Контакт

Култура

Рекордна гледаност на „Мајки“ во македонските кина

Објавено пред

„Мајки“ на Милчо Манчевски е филм на годината во киното Милениум. За две седмици филмот постигна повеќе гледачи од сите филмови заедно кои се прикажуваа во оваа кино сала во првите шест месеци од годинава (филмови со Том Круз, Силвестер Сталоне итн.)

„Мајки“ се уште се прикажува во Скопје, а се прикажуваше и во Битола и во Охрид.  На инсистирање на авторот Манчевски, деновиве почнаа прикажувања во Штип, Кичево и Прилеп.  Подоцна филмот е најавен и за Вевчани и Струмица, а потоа за Крива Паланка, Свети Николе и Струга. Досега го виделе околу 20 илјади гледачи.Меѓутоа, киноприкажувањето на „Мајки“ низ земјата всушност го открива повторно проблемот на кино-мрежата во Македонија. Имено, голем број од кината во Македонија се затворени, на пример во Куманово, Прилеп, Струмица, Велес, итн., или опремата веќе не функционира.  Во Скопје сега постојат само две кина, додека порано работеа 16. „Откривме дека кино проекторите во поголем дел кина во земјата се толку многу застарени што не може да поддржат копии од понови филмови, затоа што не може да прикажуваат „цијан“ копии кои се стандард во индустријата последниве 40-тина години. Ова е голем проблем со кој ќе се соочуваат сите автори кои понатаму ќе сакаат да си ги прикажуваат филмовите во кината низ Македонија“, вели директорката на дистрибутерот „Манакифилм“ Тања Пепељугоска Ќурчинска. „Убаво е да се сними филм, ама без да има каде да го прикажеш, тоа ти е како да правиш супа во дупнато тенџере“, рече режисерот на „Мајки“, Милчо Манчевски. Според последните податоци од кино-билетарниците“, „Мајки“ веќе ги надмина според посетеноста  повеќето блокбастери и оскаровци заедно.  Така, филмовите на Том Круз, Сталоне, Полански, Џим Шеридан или „Приказна за играчките“, како и оскаровецот „Шкафче на болката“ сите заедно во кино „Милениум“ годинава имале помалку гледачи од „Мајки“.Инаку, „Мајки“ е македонски кандидат за Оскар.  Светската премеира ја имаше на фестивалот во Торонто, беше прикажан на фестивалот во Сао Пауло, а најголемото претставување ќе биде на претстојниот фестивал во Берлин.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Актуелно

Мицко Дамњановски нов уметнички раководител на НОБ

Објавено пред

За нов уметнички раководител на Националната опера и балет е назначен Мицко Дамњановски, кој доаѓа на местото на диригентката Бисера Чадловска, која беше уметнички раководител од септември 2017 до сега.

Мицко Дамњановски 2002 година дипломирал на факултетот за Музичка уметност, отсек туба, а магистрирал 2006 година на Кралскиот конзверваториум за музика во Брисел, Белгија, отсек туба. Пред вработувањето во оркестарот на Националната опера и балет во 2007 година, кратко време работел во Бриселската филхармонија.

Постојан член е на меѓународниот оркестар за снимање филмска музика FAMES, соработник на сите помали и поголеми оркестри формирани за посебни намени (Биг бенд, Дувачки оркестар, Градски оркестар и други, како и гостин тубист во Нишкиот симфониски оркестар, Национална опера-Тирана, Црногорски симфониски оркестар. Основач е на БРАССТЕТ СКОПЈЕ во 2019 година со настапи на Охридско лето и други фестивали низ републиката.

Прикажи повеќе...

Култура

„Врба“ на Манчевски ќе игра во кината во САД

Објавено пред

Македонскиот кандидат за Оскар за 2021 „Врба“ на Милчо Манчевски ќе игра во кината, на ТВ и на стриминг-платформите низ САД, во дистрибуција на „Кино Лорбер“, еден од најреномираните дистрибутери на уметнички филмови во САД.

„Врба“ пред американската публика ќе се прикажува во текот на 2021 и ќе продолжи во 2022 и 2023.

Сопственикот на Кино Лорбер, Ричард Лорбер, го нарече „Врба“ „моќно и најоригинално дело на маестро Манчевски, достојно за награди – трогателен, брилијантно одглумен и визуелно фрапантен поглед врз мајчинството.

„Не можеме да дочекаме да го споделиме ова длабоко дело со американската публика“, рече тој.

„Кино Лорбер“ постои од 1977 година, а во големата библиотека од над 4.000 нивни филмови се цела низа стари и нови добитници на Оскар и номинирани филмови и филмови на големи автори, како „Жртва“ на Тарковски, „Странецот“ на Орсон Велс, „Книга слика“ на Жан-Лик Годар, „Враќање дома“ на Хол Ешби, „Софи Шол“, „Збогум на оружјето“, „Ѕвездата е родена“, „Песјак“ на Лантимос, „Томасо“ на Абел Ферара со Вилем Дафо, „Суд“ на Тамхане, „Причината зошто скокам“, „Капитал во 21 век“ – документарец со Пикети, Фукујама и Стиглиц, документарни филмови за Јозеф Бојс, Роберт Френк, Кјубрик, Гери Виногранд, Џозеф Камбел, Грејс Џонс, итн. Во последните девет години имаат добиено дури седум номинации за Оскар.

 

Во текот на 2021 се предвидени кинопремиери на „Врба“ и во Србија, Белгија, Хрватска, Бугарија, Словенија, Албанија, Црна Гора и Велика Британија.

За една година од светската премиера на Римскиот филмски фестивал, „Врба“ се прикажа на над 20 фестивали на четири континенти.

Прикажи повеќе...

Култура

Сара Климоска – актерско откритие во Европа за 2021 година

Објавено пред

European Film Promotion оваа година ја избра македонската актерка Сара Климоска како една од десетте европски актерски откритија – European Shooting Stars 2021.

Оваа манифестација се одржува во рамките на Меѓународниот филмски фестивал во Берлин и важи за една од најпрепознатливите обележја на Берлинале, каде актерите кои се избрани имаат неверојатно искуство и можност за воспоставување на контакти со европски кастинг агенции, филмски професионалци и етаблирани актери од Европа.

Оваа година 24. издание на European Shooting Stars, ќе се одржи дигитално во период од 23 до 25 февруари, една недела пред 71. издание на Берлинале, додека официјалната церемонија за доделување на наградите за European Shooting Stars ќе се случи во Берлин во јуни 2021, кога ќе се одржува и дел од програмата со проекции на филмовите на фестивалот.

Во оваа престижна селекција, Сара Климоска е избрана заедно со уште девет актерки имиња од Финска, Франција, Германија, Унгарија, Литванија, Ирска, Холандија, Португалија и Шведска, а поради нејзината улога во дебитантскиот филм на Игор Алексов – „Лена и Владимир”, во продукција на „Минд продукција“.

Во филмот „Лена и Владимир“, Сара ја глуми 16-годишната Лена, која никогаш се нема вљубено претходно, покрај средовечниот Владимир (Тони Науновски), кој, пак, има загубено сè што љубел претходно. Заедно доживуваат пролет во еден ладен јануари и се вљубуваат во животот. Сценариото е на Александар Русјаков. Филмот е поддржан од Агенцијата за филм, којшто е завршен минатата година, но сè уште не е прикажан.

Во меѓународната организација European Film Promotion, каде Агенцијата за филм е членка, досега во оваа програма учествувале многу познати актери од Европа како: Matilda de Angelis (The Undoing), Carey Mulligan (Promising Young Woman, The Great Gatsby), Alba Rohrwacher (Happy as Lazzaro), добитничката на Оскар – Alicia Vikander (Tomb Raider), Maisie Williams (Game of Thrones), Riz Ahmed (Rogue One: A Star Wars Story, Mogul Mowgli- Berlinale 2020), George MacKay (1917), како и Louis Hofmann (Netflix’s Dark), а од С. Македонија досега од оваа програма биле дел Благој Веселинов во 2019 , Наташа Петровиќ во 2011 и Лабина Митевска 1998 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Заев најави 50 отсто поевтина регистрација за возилата со странски таблички

Возилата со странски регистарски таблички ќе може да се регистрираат со 50 проценти намалени давачки од утврдената вредност на сите...

