Култура
Промоција на ЦД и книга за Шпато

Во фоајето на Македонската опера и балет се одржа промоција на монографијата „Шпато – музичка легенда“ од Ванчо Димитров и компакт-диск со музика од Драган Ѓаконовски – Шпато (во издание на БМФ, СОКОМ и МРТ).
Промоцијата е вовед кон концертот на Ревискиот оркестар на МРТ во чест на 80 години од раѓањето на Драган Ѓаконовски – Шпато, со кој ќе бидат отворени 34-тите Денови на македонска музика (ДММ).Драган Ѓаконовски-Шпато е македонски композитор, диригент и музички аранжер. Тој е еден од основоположниците на македонската забавна и џез-музика. Со компонирање почнал да се занимава веднаш по Втората светска војна.Првата џез-композиција Драган Ѓаконовски – Шпато ја напишал во 1948 г. Тоа е познатата „На игранка“, и во тогашниот затворен систем, кој сметал дека сè што доаѓа од западната култура е декадентно и штетно, Шпато се охрабрил и на своја 17-годишна возраст ја напишал композицијата.„Практично, по вокација Шпато цел живот останал џезер, иако поголемиот дел од неговото творештво е во рамките на забавната музика, која тој ја нарекувал евергрин, сметајќи на тој начин дека станува збор за издржана и квалитетна забавна музика.Оркестрите кои ги формирал и со кои раководел Шпато се Ритмичкиот секстет, формиран во 1951 година, потоа го формирал Забавниот ансамбл на Македонското радио, и на крајот го формирал Биг бендот на Македонската радиотелевизија, тогашна Радио-телевизија Скопје, формиран во 1961 г.Од целиот материјал што го собрав за книгата произлегува дека Драган Ѓаконовски – Шпато е македонски музички гениј кој има огромен влог во оформувањето на македонската џез и забавна музика и неговото творештво засекогаш ќе остане со огромно значење за македонската музичка култура“, рече во најавата на свеченоста Ванчо Димитров, автор на монографијата за Шпато.Со Ревискиот оркестар на концертот посветен на Шпато диригираше Кире Костов, а настапија домашните поп пејачи претежно од помладат агенерација предводени од ветеранот Драган Мијалковски – Калиопи, Каролина Гочева, Ѓоко Таневски, Ламбе Алабаковски, Андријана Јаневска, Тамара Тодевска, Горан Начевски, Влатко Лозановски, Маријан Стојановски и квартетот „Вокали“.Деновите на македонската музика, кои од понеделникот навечер до 30-ти март ќе се одржуваат на повеќе концертни локации во Скопје, се реализираат под покровителство на Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов. Помогнати се од Министерството за култура, Гете-институт, Македонската филхармонија, Факултетот за музичка уметност, Македонската опера и балет, Македонската радиотелевизија, Музејот на град Скопје, хотелот „Центар“ и повеќе странски дипломатски претставништва во Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Во националната опера нова концертна изведба на операта „Кармен“

Националната опера и балет ја најавува концертната изведба на ремек-делото на Жорж Бизе, операта „Кармен“, една од најпознатите опери во историјата.
Во главните улоги настапуваат солистите Зоран Сотиров, Ристе Велков, Злата Тошевска, Катерина Стојановска, Марика Поповиќ, Драган Ампов, Дејан Стоев и Ернест Ибраимовски, а во улогата на Кармен, премиерно ќе настапи Николина Јаневска.
Диригент е Бисера Чадловска.
Настапуваат хорот и оркестарот на Националната опера и балет.
Настанот според најавата од НОБ е закажан в петок, 12 март, со почеток во 19 часот.
Од таму информираат дека настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19, одобрени од Комисијата за заразни болести. При тоа задолжително е носење заштитна маска.
Влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот, потсетуваат од НОБ.
Култура
(Видео) „Лебедово езеро“ на минус 15: Балерина танцува на мраз за вистинските лебеди

Руска балерина од светски познатиот театар „Марински“, облечена во целосен костим како за настап, изведува сцени од „Лебедово eзеро“ на Чајковски, но, не на сцена, туку на замрзнатиот Фински Залив.
Ова е начин Илмира Баграутинова да се спротивстави на изградбата на пристаниште во заливот Батареинаја, популарна плажа на околу 100 километри западно од Санкт Петербург, вториот по големина град во Русија.
Баграутинова танцуваше на -15С и ги објави своите видеа на интернет. Како што објасни за новинарката Екатерина Венедиктова од „Би-би-си рашн“, балерината се надева дека нејзиниот настап ќе спаси вистински лебеди кои се гнездат во заливот.
Книги
Пет романи во најтесен избор за наградата „Роман на годината“

„Лето во кое те нема“ од Петар Андоновски („Или – или“), „Суво мастило“ од Владимир Илиевски („Македоника литера“), „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски („Антолог“), „Сфинга на гневот“ од Жарко Кујунџиски („Антолог“) и „Куќа над брановите“ од Билјана С. Црвенковска („Чудна шума“) се петте романи што влегоа во најтесниот избор за наградата „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности.
Жири-комисијата во состав: Оливера Николова (претседателка), Зоран Анчевски, Калина Малеска, Живко Гроздановски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата) ќе го соопшти лауреатот на годинашната награда „Роман на годината“, која се доделува под генерално покровителство на „Комерцијална банка“ АД Скопје, следниот понеделник.
Наградата „Роман на годината“ годинава се доделува по 22. пат и таа се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија4 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“