Контакт

Култура

На Саемот на книга во Лајпциг, седум автори од Македонија

Објавено пред

Годинешното претставување на Македонија на Саемот за книга во Лајпциг, кој почнува на 16 март и ќе трае до 21 март, ќе биде најголемо досега, со најголем број писатели кои ќе земат учество во разните програми и манифестации на Саемот

Во каталогот „Пролетно книжуле за Лајпциг“ специјално подготвен од издавачката куќа Готен со кратки одломки, биографски податоци и рецензентски белешки, на германски јазик се претставени триесет автори од Македонија. Во рамките на програмите, Кафе Европа, Фокус Југоисточна Европа и Балкан рокс ќе настапат Влада Урошевиќ, Лилјана Дирјан, Никола Маџиров, Владимир Јанковски, Роберт Алаѓозовски, Милан Мијалковиќ и Катарина Урбанек. Владимир Јанковски ќе го претстави својот роман „Вечно сегашно време“, Роберт Алаѓозовски делото „Готен“, а Лилјана Дирјан поетска збирка преведена на германски јазик и одломки од книгата „Приватни светови“. Никола Маџиров ќе ја претстави поезијата што наскоро ќе му биде објавена кај реномираниот германски издавач „Хансер“, а академик Влада Урошевиќ ќе биде претставен со одломки од разни дела од неговото творештво. Во рамките на ова случување ќе биде промовирано  англиското издание на архитектонската студија „Скопје-светското копиле“, чии автори се Милан Мијалковиќ и Катарина Урбанек. Книгата на овие млади архитекти кои живеат на релацијата Скопје-Виена ја објави реномираниот австриски издавач „Визер Верлаг“, а наскоро во Скопје ќе излезе изданието на македонски и на албански јазик.Целокупната програма е во рамките на европската мрежа за литература и книги „Традуки“ која ги обединува во заеднички настап сите земји од регионот.„Во однос на претставување на писатели, до сега е најбројно учеството од Македонија. Ќе учествуваме на различни настани, самостојно или заедно со други писатели од регионот на програмата. Регионалната димензија на настанот, која благодарение на фондот „Традуки“ е присутна на саемот, е многу битна. Постои одлична координација, соработка и размена на ставови на уметнички теми меѓу писателите од Југоисточна Европа. Ова е врвно интеркултурно претставување. Саемот во Франкфурт е глобален саем и е чист бизнис, додека Германците и фондот „Традуки“ инвестираат во давањето на значење и градење на профилот на Саемот во Лајпциг каде е битна комуникацијата со читателите, битни се авторите и авторските претставувања. Во текот на Саемот, целиот Лајпциг станува книжевна сцена.“ изјави Роберт Алаѓозовски, главен и одговорен уредник на издавачката куќа „Готен“„До сега имав три гостувања во Германија, имав своја поетска вечер во Лајпциг, Берлин, Бадхамбург. „Приватни светови“ последните два месеци веќе се преведува на германски. Единствено во Германија сум се чувствувала како автор. Вниманието на публиката е посебно, бидејќи и кога читате 45 минути тие замолуваат да останеш и уште да читаш. Мислам дека оваа мала група достојно ќе ја претстави Македонија иако сметам дека Саемот е пред се за лична промоција, и конечно јас пишувам за себе, “ вели Лилјана Дирјан,Досега нашето претставување на Саемите беше од естраден карактер. Од друга страна, добар е фокусот на издавачката куќа „Готен“ што се одлучи да конкурира и да го стави акцентот на саемот во Лајпциг. Нашето претставување таму е многу битно затоа што во последните години посебен интерес кон Балканот и Македонија може да дојде од германската култура, “ изјави Владимир ЈанковскиКаталогот наречен „Пролетно книжуле за Лајпциг“, со триесет македонски автори ќе им биде разделен на претставници на издавачките куќи присутни на саемот, на авторски агенции, книжевни агенти и други застапници кои посредуваат во објавувањето на авторските дела на меѓународниот пазар на книги.Ова гостување е поддржано од фондот „Традуки“, „Гете“ институтот и Министерството за култура на Република Македонија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Девет романи во конкуренција за наградата „Роман на годината“

Објавено пред

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2020 година, во состав: Оливера Николова (минатогодишна лауреатка и претседателка на Комисијата), Зоран Анчевски, Калина Малеска, Живко Грозданоски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата „Славко Јаневски“), во втората селекција одбра девет романи што останаа во конкуренција за оваа престижна награда.

На годинашниот конкурс пристигнаа дури 41 роман. Жири-комисијата во првата селекција одбра 18 наслови, а сега списокот го стесни на девет романи. Според пропозициите, насловот на наградениот роман и името на авторот ќе бидат соопштени на прес-конференција, в петок, на 15 март.

