Контакт

Култура

Форум Личност 2010

Објавено пред

Гласајте за Форум личност 2010

На www.forum.com.mk Кликнете на предложи/гласаји следете ги упатствата Изборот за Форум личност 2010 започна во февруари, со предлог на личности од страна на читателите на www.forum.com.mk, редакцијата на неделникот Форум, како и деветчленото жири.Со цел да го отргнеме вниманието на јавноста од секојдневната монотонија и прекумерната политизација, неделникот Форум и интернет порталотwww.forum.com.mk, преку целосна посветеност на што подобра интерактивна комуникација со нашите читатели го продолжува проектот за избор Форум Личност 2010.Изборот ќе се врши во шест категории: Бизнис, Спорт, Шоу Бизнис, Медиуми, Живот и Странец во Македонија.Во категоријата Бизнис се номинираат истакнати и успешни личности од областа на бизнисот и економијата. Така, на пример, за Форум личност на 2009 година беше избран токму бизнисмен, Живко Мукаетов, генерален директор на Алкалоид.За личност во категоријата Спорт, очекуваме предлози на македонски спортисти, кои во текот на годината ќе бидат успешни во својот спорт, и преку својата игра ќе придонесат за промовирање на Македонија во светот. Годинава тоа беше ракометарот Кире Лазаров.Шоу Бизнис е категорија во која очекуваме да се појават предлози за личности од медиумите како водители, пејачи, глумци. Марко Маринковиќ – Слаткар, беше на врвот на таа категорија за 2009 година.Категоријата Медиуми треба да биде исполнета со успешни новинари кои придонесуваат во развојот на општествено-политичкиот живот на Македонија особено на патот на евроатланските интеграции. Годинава таа категорија беше поширока, па водителот Илија Николовски беше победник.Во категоријата Живот треба да се предлагаат личности кои можеби не се толку јавно експонирани, но со нивниот ентузијазам, храбрости или одважност, помогнале некому.Дејан Зафиров, овогодинешниот победник е пример за млад човек, кој иако со тежок хендикеп, не се предава и успева да помине половина свет на велосипед.За тоа колку луѓето од другите земји кои работат и извесен период живеат во Македонија приднесуваат за нејзиното промовирање, зборува шестата категорија, Странец во Македонија. Зошто Ерван Фуере беше годинешен победник, не треба многу да се зборува.Форум Личност 2010 избираат читателите и постителите на сајтот заедно со жири комисија во сооднос на гласовите 51% – 49%.Читателите и посетителите, преку СМС и имејл можат да предложат кандидат за Форум Личност 2010, а најмалку пет гласови се потребни за еден кандидат да се најде на листата по која се гласа.Табелата и резултатите ќе може секојдневно да се проверат на www.forum.com.mk.Гласајте за Форум личност 2010На www.forum.com.mk Кликнете на предложи/гласај И следете ги упатствата Преку СМС 145125 (5 ден.+ДДВ)Важи за сите мобилни операториПредлог: категорија и име и презимена предложениот кандидатГласање: име и презиме Е-пошта: [email protected] Предлог: категорија и име и презимена предложениот кандидатГласање: име и презиме



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Актуелно

Новиот албум на Влатко Стефановски номиниран за европската награда „Импала“

Објавено пред

Единаесеттото издание на наградата „Импала“ за најдобар албум носи 25 номинирани албуми од сите делови на Европа докажувајќи уште еднаш разновидност на европската независна музичка сцена.

Меѓу номинираните, кои беа избрани оваа година од членовите на РУНДА – Регионално здружение на независните дискографи, е и албумот на Влатко Стефановски – Taftalidze Shuffle, објавен за најголемата регионална дискографска куќа Croatia Records.

25-те номинирани албуми носат разновидни музички стилови, од фински поп до француска електроника, преку балканска ска-музика, дански блуз, до еклектичен музички израз на номинираните британски изведувачи.

