Контакт

Култура

Македонскиот „Мјузик прогресив квартет“ ќе настапи во САД

Објавено пред


Македонскиот „Мјузик прогресив квартет“ ќе настапи во Њујорк и во Бостон

Македонскиот „Мјузик прогресив квартет“ ќе настапи во Њујорк и во Бостон. По три години квартетот повторно ќе има самостојни концертни настапи во САД.„Мјузик прогресив квартет“, кој е составен од македонските уметници Владимир Лазаревски, Владимир Крстев, Марко Виденовиќ и Паскал Краповски, на 17-ти март ќе настапи во Ensemble Studio Theater во Њујорк. На 19-ти март квартетот ќе има свој настап во Бостон, по покана од  меѓународниот музички фестивал „Балкан мјузик најт“, кој се одржува по 26 – ти пат.На концертите во Њујорк и во Бостон, „Мјузик прогресив квартет“ ќе изведат композиции кои ќе се  најдат на нивниот следен носач на звук, но и композиции од нивниот претходен албум. Квартетот досега има настапувано во: Австрија, Бугарија, Србија, САД, Русија, Италија, како и повеќе концерти во Македонија./крај/т.д.

Култура

Диџеј Авичи пронајден мртов во Оман

Објавено пред

Од

Музичкиот продуцент и диџеј Тим Берглинг, познат како Диџеј Авичи бил пронајден мртов во Оман, објави неговиот издавач.

Неговиот издавач, Диана Барон, објави дека семејството на 28-годишниот диџеј е потресено и побара да се почитува нивната приватност. Нема детаљи за причината за смртта.

Шведската музичка ѕвезда имаше неколку хитови кои се искачија високо на ранг-листите, а има соработки и со изведувачи како Мадона и Колдплеј.

Авичи се бореше со здравствени проблеми во минатото, при што во 2014 година му беа отстранети жолчното кесе и слепото црево. Тој го објави своето пензионирање од турнеите во 2016 година, делумно поради здравствените проблеми.

Прикажи повеќе...

Култура

„Дух“ – нова премиера во МНТ по текст на Дејан Дуковски

Објавено пред

Претставата „Дух“ од Дејан Дуковски, во режија на Срѓан Јаниќијевиќ, во вторник, 24 април, премиерно ќе биде изведена во Македонкиот народен театар. Главната улога на духот ја толкува Гораст Цветковски, а играат и Никола Ацески, Емил Рубен, Тања Кочовска, Ивица Димитријевиќ, Тина Трпкоска, Оливер Митковски, Матеа Јанковска, Сашко Коцев, Нина Деан, Јордан Симонов и Тони Михајловски.

На денешната прес-конференција режисерот рече дека ова е прва претстава на МНТ поддржана од Министерството за култура за 2018 година, во соработка со „Контрапункт“ и со поддршка од Општина Центар.  Според него, текстот на Дејан Дуковски е поинаков од сè што напишал досега, а можеби и еден од најдобрите. Режисерот истакнал дека оваа претстава ќе се игра долго.

Прикажи повеќе...

Култура

Премиера на документарецот „Кобра“, приказна за борачката легенда Шабан Трстена

Објавено пред

Долгометражниот документарен филм „Кобра“, посветен на борачката легенда Шабан Трстена, ќе биде премиерно прикажан вечерва во 19 часот во киното „Милениум“. Проекцијата е во рамките на 21. Скопски филмски фестивал. Режисер на „Кобра“ е Игор Иванов, а во продукција на Томи Салковски, „Скопје филм студио“.

„Кобра“ е трогателна приказна за единствениот спортист од Македонија што освоил олимписко злато, чии големи успеси никогаш не биле признаени од политичките авторитети и општеството.

Снимен е по сценарио на Игор Иванов, Сашко Насев и Томи Салковски, а режијата е на Игор Иванов. Во филмот се појавуваат Зоран Михајлов, борачки експерт, Насе Насев, поранешен селектор на борачката репрезентација, Ајруш Синани, тренер, Милош Вучидолов, доктор, Васил Тупурковски, поранешен претседател на МОК, Зоран Шоров, борач од Македонија, Ванчо Чифлиганец, поранешен претседател на ФБСМ, Назми Али – БК „Тефејуз“, Анатолиј Белоглазов, борач од Русија, Ахмет Ак, борач од Турција, Ферид Мухиќ, филозоф, Агим Касаполи и Антон Серечи, спортски новинари и членови на семејството Трстена.

Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на РМ.

На премиерата ќе присуствуваат Шабан Трстена и членови на екипата што работеше на реализацијата на овој филм.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

(Видео) Приведена скопјанката која пушеше марихуана на улица

Полицијата ја приведе скопјанката која пушеше марихуана на улица и снимката ја сподели на „Фејсбук“. Двајца полицајци попладнево ја лоцирале...

Македонија7 часа

(Видео) Груевски: И сведоците предложени од СЈО сведочеа во наша корист

По денешното судење во кривичниот суд за предметот „Тенк“, поранешниот премиер Никола Груевски се пожали дека судот повторно, како што...

Македонија8 часа

(Видео) Симовски: Етничка припадност ќе нема на пописот оти е непотребен податок

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, најавува револуционери измени на претстојниот попис. Во интервју за „Макфакс“ тој вели...

Македонија12 часа

Владата допрва ќе одлучува дали Орце Камчев ќе стане почесен конзул на Бугарија

Владата допрва ќе одлучува за барањето на Бугарија бизнисменот Орце Камчев да биде именуван за почесен конзул во Македонија. Портпаролот...

Македонија12 часа

Скопје ќе добие нов екоавтобус

Нов екоавтобус ќе сообраќа на линијата со број 2 на релацијата од Автокоманда до Сарај и обратно, објави денеска градоначалникот...

Македонија12 часа

Манчевски: Регистарот на населението не е замена за попис

Министерството за информатичко општество и администрација денеска организира јавна трибина за Законот за централен регистар на населението и Законот за...

Македонија13 часа

Фејзи Азири ќе биде вратен во затвор

Фејзи Азири, обвинет во случајот „Монструм“, ќе биде вратен во затвор за издржување затворска казна за нелегално поседување оружје. Кривичниот...

Македонија13 часа

Двајца обвинети за крвавиот четврток излегуваат од притвор бидејќи понудиле гаранција

Две лица, кои се меѓу обвинетите за наслилствaта во Собранието од 27 април минатата година, ќе излезат од притвор бидејќи...

Македонија16 часа

Ердоган: Македонија има поддршка од Турција за влез во НАТО

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во Анкара се сретна со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган. Како што соопшти собраниската прес-служба,...

Свет17 часа

Лавров: Путин и Трамп нема да дозволат вооружен судир

Владимир Путин и Доналд Трамп нема да дозволат вооружен судир меѓу Русија и САД, изјави рускиот министер за надворешни работи,...

Македонија17 часа

Ново рочиште за набавката на „мерцедесот“ од 600.000 евра

Во кривичниот суд денеска се очекува да продолжи судењето за предметот „Тенк“ на специјалното јавно обвинителство, кој се однесува на...

Македонија17 часа

Јанакиески на суд за „Сончев Град“

Во кривичниот суд за денеска е закажано ново рочиште за предметот „Топлик“ на специјалното јавно обвинителство, во кој се обвинети...

Македонија1 ден

ЕЛЕМ: Децата на Грчев и Џафери се ангажирани оти имаа исклучителни биографии

По вработувањето на Димитар Грчев, син на архитектот Мирослав Грчев, и Бесијана Џафери, ќерка на собранискиот спикер Талат Џафери, од ЕЛЕМ за „Макфакс“...

Македонија2 дена

Мицкоски појадуваше со Могерини – „Постои сомнеж дека власта е вмешана во криминал“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари работен појадок со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини,...

Македонија2 дена

Судењето за „Насилство во Центар“ одложено за 1 јуни

Судењето за предметот „Насилство во Центар“ е прекинато и одложено за 1 јуни поради неможноста на претседателот на кривичниот суд,...

Регион2 дена

Харадинај побара од Хан визна либерализација за Косово

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, побара од Европскиот комесар за проширување и добрососедство, Јоханес Хан, да ја вклучи Приштина во европскиот...

Македонија2 дена

Могерини: Да се продлабочат реформите за да има позитивни вести во јуни

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Федерика Могерини, во обраќањето пред пратениците во Собранието забележа дека треба да...

Македонија2 дена

Кривична пријава за основките што претепаа соученичка во Неготино

Полицијата поднесе кривична пријава за насилство против трите ученички во основното училиште „Гоце Делчев“ во Неготино, кои истепаа своја соученичка....

Свет2 дена

Трамп: Никој не е поостар од мене кон Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека никоја не е остар кон Русија како што е тој и порача дека на...

Македонија2 дена

(Фото) Премиерите од Западен Балкан вечераа во Скопје

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, и високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ и...

Досие