Контакт

Култура

Љубилејна турнеа на Мал драмски театар Битола

Објавено пред

Двегодишнината од своето формирање (февруари 2009-та), и како месец во кој Мал драмски театар – Битола ги изведе своите три први премиери („Граница“, „Валкани приказни“ и „Друга страна“) ја одбележа со по две претстави во Охрид, Прилеп и Битола

Јубилејот на битолските театарски уметници минатиот месец беше заокружен со настапот во Сараево, на фестивалот „Сараевска зима“ со претставата „Среќни денови“ од Семјуел Бекет во режија на Градимир Гојер, работена во копродукција со Градски театар Охрид.Во март, Мал драмски театар – Битола ја продолжува прославта на засега скромниот јубилеј со гостувања во соседни Бугаруија и Србија, каде што ќе се претстави со претставата „Столови“ од Ежен Јонеско во режија на Љупчо Ѓоргиевски во која настапуваат доајенот Јоана Поповска, бугарскиот великан Анастас Попдимитров и Александар Лозановски (со која МДТ-Битола настапуваше во Лондон, Истанбул, Санкт Петербург, Киев, Софија, Подгорица…).Ботолскиот драмски колектив покрај вчерашниот успешен настап во бугарска Враца, имаше уште еден настап и денска (15-ти) март во Драматично куклен театарВо четврток (17-ти март), МДТ-Битола ќе настапи во спрската престолнина Белград во рамките на фестиваот Славија 2011. Своевидната мини балканска турнеа битолчани, пак, ќе ја имаат в недела (20-ти март) кога ќе настапт во Крагуевац, во театарот „Јоаким Вујиќ“.Завршната прослава на двегодишното постоење на Мал драмски театар – Битола ќе се случи во скопскиот Драмски театар во понеделник (21-ти март) со почеток во 22 часот со претставата „Столови“.Инаку, во своите две години постоење Мал драмски театар – Битола реализираше вкупно 12 премиери – „Граница“, „Валкани приказни“, „Друга страна“, „Виктор“, „Љубов моја“ (премиерно одиграни во во 2009г., и „Црвено“, „Спиноза“, „Среќни денови“, „Госпоѓа А“, „Дневникот на лудиот“, „Сребрена свадба“ и „Столови“ одиграни миантата 2010-та. Неизоставно при претставувањето на една од „најмладите“ театарски институции во Македонија е да се забележи дека во овој кус период на постоење Мал драмски театар – Битола се стекна со осум интернационални награди – на MESS во Сараево, ExPonto – Љубљана, Јоакин Фест – Крагујевац, Фестивал на камерна драма – Враца, МоноАкт – Приштина…, со што според оваа категорија на итнернационални награди е најуспешниот театар Мекедонија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Актуелно

Почина пијанистката Елена Мисиркова

Објавено пред

Од

Почина македонската пијанистка Елена Мисиркова која низ годините беше често присутна на концертниот подиум со оркестарот на Македонската филхармонија. Последните настапи беа на одбележувањето на 65-годишниот јубилеј на оркестарот заедно со диригентот Јануш Пишибилски и изведба на комплексниот Концерт за пијано и оркестар од Властимир Николовски.

Во 2016 година со голем личен ангажман токму на Елена Мисиркова, Камерниот оркестар на Македонската филхармонија со неа како солист настапи во Дипломатската академија во Виена под диригентската палка на Саша Николовски-Ѓумар.

Елена Мисиркова остави силен печат врз македонската музичка култура со својот уметнички нескротлив дух, со желбата да истражува и да го промовира македонското творештво за пијано, таа беше еден од најзначајните промотори на македонската култура во странство. Останува голема празнина на концертните подиуми.

Прикажи повеќе...

Култура

Доделени наградите на „Гола месечина“

Објавено пред

Од

На вчерашното свечено затворање на Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“, кој од 18 до 23 јуни се одржа под отворено небо на сцената поставена во Спортскиот центар „Ново Лисиче“, беа доделени седум награди. Наградата Гран при за најдобра претстава  ја доби „Једваносимсобоакаломистобо“ на сараевскиот воен театар САРТР. Режисерот на истата претстава, Алеш Курт, ја доби наградата за најдобра режија.