Извршниот директор на „Импалина“, Хелен Смит, со објавувањето на списокот со номинирани вели: „Оваа година списокот вклучува 25 врвни албуми! Ова е одличен начин да се посочат одлични музичари што доаѓаат од разни делови на Европа. 2020 година беше тешка година, но оваа листа на номинирани е ветер во грбот за добар почеток на 2021 година!“

Taftalidze Shuffle е ново студиско издание на македонскиот виртуоз, а деветте песни снимени во неговото студио „Езотерија“ сигурно ќе ги израдуваат сите љубители на добрата музика. Влатко, како и многумина досега, го посвети овој албум на своето Скопје и своето маало Тафталиџе, кое има посебно место во неговото срце.

Песните се крајно интимни и лични, а сепак толку блиски до сите, токму поради сензибилитетот што го носи неговата музика. Авторството на музиката, текстовите и аранжманите, како и продукцијата на сите девет песни, ги потпишува самиот Влатко.

Прикажи повеќе...

Култура

Виртуелен Роденден на уметноста на МКЦ в петок

Објавено пред

Роденденот на уметноста е настан со кој МКЦ веќе неколку години ја почнува годината.

Ова издание на Роденденот ќе биде одбележан со избор од онлајн-настани организирани од и во МКЦ во текот на 2020 година.

Виртуелниот настан ќе се одржи на 22 јануари (петок), со почеток од 18 часот, на социјалните мрежи на МКЦ.

Програма и редослед:

Креативна работилница за деца со Биби и Доротеј преку „Зум“

[Flipbook film presents] Змијулче, рeжија: Кристина Стојановски, Крсте Господиновски, Жарко Иванов

Pluto’s doubts [Култура во време на корона]

[MAKEDOX presents] Сите ќе умреме, рeжија: Сашко Потер Мицевски

Црнила Remix [Cross Шtream]

[CINEDAYS presents] Скопје 2020, рeжија: Радован Петровиќ

Фолтин [European music day]

[Flipbook film presents] Карантин, рeжија: Иван Андреевски

ИСКРА [концертна промоција]

[CINEDAYS presents] Неонски срца, рeжија: Ана Јакимска

Светлост + Odron ritual orchestra [Cross Шtream]

[Flipbook film presents] Девојката што паѓа, рeжија: Владимир Лукаш

Импров група Настап [Култура во време на корона]

Прикажи повеќе...

Актуелно

Театар „Комедија“ објави конкурс за избор на комедија од македонски автор

Објавено пред

Театар „Комедија“ – Скопје објави конкурс за избор на комедија од македонски автор со цел да се стимулира жанрот комедија и да се промовираат домашните автори.

Конкурсот е отворен до 30 мај 2021 за сите комедиографи – државјани на Република Северна Македонија. Секој автор има право да конкурира со една комедија, напишана на македонски јазик, која претходно не била изведувана или објавувана.

Од пристигнатите комедии комисијата ќе избере еден драмски текст, кој ќе има своја премиера на сцената на Театар „Комедија“ во текот на 2022 година.

Пријавените текстови треба да се достават во затворен плик, во три примерока, со назнака: Конкурс – комедија и шифра. Во пликот, освен текстот, треба да се приложи посебен затворен плик означен со истата шифра, во кој ќе бидат содржани податоците за авторот (име и презиме, адреса, контакт-телефон, е-пошта и кратка биографија на авторот).

Текстовите да се испраќаат по пошта на следнава адреса: Театар „Комедија“ – Скопје, бул. Климент Охридски бб, Скопје, најдоцна до 16 часот на последниот ден од рокот за пријавување.

Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени 30 дена по неговото завршување.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет37 минути

Во пукање во Индијанаполис петмина мртви, меѓу кои и бремена жена

Пет лица, вклучително и 19-годишна бремена жена, се убиени во пукање во северниот дел на Индијанаполис. Еден малолетник е тешко...

Топ41 минута

Притвор за тренер по џудо од Прилеп кој сексуално злоупотребувал малолетни ученички

Прилепското основно јавно обвинителство поведе постапка против маж на возраст од 46 години, за кој постои сомнение дека сторил продолжено...

