Контакт

Култура

Концертот на Четкар во Вашингтон придонес кон приближувањето на двете култури

Објавено пред

По повод значајниот американски празник Денот на благодарноста, Амбасадата на Република Македонија во Вашингтон и Министерството за култура за дипломатскиот кор во престолнината на САД организираа празниченм концерт на македонскиот џез-музичар

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и македонскиот амбасадор во САД Зоран Јолевски во неделата навечер во македонската амбасада во Вашингтон беа домаќини на празничен концерт насловен „Благодарност до американскиот од македонскиот народ” кој беше организиран по повод Денот на благодарноста, еден од најголемите американски празници.Пред почетокот на настапот на познатиот џез и фанк-изведувач Владимир Четкар, кој се претстави пред голем број дипломати и конгресмени, министерката за култура Канческа-Милевска имаше и свое обраќање во кое ја истакна добрата соработка што постои меѓу македонскиот и американскиот народ.„Концертот на познатиот македонски џез-музичар Владимир Василевски Четкар е мал придонес во запознавањето на нашите култури, но големо признание и благодарност за сите досегашни напори на САД во насока на меѓународното позиционирање на нашата држава“, истакнала Канческа-Милевска. Таа додала дека помошта што Република Македонија ја добива од САД е навистина драгоцена  и таа потврдува дека САД се наши големи стратешки, политички, економски и културни поддржувачи.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Актуелно

Новиот албум на Влатко Стефановски номиниран за европската награда „Импала“

Објавено пред

Единаесеттото издание на наградата „Импала“ за најдобар албум носи 25 номинирани албуми од сите делови на Европа докажувајќи уште еднаш разновидност на европската независна музичка сцена.

Меѓу номинираните, кои беа избрани оваа година од членовите на РУНДА – Регионално здружение на независните дискографи, е и албумот на Влатко Стефановски – Taftalidze Shuffle, објавен за најголемата регионална дискографска куќа Croatia Records.

25-те номинирани албуми носат разновидни музички стилови, од фински поп до француска електроника, преку балканска ска-музика, дански блуз, до еклектичен музички израз на номинираните британски изведувачи.

Извршниот директор на „Импалина“, Хелен Смит, со објавувањето на списокот со номинирани вели: „Оваа година списокот вклучува 25 врвни албуми! Ова е одличен начин да се посочат одлични музичари што доаѓаат од разни делови на Европа. 2020 година беше тешка година, но оваа листа на номинирани е ветер во грбот за добар почеток на 2021 година!“

Taftalidze Shuffle е ново студиско издание на македонскиот виртуоз, а деветте песни снимени во неговото студио „Езотерија“ сигурно ќе ги израдуваат сите љубители на добрата музика. Влатко, како и многумина досега, го посвети овој албум на своето Скопје и своето маало Тафталиџе, кое има посебно место во неговото срце.

Песните се крајно интимни и лични, а сепак толку блиски до сите, токму поради сензибилитетот што го носи неговата музика. Авторството на музиката, текстовите и аранжманите, како и продукцијата на сите девет песни, ги потпишува самиот Влатко.

Прикажи повеќе...

Култура

Виртуелен Роденден на уметноста на МКЦ в петок

Објавено пред

Роденденот на уметноста е настан со кој МКЦ веќе неколку години ја почнува годината.

Ова издание на Роденденот ќе биде одбележан со избор од онлајн-настани организирани од и во МКЦ во текот на 2020 година.

Виртуелниот настан ќе се одржи на 22 јануари (петок), со почеток од 18 часот, на социјалните мрежи на МКЦ.

Програма и редослед:

Креативна работилница за деца со Биби и Доротеј преку „Зум“

[Flipbook film presents] Змијулче, рeжија: Кристина Стојановски, Крсте Господиновски, Жарко Иванов

Pluto’s doubts [Култура во време на корона]

[MAKEDOX presents] Сите ќе умреме, рeжија: Сашко Потер Мицевски

Црнила Remix [Cross Шtream]

[CINEDAYS presents] Скопје 2020, рeжија: Радован Петровиќ

Фолтин [European music day]

[Flipbook film presents] Карантин, рeжија: Иван Андреевски

ИСКРА [концертна промоција]

[CINEDAYS presents] Неонски срца, рeжија: Ана Јакимска

Светлост + Odron ritual orchestra [Cross Шtream]

[Flipbook film presents] Девојката што паѓа, рeжија: Владимир Лукаш

Импров група Настап [Култура во време на корона]

Прикажи повеќе...

Актуелно

Театар „Комедија“ објави конкурс за избор на комедија од македонски автор

Објавено пред

Театар „Комедија“ – Скопје објави конкурс за избор на комедија од македонски автор со цел да се стимулира жанрот комедија и да се промовираат домашните автори.

Конкурсот е отворен до 30 мај 2021 за сите комедиографи – државјани на Република Северна Македонија. Секој автор има право да конкурира со една комедија, напишана на македонски јазик, која претходно не била изведувана или објавувана.

Од пристигнатите комедии комисијата ќе избере еден драмски текст, кој ќе има своја премиера на сцената на Театар „Комедија“ во текот на 2022 година.