Европа5 часа

Во Австрија задолжителен негативен тест за влез во театар и за хотелско сместување

Австрискиот парламент денеска одобри владата да воведе задолжителен негативен тест за одење во театар и за хотелско смесутвање и покрај...

Македонија6 часа

15 починати и 396 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.192 тестирања, а регистрирани се 396 нови случаи на...

Македонија7 часа

Во текот на ноќта се очекуваат снежни врнежи речиси во целата земја

Локалните врнежи од снег во вечерните и ноќните часови ќе се прошират насекаде, а позастапени и пообилни ќе бидат во...

Домашен9 часа

Игор Ангеловски ќе ја предводи фудбалската репрезентација на Европското првенство

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, ќе ја предводи нашата селекција на Европското првенство, кое ќе се одигра во...

Македонија9 часа

Лекари од Македонија дел од мировната мисија „Одлучна поддршка“ во Авганистан

Претседателот Стево Пендаровски денеска имаше средба со шестчлениот медицински тим од јавното и военото здравство којшто ќе биде упатен во...

Свет11 час

Трамп: САД се сведок на невиден напад врз слободата на говорот

САД се сведок на невиден напад врз слободата на говорот, рече американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп, во видео-обраќањето. „Сакам...

Свет11 час

Германска студија: Ризикот од ширење на коронавирусот во концертни сали е незначителен

Ново истражување во Германија за движење на честички во воздухот во затворен простор покажа дека постои незначителен ризик од инфекција...

Европа12 часа

Шефот на институтот „Роберт Кох“: Пандемијата ќе ја ставиме под контрола до крајот на годината

Германија ќе воспостави контрола над пандемијата на коронавирус до крајот на годината, но нов, позаразен вид на ковид може да...

Македонија12 часа

Од 21 јануари угостителските објекти ќе работат до 21 часот

Од следниот четврток, 21 јануари, угостителските објекти повторно ќе работат до 21 часот, а Комисијата за заразни болести размислува да...

Свет13 часа

СЗО: 13 експерти пристигнаа во Вухан, двајца задржани поради сомнение дека имаат вирус

Светската здравствена организација соопшти дека двајца експерти од нејзината мисија за утврдување на потеклото на новиот коронавирус во Кина сè...

Топ14 часа

Дете загина откако во него удрил автомобил во Тетово

Дете загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера доцна попладнето на ул. Видое Смилевски-Бато во Тетово. До несреќата дошло...

Свет15 часа

(Видео) Протести во Брисел – запалена полициска станица, нападнато возилото на кралот

Во Брисел за време на протестите поради смртта на младо момче од африканско потекло, кој починал во притвор, избија немири...

Свет15 часа

СЗО свика итен состанок

Комитетот за вонредни ситуации на Светската здравствена организација се состанува денескa, две недели пред редовниот состанок, за да разговара за...

Свет16 часа

Тим за вакцинација донел коронавирус во старски дом во Германија

Најмалку 51 од вкупно 58 лица се заразиле со коронавирус во дом за стари лица во Лихтфелс, Германија. Според управителот...

Свет16 часа

Директорот на „Модерна“: Светот ќе мора да живее со Ковид-19 засекогаш

Извршниот директор на компанијата „Модерна“, Стефан Бансел, изјави дека коронавирусот ќе биде присутен засекогаш. Многу водечки здравствени експерти сметаат дека...

Свет16 часа

На секој час по 50 луѓе завршуваат во болница поради невремето во Шпанија

На секој час 50 лица завршуваат во болница во Мадрид поради скршеница или нагмечување, регистрирала градската здравствена служба. Мадрид е...

Свет17 часа

Експертите на СЗО влегоа во Вухан

Тим експерти од Светската здравствена организација денеска влегоа во Вухан, од каде започна да се шири коронавирусот. Целта на нивната...

Свет1 ден

Трамп се огласи: Не стојам зад нападот врз Конгресот

Американскиот претседател, Доналд Трамп, во своето последно обраќање до нацијата преку „Фокс њуз“ рече дека тој не стои зад нападот...

Регион1 ден

Во Петриња почна вакцинација против коронавирусот

Епидемиолозите во Хрватска почнаа со вакцинација на граѓаните во областа Петриња со вакцината на „Модерна“. Со оглед на тоа што...

Досие