна вакцинација на населението, на Крит вакциниран стогодишник

Вакцинацијата на населението во Грција започна вчера,со приоритет во првата фаза за лица постари од 85 години. По вакцинацијата на...

Македонија10 часа

ВМРО и СДСМ продолжуваат со обвинувања поврзани со пописот на населението

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и утрово продолжија со меѓусебни обвинувања и несогласувања за претстојниот попис на населението. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение...

Македонија22 часа

Автобус на ЈСП се судри со две возила кај Шумарскиот факултет

Нема повредени патници во автобусот на ЈСП, по сударот со два автомобили кај Шумарскиот факултет. Оттаму информираат дека е причинета...

Спорт22 часа

Одбојкарите обезбедија пласман на Европското првенство

Одбојкарската репрезентација на Македонија обезбеди пласман на Европското првенство. Вечерва, во Скопје, Македонија ја совлада Турција со 3:1 (25:19, 21:25,...

Македонија23 часа

Димовски на местото на Ѕинго на чело на Социјалистичката партија

Пратеникот Љупчо Димовски е избран за нов претседател на Социјалистичката партија, на денешниот конгрес, кој се одржа во Кратово. Тој...

Македонија1 ден

Нови 361 случаи на коронавирус, оздравени се 2.116 пациенти, а починаа 14 лица

Во последните 24 часа се направени 2176 тестирања, а регистрирани се 361 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-164, Куманово-17, Тетово-12,...

Македонија1 ден

(Видео) Во Охрид затворен угостителски објект, затекнати Русинки и Украинки кои работеле на црно

Сопственик на угостителски објект во Охрид заработи кривични пријави бидејќи синоќа работел по 18 часот и покрај тоа што претходно му...

Топ1 ден

Беровец исценирал дека е киднапиран за да изнуди 10.000 евра од својот татко

Приведено е лице од Беровско, кое самоволно фингирало изнуда за да земе 10.000 евра од својот татко. Од полицијата информираат...

Европа1 ден

Меркел доби наследник на чело на ЦДУ

Германските демохристијани го избраа наследникот на германската канцеларка Ангела Меркел. Армин Лашет беше избран за нов претседател на Христијанско-демократската унија...

Регион1 ден

(Видео) Во Србија пристигнаа милион дози од кинеската вакцина, Вучиќ ќе се вакцинира со неа

„Ние сме првата земја во Европа што ја доби кинеската вакцина. Јас најверојатно ќе бидам претставникот на власта што прв...

Свет1 ден

СЗО е против ковид пасоши: „Светот е збунет и парализиран“

Светската здравствена организација (СЗО) ги советуваше државите да не ги условуваат меѓународните патувања со докази за вакцинација или имунитет. Ова...

Свет1 ден

Бајден најави вакцинирање на 100 милиони Американци за 100 дена

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, претстави план во кој ја објасни намерата за вакцинирање на 100...

Досие