Контакт

Култура

Филмски циклус за новинарството

Објавено пред

Во Кинотеката на Македонија синоќа започна филмскиот циклус „Новинарството во американскиот филм“.

dobivaj vesti na viber

Во Кинотеката на Македонија синоќа започна филмскиот циклус „Новинарството во американскиот филм“.Програмата на циклусот ги содржи филмовите „Добра ноќ и со среќа“ (2005) во режија на Џорџ Клуни (проекција на 1 април во 20 часот), „Сите луѓе на претседателот“ (1976) во режија на Алан Џ. Пакула (2 април, 20 ч.), „Година на опасно живеење“ (1982) во режија на Питер Вир (3 април, 20 ч.), „Граѓанинот Кејн“ (1941) во режија на Орсон Велс (4 април, 20 ч.) и „Кинески синдром“ (1979) во режија на Џејмс Бриџис (5 април, 20 ч.).Филмскиот циклус е сегмент од повеќегодишната соработка меѓу Кинотеката на Македонија и Амбасадата на САД во Република Македонија. Со присуство на новинари од повеќе медиуми во Македонија и гости на Амбасадата на САД на отворањето на циклусот се обрати директорката на Кинотека на Македонија, Мими Ѓоргоска Илиевска.„Претходни тематски циклуси, односно претставувања на американската филмска продукција кај нас, беа тематскиот циклус „Американската литература на филм“, кога македонската публика имаше можност да ги види преплетувањата и релациите меѓу двете големи уметности – литературата и филмот, потоа жанровски определениот циклус „Вестерн“, посветен на врвните дострели на најпопуларниот и најсвојствен американски жанр, и проектот „Ново кино утро“, посветен на најмладата публика, коишто ги реализиравме со поддршка на Амбасадата на САД“ – објасни Мими Ѓоргоска Илиевска.„Овојпат продолжуваме со уште еден значаен филмски циклус. Станува збор за „Новинарството во американскиот филм“, циклус кој ги обработува односите меѓу Седмата сила и Седмата уметност“.„Сметам дека ова е многу интересен и комплексен филмски циклус, особено во ерата на дигиталните и електронските комуникации, виртуелни светови и простори. Огромниот број на информации се пренесува многу брзо, речиси моментно, од едниот до другиот крај на планетата, и заради брзината и големината на таквата информациска размена, дилемите и проблемите кои следствено се јавувале и се јавуваат во овој сегмент од човековото постоење и креативност се специфични, интересни и есенцијални за нашето време“ – заклучи Мими Ѓоргоска Илиевска, директорка на Кинотека на Македонија.Во реализацијата на филмскиот циклус се вклучија тимови од Амбасадата на САД во РМ и на Кинотеката на Македонија. Амбасадорот на САД, Н.Е. Филип Рикер, го нагласи значењето на филмскиот циклус во однос на темата која ја обработува.„Во Соединетите Држави медиумите играат витална улога како чувари на демократските вредности. Независните медиуми се суштински елементи на едно отворено општество. Работата на медиумите во насока на подобрување на слободата на говорот, транспарентноста и доброто владеење, за заснова на нашето фундаментално верување – ставено на хартија од страна на креаторите на Уставот на САД – дека добро информираните граѓани се најсилни чувари на сопствената слобода“ – нагласи амбасадорот Филип Рикер.„Ова верување беше потврдено од настаните што се случија во Соединетите Држави и се прикажани во овој циклус филмови“.„Во филмот „Сите луѓе на претседателот“, американските новинари кои го истражуваа скандалот „Вотергејт“ во 70-тите години на 20-тиот век, открија серија заговори и злоупотреби на власта што ги доведоа сè до Белата куќа и резултираа со оставка на претседателот Ричард Никсон“.„Мојот омилен филм „Добра ноќ и со среќа“ прикажува како телевизискиот новинар  Едвард Р. Мароу ја користи моќта на медиумот за да го предизвикува сенаторот Џозеф Меккарти за време на антикомунистичкиот период во 50-тите години на 20-тиот век. Мароу користел извадоци од говорите на самиот Меккарти да укаже на измислени обвиненија и противречности. Емисиите на Мароу беа пресвртна точка во американското новинарство и помогнаа да се стави крај на ерата на Меккарти“.„Работата на Мароу е пример за брилијантност кон која сите се стремиме, и за вредностите што ги цениме – слободата на говорот и слободни и независни медиуми – како и нивната мисија да бараат одговорност од избраните функционери преку објективно и фер известување“ – потенцираше амбасадорот Филип Рикер.Филмовите од циклусот „Новинарството во американскиот филм“ од денес до 5 април се прикажуваат во Кинотеката на Македонија со почеток во 20 часот./крај/т.д.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Националниот џез оркестар со програмата Џез лектира гостува во Велес

