Контакт

Култура

„Крајот на кралот“ во Детскиот театарски центар

Објавено пред

Во сабота навечер во 20 часот, на сцената на Детскиот театарски центар (поранешно Кино Напредок) во скопската Стара чаршија, ќе биде одржана јубилејната десетта реприза на независниот театарски проект „Крајот на Кралот“

dobivaj vesti na viber

Во оваа пиеса којашто изминатиов период со успех се играше во повеќе градови низ Македонија, е праизведба на драмски текст од Васе Манчев во режија на Горан Тренчовски кој воедно е и продуцент на претставата. „Ова е нов постмодернистички текст пишуван во духот на театарот на апсурдот, во којшто има алузии кон бекетовско-арабаловската драматургија, но со низа свежо напишани дијалози и со повеќе интересни и духовити драмски ситуации“, рече режисерот Тренчовски. Во претставата учествуваат актерите Ванчо Мелев (ја толкува улогата на царот Хаиле) и Васил Михаил (ја толкува улогата на принцот Чедо). Како што вели Тренчовски, во процесот на создавањето на претставата, во текот на пробите е применет лабораториски принцип на работа, а самата инсценација е трагикомично-гротескна пародија на одредени универзални состојби, со внесување во играта извесни телесни елементи. Според режисерот Тренчовски, ова е камерна претстава за (де)тронизацијата на вредностите, за круната, за тронот, за вечната игра „горе-долу” олицетворена со кинематичка актерска енергија врз база на поетичкиот режисерски концепт кој се надоврзува на неговите претходни претстави.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Илјадници свеќи на сцената на Филхармонија овој петок за премиерното издание на „Candlelight“ – концертот под свеќи

Објавено пред

Овој петок илјадници свеќи ќе ја осветлат сцената на Македонската филхармонија на премиерното издание на првиот „Candlelight“ – концерт под свеќи на камерниот оркестар Профундис, кој ќе се одржи на 12 април со почеток во 20 часот.

dobivaj vesti na viber

Концептот на „Candlelight“ – концерт под свеќи е светски познат тренд кој за првпат ќе биде поставен на сцена пред македонската публика. Музичките критичари го опишуваат како уникатно искуство каде традиционалниот концертен амбиент се трансформира во хипнотизирачка музичка симбиоза облеана во топлиот сјај на свеќите. Интимниот амбиент овозможува подлабока врска помеѓу публиката и изведувачите, создавајќи извонредно концертно искуство.

На концертот како солист ќе настапи светски познатиот виолинист Марио Хосен, чија виртуозност и волшебно сценско присуство му носат признание на престижните сцени ширум светот. Хосен и „Профундис“, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, ќе ѝ претстават на публиката музичко патување низ делата на реномираните композитори како Вивалди, Паганини, Холст и Глас.

„Продолжуваме со идејата дека камерниот оркестар „Профундис“ ќе биде иновативен, креативен и модерен. Овој пат со концерт под свеќи којшто во моментот е вистинска атракција во 173 града ширум светот, а премиерно со овој концерт списокот се проширува и со Скопје. На наше големо задоволство како солист ќе настапи светски познатиот виолинист Марио Хосен, кој ќе ги изведе четирите годишни времиња од Антонио Вивалди, како и виртуозното дело од Никола Паганини – „I Palpiti“ кое многу ретко се изведува поради специфичната техничка виртуозност и спаѓа во топ 10 најтешки дела за изведба на виолина. Дополнително на концертот ќе има и праизведба на дело од Филип Глас. Овој концерт е повеќе од обична изведба – тоа е извонредно искуство на уникатноста на нашите сетила и универзалниот јазик на музиката!“, изјави маестра Дашиќ.

Марио Хосен, познат по својата неспоредлива виртуозност и волшебно сценско присуство, ги краси престижните сцени ширум светот заедно со врвните оркестри, вклучувајќи ги Лондонската филхармонија, Виенскиот симфониски оркестар и многу други. Со голема страст за светското музичко наследство, стручноста на Марио се фокусира на Николо Паганини, правејќи го како еден од најистакнатите толкувачи и авторитети за изведување на музиката на Паганини

Прикажи повеќе...

Култура

„Градот ме тера да пеам“ музичка програма во Битола

Објавено пред

Оваа сабота, 13 април, во Битола ќе се реализира целодневен музички настан „Градот ме тера да пеам“ во рамки на програмата на фестивалот АКТО 19 „Јавни простори во движење (кон) II“ во партнерска соработка со платформата СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ.

dobivaj vesti na viber

Во рамки на настанот со концертни и диџеј настапи ќе се претстави дел од македонската музичка сцена составена од млади и талентирани автори и изведувачи, чии квалитет и творештво е јадрото на домашната современа урбана култура.

