Контакт

Култура

Светскиот ден на театарот прославен во новиот објект Стар театар

Објавено пред

Светскиот ден на театарот денеска беше одбележан во новиот објект во изградба „Стар театар“ со свеченото читање на светската и македонската порака по повод празникот

„Чест е да го прославиме токму овде на местото каде што е нашиот сон на сите генерации актери, режисери, драматурзи, сон на Mакедонскиот народен театар, сон на целата театарска јавност. Од ова место да ги прочитаме и македонската и светската театарска порака“  – им се обрати на присутните гости меѓу кои и на Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска, Дејан Лилиќ директорот на Mакедонскиот народен театар. Голем аплауз на сцената на која беа прочитани пораките предизвика појавувањето на актерката Вера Вучкова која иако е во поодминати години пред присутните кажа неколку зборови. Таа во 1945 година ја изговорила првата реченица во стариот театар на првата македонска професионална претстава. „Направив еден мал чекор за театарот, но голем за нашиот народ за нашата нова држава, за артистите. Сонцето колку е блиску сонцето“, е репликата со која Вучкова го заврши својот настап на сцената.Присутните ги поздрави и министерката Канческа – Милевска која потенцира дека идејата и иницијативата прославата да се одржи во новиот објект „Стар театар“ била на актерите. „Наскоро зданието ќе биде новата сцена на која ќе можеме да ја видиме слободната енергија на македoнските уметници. Новото здание на театарот не е ветерница туку deus eks makina на сегашните и идни генерации на театарски творци. Оваа претстава во духот на Ателантите можеби е улична, но сепак следната ќе биде остварување на еден сон сонуван од многу генерации Македонци“, кажа Канческа – Милевска.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Лидија Димковска на фестивал во Цирих посветен на литературата од Југоисточна Европа

Објавено пред

Од 26 до 28 февруари Домот на литературата во Цирих, Швајцарија, го организира книжевниот фестивал „Денови на литературата од Југоисточна Европа“ на кој покрај Драго Јанчар, Лана Басташиќ, Драган Великиќ, Луљета Лешенаку, Дамир Овчина, Ивана Сајко и други, ќе настапи и македонската писателка Лидија Димковска.

„Литературхаус“ од Цирих веќе шеста година е домаќин на фестивал посветен на литературата на некој регион или земја, а оваа година фокусот е ставен на Југоисточна Европа.

Фестивалот ќе се одржи онлајн, а вклучува читања, панел-дискусии и разговори меѓу избраните автори и нивните преведувачи и модератори. Разговорот со Димковска ќе го води Александер Зицмен, кој е и преведувач на нејзината поезија и проза на германски јазик, а извадоци на германски ќе чита Клаудија Јан.

Прикажи повеќе...

Култура

„Кожурец“ – филм за растењето и будењето премиерно во Кинотека

Објавено пред

Заводливата приказна за полнолетството и сексуалното будење „Кожурец“ на германската режисерка Леони Крипендорф вечерва (25 февруари) во 20 часот ќе има премиерно прикажување во Кинотеката на Северна Македонија.

Филмот учествуваше во официјалната програма на Берлинале 2020 и беше номиниран за наградите „Сребрена мечка“ и „Теди“ во програмата наменета за младите гледачи (Generation 14+). Учествуваше и на фестивалите во Сао Паоло (Бразил) и Гвадалахара (Мексико).

Берлинската населба Кројзберг е микрокосмосот на Нора. Нора, тивок набљудувач, секогаш тагира на социјалните мрежи: на забавите, во училиште, на базен, на покривите и во апартманите. Заедно со постарата сестра и со пријателите талкаат по здодевниот пејзаж на станбените блокови, набљудувајќи ги минувачите: девојчиња што сакаат да бидат витки и убави, момчиња што „тресат“ глупости само за да провоцираат или затоа што се вљубени. Сето тоа забележано од камерите на паметните телефони. Нора на посебен начин го набљудува светот околу неа, и кога ќе го запознае Роми ќе сфати зошто: музиката е во воздухот, телото на Нора се менува, а гасениците излегуваат од нивните кожурци. Филмот го бележи летото на промени кај Нора…

Филмот е наменет за возрасна категорија над 12 години.

Дистрибутер е „Катавеј“ од Скопје, а дистрибуцијата е поддржана од Германскиот филмски фонд.

Прикажи повеќе...

Култура

Конкурс за оригиналнo прозно дело за тинејџери

Објавено пред

Детскиот културен центар „Карпош“ и Град Скопје распишуваат конкурс за оригиналнo прoзно дело за тинејџерска возраст.

Пријавените прозни дела може да бидат во жанрот на роман, новела или збирка раскази, да имаат наративна форма, најмалку 50 страници, да бидат наменети за тинејџерска возраст, напишани на македонски јазик и досега да не биле објавувани.

„Особено внимание ќе биде посветено на дела што се забавни, досетливи, поучни, поттикнуваат креативност и критичко размислување. Целта на овој проект е креирање можности за авторите што пишуваат литература за деца и млади, како и креирање  читачки навики кај младите преку содржини што ќе поттикнат љубопитност кај нив“, велат од Детскиот културен центар „Карпош“.

