Култура
Почина шпанскиот филмски класик Луис Гарсија Берланга

Шпанскиот филмски режисер и сценарист Луис Гарсиа Берланга еден од главниот протагонист на класичниот шпански филм, починал во саботата во Мадрид во својата 89 година, соопшти шпанската филмска академија, пренесе AFP
„Ова е огромна загуба за шпанскиот филм и целата шпанска култура“, изјавил за државното шпанско радио RNE, министерот за култура Анхелес Гонзалес Синде.Претседателот на шпанската филмска академија Алекс де ла Иглиеса ја изразил својата жал за како што рекол „смртта на најважната и највлијателната личност а шпанскиот филм на сите времиња“.Луис Гарсиа Берланга е двоен добитник на престижната шпанска Наградата на Принцот од Астируја за уметност во 1983 и 199 3 г. и на Наградата Гоја за еден од неговите последни филмови „Сите во затвор“, кој го сними откако веќе заболе од Алцхајмеровата болест. Порталот на шпанскиoт дневен весник El Pais во саботата пишува дека Берланга последен пат во јавноста се појавил на отворањето на кино салата во Мадрид која го доби неговото име.Берланга е роден на 12-ти април 1921 г. во Валенсија. Неговата кариера почна во времето на диктатурата на Франко. Најпознатиот филм го сними во 1952 г. под „Добродојдовте господин Маршал“, иронична приказна за секојдневните проблеми на малите луѓе, филмувана сатира која ги исмејува илузиите на шпанските политичките дејци кои ги предизвика познатиот Маршалов план, американскиот проект за подигнување на разорената од Втората светска војна Европа,Неговите други познати филмови се „Пласидо“ (1961 г.) кој доби Оскар за најдобар странски филм, „Крвник“ (1963 г.), „Национален лов“ (1978 г.) а во последниот филм „Парис-Томбукту“ од 1999 г. во која ја разработува темата на смртта.Во својата долга кариера Берланга освијуваше многу награди на значајните светски фестивали како во Кан, Валенсија, Монтерал, Берлин и Карлови Вари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Актуелно
Новиот албум на Влатко Стефановски номиниран за европската награда „Импала“

Единаесеттото издание на наградата „Импала“ за најдобар албум носи 25 номинирани албуми од сите делови на Европа докажувајќи уште еднаш разновидност на европската независна музичка сцена.
Меѓу номинираните, кои беа избрани оваа година од членовите на РУНДА – Регионално здружение на независните дискографи, е и албумот на Влатко Стефановски – Taftalidze Shuffle, објавен за најголемата регионална дискографска куќа Croatia Records.
25-те номинирани албуми носат разновидни музички стилови, од фински поп до француска електроника, преку балканска ска-музика, дански блуз, до еклектичен музички израз на номинираните британски изведувачи.
Извршниот директор на „Импалина“, Хелен Смит, со објавувањето на списокот со номинирани вели: „Оваа година списокот вклучува 25 врвни албуми! Ова е одличен начин да се посочат одлични музичари што доаѓаат од разни делови на Европа. 2020 година беше тешка година, но оваа листа на номинирани е ветер во грбот за добар почеток на 2021 година!“
Taftalidze Shuffle е ново студиско издание на македонскиот виртуоз, а деветте песни снимени во неговото студио „Езотерија“ сигурно ќе ги израдуваат сите љубители на добрата музика. Влатко, како и многумина досега, го посвети овој албум на своето Скопје и своето маало Тафталиџе, кое има посебно место во неговото срце.
Песните се крајно интимни и лични, а сепак толку блиски до сите, токму поради сензибилитетот што го носи неговата музика. Авторството на музиката, текстовите и аранжманите, како и продукцијата на сите девет песни, ги потпишува самиот Влатко.
Култура
Виртуелен Роденден на уметноста на МКЦ в петок

Роденденот на уметноста е настан со кој МКЦ веќе неколку години ја почнува годината.
Ова издание на Роденденот ќе биде одбележан со избор од онлајн-настани организирани од и во МКЦ во текот на 2020 година.
Виртуелниот настан ќе се одржи на 22 јануари (петок), со почеток од 18 часот, на социјалните мрежи на МКЦ.
Програма и редослед:
Креативна работилница за деца со Биби и Доротеј преку „Зум“
[Flipbook film presents] Змијулче, рeжија: Кристина Стојановски, Крсте Господиновски, Жарко Иванов
Pluto’s doubts [Култура во време на корона]
[MAKEDOX presents] Сите ќе умреме, рeжија: Сашко Потер Мицевски
Црнила Remix [Cross Шtream]
[CINEDAYS presents] Скопје 2020, рeжија: Радован Петровиќ
Фолтин [European music day]
[Flipbook film presents] Карантин, рeжија: Иван Андреевски
ИСКРА [концертна промоција]
[CINEDAYS presents] Неонски срца, рeжија: Ана Јакимска
Светлост + Odron ritual orchestra [Cross Шtream]
[Flipbook film presents] Девојката што паѓа, рeжија: Владимир Лукаш
Импров група Настап [Култура во време на корона]
Актуелно
Театар „Комедија“ објави конкурс за избор на комедија од македонски автор

Театар „Комедија“ – Скопје објави конкурс за избор на комедија од македонски автор со цел да се стимулира жанрот комедија и да се промовираат домашните автори.
Конкурсот е отворен до 30 мај 2021 за сите комедиографи – државјани на Република Северна Македонија. Секој автор има право да конкурира со една комедија, напишана на македонски јазик, која претходно не била изведувана или објавувана.
Од пристигнатите комедии комисијата ќе избере еден драмски текст, кој ќе има своја премиера на сцената на Театар „Комедија“ во текот на 2022 година.
Пријавените текстови треба да се достават во затворен плик, во три примерока, со назнака: Конкурс – комедија и шифра. Во пликот, освен текстот, треба да се приложи посебен затворен плик означен со истата шифра, во кој ќе бидат содржани податоците за авторот (име и презиме, адреса, контакт-телефон, е-пошта и кратка биографија на авторот).
Текстовите да се испраќаат по пошта на следнава адреса: Театар „Комедија“ – Скопје, бул. Климент Охридски бб, Скопје, најдоцна до 16 часот на последниот ден од рокот за пријавување.
Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени 30 дена по неговото завршување.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот