Култура
Борис Трајанов ќе прослави 25 години светска кариера
Македонскиот баритон Борис Трајанов ќе прослави 25 години светска кариера со сценски настап во делови од оперите „Набуко“ и „Риголето“ на сцената на МОБ на 16 февруари
Специјални гости на гала прославата ќе бидат Франческо Роза диригент од Италија и нашите познати оперски уметници Ана Дурловска и Александар Стефаноски заедно со хорот и оркестарот на Македонската опера и балет.„Голема чест за МОБ е што македонскиот светски познат баритон, својот јубилеј ќе го прослави токму на оваа сцена. Јубилејот нема да биде гала, туку сценски концерт на кој ќе се изведат два чина од оперите „Набуко“ и „Риголето“. Специјални гости се Ана Дурловски која ќе настапи во улогата на Џилда, Александар Стефановски кој е млад бас кој ќе настапи во улогата на Захарие. Останати солисти во „Набуко“ ќе бидат Павлина Новакова-Ѓоргиев, Ирена Кафкалевска, Марјан Николовски, Бранислав Поп-Ѓоргиевски. Во „Риголето“ покрај Ана Дурловски и Борис Трајанов ќе настапат Дејан Стоев, Бранисав Поп-Ѓоргиевски и хорот и оркестарот на МОБ. “ изјави Дејан Прошев, директор на МОБ.„Среќен сум што ќе имам прилика и чест да настапам на сцената на МОБ. Пред точно 25 години на истиот датум настапив, поточно влетав во оперската „Циганскиот барон“ како замена за еден мој колега, кој се откажа поради болест. Морав за кратко време да соберам сили и за првпат да настапам во една комплицирана оперета. Со Франческо Роза имам настапувано на повеќе продукции во Италија и никогаш нема да ја заборавам нашата прва средба со него во Трст и уште тогаш знаев дека се работи за еден голем диригент.Морам да кажам дека на моја иницијатива и имав огромна желба на овој настап, на мојот јубилеј да настапат Ана Дурловски и Александар Стефановски. Тие двајца заедно со Благој Нацоски се наши достојни претставувачи на македонската оперска музика во светот. Пред 15 години посакав да не бидам единствениот кој пее надвор, и полека тој сон се остварува,“изјави Борис Трајанов.Маестро Борис Трјанов имал повеќе од 750 настапи во 50-на улоги на околу сто светски оперски сцени како Берлин, Виена, рим, Фиренца, Болоа, Хамбург, Франкфурт и др. Како амбасадор на мирот на УНЕСКО настапувал на гала концерти во Њујорк, Париз, Венеција.За оваа година планира да сними цеде со македонски народни песни придружуван од симфонискиот оркестар и македонски народни инструменти
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Книги
МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга
Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.
Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).
Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).
Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.
Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).
Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).
Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).
Култура
Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија
„Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД.
Фестивалот којшто се одржа од 10 до 14 април, во своето 22-годишно постоење се залага за промоција на храбри филмови кои обработуваат општествени предизвици, но и говорат за смелоста на човековиот дух.
Цветановски го радува тоа што филмот по вторпат e наградeн во САД, откако минатиот месец беше прогласен за највпечатлив филм на 30. издание на „Седона интернешнал филм фестивал“ во Аризона.
„Калифорнија е центар на американската филмска индустрија, и секако дека како автор сум горд што добивме награда овде, и тоа во конкуренција со американски филмови со многу поголеми буџети. Едвај чекам да завршиме со оваа светска фестивалска турнеја и во септември да го презентираме пред нашата публика. Очекувам филмот да отвори теми за дискусија на повеќе нивоа, но пред се‘ сакам да го продолжиме трендот од последниве години, во кој на домашните гледачи им се враќа довербата и желбата да гледаат македонски филмови“, рече Цветановски.
„Бизнисот на задоволството“ досега доби осум награди на филмските фестивали низ светот, од кои пет се за најдобар долгометражен филм.
Филмот ја следи приказната на новинарка, која опседната со исчезнувањето на нејзината најдобра пријателка, подготвува тајна операција со цел да разоткрие мрежа за трговија со жени. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Филмот е снимен со поддршка на Агенцијата за филм.
Култура
Националниот џез оркестар со програмата Џез лектира гостува во Велес
По концертот во Скопје, Националниот џез оркестар со програмата под наслов „Џез лектира“ гостува во Велес. Концертот ќе се одржи на 23 април, 2024 година, со почеток од 20 часот во театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“.
„На концертот „Џез Лектира“ се осврнуваме на дел од творештвото на Каунт Бејси биг бендот. Вилијам Џејмс, познат како Каунт Бејси е американски џез пијанист, органист, водач на бенд и композитор, познат и како „Кралот на свингот“. Во 1935 година, тој го формира оркестарот „Каунт Бејси“ и ја води оваа група скоро 50 години. Неговата работа резултира со низа иновации во музичкиот израз како употреба на два „поделени“ тенор саксофони, нагласување на ритам секцијата, рифови во биг бенд композиции, аранжери за дополнително проширување на биг бенд звукот и слично“, се наведува во соопштението на Националниот џез оркестар.