Наградата за најдобра машка улога му се додели на Фаик Mефаилоски за ликот на Ерџан во претставата „Синиот портокал“ на велешкиот театар „Џинот“, а за најдобра женска улога на Сања Крстовиќ за ликот на Живка во претставата „Госпоѓа министерка“ на Народниот театар од Ниш. Награда за најдобра епизодна улога ѝ беше доделена на Анета Томашевиќ за улогата на госпоѓа Потер во претставата „Kидај из моје кухиње“ на шабачкиот театар.

Оваа година за првпат беа доделени и награди за костимографија, која ја доби Елена Дончева за претставата „Дванаесетта ноќ (спроти Водици)“  на народниот театар „Антон Панов“ од Струмица и за млад актер, која ја добија Ефтим Трајчев Ѓаурски од народниот театар од Штип за улогата во претставата „Умри машки“ и на Давор Сабо од сараевскиот воен театар „САРТР“ за улогите во претставата „Једваносимсобоакаломистобо“.

Изборот на победниците го направи меѓународна тричлена жири-комисија во состав Иван Лео Лемо како претседател, Магдалена Ризова Черних и Љупчо Петрушевски како членови по проследувањето на шесте претстави што се одиграа во натпреварувачкиот дел (три од Македонија и три од регионот).

Пред свеченото доделување на наградите во присуство на огромен број дечиња од Аеродром на сцената беше одиграна детската претстава „Тоби“ на Театарот за деца и младинци од Скопје, а со стендап-комедијата на Марјан Ѓеорѓиевски вчеравечер и официјално заврши „Гола месечина“, која годинава се одржа по петти пат.

Прикажи повеќе...

Култура

Акустичното пијано го одбележа третиот ден од Skopje Street Music Festival

Објавено пред

Од

Звуците од клавишите на акустичното пијано се разлеаја низ улиците на Скопје. Со оваа реченица може да се опише третиот ден од Skopje Street Music Festival. Акустичното пијано, кое поради своите карактеристики и големина, многу ретко се поставува надвор од концертните сали, внесе нова димензија на композициите на Астор Пијацола, во изведба на Pezzanov Pizzola Project во градскиот парк. Под вештите прсти на познатата пијанистка Дуња Иванова ја доловуваше атмосферата од сцени на филмовите „Часови“ и „Пијано“.

„Поставувањето на акустичен инструмент на нестандардна локација е привлечно за минувачите, а предизвик за изведувачот“, вели пијанистката Иванова. „Минимализмот беше предзнак и на овој мој настап, како можност за музичко искуство кое за публиката ќе обезбеди патување низ мислите и чувствата“- додава таа.

Во вечерниот термин на Боемска улица, акустичното пијано и даде посебен призвук на џез музиката. Бојана Фабел која настапи со нејзиното џез трио и Next to Silence, изведоа оригинални, но и реаранжирани дела од богатиот опус на Enrico Rava, Jan Garbarek, Carla Bley и други.

Со својот „пеперминтски“ поглед на музиката, членовите на групата Пеперминт ја освежија публиката на плоштад Македонија. Заеднички ги испеаја текстовите на „Бранка“, „Нос“, „Ако“ и секако „Девојката со точакот“. Вториот настап на оваа локација беше резервиран за Fighting Windmills, кои преку различните жанровски стилови што ги негуваат во својата музика и виртуозот на удирачки инструменти, перкусионистот Антоние Весковски, го доведоа задоволството на публиката до кулминација.

Програмата на Skopje Street Music Festival продолжува и денес во Градски парк, ТЦ Лептокарија и плоштад Македонија. Настапуваат: Quartet VivArt, The quartet, Just the 3 of us, Кристијан Гиноски – гитара, No Name, Bossa Un Der Cover и Musaiq. Ко-организатор на фестивалот е Конгресен центар Александар Македонски, а покровител е Град Скопје.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија41 минута

Столтенберг: Македонија ќе добие покана ако има успешен референдум

Македонија ќе добие официјална покана за НАТО дури по целосна ратификација на договорот за спорот за името со Грција, што...

