Контакт

Култура

Велимир Жерновски со изложба во Париз

Објавено пред

Македонскиот уметник Велимир Жерновски утре вечер во галеријата Арт’ест во Париз ќе го има своето прво претставување пред француската публика.

Парижаните ќе имаат можност да ги погледнат неговите последни творби – видеа, под наслов “In the third picture“ ( “На третата слика”) работени во 2010г.

Во наредните 10тина дена, француската публика освен со делата на Жерновски, ќе може да ги погледне и оние од изложбата на Марјан Денков, со кој се заокружува ноември, месец на презентација на македонски современи автори во Париз.

Изложбата на Жерновски е дел од проектот “Прогрес.с.к”, под покровителство на Министерството за култура на Р.Македонија во соработка со Галерија Арт’ест.

Велимир Жерновски е роден во 1981 година и живее и работи во Скопје. Преку цртежи, видеа, инсталации на предмети во јавен простор, пишување и објавување на уметнички книги ги истражува темите од областа на идентитетот, урбаноста, популарната култура, сексуалноста и родовиот идентитет и промовира уметност која ги крши стереотипите и предрасудите. Претседател е, и еден од основачите на ФРИК- Формацијата за развој на иницијативи во култура кои го организираат ФРИК фестивалот во Скопје./крај/ко



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Актуелно

Мицко Дамњановски нов уметнички раководител на НОБ

Објавено пред

За нов уметнички раководител на Националната опера и балет е назначен Мицко Дамњановски, кој доаѓа на местото на диригентката Бисера Чадловска, која беше уметнички раководител од септември 2017 до сега.

Мицко Дамњановски 2002 година дипломирал на факултетот за Музичка уметност, отсек туба, а магистрирал 2006 година на Кралскиот конзверваториум за музика во Брисел, Белгија, отсек туба. Пред вработувањето во оркестарот на Националната опера и балет во 2007 година, кратко време работел во Бриселската филхармонија.

Постојан член е на меѓународниот оркестар за снимање филмска музика FAMES, соработник на сите помали и поголеми оркестри формирани за посебни намени (Биг бенд, Дувачки оркестар, Градски оркестар и други, како и гостин тубист во Нишкиот симфониски оркестар, Национална опера-Тирана, Црногорски симфониски оркестар. Основач е на БРАССТЕТ СКОПЈЕ во 2019 година со настапи на Охридско лето и други фестивали низ републиката.

Прикажи повеќе...

Култура

„Врба“ на Манчевски ќе игра во кината во САД

Објавено пред

Македонскиот кандидат за Оскар за 2021 „Врба“ на Милчо Манчевски ќе игра во кината, на ТВ и на стриминг-платформите низ САД, во дистрибуција на „Кино Лорбер“, еден од најреномираните дистрибутери на уметнички филмови во САД.

„Врба“ пред американската публика ќе се прикажува во текот на 2021 и ќе продолжи во 2022 и 2023.

Сопственикот на Кино Лорбер, Ричард Лорбер, го нарече „Врба“ „моќно и најоригинално дело на маестро Манчевски, достојно за награди – трогателен, брилијантно одглумен и визуелно фрапантен поглед врз мајчинството.

„Не можеме да дочекаме да го споделиме ова длабоко дело со американската публика“, рече тој.

„Кино Лорбер“ постои од 1977 година, а во големата библиотека од над 4.000 нивни филмови се цела низа стари и нови добитници на Оскар и номинирани филмови и филмови на големи автори, како „Жртва“ на Тарковски, „Странецот“ на Орсон Велс, „Книга слика“ на Жан-Лик Годар, „Враќање дома“ на Хол Ешби, „Софи Шол“, „Збогум на оружјето“, „Ѕвездата е родена“, „Песјак“ на Лантимос, „Томасо“ на Абел Ферара со Вилем Дафо, „Суд“ на Тамхане, „Причината зошто скокам“, „Капитал во 21 век“ – документарец со Пикети, Фукујама и Стиглиц, документарни филмови за Јозеф Бојс, Роберт Френк, Кјубрик, Гери Виногранд, Џозеф Камбел, Грејс Џонс, итн. Во последните девет години имаат добиено дури седум номинации за Оскар.

 

Во текот на 2021 се предвидени кинопремиери на „Врба“ и во Србија, Белгија, Хрватска, Бугарија, Словенија, Албанија, Црна Гора и Велика Британија.

За една година од светската премиера на Римскиот филмски фестивал, „Врба“ се прикажа на над 20 фестивали на четири континенти.

Прикажи повеќе...

Култура

Сара Климоска – актерско откритие во Европа за 2021 година

Објавено пред

European Film Promotion оваа година ја избра македонската актерка Сара Климоска како една од десетте европски актерски откритија – European Shooting Stars 2021.

Оваа манифестација се одржува во рамките на Меѓународниот филмски фестивал во Берлин и важи за една од најпрепознатливите обележја на Берлинале, каде актерите кои се избрани имаат неверојатно искуство и можност за воспоставување на контакти со европски кастинг агенции, филмски професионалци и етаблирани актери од Европа.

Оваа година 24. издание на European Shooting Stars, ќе се одржи дигитално во период од 23 до 25 февруари, една недела пред 71. издание на Берлинале, додека официјалната церемонија за доделување на наградите за European Shooting Stars ќе се случи во Берлин во јуни 2021, кога ќе се одржува и дел од програмата со проекции на филмовите на фестивалот.

Во оваа престижна селекција, Сара Климоска е избрана заедно со уште девет актерки имиња од Финска, Франција, Германија, Унгарија, Литванија, Ирска, Холандија, Португалија и Шведска, а поради нејзината улога во дебитантскиот филм на Игор Алексов – „Лена и Владимир”, во продукција на „Минд продукција“.

