Контакт

Култура

Оставнината на Петре Прличков како почеток на акција за создавање театарски музеј

Објавено пред

Со оставнината на Петре Прличков се започна акција за создавање театарски музеј, по повод стотата јубилејна изведба со втората постава на театарската претстава „Сомнително лице“, во режија на Синиша Евтомов

Легендарниот актер, Прличков со главната улога на Јеротије Пантиќ и актерот Тодор Никовски, во режија на Димитар Ќостаров, одиграле вкупно 262 претстави.Оваа претстава е најизведуваната во историјата на МНТ, која утревечер ќе одбележи вкупно 362 изведби од премиерата на 3 април 1945 година.Личните предмети на Прличков ги донираше неговата сопруга Нада Прличкова. Меѓу нив се голем дел од неговите актерски награди, магнетофонот, очилата, карикатурата, негов портрет и легендарниот прстен кој не го вадел до крајот на животот.„Специјалната метода на учење текстови на Прличков, беше пишувањето на улогата во тетратки. За потоа да го сними текстот на магнетофон што веднаш го преслушуваше. И секогаш прв го знаеше текстот“ изјави театрологот и професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Јелена Лужина.Таа додаде дека наградата „Бранко Гавела“ која се доделувала во Хрватска за најдобар актер била доделена на Прличков. Награда била ексклузивна бидејќи се доделила само еднаш и токму на македонски актер.Театарското минато се темели на Петре Прличков кој до крајот на својот живот (1907-1995) останал верен на театарската сцена.

концерти

Концерт на пијано дуото Гелебешеви во Куманово

Објавено пред

Утре со почеток во 20 часот во малата сала на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, концерт ќе одржи пијано дуо Гелебешеви. Концертот е дел од годишната програма и е подржан од страна на Министерството за култура на Република Македонија.

„Пијано дуото Гелебешеви го сочинуваат, Катерина Гелебешева Костадиновска и Глигор Гелебешев, коишто на музичката сцена опстојуваат повеќе од 17 години, настапувајки речиси во сите градови во Македонија, како и на најзначајните музички фестивали во земјава: Охридско лето, Интерфест-Битола, Хераклејски Вечери-Битола, ДММ-Скопје, Златна Лира-Скопје, културни лета во Прилеп, Штип, Гевгелија, Кавадарци, Неготино, Куманово. Со настапот на 21-06-2005 година (Светски Ден на Музиката),во Париз дуото ја започнува и својата меѓународна каријера. Следуваат настапи во: Полска, Романија, Бугарија, Холандија, Италија, Србија, Турција, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговин“, наведуваат организаторите.

Во соопштението се додава дека дуото својот прв носач на звук го издава 2008 година со дела од Б. Барток, Е. Шабрие, А. Хачатуријан, Ј. Дебиси и Ф. Шопен, а во 2011 година ја добива и наградата Златна Лира од страна Сојуз на Музичките уметници на Македонија. Во 2016 година пак дуото го бележи и својот прв настап со македонската филхармонија изведувајќи го концертот за две пијана и оркестар од Ф. Пуланк.

Прикажи повеќе...

Изложби

Ретроспективно-монографската изложба на Драган Попоски Дада во Даут пашин амам

Објавено пред

Проектот од Годишната програма за 2018 година, Ретроспективно-монографската изложба на Драган Попоски Дада, НУ Национална галерија на Македонија ќе ја прикаже пред публиката на отворањето во среда, на 24 октомври. И оваа изложба е организирана во рамките на одбележувањето на Јубилејот посветен на 70 годишнината од основањето на нашата институција.

Драган Попоски Дада е доајен на македонската современа скулптура, даде силен белег и остави неизбришливи траги во развојот и афирмацијата на македонската современа ликовна уметност.

Изложбата ќе биде отворена во 19 часот, во изложбениот простор на Даут пашин амам. На отворањето ќе се обратат Министерот за култура, Асаф Адеми, Директорот на НУ Национална галерија на Македонија, Дита Старова Ќерими, Маја Стевкова Штериева, главен финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална Банка АД Скопје, покровител на монографското издание.