Текстовите треба да бидат испратени електронски најдоцна до 10 април 2021 на следната адреса не е-пошта: [email protected], со назнака: За конкурсот за оригинално прозно дело за тинејџерска возраст. За наградата ќе одлучува тричлена стручна комисија. Учесниците ќе бидат известени за резултатите од конкурсот најдоцна до 10 јуни. Tричлената комисија ќе додели една награда, а делото ќе биде публикувано.

Целта на овој конкурс е да се поттикне продукцијата на литература за деца и млади од оваа возраст.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Денеска и утре состаноци на мешовитата комисија со Бугарија, ќе се разговара за Гоце Делчев

Учебниците за седмо одделение и прашањето за ликот и делото на Гоце Делчев се очекува да бидат ставени „на маса“...

Македонија4 часа

Почната постапката за набавка на 100.000 дози од руската вакцина

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека вчера Владата го овластила да потпише договор за набавка на руската вакцина. „Станува...

Македонија4 часа

Со британскиот вид се заразени 70 проценти од тестираните во „Жан Митрев“

Британскиот вид на коронавирусот е присутен во 70 отсто од случаите, покажале испитувањата на Клиничката болница „Жан Митрев’, кои денеска...

Македонија4 часа

Захариева: Нема да подлегнеме на притисок за Северна Македонија, ЕУ не е Југославија

Бугарија нема да подлегне на притисок за интеграциите на Северна Македонија, изјави за БТВ вицепремиерката и министерка за надворешни работи,...

Европа4 часа

ЕУ е поделена околу сертификатот за вакцинација

Европските лидери денес ќе одржат состанок со цел да се договорат за сертификатите за граѓаните на Европската Унија кои биле...

Регион5 часа

Бугарија ја критикувa „Астразенека“ за доцнењето со вакцините: „Ни ја зедовте надежта“

Бугарскиот министер за здравство, Костадин Ангелов, ја критикуваше „Астразенека“ за неуспехот да ја испочитува договорената испорака на вакцини. Бугарија исто...

Европа17 часа

Истражување: Британскиот сој на вирусот 64 отсто ги зголемува шансите заразените да завршат во болница

Луѓето инфицирани со позаразната варијанта на коронавирусот, која првпат беше откриена во Велика Британија, имаат поголем ризик од хоспитализација, покажа...

Македонија22 часа

13 починати и 725 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.342 тестирања, а регистрирани се 725 нови случаи на...

Македонија1 ден

Филипче: Немам информации дали Мијалков се тестирал и дали пријавил самоизолација

Министерот за здравство, Венко Филипче, нема информации за тоа дали поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков се тестирал за...

Топ1 ден

(Видео) Вработени во фабрика за канабис во Кочанско ја продавале дрогата нелегално

Тројца вработени во фабриката за канабис за медицински цели во кочанското село Уларци одгледувале марихуана за продажба на нелегалниот пазар....

Свет1 ден

Вакцината на „Синофарм“ е 72,51 процент ефикасна против коронавирусот

Подружницата на „Синофарм“ при Институтот за биолошки производи во Вухан денес објави дека нејзината вакцина против Ковид-19 покажала дека во...

Македонија1 ден

Свадбите остануваат забранети

За помош на угостителите може да се разговара, но олабавувањето на мерките и дозвола за организирање свадби, како што бараат,...

Македонија1 ден

Борел: Не се преправаме дека ве сакаме, ќе почнеме преговори со Скопје и Тирана

Европскиот министер за надворешни работи Жозеп Борел изјави дека Европската Унија не се преправа дека го сака Западен Балкан во...

Свет1 ден

СЗО: Три нови видови коронавирус се шират низ светот од минатата година

Според податоците на СЗО, низ светот се шират три нови видови коронавирусот од минатата година. Од СЗО информираат дека новиот...

Македонија1 ден

СДСМ: Институциите покажаа капацитет за обезбедување на правдата

Христијан Мицкоски, бранителот на криминалот и потрчко на Никола Груевски и Сашо Мијалков, вчера доживеа нов пораз откако институциите покажаа...

Македонија1 ден

Денеска ќе пристигне втората пратка вакцини од Србија

Денеска треба да пристигне втората пратка од вакцините на „Фајзер“, што ќе ја достави Србија. Министерот за здравство, Венко Филипче,...

Свет2 дена

(Видео) Тајгер Вудс се бори за живот по тешка сообраќајна несреќа во Лос Анџелес

Најдобриот голфер Тајгер Вудс се бори за живот по тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска во близина на Лос...

Македонија2 дена

Мијалков однесен во домашен притвор на Водно

Во полициски автомобил со затемнети стакла Сашо Мијалков беше изнесен од Обвинителството за гонење организиран криминал. Автомобилот беше во придружба...

Македонија2 дена

Русковска: Не верувам дека Мијалков бил болен

Обвинителката Вилма Русковска рече дека е среќна што ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, сам се пријавил во Обвинителството. Таа објасни...

Македонија2 дена

И без сознанија за бегство, одреден куќен притвор за Миле Јанакиески

Определен нов куќен притвор за ексминистерот Миле Јанакиески за предметот ТНТ откога обвинителите забележале дека не може да му го...

Досие