Програмата ќе се реализира на две локации.

Преку ден во кафе барот Јагода од 12 до 16 часот, на битолскиот широк сокак ќе се промовира ПОП КУЛТУРА – винил компилација посветена на современата поп продукција од млади македонски музичари. Ова исклучително винил издание е реализирано како дел од платформата СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ и опфаќа песни од најрепрезентативните млади автори на македонската поп музичка сцена: Аудио Цигла (Audio Cigla), Миа Перевска, Дина Јашари, Андреја Салпе, Зи, Јанг Дади (Young Dadi), Матеј Фолтц (Matej Foltz) и веќе признaениот музичар Slatkaristika. Промоцијата ќе опфати музичка програма со настапи на младите диџеи Димчуга (Dimchuga) од колективот WHY2K?, Гелев (GLV) и Кекиќ (Kekikj) од колективот МИНТ.

Вечерната програма од 22 часот до 5 часот наутро ќе се реализира во култниот битолски клуб Јагода. Првиот дел од вечерта со концертни настапи ќе се претстави младата генерација музичари, претставници на современата македонска поп, рок, инструментална краут рок и електронска музичка сцена. На сцената ќе настапат: Димитра, како претставник на локалната битолска сцена и бендовите Локал Блу (The Local Blue), Занаду и музичкиот проект Поетроника. По полноќ публиката ќе танцува на музичкиот избор на младите диџеи Јос и Мартина Пенева.

„Градот ме тера да пеам“ е една од бројните програми уредени од Мирко Попов, реализирани во соработка со пријателите од Битола и со фестивалот АКТО како долгогодишен придвижувач на современата мисла, уметност и култура. Тие заедно создаваа нови простори за презентација на музичката култура, следејќи ги будно младите и надоаѓачки сили, со кои во една интергенерациска нишка делеа сцени, искуство и соработка.

„Градот ме тера да пеам“ е песна на Мирко Попов и ПМГ Колектив, име на јубилејното 200-то издание на ПМГ Рекордингс-компилација на македонска музика селектирана од Мирко за која вели дека е „Приказна за убавите деца на овој град… убавите деца на оваа земја“, и име на 12-тото издание на фестивалот ПМГ Рекордингс во 2020 година.

„Градот ме тера да пеам“ е музички настан кој ќе се реализира оваа сабота на 13 април во Битола, за која Мирко милуваше да каже „Битола, втор роден крај“.

 

Прикажи повеќе...

Култура

Регионалниот музички фестивал „Бисер на Јадранот 2024“ распишува конкурс за најдобра композиција

Објавено пред

Регионалниот музички фестивал „Бисер на Јадранот 2024“ распишува КОНКУРС за најдобра композиција во категоријата поп, забавна и медитеранска музика.

dobivaj vesti na viber

Композициите испратени на конкурсот не смеат да се претходно изведени или објавени. Краен рок за пријавување на композициите е 05.05.2024 година.

Изборната комисија на фестивалот, сите апликанти ќе ги извести дали нивната композиција е прифатена најдоцна до 15 мај 2024 година. Апликантите се должни да ги испратат готовите композиции до организаторот до 01.06.2024 година.

Пост продукција на сите пристигнати композиции (снимање на изведби и подготовка на материјал за последователни емитувања или користење за какви било договорени цели) го реализира организаторот на фестивалот кој на апликантите на избраните композиции им гарантира учество на вечерта на фестивалот, со директен ТВ пренос и презентација на прес-конференцијата на фестивалот.

Со испраќање композиции на конкурсот, авторите и изведувачите до организаторите на фестивалот „БИСЕР ЈАДРАНА 2024“, го пренесуваат правото за доделување на своите композиции на трети лица на користење без дополнителна согласност, на печатење на носачи на звук и слика, или за кој било вид на понатамошна дистрибуција.

За најдобрите композиции, организаторот ќе обезбеди вредни награди и фестивалски признанија, од вкупен износ од 10.000 евра. Право на учество на конкурсот имаат апликантите од Црна Гора и земјите од регионот.

Композициите испраќајте ги на оваа e-mail адреса:

[email protected] во mp3 формат, во демо верзија. Со композицијата потребно е да се прикачат биографија и две фотографии од изведувачот, името на авторот на композицијата и телефонските броеви за контакт.

Фестивалот ќе се одржи на 29 јуни 2024 годинаво Тиват, градскиот брег Пине.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

Шефот за клима на ОН: Имаме уште две години да ја спасиме планетата

Владите, деловниот свет и развојните банки имаат уште две години да направат нешто за да избегнат многу полоши климатски промени,...