Изложбата претставува одбележување на повеќедецениското творештво кое се издвојува со својот каракатеристичен авторски белег на нашиот еминентен скулптор Драган Попоски Дада. На изложбата ќе бидат презентирани дела (скулптури и цртежи) од сите фази од неговото творештво, кое започнува далечната 1964 год. Со оглед на неговото големо значење и силниот и препознатлив белег кој беше инспирација за многу нови генерации на ликовни автори, а земaјќи во предвид дека и веќе подолг временски период не е активно присутен на македонската ликовна сцена, и покрај парцијалните претставувања на неговите дела во последните 20-ина години, оваа ретроспективна изложба ќе преставува своевиден пресек на неговото творештво, укажувајќи на неговото исклучително значење за современата македонска ликовна уметност.

Изложбата која ќе биде отворена во атрактивниот објект – Даут пашин амам ќе содржи над стотина скулптури и цртежи од сите творечки периоди на значајниот македонски уметник Драган Попоски Дада.
Делата кои ќе бидат претставени се сопственост на авторот, на повеќе институции (НУ Национална галерија на Македонија, НУ Музеј на современата уметност, НУ Музеј на Македонија, Центар за современа ликовна уметност – Прилеп, СОЗР при Влада на РМ и др.), како и на значаен број приватни сопственици. Куратори на проектот Маја Чанкуловска Михајловска и Маја Неделкоска Брзанова информираат дека изложбата ќе биде отворена до 24 следниот месец.

И оваа изложба, како сите претходни, ќе биде подржана од нашиот јубилеен придружник, Винарската визба Тиквеш.

Прикажи повеќе...

концерти

Виолинистката Пламенка Трајковска со својот гудачки квартет ќе одржи концерт за деца

Објавено пред

Виолинистката Пламенка Трајковска со својот гудачки квартет ќе одржи концерт за деца на 20 октомври, со почеток во 12 часот, во малата сала на Македонската филхармонија.

„Пламенка Трајковска – мали камерни состави“ го најавуваат својот најнов проект посветен на децата и младите „Што е тоа… гудачки квартет“, чија цел е доближување на класичната музика до овој сегмент од населението. Првиот дел од проектот се однесува на гудачките инструменти и музичките состави коишто децата и младите, преку еден интерактивен и мултимедијален концерт, ќе можат да го видат/слушнат/осетат. Концертот ќе вклучува и сценски движења и мултимедијални елементи преку кои учесниците ќе ги однесе во светот на класичната музика и ќе ги запознае со музичките инструметни и начинот на музицирање на виолина, виола и виолончело. На концертот покрај Пламенка Трајковска ќе настапат Наташа Диденко, Љубица Бошкова и Маја Михајловска.

„Пламенка Трајковска – мали камерни состави“ досега имале можност за реализираат повеќе концерти за деца во Скопје и во домовите за култура во Македонија. Од почетокот на годината „Пламенка Трајковска – мали камерни состави“ реализираа повеќе концерти за деца со наслов „Музика и танц за учениците“ во општините Ѓорче Петров и Кисела Вода, а сега го започнуваат новиот проект наменет за доближување на класичната музика до децата – „Што е тоа… гудачки квартет“.

Проектот е поддржан од Министерството за култура и од Македонската филхармонија.
Билетите за овој несекојдневен настан може да се купат на билетарницата на Македонската филхармонија.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

Додека Договорот од Преспа не дојде во нашиот Парламент ние остануваме во Владата, порача Каменос

Грчкиот министер за одбрана и коалицискиот партнер на Алексис Ципрас, Панос Каменос, лидерот на Независни Грција, денеска од Солун, каде...

Македонија4 часа

(Видео) Шекеринска: Македонија со оваа одлука станува фактор на стабилност во регионот

Пратениците презедоа одговорност и испишаа нова шанса во историјата на Македонија, сакам да им честитам на сите за заедничкиот напредок...