Наградата „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, годинава ќе се врачи по 22 пат. Наградата, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, се состои во паричен износ од 150.000 денари, плакета и оригинална статуетка.

Прикажи повеќе...

Книги

Четири нови книги од култниот автор Милан Кундера во издание на „Арс Ламина“

Објавено пред

Книгите на Милан Кундера говорат за луѓето, за нивните мисли, чувства и намери, а неодамна на македонски јазик излегоа четири негови дела „Шега“, „Животот е на друго место“, „Проштален валцер“ и „Смешни љубови“. Како Чех кој, пак, според пасошот не е со таа националност, веќе со децении наназад живее во Франција. Чехословачка во 1978 година му го има одземено државјанството и на тој начин го има „протерано“ еден од своите најпознати писатели во егзил. Живее повлечено и никогаш не сонувал за враќање во татковината. Чесите долго време мораа да чекаат на неговото враќање, и тоа книжевно, па дури во деведесеттите години, неговите подоцнежни романи се преведени и на чешки јазик. „Шега“, „Животот е на друго место“, „Проштален валцер“ и „Смешни љубови“ се издадени од „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ и може да се најдат во сите книжарници „Литература.мк“ или да се нарачаат онлајн на www.literatura.mk.

„Шега“

„Шега“ е првиот роман на Милан Кундера, напишан на чешки јазик и објавен во 1967 година. Дејството се протега од крајот на Втората светска војна до настаните пред Прашката пролет кон крајот на шеесеттите години од XX век во тогашна Чехословачка. Роман за нарушената љубов и одмаздата, за разочарувањата од некогашните идеали и, како резултат на тоа, неретко гротескната верба во постигнување на мали, лични победи, за нераскинливата заемна проникливост на шегата со нејзината неминовна повеќезначност – и неретко опачина… „Шега“ се вбројува во стоте книги на векот според „Монд“.

„Животот е на друго место“

Романот „Животот е на друго место“ е напишан и издаден оригинално на чешки јазик во 1969 година, а во 1973, непосредно по неговото објавување на француски јазик, ја добива наградата „Медичи“ (Prix Médicis Etranger).

„Со Дон Кихот и со Госпоѓа Бовари, Животот е на друго место е можеби најстрогото дело што некогаш било напишано против поезијата. Поезијата како привилегирана територија на потврдата, на занесот и на ’автентичноста‘. Поезијата како последното прибежиште на Бога…“, се вели во поговорот од Франсоа Рикар.

„Проштален валцер“

Во едно бањско лекувалиште со застарен изглед, осум личности се фаќаат на еден валцер што се забрзува: една симпатична медицинска сестра, еден гинеколог фантазер, еден богат Американец (понекогаш светец понекогаш Дон Жуан), еден познат трубач, еден стар осуденик, жртва на чистки, кој е на прагот да ја напушти својата земја… Овој роман е еден „сон на летната ноќ“, еден „црн водвиљ“.

Најтешките прашања во оваа книга се поставени со таква леснотија поради која разбираме дека модерниот свет нè лишил од правото на трагичното.

„Смешни љубови“

„Смешни љубови“ е збирка раскази напишани во периодот од 1960 до 1968 година, кога е и објавена, но набргу потоа, по руската инвазија на Чехословачка истата година, е забранета. Главна тема на расказите, како што луцидно навестува и насловот, е љубовта, при што акцентот само навидум е ставен на нејзиниот физички аспект, додека под површината на односите се наѕираат смешните недоразбирања и комичните ситуации во кои се вплеткуваат протагонистите – неретко во мрежата што самите ја сплетуваат за другиот, за партнерот во играта…

Прикажи повеќе...

Култура

„Автобиографија на човекот-гулаб“ од Константин Плевнеш на „Балкан трафик“ во Брисел

Објавено пред

Интернационалниот фестивал на музички, филмски и сценски уметности, којшто 14 години се оджува во Брисел, од 23 до 26 април, оваа година го има своето дигитално издание, во кое вклучи поголем број уметници од земјите на Југоисточна Европа.

Во филмската селекција на фестивалот е избран филмот „Автобиографија на човекот-гулаб“, којшто е прикажан на повеќе фестивали во Европа и светот. Главниот херој на овој филм, Владимир Степановиќ, во 8 минути ја раскажува сопствената драма на исчезнувањето на неговата фамилија и исчезнувањето на поранешна Југославија.

