Контакт

Култура

Легендарниот Џо Кокер вечерва во „Борис Трајковски“

Објавено пред

Легендарниот рок&блуз&соул пејач Џо Кокер вечерва ќе одржи концерт во арената „Борис Трајковски“ со почеток во 20 часот.

Легендарниот  рок&блуз&соул пејач Џо Кокер вечерва ќе одржи концерт во арената „Борис Трајковски“ со почеток во 20 часот. Човекот кој ги испеа легендарните: “You can leave your hat on”,”Unchain my heart”,” With A Little Help From My Friends”,” Summer In The City”,”I put a spell on you”, “When the Night Comes“, “N’oubliez Jamais“, “Feelin’ Alright“ , “Up Where we Belong“ , “You are so Beautiful“ за првпат ќе се претстави пред македонската публика.Џо Кокер е повеќе од четириесет години на светската музичка сцена. Има објавено дваесетина студиски и четири албуми во живо, продадени во милионски тиражи. Станува збор за уметник со освоени Греми награди , Златен глобус и Оскар и е од ретките британски музичари кој е добитник  на OBE (Order of the British Empire).Но, и покрај бројните пофалби и продажба на милиони изданија, тој се уште сочувствува и се препознава во сите оние кои не биле толку среќни како него, аутсајдери и underdogs. тоа што е икона за идните генерации на музички фанови и музичари и се уште се гледа себеси како победник.Неговиот прв голем хит “With a Little Help from My Friends”, преработка на легендарната песна на  „Битлси“ постигнува толку голем успех што истата 1969 година, добива покана да настапи на фестивалот „Вудсток“.крај/сж



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Онлајн филмска програма на Музејот на современата уметност – Скопје

Објавено пред

Музејот на современата уметност – Скопје од денеска, па сè до 23 јули, почнува со онлајн филмска програма „Што е филм? Попис 2.0“, во чии рамки ќе се споделат линкови до веќе слободни филмови, двапати неделно, и тоа секој четврток и понеделник. Изборот на филмови музејот ќе го поставува на своите профили на социјалните мрежи – Фејсбук, Инстаграм и на својата веб-страница.

„Што е филм? Попис 2.0“ е дел од програмата на филм и видео на МСУ-Скопје. Програмата е поддржана е од Министерството за култура на Република Северна Македонија. Кураторка на програмата е Кумјана Новакова, а визуелниот идентитет и графички дизајн е на Илијана Петрушевска.

Идејата и мотивацијата за „Што е филм? Попис 2.0“ е знаењето, алатките и просторите, но и нематеријалната работа и работата во културата достапни на интернет 2.0 да се претворат во нови радикални, револуционерни, продуктивни простори и практики, над надуената идеја на „интернетот како простор на неограничена можност“.

Во таа насока кураторката Новакова вели:
„Дигиталните простори често некритички се претставуваат како простори на неограничени можности, нудејќи ‘know – how’ за сè и сешто – од медицински дијагнози и ботанички тајни, до новите теории за поврзаноста на 5Г, вакцинитe и коронавирусот. Тој виртуелен простор ветуваше постполитичка состојба: ослободен од агонија и борба; свет во кој владее економијата на изобилството наместо економијата на недостигот. Но, времето на физичката изолација не соочи со сите овие прашања и проблеми: што и како со неограничените можности за пристап до филмски и сродни уметнички содржини на интернет? Која е нашата улога, улогата на уметничките институции во таа „економија на изобилство“, која поставува и нови граници на исклучување и претставување за дигитално ограничените региони и луѓе? Со надеж дека ќе научиме повеќе околу можностите и ограничувањата на интернетот како простор на уметничкото, ја посветуваме нашата програмска серија Што е филм? за 2020 година на процесот на истражување на комплексниот однос на отворената и јавно достапна филмска уметност на мрежата со пошироките политички и социјални прашања. Ова воедно претставува и акт, гест, програма, но и предлог за естетско образование“.

Во практична смисла, двапати неделно ќе бидат емитувани филмови и сродни уметнички форми на различни теми, кои се отворени и достапни преку интернет ширум светот.
Денешна препорака на програмата е филмот „Јас не сум твојот црнец“ на Раул Пек од 2016 година, филм номиниран за Оскар во категоријата на документарен филм во 2017 година, посветен на борбата на црнците, со фокус на романописецот, драматург и есеист Џејмс Болдвин.

„Признавајќи го недостигот на знаење за комплексностите на црните животи, би сакале да ја отфрлиме идејата за борбата како статистика и да придонесеме во големата политичка промена, која ги претвори метричките податоци во нешто похумано, поживописно, повеќе лично“, велат од музејот.

Прикажи повеќе...

Култура

Фестивалот „Браќа Манаки“ годинава ќе биде одбележан, но нема да се одржи на традиционален начин

Објавено пред

На последното собрание на ДФРМ, беше ре-избрана Гена Теодосиевска за директор на ИФФК “Браќа Манаки”, а мандатот според Статутот на ДФРМ важи за следните две изданија на фестивалот.

На самото собрание, едногласно се донесе одлука во врска со овогодинешното издание на филмскиот фестивал “Браќа Манаки” дека истото нема да може да има традиционално издание со гости и со програма како изминатите 40 негови изданија, со оглед на фактот дека големи филмски фестивали од “А” категорија како Кан, Карлови Вари, Локарно и други беа откажани, како и со оглед на објективните состојби и последици предизвикани од пандемијата. Она за што се согласни филмските работници е дека формата на одбележување на овогодинешното издание на фестивалот “Браќа Манаки”, треба да кореспондира со вредноста на фестивалот и заради тоа ќе се вложи креативна енергија и напор истата да се зачува.