Објавено пред

По концертот во Скопје, Националниот џез оркестар со програмата под наслов „Џез лектира“ гостува во Велес. Концертот ќе се одржи на 23 април, 2024 година, со почеток од 20 часот во театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“.

dobivaj vesti na viber

„На концертот „Џез Лектира“ се осврнуваме на дел од творештвото на Каунт Бејси биг бендот. Вилијам Џејмс, познат како Каунт Бејси е американски џез пијанист, органист, водач на бенд и композитор, познат и како „Кралот на свингот“. Во 1935 година, тој го формира оркестарот „Каунт Бејси“ и ја води оваа група скоро 50 години. Неговата работа резултира со низа иновации во музичкиот израз како употреба на два „поделени“ тенор саксофони, нагласување на ритам секцијата, рифови во биг бенд композиции, аранжери за дополнително проширување на биг бенд звукот и слично“, се наведува во соопштението на Националниот џез оркестар.

Прикажи повеќе...

Култура

Костадиновска-Стојчевска: Саемот на книгата, во време на емотикони, е во одбрана на раскажувачите и писменоста

Објавено пред

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, во арената „Борис Трајковски“ на отворањето на 36. издание на Саемот на книгата порача дека Министерството за култура, како покровител на овој, како што рече, „празник на книгата“, останува голем пријател и силен поддржувач на ова наше богатство.

dobivaj vesti na viber

„На годишните конкурси, од година во година, импресивен е бројот на сè повеќе пријавени квалитетни дела и од млади македонски автори. И тоа искрено нè радува. Како што нè радува и зголемениот интерес за создавање многубројни наслови и публикации за деца. Без двоумење ја добиваат нашата поддршка зашто во овие модерни времиња во кои има сè помалку зборови, а сè повеќе кратенки и емотикони, раскажувачите на приказни се чувари на писменоста“, рече министерката за култура.

Во присуство на голем број љубители на пишаниот збор, Костадиновска-Стојчевска порача дека во виртуелниот свет го нема овој опоен мирис на книгата. Само во реалниот свет, ова богатство од книги на македонски јазик од домашни и од странски автори го испишува овој простор во уште една „Приказна која се чита“.

Саемите за книги во последните години, според некои автори, кажа министерката дека прераснаа во едукативни и културни настани кои даваат можност за вмрежување преку негување на врските меѓу авторите, издавачите и читателите. Истовремено радува и сè поголемиот број посетители, што само по себе зборува многу за односот кон книгата.

Триесет и шестото издание на Саемот на книгата, што ќе трае до 24 април, во седумте саемски денови ќе понуди книги од домашни и од странски автори од над 60 издавачки куќи од земјава и од регионот.

Прикажи повеќе...

Култура

Светска премиера на „Киука – Пред летото да заврши“ во Кан – филмот е копродукција помеѓу Грција и Македонија

Објавено пред

„Киука – Пред летото да заврши“ (Kyuka Before Summer’s End) во режија и по сценарио на Костис Харамуданис, кој е реализиран како билатерална копродукција помеѓу Грција и Северна Македонија и е поддржан од Агецијата за филм на Република Северна Македонија, својата светска премиера ќе ја има на Канскиот филмски фестивал како дел од 32. издание на програмата ACID, што ќе се одржи од 15 до 24 мај оваа година. На „Куика“ му е доверена честа да ја отвори оваа програма.

dobivaj vesti na viber

„Лист продукција“ е македонски копродуцент на дебитантскиот филм на режисерот Харамуданис со Марија Димитрова и Игор Иванов како копродуценти, а Херетик од Грција е главен продуцент со Данае Спатхара, Јоргос Карнавас и Константинос Контовракиси како продуценти.

„Киука – Пред летото да заврши“ е приказна за едно трочлено семејство, кое како и секое лето, плови со својата едрилица до островот Порос, каде што таткото Бабис и децата Константинос и Елса, кои се веќе на прагот пред полнолетството, го минуваат годишниот одмор. Додека пливаат, се сончаат и создаваат нови пријателства на островот, децата случајно ја запознаваат Ана, жената што ги родила и ги напуштила уште во најраното детство, со што ќе почне едно горко-слатко патешествие на созревање под летното сонце, а долгогодишната огорченост на Бабис избива на површина.

