Култура
Буто танц лабораторија во Драмски театар
Во организација на Рисимкин истражувачки центар, во понеделни (29 ноември) во 18 ч, на Малата сцена на скопски Драмски театар Скопје ќе се случи реализацијата на првиот проект, кој воедно го означува и официјалниот старт на овој центар е Буто лобораторијата
Буто лабораторијата ќе се одржи под раководство на еден од најпознатите светски Буто танчери, Катцура Кан. На неа учествуваат професионални уметници и студентите на Skopje Dance Academy. Овој проект е поддржан од фондацијата ПАЈ Еуропе, а програмата на СДА е поддржана од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.Уметнички дидректор е Рисима Рисимкин, а гостин-кореограф е Карцура Кан од Јапонија, Ацура, а костимите се на Благој Мицевски. Во оваа презентација на Буто танцот, уќествуаат Александар Копања, Љупчо Атанасов, Матеа Киселичка, Андријана Атанасова, Тамара Кртолица и Татијана Адам.Рисимкин истражувачки центар – РИЦ започна со работа во септември годинава, како лабораторија во која ќе се истражуваат нови правци во современиот танц, ќе се развиваат програми на размена од културата и ќе се развива едукативна програма за деца и млади во областа на танцот.Рисима Рисимкин е еден од водечките македонски кореографи и уметнички директор на Танц Фест Скопје. Магастрира на Универзитетот во Пловдив, Бугарија, на Академијата за Музичка и Танцова уметност (АМТИ) на отсек за короеграфија, балетска режија и педагогија и има звање балет-мајстор. Во мометнов работи како професор на Универзитетот ЕСРА Парис-Скопје-Њујорк во Скопје и ја предводи програмата на Skopej Dance Academy во соработка со Rotterdam Dance Academy од Холандија, поддржана од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје. Член е на Управниот одбор на ЦИД УНЕСКО, Париз, Франција и оснивач на Интерарт културниот центар (1996) преку чии активности ја развива македонската современа танцова сцена. Се вбројува меѓу најплодните современи македонски кореографи, како авангарден претставник во современото творење. Ја претставува активно Македонија на меѓународната современа танцова сцена со свои претстави, за кои добива одлични критики. Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и Награда за исклучителен придонес за развој на културата во Република Македонија. Ја претставува Македонија како кореограф во Данска (1994); Германија (1997), Грција – Европска Културна Претстолнина (1998); Португалија, Лисабон – EКСПO – Национален ден на Македонија (1998); Нијамеј, Нигер (2005): Ротердам, Холандија (2010), работи со Националниот Балет од Љубљана Словенија, (2010), но и во скоро сите земји од регионов – Бугарија, Србија, Црна Гора и др. Нејзините претстави се оценети како „претстава- меѓник на македонската танцова историја” (Дневник Стравински 2004) или „нова ера во македонскиот танц” (Мементо 2002), а странската критика ја нарекува „македонската Пина Бауш”
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Почнува 19. издание на фестивалот за современи уметности АКТО
Месецов почнува 19-тото издание на фестивалот за современи уметности АКТО и ќе се одвива во текот на целата година. Новото 19-то издание на АКТО продолжува на линија на минатогодишното издание АКТО 18 „Јавни простори во движење (кон) II“ и се отвора со низа мурали, на кои работат тројца млади уметници/чки, а е предвидено да се изработат во разни градови во државата опфаќајќи тематики во духот на солидарноста на заедницата. Првиот мурал, кој е веќе завршен, се наоѓа во Скопје на зградата број 33 на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов наспроти студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ и ќе биде отворен в четврток на 28 март. На него работеа уметниците Ивана Самандова, Ана Трајковска и Доротеј Нешовски.
Во центарот на Скопје, на зградата број 33 на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, наспроти студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ пред 30-ина години беше ставен голем рекламен материјал, кој заедно со фасадата веќе одамна беше во разрушена состојба. Затоа, поткрепени со оптимистичката поддршка и ентузијазам на станарите во зградата, организацијата „Факултет за работи што не се учат“ – ФРУ заедно со уметниците Ивана Самандова, Ана Трајковска и Доротеј Нешовски иницираа акција за обновување на заборавениот ѕид, со цел да остане визуелна игра, но и значаен потсетник во строгиот центар на градот.
