Контакт

Култура

Промоција на книга од Благојче Наумоски

Објавено пред

Денеска во Националната галерија на Македонија објект Мала станица ќе биде промовирана ликовната книга „Скици за осврт во неколку концепти“ од Благојче Наумоски.

Денеска во Националната галерија на Македонија објект Мала станица ќе биде промовирана ликовната книга „Скици за осврт во неколку концепти“ од Благојче Наумоски.Бидејќи станува збор за уметнички продукт, книгата на уметникот генерално е индивидуална визија и избор на создавање ослободена од уредничка, издавачка и маркетиншка политика, а пред се од цензура и рецензија.Благојче Наумоски Бане преку овој медиум со своето современо уметничко размислување создава експресија на својата креативност, претставувајќи мноштво процеси и експерименти на психичките состојби при создавањето на уметничкото дело.Како што се наведува во материјалот за презентација на делото на Наумоски, неговите истражувања манифестираат дематеријализација на уметничкиот објект, дематеријализација на класичната процесуалност на уметничкото дело и заложба за алтернативна платформа на делување, добивајќи ферментирана експериментално-концептуална форма. Тие истражувања, во дадениов случај создаваат алтернативен документарен простор, ја деконструираат литералната и типографска форма на книгата, во целост ја менуваат примарната нејзина функција, која преминува во хибридна форма на интермедиум, еден вид интеракција меѓу психичкиот уметнички објект и психичката состојба на умот при процесот на творење./крај/со



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Концерт на Дарко Рундек во Охрид идниот месец

Објавено пред

После концертот на Амира Медуњанин, Aвалон Продукција најавува концерт на Дарко Рундек  во Античкиот театар во Охрид, на 15-ти август.

Дарко Рундек и Екипа неодамна го најавија новиот албум “Brisani prostor” со два сингла, кои ќе бидат изведени и пред македонската публика, а во Охрид ќе настапи и со сите негови големи хитови како и оние на еден од најкултните бендови во регионот на сите времиња, Haustor.

Инаку, ова ќе биде прв концерт на Дарко Рундек и Екипа во Охрид, а капацитетот за овој концерт ќе биде исто намален, согласно протоколите за одржување на јавни настани на отворено, само за 1.200 посетители, што доволно зборува за неговата екслузивност.

Влезниците ќе можат да се набават онлајн на avalon.mk и продажната мрежа на Авалон низ земјава, по следниве цени и категории: трибини – 1.000 денари, ВИП – 1.500 денари.

Прикажи повеќе...

Култура

Објавен нов број на списанието „Македоника“

Објавено пред

Во најновото издание на списанието „Македоника“, двобројот 23-24, што го издава Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје, меѓу другото, се објавени петнаесетина текстови тематски поврзани со Македонија.

Владимир Јанев пишува за демографската состојба во Македонија од 18 до почетокот на 20 век, во кој се изнесени голем број демографски податоци за населението на Македонија од разни извори.

Во овој број се објавени и неколку текстови за значајни личности од македонската книжевна и културна историја на Македонија од 19 и 20 век, и тоа Славчо Ковилоски објавува запис, односно прави своевиден портрет на Марко Цепенков, Дарин Ангеловски пишува за Григор Прличев, со посебен акцент на Прличевите препеви на Хомеровата „Одисеја“, Васил Тоциновски пишува за Кочо Рацин и изнесува некои нови и досега непознати податоци за Рацин, а Мирче Нешовски пишува за Никола Јонков Вапцаров и за неговото поетско вознесение кон Македонија.

Александар Симоновски прави анализа на паралелите меѓу АВНОЈ, Светосавскиот конгрес и АСНОМ во контекстот на прашањето на борбата за македонска државност, а Марјан Ивановски за македонското национално малцинство во Бугарија, осврнувајќи се на анализите на Комисијата за меѓународни врски на ЦК на Сојузот на комунистите на Југославија и на СО на ССРНЈ во 1957 година.

Предраг Димитровски пишува за тајната дипломатија за дедо Михаил (архиепископот Михаил), а Марјан Ивановски, пак, за односот на организацијата ДООМ и на Драган Богдановски кон другите емигрантски организации.

Во овој двоброј на „Македоника“ се објавени и повеќе британски документи за Македонија, а кои се однесуваат на периодот 1903 – 1904 година. Објавени се два рецензентски осврта на Ана Витанова-Рингачева за две книги тематски поврзани со Македонија, како и еден осврт на младиот хрватски македонист Ивица Баковиќ. На крајот се објавени и куси библиографски податоци на нови публикации за Македонија

Прикажи повеќе...

Изложби

„Ерос и Танатос“ – самостојна изложба на Весна Ничевска

Објавено пред

Вечерва, со почеток од 20 часот, во Галеријата на МКЦ, ќе се отвори изложбата „Ерос и Танатос“ од Весна Ничевска.

Академската сликарка ќе се претстави со 40-ина дела со фигуративна, но експресивна содржина, во разни техники: туш, акварел, акрилик, пастел и комбинирана техника.

Сензуалноста, еротиката и љубовта наспроти смртта и страста за живот инкорпорирани во сцени замрзнати во времето, а сепак толку живи претставени со брзи и експресивни, спонтани потези на хартија или платно.

