Култура
Светска премиера на „Дракула“ на Априлски балетски вечери 2011
Во петокот (29-ти април) во Македонска опера и балет со почеток од 20 часот ќе се случи светската премиера португалската уметничка група Vortice Dance Company во соработка со МОБ и балетска трупа од Романија
Кореографи на овој балетски спектакл се Рафаел Карисо и Клаудиа Мартинс, во кој е искористена музијата на Војчех Килар, Филип Глас, Рахмањинов и Лу Рид. За сценографијата, видеографика и тонски ефекти е задолжен Рафаел Карисо, а костимографијата е на Клаудиа Мартинс, додека аудиовизуелни ефекти и воедно технички директор е Жоао Невес. Светлото и дизајнот се на Луиш Паз и Жоао Тешеира.Како солисти во „Дракула“ ќе настапат Александра Мијалкова, Мими Поп Алексова, Билјана Басмаџиева, Ивана Коцевска, Игор Веланоски, Клаудиа Мартинс, Рафаел Карисо, Бобан Ковачевски, Трајче Стојковски, Хорге Либорио, Симона Василевска, Јан Кисилев, Разван Мазилу, Габи Павловска и Лиле Миленковска.За создавањето на претставата „Дракула“, двајцата кореографи Клаудиа Мартинс и Рафаел Карисо црпеле од огромното богатство на различни извори. Покрај истоименото литературно ремек дело од Брам Стокер, напишано на преминот меѓу 19-ти и 20-ти век, на крајот на викторијанска Британија. Новосоздадените ликови и останатите како Бароницата Батори, натамошните легендарни приказни, митови и ужаси кои се’ уште прогонуваат, послужиле како двигатели на нивната огромна креативност. Освен тоа, сиве овие карактеристики делат вешто исткаена тема, што ја води публиката до прекрасниот и крајно загадочен свет на хоророт, се наведува во најавата на претставата.Почетокот на претставата изобилува со многу сугестивни идеи преземени од оригиналниот тек на дејствието во романот, преплетени со нови и обновени идеи кои мистериозно скршнуваат од него. Исто така, преку истражување на нови јазици, претставата пренесува мистична атмосфера на патење, халуцинации, бес и загуба. Откако кнезот, Гроф Дракула, отсуствуваше заради војната, спиењето на принцезата Елизабет беше толку многу измачувано од страшни кошмари со терор и крв, што таа се фрли во реката. Нејзината смрт предизвика длабока и искрена тага во неговото срце и го направи гладен за одмазда. Господинот кој некогаш имаше голем капацитет за љубов се претвори во вампир на темнината: „Јас не сакам ниту младост ниту радост, ни сладострастието на сјајното сонце и џагорот на потоците кои се чиста радост за млади и среќни“.Како што заплетот се развива, Дракула станува особено повеќеслоен лик којшто носи различни форми, менува лица, се претвора во различни животни и прераснува во различни телесни форми коишто секако се присутни во денешниот свет. Така, суштината на тоа злобно суштество, заедно со злобата на многу други ликови, се пренесува во современиот живот преку критично контекстуализирано искористување на многу категории коишто ги портретираат многуте начини на кои и грозоморно мрачните и похотно перверзните страни на битието, па дури и чистата љубов претворени во трагедија, можат ужасно да не воодушеват. Ние сите сме избувливи битија и се храниме од крвта што тече низ нашите вени. Секако, можеме да бидеме отворени, но често сме многу комплицирани и тешки за разбирање …Мажите и жените се месо и крв што се преплетуваат и се впуштаат во игри на доминација наспроти покорување.„Нејзините прекрасни, светли бои станаа пепласти и бледи, нејзините очи исфрлаа искри од пеколен пламен, челото и се набрчка како месото да и беше како купот змии на Медуза, а нејзините румени, восхитувачки усни, сега извалкани со крв, станаа широк квадрат, како маските за колерици на Грците и Јапонците“, и’ вели во претставата д-р Суард, психијатарот од менталната болница, на полумртвата/полуживата Луси).Нашето битие е месо, брутално окрвавено и хрането од суштината на секој од нас.Всушност, ние не сме ниту чисти души, ниту доброчинители секој ден. Месото е дел од нашата сопствена природа и исто така нашата најголема слабост. Скапани од страв, подлегнуваме на лесни искушенија, а понекогаш и на не премногу лесни…
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Националниот џез оркестар со програмата Џез лектира гостува во Велес
По концертот во Скопје, Националниот џез оркестар со програмата под наслов „Џез лектира“ гостува во Велес. Концертот ќе се одржи на 23 април, 2024 година, со почеток од 20 часот во театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“.