Останува староновиот директор на фестивалот заедно со ДФРМ да изнајдат начин за достоинствено одбележување на 41.то издание на “Браќа Манаки”, кој е наш најголем и најзначаен филмски фестивал, како и можноста за инволвираност на неговиот домаќин во “новото нормално”, градот Битола.

Прикажи повеќе...

Култура

Започнува со снимање првиот филм за време на ковид кризата „ТаЈа носеше црЛена шамија“

Објавено пред

По неколкумесечната стагнација која беше предизвикана поради Ковид-19, денеска во Хрватска започнува со снимање филмот „Таја носеше црлена шамија“ („Nosila je rubac črleni“), хрватско-македонска копродукција, во режија на Горан Дукиќ. Филмот е во продукција на Швенк од Хрватска, а македонски ко-продуцент е Вертиго Вижуал.

Приказната, по сценарио на Сандра Антолиќ, го следи семоќниот и сезнајниот наратор Исус Христос, не помалку сезнајната тетка Анка и љубопитната прасица Беба, кои се главните ликови на оваа романтична рурална комедија со пеење, сместена во питомото Загорје во воените 1990-ти. Со ситниот вез на слатко-горки заплети доминираат драмата на првата свинска љубов во време на воздушна тревога и дефектот на една фризерска хауба насред полузавршена фризура.

Што се однесува до снимањето филмови на тло на Македонија, Агенцијата за филм даде предлог Протокол за снимање филмови во услови на Ковид-19 до Комисијата за заразни болести, за кој се чека одобрување.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Затвореникот од „Идризово“ се заразил на викенд, 18 затвореници се во самоизолација

Осумнаесет затвореници од затворот „Идризово“ се во самоизолација поради контакт со осуденик што се заразил со коронавирус. Директорот Боби Мојсовски...

Свет6 часа

СЗО: Ризикот за смртност од коронавирус е поголем кај пушачите

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека пушењето цигари може да предизвика потежок облик на болеста Ковид-19 и поголема смртност кај...

Македонија8 часа

Милошоски со втор негативен тест на Ковид-19

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, објави на социјалните мрежи дека и вториот тест на Ковид-19 му е негативен. „Почитувани пријатели,...

Македонија9 часа

Градоначалникот на Охрид бара поддршка за уривање на дивоградбите на охридското крајбрежје

„Процесот на рушење на дивоградби во Охрид ќе трае и можеби ќе треба да го продолжи некој друг градоначалник по...

Македонија9 часа

15 починати и 173 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.653 тестирања, а регистрирани се 173 нови случаи на...

Македонија10 часа

Утре ќе се разговара за затворање на границите со Србија и Косово

Министерството за здравство информира дека, со оглед на развојот на ситуацијата со коронавирусот во соседството, Комисијата за заразни болести на...

Спорт12 часа

Ѓоковиќ и сопругата се негативни на Ковид-19

Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена се негативни на вирусот Ковид-19, покажале резултатите од последните ПЦР тестови кои на сопружниците...

Економија13 часа

(Видео) Ангеловска: Резултатите се подобри од очекуваното, економијата почна да закрепнува

„Она што го почнавме на почетокот на оваа ковид-криза, а во духот на транспарентноста и отчетноста, односно навремено па дури...

Македонија14 часа

Османи: Процедурите за попис на населението ќе почнат по изборите

Вицепремиерот  Бујар Османи, кој истовремено е висок функционер во ДУИ, најави дека подготовки за спроведување на пописот ќе започнат по...

Македонија15 часа

(Видео) Заев: Се забрзува интеграцијата во ЕУ, да запрат лагите дека сме го изгубиле македонскиот јазик

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференција пред Собранието порача дека македонската интеграција во Европската Унија се забрзува, а за...

Свет15 часа

Пресечена пратка за Европа: Запленети 7,5 тони кокаин, вреден 286 милиони долари

Во заедничка акција на полицијата на Колумбија и САД, запленети се 7,5 тони кокаин во вредност од 286 милиони долари,...

Свет15 часа

Трамп се предомисли: Сите треба да носат маски

Американскиот претседател, Доналд Трамп, кој се противеше на тоа да го покрива лицето во јавноста, рече дека е за тоа...

Македонија15 часа

Со донација на коскена срцевина, македонски дарител му помогна на пациент од Бугарија

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека во изминатите два дена било спроведено колекционирање на хематопоетски матични клетки од доброволен...

Свет15 часа

Вооружен напад на рехабилитациски центар во Мексико – 24 убиени

Најмалку 24 луѓе се убиени, а седум се ранети во вооружен напад во нерегистриран центар за лекување зависности од дрога...

Македонија15 часа

Санкционирани 461 лице за неносење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие (1/2.07.2020 година) на територијата на целата држава по однос на мерката за неносење лична заштита...

Свет16 часа

По низа грешки, министерот за здравство на Нов Зеланд поднесе оставка и се нарече идиот

Новозеландскиот министер за здравство, Дејвид Кларк, денеска поднесе оставка по низа лични грешки за време на пандемијата на коронавирусот. Кларк...

Свет16 часа

Голема трагедија во рудник во Мјанмар, загинаа најмалку 50 рудари

Најмалку 50 рудари загинаа во одрони во рудник за жад на северот на Мјанмар, соопштија властите. Се претпоставува дека бројот...

Свет16 часа

По два месеци пауза, коронавирусот се врати во Токио

Во Токио се забележани над 100 новозаболени од коронавирус што е најголем број на нови случаи во последните два месеци....

Свет1 ден

Советот за безбедност на ОН ја усвои резолуцијата за прекин на сите конфликти поради коронавирусот

Советот за безбедност на ОН денеска едногласно ja усвои резолуцијата со која се бара прекинување на конфликтите низ целиот свет...

Македонија1 ден

Нови 120 заболени и четворица починати oд Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на...

Досие