Весна е родена 1977 во Скопје, дипломирала 2001 на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Кирил и Методиј“ – Скопје во класата на професор Родољуб Анастасов.

Учествувала на повеќе групни изложби, стрип-фестивали, објавувана е во повеќе стрип-ревии и илустрирала повеќе детски приказни.

Изложбата ќе трае до 20 јули.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ36 минути

Пронајдени 26 украдени велосипеди, приведени крадци во Скопје

Три лица се приведени под сомнение дека краделе велосипеди од подруми и станови во Скопје. Е.М.(24) и А.И.(22), двајцата од...

Топ1 час

Сопственик на продавница им ветувал на купувачите дека ќе им ги прости долговите ако гласаат за СДСМ

Сопственик на продавница во Штип ветувал дека ќе им избрише долг на неколку лица ако на изборите гласаат за СДСМ,...

Регион2 часа

(Видео) Протестите во Белград поминаа мирно, се играше и оро

Во Србија се одржаа нови протести против мерките воведени поради епидемијата на коронавирус и против владата на Александар Вучиќ. По...

Македонија2 часа

Гласот за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ, порача Оливер Спасовски од Тетовско

Граѓаните се сигурни со концептот едно општество за сите, гласот за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ и тие се опасност,...

Свет3 часа

СЗО: Итно е потребно понатамошно истражување за пренoс на коронавирусот преку воздухот

Светската здравствена организација (СЗО) објави нови насоки за коронавирусот, кои признаваат некои извештаи за пренесување на вирусот преку воздухот, но...

Македонија4 часа

Италија забрани влез за граѓани од Македонија и уште 12 земји

Италија ги затвори своите граници за 13 земји, вклучително и за Македонија, сметајќи ги за најризични места за ширење на...

Македонија5 часа

Хоспитализирани се 412 заразени лица во земјата

Во моментов низ болниците во земјава, хоспитализирани се 412 лица кои се позитивни на ковид-19. На Инфективната клиника вкупно се...

Македонија5 часа

Мицкоски: Се обврзуваме на минимална плата од 18.000 денари која ќе расте со просечната

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа посочи дека до крајот на мандатот на владата на ВМРО-ДПМНЕ минималната плата ќе стигне...

Македонија15 часа

(Интервју) Најчевска: Уставниот суд носи скандалозни одлуки

За скандалозните одлуки на Уставниот суд, довербата во институциите, за максималното почитување на човековите права, заложбите за истополови бракови, декриминализација...

Македонија16 часа

Заев најави укинување на министрите без ресор и отворање агенции и директорати

Ќе градиме уште поотчетна и потранспарентна влада која ќе работи за народот, за унапредување на правата на сите граѓани, порача...

Македонија18 часа

Бојан Јовановски пријави 40 функционери и бизнисмени: „Ќе ме спречат само ако посегнат по мојот живот“

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски преку писмо соопшти дека кривично ќе гони 40-ина функционери и бизнисмени порди злоупотреба на...

Македонија19 часа

Косово бара да се преиспита одлуката за влез во земјава со негативен тест

Косовскиот министер за здравство, Арменд Земај, побара од Македонија да ја преиспита одлуката за задолжителни тестови за влез на косовските...

Македонија20 часа

Турски државјани врзале чаршав и преку прозорец избегале од државен карантин во Скопје

Двајца државјани на Турција синоќа избегале од државен карантин во Скопје, со чаршав кој бил врзан како импровизирано јаже. Од...

Топ20 часа

Скопјанец ја нападнал со секира својата сопруга додека спиела, а потоа бил пронајден мртов

Шеесет и едногодишен маж од Скопско утрово со секира ја нападнал својата сопруга додека таа спиела во семејниот дом во...

Македонија21 час

168 новозаразени и тројца починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.470 тестирања, а регистрирани се 168 нови случаи на...

Свет22 часа

Директорот на СЗО предупредува: Се забрзува ширењето на вирусот

Пандемијата на коронавирусот сè уште забрзува, а повеќето земји и натаму не успеваат да ја стават под контрола, предупреди директорот...

Регион22 часа

Србија воведува нови рестрикции поради коронавирусот, најстрого ќе биде во Белград

Во Србија, која веќе два дена е потресена од големи немири, донесени се нови мерки за превенција од коронавирусот. Како...

Регион1 ден

Без гушкање и бакнување, дозволен е само бакнеж на младенците – Хрватска воведува нови правила за свадби

Директорот на хрватскиот Институт за јавно здравје, Крунослав Чапак, истакна дека свадбите нема да бидат забранети и откри кои ќе...

Свет1 ден

(Видео) „Победата дојде“ – во болницата во Бергамо нема пациенти со Ковид-19 во одделот за интензивна нега

Во болницата „Папата Јован“ во Бергамо, Италија, нема повеќе пациенти со коронавирус на одделот за интензивна нега, и тоа 137...

Регион1 ден

(Видео) Полицијата нападнала две новинарки на протестот во Белград

Две новинарки на порталот „Нова.рс“ вчера биле нападнати од страна на полицијата на протестот во Белград. Порталот објави дека новинарката...

Досие