„На концертот „Џез Лектира“ се осврнуваме на дел од творештвото на Каунт Бејси биг бендот. Вилијам Џејмс, познат како Каунт Бејси е американски џез пијанист, органист, водач на бенд и композитор, познат и како „Кралот на свингот“. Во 1935 година, тој го формира оркестарот „Каунт Бејси“ и ја води оваа група скоро 50 години. Неговата работа резултира со низа иновации во музичкиот израз како употреба на два „поделени“ тенор саксофони, нагласување на ритам секцијата, рифови во биг бенд композиции, аранжери за дополнително проширување на биг бенд звукот и слично“, се наведува во соопштението на Националниот џез оркестар.
Култура
Костадиновска-Стојчевска: Саемот на книгата, во време на емотикони, е во одбрана на раскажувачите и писменоста
Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, во арената „Борис Трајковски“ на отворањето на 36. издание на Саемот на книгата порача дека Министерството за култура, како покровител на овој, како што рече, „празник на книгата“, останува голем пријател и силен поддржувач на ова наше богатство.
„На годишните конкурси, од година во година, импресивен е бројот на сè повеќе пријавени квалитетни дела и од млади македонски автори. И тоа искрено нè радува. Како што нè радува и зголемениот интерес за создавање многубројни наслови и публикации за деца. Без двоумење ја добиваат нашата поддршка зашто во овие модерни времиња во кои има сè помалку зборови, а сè повеќе кратенки и емотикони, раскажувачите на приказни се чувари на писменоста“, рече министерката за култура.
Во присуство на голем број љубители на пишаниот збор, Костадиновска-Стојчевска порача дека во виртуелниот свет го нема овој опоен мирис на книгата. Само во реалниот свет, ова богатство од книги на македонски јазик од домашни и од странски автори го испишува овој простор во уште една „Приказна која се чита“.
Саемите за книги во последните години, според некои автори, кажа министерката дека прераснаа во едукативни и културни настани кои даваат можност за вмрежување преку негување на врските меѓу авторите, издавачите и читателите. Истовремено радува и сè поголемиот број посетители, што само по себе зборува многу за односот кон книгата.
Триесет и шестото издание на Саемот на книгата, што ќе трае до 24 април, во седумте саемски денови ќе понуди книги од домашни и од странски автори од над 60 издавачки куќи од земјава и од регионот.
Култура
Светска премиера на „Киука – Пред летото да заврши“ во Кан – филмот е копродукција помеѓу Грција и Македонија
„Киука – Пред летото да заврши“ (Kyuka Before Summer’s End) во режија и по сценарио на Костис Харамуданис, кој е реализиран како билатерална копродукција помеѓу Грција и Северна Македонија и е поддржан од Агецијата за филм на Република Северна Македонија, својата светска премиера ќе ја има на Канскиот филмски фестивал како дел од 32. издание на програмата ACID, што ќе се одржи од 15 до 24 мај оваа година. На „Куика“ му е доверена честа да ја отвори оваа програма.
„Лист продукција“ е македонски копродуцент на дебитантскиот филм на режисерот Харамуданис со Марија Димитрова и Игор Иванов како копродуценти, а Херетик од Грција е главен продуцент со Данае Спатхара, Јоргос Карнавас и Константинос Контовракиси како продуценти.
„Киука – Пред летото да заврши“ е приказна за едно трочлено семејство, кое како и секое лето, плови со својата едрилица до островот Порос, каде што таткото Бабис и децата Константинос и Елса, кои се веќе на прагот пред полнолетството, го минуваат годишниот одмор. Додека пливаат, се сончаат и создаваат нови пријателства на островот, децата случајно ја запознаваат Ана, жената што ги родила и ги напуштила уште во најраното детство, со што ќе почне едно горко-слатко патешествие на созревање под летното сонце, а долгогодишната огорченост на Бабис избива на површина.
Програмата на ACID (Association for the Distribution of Independent Cinema – Асоцијација за дистрибуција на независен филм) на Канскиот филмски фестивал е креирана во 1993 година и прикажува 9 долгометражни филма, фикција и документарци. Овие филмови се избираат од стотиците пристигнати филмови од цел свет од страна на петнаесетина филмаџии, членови на асоцијацијата.
Снимањето на филмот се одвиваше во октомври 2022 година во Атина и на островот Порос, а постпродукцијата се работеше на релација Атина – Скопје.
Главните улоги во филмот ги играат Симеон Цакирис, Елса Лекаку, Константинос Георгопулос, Афродита Капокаки и Елена Топалиду.
Македонската екипа во овој филм ја сочинуваат Михаил Димитров, Игор Поповски и студиата за постподукција „Аудио хаус“ и „Слобода филм“.