Контакт

Култура

„Дваесет и првиот“ и „Жените Гаврилови“, номинирани за наградата Балканика

Објавено пред

Романите „Дваесет и првиот“ на Томислав Османли и „Жените Гаврилови“ на Кица Бојаџиева Колбе, се номинирани за престижната книжевна награда, „Балканика 2008 и 2009“

Александар Прокопиев, член на меѓународното жири на Фондацијата Балканика, оваа награда ја изедначи со Нобеловата награда на балканските простори.„Мотив за нас е што учествуваме со комплексни и предизвикувачки дела. И двата романи се сериозни кандидати во трката за победа. „Балканика“ станува респектабилна награда која се изедначува со Нобеловата награда“, рече Прокопиев.Павлина Лазаревска од книгоиздателството „Магор“, рече дека двата романи се целосно преведени на англиски јазик.„Минатата година „Балканика“ не се одржа. Затоа оваа година имаме двојно жири кое ќе доделува награди за 2008 и 2009 година. Неодржувањето на манифестацијата минатата година ги спречи Словенија и Хрватска да се придружат кон оваа книжевна манифестација, каде свое учество имаат Македонија, Бугарија, Турција, Грција, Албанија и Романија“, рече Лазаревска.Томислав Османли, авторот на номинираниот роман „Дваесет и првиот“, изјави дека му е чест што ќе учествуваа оваа година во друштво на книжевници од голем габарит кои добиле многу награди.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Актуелно

Новиот албум на Влатко Стефановски номиниран за европската награда „Импала“

Објавено пред

Единаесеттото издание на наградата „Импала“ за најдобар албум носи 25 номинирани албуми од сите делови на Европа докажувајќи уште еднаш разновидност на европската независна музичка сцена.

Меѓу номинираните, кои беа избрани оваа година од членовите на РУНДА – Регионално здружение на независните дискографи, е и албумот на Влатко Стефановски – Taftalidze Shuffle, објавен за најголемата регионална дискографска куќа Croatia Records.

25-те номинирани албуми носат разновидни музички стилови, од фински поп до француска електроника, преку балканска ска-музика, дански блуз, до еклектичен музички израз на номинираните британски изведувачи.

Извршниот директор на „Импалина“, Хелен Смит, со објавувањето на списокот со номинирани вели: „Оваа година списокот вклучува 25 врвни албуми! Ова е одличен начин да се посочат одлични музичари што доаѓаат од разни делови на Европа. 2020 година беше тешка година, но оваа листа на номинирани е ветер во грбот за добар почеток на 2021 година!“

Taftalidze Shuffle е ново студиско издание на македонскиот виртуоз, а деветте песни снимени во неговото студио „Езотерија“ сигурно ќе ги израдуваат сите љубители на добрата музика. Влатко, како и многумина досега, го посвети овој албум на своето Скопје и своето маало Тафталиџе, кое има посебно место во неговото срце.

Песните се крајно интимни и лични, а сепак толку блиски до сите, токму поради сензибилитетот што го носи неговата музика. Авторството на музиката, текстовите и аранжманите, како и продукцијата на сите девет песни, ги потпишува самиот Влатко.

Прикажи повеќе...

Култура

Виртуелен Роденден на уметноста на МКЦ в петок

Објавено пред

Роденденот на уметноста е настан со кој МКЦ веќе неколку години ја почнува годината.

Ова издание на Роденденот ќе биде одбележан со избор од онлајн-настани организирани од и во МКЦ во текот на 2020 година.

Виртуелниот настан ќе се одржи на 22 јануари (петок), со почеток од 18 часот, на социјалните мрежи на МКЦ.

Програма и редослед:

Креативна работилница за деца со Биби и Доротеј преку „Зум“

[Flipbook film presents] Змијулче, рeжија: Кристина Стојановски, Крсте Господиновски, Жарко Иванов

Pluto’s doubts [Култура во време на корона]

[MAKEDOX presents] Сите ќе умреме, рeжија: Сашко Потер Мицевски

Црнила Remix [Cross Шtream]

[CINEDAYS presents] Скопје 2020, рeжија: Радован Петровиќ

Фолтин [European music day]

[Flipbook film presents] Карантин, рeжија: Иван Андреевски

ИСКРА [концертна промоција]

[CINEDAYS presents] Неонски срца, рeжија: Ана Јакимска

Светлост + Odron ritual orchestra [Cross Шtream]

[Flipbook film presents] Девојката што паѓа, рeжија: Владимир Лукаш

Импров група Настап [Култура во време на корона]

Прикажи повеќе...

Актуелно

Театар „Комедија“ објави конкурс за избор на комедија од македонски автор

Објавено пред

Театар „Комедија“ – Скопје објави конкурс за избор на комедија од македонски автор со цел да се стимулира жанрот комедија и да се промовираат домашните автори.

Конкурсот е отворен до 30 мај 2021 за сите комедиографи – државјани на Република Северна Македонија. Секој автор има право да конкурира со една комедија, напишана на македонски јазик, која претходно не била изведувана или објавувана.

Од пристигнатите комедии комисијата ќе избере еден драмски текст, кој ќе има своја премиера на сцената на Театар „Комедија“ во текот на 2022 година.