Македонија53 минути

Коѕијас: Европа мора да го испочитува дадениот збор кон Северна Македонија и Албанија

Земјите од ЕУ мора да го одржат својот збор и да ги отворат преговорите за пристап на Македонија и Албанија...

Македонија2 часа

И по речиси една година, обвинителството сè уште собира докази за злоупотребите во УЈП

„Предметите за кои покажувате интерес се во предистражна постапка и надлежните јавни обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење организиран...

Македонија4 часа

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја лаже јавноста дека ќе се забрани користењето македонски топоними

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ нема друг начин на деjствување освен ширењето лажни вести, измислици и невистини преку кои се обидува...

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Македонската жица на Заев e направена од свила, тој потпиша капитулација

СДСМ се откажа од сопствениот народ. За само една година владата на СДСМ на чело со Заев ја брише вековната...

Вести6 часа

Ердоган прогласи победа, тој е прв претседател со извршни овластувања

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, прогласи победа во првиот круг на изборите на кои според официјалните податоци освои втор мандат,...

Македонија18 часа

Кошаркарите Антиќ, Стојановски и Чековски запишани како Северно Македонци на „Евробаскет“

Глобалниот сајт „Евробаскет“ ги промени податоците за националноста на македонските кошаркари. На профилите од Перо Антиќ, Дамјан Стојановски и Ѓорѓи...

Европа20 часа

ЕУ предлага центри за мигранти на Балканот и во Африка

Неколку лидери на Европската Унија го поддржаа планот за воспоставување на прифатни центри за мигранти во северна Африка и на...

Регион21 час

Дијалог Белград – Приштина: Разговорите тешки, позициите значително оддалечени

Во Брисел се одржува нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина, под покровителство на Европската Унија. Дописникот на РТС пренесува...

Македонија1 ден

ВМРО – ДПМНЕ: Боењето е сценарио диригирано од Зоран Заев

Фрлањето боја врз седиштето на ВМРО – ДПМНЕ е сценарио на власта, обвини денес најголемата опозициона партија ВМРО – ДПМНЕ....

Македонија1 ден

Приведени 9 лица по протестот, носеле боксирач, скалпел и фантомки

Полицијата синоќа, откако заврши протестот пред Собранието, привела 9 лица. При претрес кај нив биле најдени пиротехнички средства, боксирач, скалпел...

Македонија1 ден

Чижов: Приемот на Македонија во НАТО ќе биде грешка со последици

Постојаниот руски претставник во ЕУ, Владимир Чижов во интервју за грчкиот весник „Катимерини” вели дека се надева оти решението на...

Европа1 ден

Експлодираше зграда во Германија – повредени 25 лица

Дваесет и пет лица  се повредени, од кои четворица сериозно, кога експлозија уништи станбена зграда во западниот германски град Вупертал,...

Македонија1 ден

Заев за „Политика“: Верувам во успешен референдум

Референдумот ќе успее, а тоа би било успех за граѓаните на Македонија, вели премиерот Зоран Заев во изјава за српскиот...

Македонија1 ден

СДСМ го осуди нападот врз штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го осуди нападот на централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ и секаков друг вид на насилства коишто ја...

Македонија1 ден

Шекеринска со писмо до земјите членки на НАТО: Ја барам вашата поддршка за Македонија 

По постигнувањето на договорот со Грција, министерката за одбрана Радмила Шекеринска испрати писмо до министрите за одбрана на 29-те земји...

Надворешна политика1 ден

Коѕијас ги подготви писмата за ЕУ и НАТО

Mинистерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас денеска ќе ги потпише, а утре писмено ќе ги извести ЕУ и...

Македонија1 ден

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Кукавички нападнат и каменуван штабот на партијата

Кукавички беше нападнат и каменуван централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, обвини партијата.Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека нападот на...

Свет1 ден

Претседателски и парламентарни избори во Турција 

Во Турција денеска ќе се одржат вонредни претседателски и парламентарни избори, откако на 16 јули минатата година народот на референдум...

Македонија2 дена

Демонстрантите побараа оставка од Владата и изразија поддршка за Иванов

Еден и пол час траеше вечерашниот протест за одбрана на името во Скопје. Од бината пред Собрание демонтрантите побараа оставка...

Досие