Регион1 час

Брисел денеска расправа за дистрибуција на вакцините за Западен Балкан

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ на денешниот состанок ќе разговараат за ажурирањето на стратегијата за дистрибуција...

Европа1 час

Од денес заострени мерки во Австрија, задолжителна маската ФФП2

Откако дневниот број на новоинфицирани во Австрија остана на постојано високо ниво, но и поради појавата на британскиот вид коронавирус,...

Свет2 часа

Бајден ја укина одлуката на Трамп и си донесе своја – нема влез во САД

Претседателот на САД, Џо Бајден, повторно воведе рестрикции за влез во САД за повеќето луѓе кои не се Американци, а...

Свет2 часа

Документарен филм од 2017 година фрла ново светло на приказната за потеклото на коронавирусот

Институтот за вирусологија во Вухан, познат по своите истражувања на вирусите кај лилјаците, веќе долго време се наведува како можен...

Спорт16 часа

Нова трагедија во Бразил – претседателот и четворица фудбалери на Палмас загинаа во авионска несреќа

Нешто повеќе од четири години од авионската несреќа и фудбалската трагедија на Шапекоенсе, од Бразил повторно доаѓаат вознемирувачки вести. „Си-Ен-Ен...

Спорт18 часа

Пораз од Белорусија за крај на катастрофалното СП за Македонија

Лошите десетина минути во второто полувреме беа доволни Македонија да ја забележи својот петти пораз во шест меча на Светското...

Македонија20 часа

Нови 183 случаи на Ковид-19 во Македонија, починале шестмина

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1466 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на...

Регион20 часа

Детето од Хрватска кое почина од Ковид-19 развило многу редок синдром сличен на Кавасаки

Регионот го потресе веста дека 11-годишно момче починало во текот на ноќта на Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михаљевиќ“...

Регион21 час

Гужви за вакцина во Србија – досега вакцинирани 200.000 луѓе

Во Србија од 24 декември масовно се вакцинира населението. Досега се вакцинирани речиси 200.000 луѓе, пренесуваат српските медиуми. Српскиот претседател...

Топ21 час

(Видео) Пронајдено оружје во Блаце кое потекнува од 2001 година

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Скопје пронашле оружје...

Регион22 часа

Во Загреб почина 11-годишно дете од коронавирус

11-годишно момче почина во текот на ноќта на Клиниката за инфективни болести Д-р Фран Михаљевиќ во Загреб како резултат на...

Регион23 часа

Вучиќ: Британскиот вид на коронавирус стигна во Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово во телевизија Прва изјави дека британскиот вид коронавирус пристигнал во Србија и дека го донела...

Свет24 часа

(Видео) Извлечени 11 рудари по 14 дена поминати под земја

Спасувачите во Кина успеаја да извлечат 11 рудари живи на површината. Тие две недели беа заробени 600 метри под земјата...

Регион1 ден

Куче го чекало сопственикот цела недела пред болница

Верно куче речиси една недела чекало пред болница во Турција, додека не излегол неговиот сопственик, каде се лекувал. Женката по...

Свет1 ден

Британски експерт: Вакцинираните луѓе пак можат да го шират вирусот

Луѓето кои примиле вакцина против Ковид-19 сепак може да го пренесат вирусот на други и треба да продолжат да ги...

Регион1 ден

Турција потпиша договор со Русија за производство на вакцината Спутник V

Рускиот фонд задолжен за производство на вакцината Спутник V (РДИФ) објави дека компанијата потпишала договор за производство на руската вакцина...

Свет1 ден

(Видео) Истрага за насилните протести во Русија, поддршка од Германија

Истражителите отворија кривична постапка по извршени незаконски активности на недозволениот собир во центарот на Москва. Покренати се постапки и поради...

Регион2 дена

Вучиќ: За 72 часа Србија ќе биде втора во Европа и петта во светот според стапката на вакцинација

Србија во моментов е четврта во Европа според стапката на вакцинација, верувам дека во следните 72 часа ќе бидеме втори...

Досие