Интересно е да се одбележи дека во 2017 година, „Балкан Трафик“ беше свечено затворен со претставата „Дениција“ од Петре М. Андреевски, исто така во режија на Константин Плевнеш, во изведба на Народниот театар од Охрид, со протагонистите Рубенс Муратовски, Димитрина Мицковска и Саша Ефтимова.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа7 часа

Во Шпанија помладите од 55 години што прележале Ковид-19 ќе добијат по една доза вакцина

Шпанија ќе им даде само една доза вакцина на лица помлади од 55 години што биле заразени од коронавирус, соопшти...

Македонија8 часа

Повредени седум полицајци и осуммина приведени на протестот за „Монструм“

На протестот за пресудите во случајот „Монструм“ се повредени седум полицајци. Од МВР исто така информираат дека се приведени осум...

Македонија9 часа

Регистрирани нови 554 случаи на коронавирус, починаа осум лица

Министерството за здравство информира дека, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени...

Македонија12 часа

Шврговски: Казната за Мијалков е драконска, а притворот е противзаконски

Сашо Мијалков може да помине само 60 дена во притвор во затворот во Шутка, бидејќи истиот е побаран со обвинителен...

Македонија13 часа

Веднаш по судењето Мијалков оди во затворот во Шутка

Судот донесе одлука првообвинетиот Сашо Мијалков да издржува ефективен, односно затворски притвор. Тој по судењето ќе биде спроведен во истражниот...

Македонија13 часа

Лекарска комора: Згрозени сме од постапката на возачот кој удри во доктор и побегна

Лекарската комора најстро го осудува вчерашниот инцидент во кој со тешки повреди се здобил д-р Ѓорѓи Јота, хирург и професор...

Македонија14 часа

12 години затвор за Мијалков за масовно и нелегално прислушкување

Ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков е осуден на 12 години затвор за масовното нелегално прислушкување од 2008 до 2015 година...

Европа14 часа

Меркел: Вакцините на „Астразенека“ се безбедни, но јас нема да се вакцинирам со неа

Во интервју за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, германската канцеларка Ангела Меркел призна дека луѓето ја одбиваат вакцината на „Астразенека“ затоа што...

Европа15 часа

Макрон: Со задоволство би ја примил вакцината на „Астразенека“ кога ќе дојдам на ред

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека со задоволство би прифатил да се вакцинира против Kовид-19 со вакцината нa „Оксфорд“ /„Астразенека“...

Свет16 часа

Кина одобри уште две вакцини против коронавирус

Кина одобри употреба на уште две вакцини против коронавирус. За вакцината„Кансино е потребна само една доза и, како што е...

Свет17 часа

Бразил не знае што да прави со мутациите, калифорнискиот вид е најопасен

Бразил се соочува со нова фаза на пандемијата со мутирани варијанти на Ковид-19, три пати позаразни, рече министерот за здравство....

Свет17 часа

Воздушни напади во Сирија по наредба на Бајден

Американската армија изврши воздушни напади во источна Сирија по наредба на претседателот eо Бајден врз објекти за кои Пентагон вели...

Македонија17 часа

Затворени повеќе улици во Скопје поради протест за „Монструм“

Во Скопје ќе важи посебен режим на сообраќај поради протест за пресудите во случајот „Монструм“. Роднини на осудените, во вторникот,...

Свет1 ден

Меркел најави дигитални сертификати за вакцинација во ЕУ

Германската канцеларка, Ангела Меркел, вели дека дигиталните сертификати за вакцинација, кои ќе им овозможат на луѓето да патуваат во Европа...

Македонија1 ден

Потврдени 582 нови случаја на коронавирус во Македонија, починаа 13 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.972 тестирања, а регистрирани се 582 нови случаи на...

Македонија1 ден

(Видео) Заев за случајот со Мијалков: Испратена е порака дека системот функционира

Испратена е пораката дека системот функционира. Треба да знаат граѓаните дека сме на добар пат во јакнењето на правниот систем,...

Македонија1 ден

Тројца кумановци формирале терористичка група по примерот на Исламската држава

Тројца кумановци се обвинети за тероризам и формирање ќелија по примерот на познатата терористичка организација Исламска држава. Во терористичката група...

Македонија2 дена

Денеска и утре состаноци на мешовитата комисија со Бугарија, ќе се разговара за Гоце Делчев

Учебниците за седмо одделение и прашањето за ликот и делото на Гоце Делчев се очекува да бидат ставени „на маса“...

Македонија2 дена

Почната постапката за набавка на 100.000 дози од руската вакцина

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека вчера Владата го овластила да потпише договор за набавка на руската вакцина. „Станува...

Македонија2 дена

Со британскиот вид се заразени 70 проценти од тестираните во „Жан Митрев“

Британскиот вид на коронавирусот е присутен во 70 отсто од случаите, покажале испитувањата на Клиничката болница „Жан Митрев’, кои денеска...

Досие