Идејата зад овој мурал не беше само да се обнови фасадата на зградата ниту, пак, во фокусот беше да се претстави само визуелно решение, туку да се создаде потсетник за важноста на солидарноста во општеството. Играта со архитектурата е замислена да оствари директна комуникација со самите случајни минувачи во секојдневието – оние што се упатени кон (или заминуваат од) работа, училиште, факултет, пазарување, прошетки. Mинувачи пронајдени во самиот визуелен изглед на муралот што ја носи главната порака, која гласи: „Големината на заедницата најпрецизно се мери преку солидарните постапки на нејзините членови“.
Оваа порака од Корета Скот Кинг (авторка, активистка и лидерка на граѓански права) се упатува кон многуте заедници што го оформуваат разновидниот карактер на општеството, а за да опстанат, тие зависат во голема мера од солидарните и добронамерни постапки токму од нејзините членови. Затоа, неслучајно оваа мисла е носечката порака на првиот мурал, таа служи како потсетник дека токму членовите се одговорни за градењето на меѓусебно разбирање, толеранција и заеднички борби за создавање подобри и поздрави услови на живеење овозможувајќи поддршка и слободно заедничко творештво – не само во културата и уметноста туку и пошироко во рамките на општеството во кое живееме.
АКТО 19 претставува продолжение на тематиката – „Јавните простори во движење (кон)“, преку која минатата година фестивалот презентира неколку практики, кои замислуваа ослободен простор, дури и привремено, за гласот на игнорираните, запоставените, замолчените, испуштените и маргинализираните во рамките на постојната хегемонија. АКТО смета дека овие уметнички практики може повторно да создадат јавен простор преку борбите за правата и во блиска врска со општествените движења или дури и да ги стимулира во моменти кога се чини дека се слаби.
Фестивалот АКТО е во организација на здружението „Факултет за работи што не се учат“ – ФРУ и во текот на годината во своите рамки ќе продуцира повеќе настани во земјава и странство.
Култура
„Госпоѓиците од Авињон“ на сцената на Националната опера и Балет
На сцената на Националната опера и Балет, на 11 април, со почеток во 20 часот, ќе се изведе атрактивната балетска претстава во 9 слики, „Госпоѓиците од Авињон“. Со оваа претстава почнува jубилејното 20. издание на интернационалниот фестивал „Танц фест Скопје 2024“, кое ќе има нов концепт и повеќе разни програми, меѓу кои и програмата со наслов „Паралели“, во која ќе се прикажат три претстави од репертоарот на Националната опера и Балет, со цел да се прикажат современите текови на Националниот балет и да се претстават повеќе домашни кореографи.
Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ е инспирирана од истоимената слика на уметникот Пабло Пикасо, зборува за пет жени и нивниот живот, нивната потрага по љубовта, смртта и слободата.
Музиката во претставата е на Калиопи Букле, за кореографијата и режијата задолжена е Олга Панго. Либретото и драматургијата се на Сашо Димоски, костимограф е Раде Василев, а на мултимедија и дизајн работеше Емил Петров, дизајн на светло – Милчо Александров, а дизајн на шминкa – Златица Поповска. Асистенти на кореографот се Горан Божинов и Саша Евтимова. Користени се сценографски елементи од операта „Змејовата невеста“ – сценограф Валентин Светозарев.
Настапуваат: Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лочеи, Агим Бафтии, Ендру Кук.
Култура
Бесплатен влез за две претстави во МНТ за Светскиот ден на театарот
Македонскиот народен театар, по повод 27 Март, Светскиот ден на театарот, за љубителите на театарската сцена организира две бесплатни претстави.
Станува збор за детско-младинската претстава „Силјан Штркот шанца“ во режија на Срѓан Јаниќијевиќ, која ќе се одигра на малата сцена на 30 март во 12 часот, и изведбата на претставата „Бесачи“, во режија на Јавор Грдев, која ќе биде со вечерна изведба на 6 април со почеток во 20 часот.
Гратис билетите ќе се подигнуваат пред почетокот на изведбите.
ПР-текст