Пријавените текстови треба да се достават во затворен плик, во три примерока, со назнака: Конкурс – комедија и шифра. Во пликот, освен текстот, треба да се приложи посебен затворен плик означен со истата шифра, во кој ќе бидат содржани податоците за авторот (име и презиме, адреса, контакт-телефон, е-пошта и кратка биографија на авторот).

Текстовите да се испраќаат по пошта на следнава адреса: Театар „Комедија“ – Скопје, бул. Климент Охридски бб, Скопје, најдоцна до 16 часот на последниот ден од рокот за пријавување.

Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени 30 дена по неговото завршување.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минута

Судскиот совет ја разреши Татјана Михајлова поради несовесно работење

Судскиот совет ја разреши судијката Татјана Михајлова од судиската функција поради нестручно и несовесно работење. Постапката против неа се водела...

Свет23 минути

(Видео) Трамп ја напушти Белата куќа

Доналд Трамп ја напушти Белата куќа и со тоа му го отстапи местото на новиот претседател на САД, Џо Бајден....

Свет3 часа

(Видео) Во Вашингтон поставени железна ограда и бетонски блокови – „Ова потсетува на Багдад“

Инаугурацијата на Џо Бајден за претседател на Соединетите Американски Држави ќе се одржи денеска напладне по локално време, односно во...

Свет3 часа

Русите тврдат дека нивната вакцина „епивакорона“ обезбедува стопроцентна заштита

Втората руска вакцина против Ковид-19 обезбедува стопроцентна заштита, соопшти здравствениот регулатор „Роспотребнадзор“, врз основа на резултатите од клиничките испитувања, објави...

Македонија4 часа

ИЈЗ: Намален бројот на нови позитивни случаи, зголемен бројот на оздравени лица

Во периодот од 11 до 17 јануари е забележано намалување на бројот на нови позитивни случаи и на процентот на позитивни...

Топ4 часа

МВР го пронајде тетовецот кој објави видео како незаконски поминува на наплатна рампа

Тетовската полиција го расчисти случајот со видео-клипот кој неодамна преку социјалната мрежа „Тик-ток“ се појави во јавноста, а се однесува...

Свет5 часа

(Видео) Кина гради голем камп за карантин

Кина забрзано гради огромен камп за карантин, кој може да прими над 4.000 луѓе, пишува Си-ен-ен. Десетици милиони луѓе во...

Свет6 часа

Џо Бајден денеска ќе стане 46. претседател на САД

Џо Бајден денеска ќе положи заклетва како 46. претседател на САД. За разлика од претходните церемонии, традиционалните говори, настапи и...

Македонија6 часа

Во делови од Македонија почувствуван земјотрес со епицентар во Албанија

Земјотрес со локална Рихтерова магнитуда од 4,0 степени во соседна Албанија бил почувствуван во делови од државата синоќа околу 3.29...

Свет18 часа

Германија воведува уште построги мерки до 14 февруари

Германија ќе воведе уште построги мерки на заклучување и нивно продолжување до 14 февруари. Канцеларката Ангела Меркел се состана со...

Свет19 часа

ЕУ очекува до лето да биде вакцинирано најмалку 70 проценти од населението

Земјите од Европската унија треба до лето да имаат за цел да вакцинираат најмалку 70 проценти од нивната возрасна популација,...

Македонија20 часа

Матурантите ќе го бојкотираат почетокот на второто полугодие

Средношколскиот сојуз ги повика матурантите да го бојкотираат почетокот на второто полугодие кое стартува во четврток. Како образложение го наведуваат...

Македонија20 часа

Во Македонија нови 400 заболени и 11 починати од коронавирус

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2327 тестирања, а регистрирани се 400 нови случаи на...

Македонија22 часа

Владата го усвои планот за распределба на административните службеници

Владата денеска на својата 40-та седница го усвои планот за распределување на административните службеници вработени преку програмата К5, соопшти првиот...

Македонија1 ден

Угостителските објекти од четврток ќе работат до 21 часот

Донесена е одлука угостителските објекти да работат до 21 часот, наместо до 18 часот како што беше претходно. За ова...

Македонија1 ден

Влада: Нема да се гради ски-центар на Галичица, ќе се донесе и ДУП за охридското крајбрежје

Нема да се гради ски-центар на Галичица, а ќе се донесе и ДУП за охридското крајбрежје, велат од Владата по...

Македонија1 ден

Повеќе нема да се лекуваат пациенти со коронавирус на очна и на клиниката за уво, нос и грло

Ковид центарот на Клиниката за Очни бочести од вчера е затворен. Од Министерството за здравство информираат дека во текот на денешниот...

Македонија1 ден

Вучиќ: Помошта со вакцини за Северна Македонија е братски и пријателски потег

Сепскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска истакна дека не вреди за Србите да бидат здрави, ако луѓето во околината имаат милион...

Свет1 ден

Истражување: Една третина од излекуваните од коронавирус повторно се разболуваат

Една третина од луѓето кои се лекувале од коронавирус по пет месеци морале повторно да бидат згрижени во болница, според...

Македонија1 ден

Водици годинава без скокање по крстот

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици кој се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето...

Досие