Пријавените текстови треба да се достават во затворен плик, во три примерока, со назнака: Конкурс – комедија и шифра. Во пликот, освен текстот, треба да се приложи посебен затворен плик означен со истата шифра, во кој ќе бидат содржани податоците за авторот (име и презиме, адреса, контакт-телефон, е-пошта и кратка биографија на авторот).

Текстовите да се испраќаат по пошта на следнава адреса: Театар „Комедија“ – Скопје, бул. Климент Охридски бб, Скопје, најдоцна до 16 часот на последниот ден од рокот за пријавување.

Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени 30 дена по неговото завршување.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт2 часа

Нова трагедија во Бразил – претседателот и четворица фудбалери на Палмас загинаа во авионска несреќа

Нешто повеќе од четири години од авионската несреќа и фудбалската трагедија на Шапекоенсе, од Бразил повторно доаѓаат вознемирувачки вести. „Си-Ен-Ен...

Спорт4 часа

Пораз од Белорусија за крај на катастрофалното СП за Македонија

Лошите десетина минути во второто полувреме беа доволни Македонија да ја забележи својот петти пораз во шест меча на Светското...

Македонија5 часа

Нови 183 случаи на Ковид-19 во Македонија, починале шестмина

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1466 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на...

Регион6 часа

Детето од Хрватска кое почина од Ковид-19 развило многу редок синдром сличен на Кавасаки

Регионот го потресе веста дека 11-годишно момче починало во текот на ноќта на Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михаљевиќ“...

Регион6 часа

Гужви за вакцина во Србија – досега вакцинирани 200.000 луѓе

Во Србија од 24 декември масовно се вакцинира населението. Досега се вакцинирани речиси 200.000 луѓе, пренесуваат српските медиуми. Српскиот претседател...

Топ7 часа

(Видео) Пронајдено оружје во Блаце кое потекнува од 2001 година

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Скопје пронашле оружје...

Регион7 часа

Во Загреб почина 11-годишно дете од коронавирус

11-годишно момче почина во текот на ноќта на Клиниката за инфективни болести Д-р Фран Михаљевиќ во Загреб како резултат на...

Регион9 часа

Вучиќ: Британскиот вид на коронавирус стигна во Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово во телевизија Прва изјави дека британскиот вид коронавирус пристигнал во Србија и дека го донела...

Свет9 часа

(Видео) Извлечени 11 рудари по 14 дена поминати под земја

Спасувачите во Кина успеаја да извлечат 11 рудари живи на површината. Тие две недели беа заробени 600 метри под земјата...

Регион10 часа

Куче го чекало сопственикот цела недела пред болница

Верно куче речиси една недела чекало пред болница во Турција, додека не излегол неговиот сопственик, каде се лекувал. Женката по...

Свет10 часа

Британски експерт: Вакцинираните луѓе пак можат да го шират вирусот

Луѓето кои примиле вакцина против Ковид-19 сепак може да го пренесат вирусот на други и треба да продолжат да ги...

Регион11 час

Турција потпиша договор со Русија за производство на вакцината Спутник V

Рускиот фонд задолжен за производство на вакцината Спутник V (РДИФ) објави дека компанијата потпишала договор за производство на руската вакцина...

Свет11 час

(Видео) Истрага за насилните протести во Русија, поддршка од Германија

Истражителите отворија кривична постапка по извршени незаконски активности на недозволениот собир во центарот на Москва. Покренати се постапки и поради...

Регион1 ден

Вучиќ: За 72 часа Србија ќе биде втора во Европа и петта во светот според стапката на вакцинација

Србија во моментов е четврта во Европа според стапката на вакцинација, верувам дека во следните 72 часа ќе бидеме втори...

Топ1 ден

Приведени вкупно 97 илегалци кои работеле како градежници кај Стара железничка

Бројот на приведени илегалци кои работеле како градежници на градилиштата кај Стара железничка во Скопје од 50 се искачи на...

Свет1 ден

Скандал во Шпанија: Се вакцинирале војници и политичари, а не и приоритетните групи

Шпанските војници и политичари кои се вакцинирани против коронавирус, а не биле приоритетна група, се во центарот на јавен спор...

Топ1 ден

Удавен маж пронајден во водите на Пчиња, претходно бил пријавен за исчезнат

Во близина на мостот на автопатот Велес-Катланово, во водите на реката Пчиња, вчера бил пронајден починат 73-годишен маж. Според информациите...

Свет1 ден

(Видео) Над 1.600 луѓе уапсени на протестите во Москва

Во центарот на Москва денеска се собраа илјадници луѓе во знак на поддршка на уапсениот опозиционер Алексеј Навални. At least...

Македонија1 ден

Во Македонија 347 нови случаи на Ковид-19, починаа 11 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 347 нови случаи на коронавирус, 11 лица починаа, а 378 оздравеа, соопшти...

Свет1 ден

Десетгодишно девојче се задуши во Италија, родителите тврдат дека учествувало во „ТикТок“ предизвик

Италијанската агенција за регулирање на приватноста на податоците вчера ѝ нареди на апликацијата „ТикТок“ да ги блокира сметките на сите...

Досие