Контакт

Култура

Писателот Мишел Уелебек од третпат ја доби наградата Гонкур

Објавено пред

Најпрестижната книжевна награда во Франција – Гонкур за 2010 г. во понеделник му е доделена на писателот Мишел Уелебек (Michel Houellebecq) за неговиот роман „Картата и територијата“ пишуваат француските медиуми

Членовите на „Академијата Гонкур“, традиционално се собраа во парискиот ресторан „Друан“ избирајќи го годинешниов лауреат во еден круг, притоа донесувајќи ја својата одлука за рекордно брзо време од 1 минута 29 секунди, пренесува AFP.Романот „Картата и територијата“  (La Carte et le Territoire) ја раскажува животната приказна на уметникот Жед Мартен. Инаку Мартен се сретна во Ирска лично со Уелебек барајќи да напише еден каталог за изложба.Уелебек во романот воведува неколку автентични ликови, вклучувајќи го и францускиот писател Фредерик Бегбедер, опишувајќи ја париската гламурозна толпа. Самиот писател во романот умира со ужасна смрт, претходно напишувајќи ги деталите од сопствениот погреб на Монпарнаските гробишта во Париз.Издавачката куќа Flammarion соопшти дека продала повеќе од 170 илјади примероци од романот. Но по добивањето на наградата Гонкур, се очекува продажбата на делото да биде двојно, па дури и тројно зголемена.Уелебек беше номинирана за наградата Гонкур и во 1998 г. за романот „Основните честички” (Les Particules elementaires) и во 2005 г. со неговиот роман „Можноста на еден остров” (La Possibilite d’une ile), но тогаш наградите жирито ги додели на други кандидати.На гласањето во понеделник два гласа од девет добил романот на Виржини Депант (Virginie Despentes) „Апокалипса бејбе“ (Apocalypse bеbе) на издавачот Grasset. Станува збор за приказната на 15-годишна нимфоманка и зависник од дрога, која бега од своите родители.Неа и конкурираше Матијас Енар (Mathias Enard) со романот „Раскажи им за битките, кралевите и слоновите“ (Parle-leur de batailles, de rois et d’еlеphants) на издавачот Actes Sud. Книгата на Енар ја раскажува приказната за имагинарно патување на Микеланџело во Цариград во мај 1506 г., каде што бил поканет од султанот за изградба на мост преку Босфорот.Еден од финалистите беше и Меилис де Каренгал (Maylis de Kerangal) со романот „Раѓањето на мостот“ (Naissance d’un Pont) на издавачот Verticales. Минатата седмица овој роман веќе ја освои престижната литературан награда Медичи. Тој зборува за изградба на висечки мост во имагинарниот град Кока во Калифорнија.Инаку премијата за наградара Гонкур е симболична  – изнесува само 10 евра, но таа на лауреатото му отвора големи можности, не само за слава и признанија, туки гарантира и високи тиражи.Меѓу добитниците на оваа награда се многу славни книжевници, Марсел Пруст (1919), Морис Дрјуон (1948), Симон де Бовуар (1954). Романот на Депант, пак, доби една друга престижна книжевна награда во Франција – наградата Ренодо. За оваа награда, којашто се доделува повеќе од 80 години, не следува никаква премија. Во книжевните средини таа се прима како одговор на пристрасноста на жирито што ја доделува наградата Гонкур. Нејзини добитници низ историјата се Марсел Ајиме, Луј Фердинанд Селин, Луј Арагон и Мишел Бјутор.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

(Видео) Објавен првиот тизер за филмот „Денот на жената“ на Гоце Цветановски

Објавено пред

Објавени се првите снимки од долгометражниот игран филм „Денот на жената“ во режија и сценарио на Гоце Цветановски.

Станува збор за општествено-ангажиран филм кој се снимаше во октомври, минатата година, а фокусот на приказната е на трговијата со луѓе и присилната проституција.

Актерката Слаѓана Вујошевиќ ќе ја видиме во главната женска улога како истражувачка новинарка која се обидува да ја разбие мрежата и да ја разоткрие вистината.

Слаѓана Вујошевиќ во главната женска улога (Фото: Маја Арагикијева)

Главните машки улоги ги толкуваат Муса Исуфи и Исмаил Касуми, актери од Кумановскиот театар . Дел од актерскиот тим се и Катерина Коцевска, Елени Декидис, Егзона Салиху, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Мендим Муртези и Авни Далипи.

Директор на фотографијата е Фејми Даут, кој беше еден од кинематограферите на номинираниот филм за „Оскар“ – „Медена земја“.

„Денот на жената“ е прв долгометражен филм на режисерот Гоце Цветановски. Тој студирал филмско сценарио и режија во Париз, каде живеел од 1998 до 2015 година. Има режирано и продуцирано околу 20 кратки филмови, прикажани на над 100 филмски фестивали во светот, освојувајќи бројни награди.

Режисерот Гоце Цветановски на снимањето на филмот „Денот на жената“ (Фото: Маја Аргакијева)

Филмот е снимен со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Мицко Дамњановски нов уметнички раководител на НОБ

Објавено пред

За нов уметнички раководител на Националната опера и балет е назначен Мицко Дамњановски, кој доаѓа на местото на диригентката Бисера Чадловска, која беше уметнички раководител од септември 2017 до сега.

Мицко Дамњановски 2002 година дипломирал на факултетот за Музичка уметност, отсек туба, а магистрирал 2006 година на Кралскиот конзверваториум за музика во Брисел, Белгија, отсек туба. Пред вработувањето во оркестарот на Националната опера и балет во 2007 година, кратко време работел во Бриселската филхармонија.

Постојан член е на меѓународниот оркестар за снимање филмска музика FAMES, соработник на сите помали и поголеми оркестри формирани за посебни намени (Биг бенд, Дувачки оркестар, Градски оркестар и други, како и гостин тубист во Нишкиот симфониски оркестар, Национална опера-Тирана, Црногорски симфониски оркестар. Основач е на БРАССТЕТ СКОПЈЕ во 2019 година со настапи на Охридско лето и други фестивали низ републиката.

Прикажи повеќе...

Култура

„Врба“ на Манчевски ќе игра во кината во САД

Објавено пред

Македонскиот кандидат за Оскар за 2021 „Врба“ на Милчо Манчевски ќе игра во кината, на ТВ и на стриминг-платформите низ САД, во дистрибуција на „Кино Лорбер“, еден од најреномираните дистрибутери на уметнички филмови во САД.

„Врба“ пред американската публика ќе се прикажува во текот на 2021 и ќе продолжи во 2022 и 2023.

Сопственикот на Кино Лорбер, Ричард Лорбер, го нарече „Врба“ „моќно и најоригинално дело на маестро Манчевски, достојно за награди – трогателен, брилијантно одглумен и визуелно фрапантен поглед врз мајчинството.

„Не можеме да дочекаме да го споделиме ова длабоко дело со американската публика“, рече тој.

„Кино Лорбер“ постои од 1977 година, а во големата библиотека од над 4.000 нивни филмови се цела низа стари и нови добитници на Оскар и номинирани филмови и филмови на големи автори, како „Жртва“ на Тарковски, „Странецот“ на Орсон Велс, „Книга слика“ на Жан-Лик Годар, „Враќање дома“ на Хол Ешби, „Софи Шол“, „Збогум на оружјето“, „Ѕвездата е родена“, „Песјак“ на Лантимос, „Томасо“ на Абел Ферара со Вилем Дафо, „Суд“ на Тамхане, „Причината зошто скокам“, „Капитал во 21 век“ – документарец со Пикети, Фукујама и Стиглиц, документарни филмови за Јозеф Бојс, Роберт Френк, Кјубрик, Гери Виногранд, Џозеф Камбел, Грејс Џонс, итн. Во последните девет години имаат добиено дури седум номинации за Оскар.

 

Во текот на 2021 се предвидени кинопремиери на „Врба“ и во Србија, Белгија, Хрватска, Бугарија, Словенија, Албанија, Црна Гора и Велика Британија.

За една година од светската премиера на Римскиот филмски фестивал, „Врба“ се прикажа на над 20 фестивали на четири континенти.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион4 минути

Грција почна со масовна вакцинација на населението, на Крит вакциниран стогодишник

Вакцинацијата на населението во Грција започна вчера,со приоритет во првата фаза за лица постари од 85 години. По вакцинацијата на...

Македонија29 минути

ВМРО и СДСМ продолжуваат со обвинувања поврзани со пописот на населението

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и утрово продолжија со меѓусебни обвинувања и несогласувања за претстојниот попис на населението. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение...

Свет53 минути

Фејсбук и Инстаграм ги вратија профилите на Трамп

Страниците на актуелниот американски претседател Доналд Трамп на Фејсбук и на Инстаграм се активни од неодамнешната блокада. Претходно, Марк Цукерберг,...

Македонија12 часа

Автобус на ЈСП се судри со две возила кај Шумарскиот факултет

Нема повредени патници во автобусот на ЈСП, по сударот со два автомобили кај Шумарскиот факултет. Оттаму информираат дека е причинета...

Спорт13 часа

Одбојкарите обезбедија пласман на Европското првенство

Одбојкарската репрезентација на Македонија обезбеди пласман на Европското првенство. Вечерва, во Скопје, Македонија ја совлада Турција со 3:1 (25:19, 21:25,...

Македонија14 часа

Димовски на местото на Ѕинго на чело на Социјалистичката партија

Пратеникот Љупчо Димовски е избран за нов претседател на Социјалистичката партија, на денешниот конгрес, кој се одржа во Кратово. Тој...

Македонија17 часа

Нови 361 случаи на коронавирус, оздравени се 2.116 пациенти, а починаа 14 лица

Во последните 24 часа се направени 2176 тестирања, а регистрирани се 361 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-164, Куманово-17, Тетово-12,...

Македонија19 часа

(Видео) Во Охрид затворен угостителски објект, затекнати Русинки и Украинки кои работеле на црно

Сопственик на угостителски објект во Охрид заработи кривични пријави бидејќи синоќа работел по 18 часот и покрај тоа што претходно му...

Топ20 часа

Беровец исценирал дека е киднапиран за да изнуди 10.000 евра од својот татко

Приведено е лице од Беровско, кое самоволно фингирало изнуда за да земе 10.000 евра од својот татко. Од полицијата информираат...

Европа22 часа

Меркел доби наследник на чело на ЦДУ

Германските демохристијани го избраа наследникот на германската канцеларка Ангела Меркел. Армин Лашет беше избран за нов претседател на Христијанско-демократската унија...

Регион23 часа

(Видео) Во Србија пристигнаа милион дози од кинеската вакцина, Вучиќ ќе се вакцинира со неа

„Ние сме првата земја во Европа што ја доби кинеската вакцина. Јас најверојатно ќе бидам претставникот на власта што прв...

Свет1 ден

СЗО е против ковид пасоши: „Светот е збунет и парализиран“

Светската здравствена организација (СЗО) ги советуваше државите да не ги условуваат меѓународните патувања со докази за вакцинација или имунитет. Ова...

Свет1 ден

Бајден најави вакцинирање на 100 милиони Американци за 100 дена

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, претстави план во кој ја објасни намерата за вакцинирање на 100...

Македонија1 ден

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и за пописот се на спротивната страна на државните и националните интереси

Владејачкиот СДСМ верува дека ВМРО-ДПМНЕ се однесува деструктивното, неодговорно и антидржавно, а  сега кога пред пратениците во собранието е законот...

Свет1 ден

Велика Британија од понеделник ги затвора сите коридори за патување

Велика Британија ги зајакнува граничните контроли за да спречи нови видови на коронавирус да влезат на нејзината територија, суспендирајќи ги...

Свет2 дена

„Сигнал“ има технички проблеми откога за една недела стекна 40 милиони корисници

Шифрираната услуга за пораки „Сигнал“ соопшти дека има технички проблеми, но вети дека бргу ќе ги надмине. Оваа апликација, промовирана...

Свет2 дена

Трамп го напушта Вашингтон на денот на инаугурацијата

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да го напушти Вашингтон утрото на денот на инаугурацијата на својот наследник Џо Бајден, на...

Свет2 дена

Продолжени строгите мерки во Италија

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, издаде указ со кој се продолжуваат рестрикциите за контрола на ширењето на коронавирусот кога Министерството за...

Македонија2 дена

Нови 403 заболени и 10 починати од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.118 тестирања, а регистрирани се 403 нови случаи на...

Македонија2 дена

Обвинителството отвори предмет за палењето на бугарското знаме во Вевчани

Основното јавно обвинителство Струга отвори предмет по допрен глас во врска со написите во одредени медиуми дека за време на...

Досие