Во филмот „Лена и Владимир“, Сара ја глуми 16-годишната Лена, која никогаш се нема вљубено претходно, покрај средовечниот Владимир (Тони Науновски), кој, пак, има загубено сè што љубел претходно. Заедно доживуваат пролет во еден ладен јануари и се вљубуваат во животот. Сценариото е на Александар Русјаков. Филмот е поддржан од Агенцијата за филм, којшто е завршен минатата година, но сè уште не е прикажан.

Во меѓународната организација European Film Promotion, каде Агенцијата за филм е членка, досега во оваа програма учествувале многу познати актери од Европа како: Matilda de Angelis (The Undoing), Carey Mulligan (Promising Young Woman, The Great Gatsby), Alba Rohrwacher (Happy as Lazzaro), добитничката на Оскар – Alicia Vikander (Tomb Raider), Maisie Williams (Game of Thrones), Riz Ahmed (Rogue One: A Star Wars Story, Mogul Mowgli- Berlinale 2020), George MacKay (1917), како и Louis Hofmann (Netflix’s Dark), а од С. Македонија досега од оваа програма биле дел Благој Веселинов во 2019 , Наташа Петровиќ во 2011 и Лабина Митевска 1998 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа12 минути

Унгарија отстапува од регулативите на Брисел, Орбан бара одобрување на кинеската вакцина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изрази надеж дека во рок од неколку дена, националниот регулатор на лекови јасно ќе одговори...

Македонија17 минути

Новите членови на ДИК дадоа свечена изјава во Собранието

Новите членови на Државната изборна комисија дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери. Нови членови на највисокото изборно...

Македонија29 минути

Пендаровски: Палењето на знамето на Бугарија е за осуда

Палењето на знамето на Република Бугарија за време на карневалот во Вевчани е недопустливо и за осуда. Меѓу соседите е...

Свет1 час

Поради недостиг од кислород починале сите пациенти во болничко крило во Бразил

Гувернерот на најголемата бразилска сојузна држава Амазон, Вилсон Лима, прогласи полициски час поради извештаите за голем пораст на бројот на...

Свет2 часа

СЗО: 95 отсто од произведените вакцини се распоредени во само 10 земји

Шефот на европскиот огранок на Светската здравствена организација (СЗО), Ханс Клуге, изјави во Копенхаген дека 95 проценти од вакцините против...

Свет3 часа

(Видео) Пјонгјанг ги покажа новите ракети – „Ова е слика на нашата апсолутна моќ“

Северна Кореја организира воена парада во центарот на Пјонгјанг со цел да го одбележи крајот на осумдневниот конгрес на Работничката...

Македонија3 часа

Захариева: Остар вербален демарш за Скопје поради палењето на бугарското знаме во Вевчани

Софија упати вербален демарш за Скопје поради запаленото знаме на Бугарија на карневалот во Вевчани, објави бугарската министерка за надворешни...

Македонија14 часа

Заев најави 50 отсто поевтина регистрација за возилата со странски таблички

Возилата со странски регистарски таблички ќе може да се регистрираат со 50 проценти намалени давачки од утврдената вредност на сите...

Европа15 часа

Во Австрија задолжителен негативен тест за влез во театар и за хотелско сместување

Австрискиот парламент денеска одобри владата да воведе задолжителен негативен тест за одење во театар и за хотелско смесутвање и покрај...

Македонија16 часа

15 починати и 396 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.192 тестирања, а регистрирани се 396 нови случаи на...

Домашен19 часа

Игор Ангеловски ќе ја предводи фудбалската репрезентација на Европското првенство

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, ќе ја предводи нашата селекција на Европското првенство, кое ќе се одигра во...

Македонија19 часа

Лекари од Македонија дел од мировната мисија „Одлучна поддршка“ во Авганистан

Претседателот Стево Пендаровски денеска имаше средба со шестчлениот медицински тим од јавното и военото здравство којшто ќе биде упатен во...

Свет20 часа

Трамп: САД се сведок на невиден напад врз слободата на говорот

САД се сведок на невиден напад врз слободата на говорот, рече американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп, во видео-обраќањето. „Сакам...

Свет21 час

Германска студија: Ризикот од ширење на коронавирусот во концертни сали е незначителен

Ново истражување во Германија за движење на честички во воздухот во затворен простор покажа дека постои незначителен ризик од инфекција...

Европа22 часа

Шефот на институтот „Роберт Кох“: Пандемијата ќе ја ставиме под контрола до крајот на годината

Германија ќе воспостави контрола над пандемијата на коронавирус до крајот на годината, но нов, позаразен вид на ковид може да...

Македонија22 часа

Од 21 јануари угостителските објекти ќе работат до 21 часот

Од следниот четврток, 21 јануари, угостителските објекти повторно ќе работат до 21 часот, а Комисијата за заразни болести размислува да...

Свет23 часа

СЗО: 13 експерти пристигнаа во Вухан, двајца задржани поради сомнение дека имаат вирус

Светската здравствена организација соопшти дека двајца експерти од нејзината мисија за утврдување на потеклото на новиот коронавирус во Кина сè...

Топ23 часа

Дете загина откако во него удрил автомобил во Тетово

Дете загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера доцна попладнето на ул. Видое Смилевски-Бато во Тетово. До несреќата дошло...

Свет1 ден

(Видео) Протести во Брисел – запалена полициска станица, нападнато возилото на кралот

Во Брисел за време на протестите поради смртта на младо момче од африканско потекло, кој починал во притвор, избија немири...

Свет1 ден

СЗО свика итен состанок

Комитетот за вонредни ситуации на Светската здравствена организација се состанува денескa, две недели пред редовниот состанок, за да разговара за...

Досие