Програмата на ACID (Association for the Distribution of Independent Cinema – Асоцијација за дистрибуција на независен филм) на Канскиот филмски фестивал е креирана во 1993 година и прикажува 9 долгометражни филма, фикција и документарци. Овие филмови се избираат од стотиците пристигнати филмови од цел свет од страна на петнаесетина филмаџии, членови на асоцијацијата.

Снимањето на филмот се одвиваше во октомври 2022 година во Атина и на островот Порос, а постпродукцијата се работеше на релација Атина – Скопје.

Главните улоги во филмот ги играат Симеон Цакирис, Елса Лекаку, Константинос Георгопулос, Афродита Капокаки и Елена Топалиду.

Македонската екипа во овој филм ја сочинуваат Михаил Димитров, Игор Поповски и студиата за постподукција „Аудио хаус“ и „Слобода филм“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...

Македонија2 часа

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само...

Македонија2 часа

(Видео) Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ,...

Македонија4 часа

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...

Македонија7 часа

Министерството за здравство за приватните специјализанти: Решение ќе има после изборите

„Министерството за здравство секогаш се залага за подобрување на условите за работа на здравствените работници и соработници, кои меѓу нив...

Македонија12 часа

Наместо покачена 12 отсто, вработените во културата не добија никаква плата, од утре излегуваат на протести

Доколку до крајот на денот не им биде исплатена платата за март на 3.000 вработени во културата, од утре тие...

Македонија12 часа

Сексизам, дискриминација, навреди и говор на омраза од Пендаровски и лица вклучени во неговата кампања: Силјановска-Давкова со нова претставка

Гордана Силјановска-Давкова денеска поднесе нова претставка до Државната изборна комисија, Комисијата за заштита од дискриминација, ОБСЕ – Организација за безбедност...

Македонија12 часа

ДУИ симулира седница на која Бугарите влегоа во Уставот, Села е претседател на Собранието, а Османи на државата

„Европскиот фронт“ предводен од Демократската Унија за интеграција симулираше конститутивна седница на Собранието, со тоа, сликовито прикажувајќи што би се...

Македонија15 часа

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар. Пред присутните Пендаровски...

Свет16 часа

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Лидерите на Европската унија вчера одлучија да ги зголемат санкциите против Техеран додека светските сили се обидуваат да спречат поширок...

Свет16 часа

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Украинскиот премиер изјави за Би-Би-Си дека ќе има трета светска војна доколку Украина ја загуби војната со Русија, апелирајќи до...

Македонија1 ден

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Народот знае дека гласот за Стево е глас за ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби. Гласот за Стево е глас...

Топ1 ден

Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид. Од МВР информираа дека инцидентот...

Македонија1 ден

Арсовска: Министерката за култура успеа самата себеси да се побие и не одговори на ниедно прашање

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска успеа самата да се побие и не одговори на ниту едно прашање коешто беше поставено,...

Топ1 ден

Кривична против Курто Дудуш: за директори на градинка именувал лица што не биле вработени таму

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 49-годишниот К. Д., градоначалник на скопска општина...

Македонија1 ден

„Два месеца нема плата за вработените, а пред избори се примаат работници“ – „Национални шуми“ на протест

Триесет подружници се собраа пред Јавното претпријатие „Национални шуми“ со цел да го изразат незадоволството оти втор месец немаат добиено...

Македонија1 ден

Со Арсовска ќе се видиме на суд да објасни како јас сум знаела, а не сум пријавила пожар во Универзалната сала, најави министерката за култура

За министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, вчерашните обвинувања од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, се лаги, скандалозни тврдења и обид...

Македонија2 дена

Грејната сезона продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како...

Македонија2 дена

Училиштата не може да објаснат како е направен изборот на фирмите за чии услуги плаќаат родителите: набавките за униформи за учениците, за фотографирање и за ужина се нетранспарентни

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето „Отсуство на процедури, транспарентност и отчетност кај набавките што се финансираат со пари...

Регион2 дена

По високите температури, Србија во снег: мештаните шокирани

Силниот дожд во утринските часови на територијата на западна Србија прерасна во лапавица и снег, а на Златибор веќе е...