Македонија11 часа

Почна увидот по пожарот во Универзална сала – работниците кои беа приведени се пуштени дома

Откако локацијата e обезбедена и се создадени неопходни услови, увидни екипи со јавен обвинител од скопското јавно обвинителство денеска го...

Топ11 часа

Со автомобил удрено 12 годишно дете во Скопје – МВР трага по возачот кој побегнал од местото на несреќата

Возач со автомобил во текот на вчерашниот ден удри во дете во близина на студентскиот дом Гоце Делчев, по што...

Свет12 часа

Иран му се закани на Израел дека ќе биде казнет, Израел одговори дека ако има напад ќе возврати

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска изјави дека Израел мора и ќе биде казнет за нападот врз иранскиот...

Македонија14 часа

Универзална изгоре, а политичките партии продолжија меѓусебно да се обвинуваат за пожарот и случувањата во минатите години

По вчерашниот пожар во Универзалната сала, политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и утрово продолжија со меѓусебни обвинувања. Така, од СДСМ,...

Македонија14 часа

Муслиманите денеска го празнуваат Рамазан Бајрам

Муслиманите денеска го слават Рамазан Бајрам. По едномесечниот пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора...

Регион15 часа

15 дена од убиството на Данка Илиќ, а телото се’ уште го нема – што ќе се случува ако не биде пронајдено

Потрагата по телото на убиената Данка Илиќ (2) се уште трае, а додека полицијата се обидува да го пронајде местото...

Македонија15 часа

СДСМ: Глас за ДПМНЕ и Силјановска е глас за изолација и прекинување на патот кон ЕУ

„Клучното прашање на овие избори е одлуката за европската иднина на државата. Овие денови се потврди, во ДПМНЕ нема никаква...

Свет15 часа

Бајден го нарече „погрешен“ пристапот на Нетанјаху кон војната во Газа

Пристапот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кон војната во Газа е „грешка“, рече американскиот претседател Џо Бајден во интервју за...

Топ1 ден

Tурска државјанка фрлала со столици и нападнала полицајци на аеродром

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за определување мерка притвор против 36-годишна државјанка на Република Турција против...

Македонија1 ден

(Фото) Мечка нападна сточар на планината Мукос, во атарот на село Оморани

Центарот за управување со кризи информира дека имало опасен напад од мечка на возрасен човек, 61-годишник, на планината Мукос, кај...

Македонија1 ден

МВР за пожарот приведе тројца работници, две лица завршија на клиника поради чадот, а уште две останале заглавени во лифт

Тројца градежни работници се приведени за пожарот во Универзалната сала во Скопје. Како што информираа од МВР, тројцата во моментот...

Македонија1 ден

Можно е пожарот да бил предизвикан од стар кабел или инсталација, рече сопственикот на фирмата што ја реконструира Универзалната сала

Пожарот во Универзалната сала се случил во стариот дел и можно е да бил предизвикан од стар кабел или стара...

Македонија1 ден

Милошоски: 25 земји членки на ЕУ дозволиле движење со старите пасоши до септември, ама Османи ја скрил информацијата

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на „Фејсбук“ објави фотографија од допис од 23.2.2024 од МВР на Италија, каде што стои...

Македонија1 ден

Град Скопје: Универзалната сала е на скопјани и на Македонија, а некој се обидува да забошоти што правел, ајде криминалци да ве видиме дали и како ќе си ги покриете делото и срамот

Две години јавно зборуваме дека проектот за Универзалната сала, кој му е дониран на претходното градско раководство и по кој...

Македонија2 дена

(Видео) Локализиран пожарот во Универзалната сала

Локализиран е пожарот што избувна утрово во Универзалната сала во Скопје, која е во фаза на реконструкција. Огнот ја уништи...

Топ2 дена

Татко од Велес ги терал своите деца да питаат, па парите ги трошел во казино

Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од селото Извор во општина Чашка за...

Македонија2 дена

Пожар во Универзалната сала во Скопје

Пожар на просторот во Универзалната сала. Гори покривната конструкција. На единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски да каже дали ќе го бојкотира вториот круг кога катастрофално ќе загуби во првиот

ВМРО-ДПМНЕ бара Пендаровски да каже дали ќе го бојкотира вториот круг кога, како што оценуваат од оваа партија, катастрофално ќе...

Македонија2 дена

СДСМ: Ново пукање во Чаир, ДПМНЕ е опасност за безбедноста на граѓаните

ДПМНЕ е опасност по безбедноста на граѓаните, закана за влошување на безбедносната состојба во државата. Новото пукање во Чаир во...