Македонија6 часа

Русија останува на својот став, ве признавме под името Република Македонија

Русија ја призна Република Македонија под нејзиното уставно име пред повеќе од 26 години и својот став не го менува,...

Свет6 часа

(Видео) САД бара повеќе информации од Ријад, но не сака да биде запрена продажбата на оружје

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека не е задоволен од саудиските власти за смртта на новинарот Џемал Кашоги, но...

Македонија7 часа

Бавна правда: 650 судења се одложени за 1,5 година поради отсуство на обвинител

За една и пол година (2017 до јуни 2018 година) во скопскиот кривичен суд биле одложени 672 судења, од кои...

Македонија8 часа

Звиздиќ со честитка до Заев: Сакам вашата одлука да ја зајакне европската перспектива на целиот Западен Балкан

Претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ испрати честитка до македонскиот премиер Зоран Заев за изгласувањето...

Македонија21 час

Стејт департмент: Ова е историска шанса за Македонија и регионот

Стејт департментот ја поздрави одлуката на Собранието, со која Македонија треба да ги започне уставните измени и имплементација на Спогодбата...

Македонија22 часа

Кривична пријава за говор на омраза и загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе известување за...

Македонија24 часа

„Катимерини“: Наскоро нов конфликт во грчката Влада поради Македонија

Само три дена по оставката на министерот за надворешни работи Никос Коѕијас и предупредувањето на премиерот, Алексис Ципрас дека нема...

Македонија1 ден

(Видео) Ципрас: Гласањето во Собранието отвора пат за договор меѓу Грција и Македонија

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека усвојувањето на предлогот за уставни измени од страна на македонскиот Парламент отвора пат за...

Македонија1 ден

Коѕијас: Среќен сум за одлуката на Скопје, тврдењата за тајни фондови се одвратни

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, кој пред неколку дена поднесе оставка од функцијата изјави дека е среќен поради...

Македонија1 ден

Нимиц со порака до политичките лидери: Работете заедно за финализирање на договорот

Метју Нимиц, македонско-грчкиот посредник во спорот за името ја поздрави одлуката на парламентот да продолжи со промена на Уставот кон...

Македонија1 ден

Тачи: Македонија направи голем чекор кон зајакнување на мирот во регионот

Македонија е чекор поблиску до ЕУ и НАТО, откако беа обезбедени потребните гласови за измена на Уставот, отворајќи го патот...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Достоинството на Македонија беше ставено на тезга како пиперки и домати

Тоа што се случи вчера вечер во Собранието беше срам каков што светот не видел, оценува ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. Опозицијата...

Македонија1 ден

Димитров на „Фејсбук“: Далеку сме од тоа каде сакаме да бидеме, ама го знаеме патот

Далеку сме од тоа каде сакаме да бидеме. Ама го знаеме патот, напиша министерот за надворешни работи, Никола Димитров на...

Македонија2 дена

Столтенберг на „Твитер“: Лидерите да ги завршат процедурите за Македонија да влезе во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, преку социјалната мрежа „Твитер“ го поздрави изгласувањето на одлуката за пристапување кон уставните измени...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски ги исклучи од партијата пратениците од ВМРО-ДПМНЕ што гласаа за уставните измени

ВМРО-ДПМНЕ ги исклучи пратениците од своите редови што вечерва гласаа за уставните измени – Елизабета Канческа-Милевска, Емилија Александрова, Нола Исмајловска,...

Македонија2 дена

Левицата: Ништо не е готово, борбата продолжува!

По изгласувањето на уставните измени во Собранието, се огласи и Левицата. Од таму реагираат дека сите пратеници го изгубиле легитимитетот...

Македонија2 дена

Ципрас до Заев: Честитки пријателе, Зоран Заев!

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, го поздрави гласањето во македонскиот парламент и му честита на премиерот Зоран Заев за гласањето со...

Македонија2 дена

(Видео) Заев: Денес напишавме историја што ќе ја раскажуваат идните генерации

Денес е историски ден, заедно напишавме историја, рече премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата што ја одржа откако Собранието ја изгласа одлуката...

Досие