Култура
Алхемија на Стефановски и Миленковиќ во Антички театар
Скоро два ипол часа преполното гледалиште на концертот што се одржа во рамките на фестивалот Охридско лето уживаше во несекојдневната уметничка комуникација и чествувањето на слободата на креацијата на двајцата врвни музичари и нивните соработници
Скоро два ипол часа преполното гледалиште на концертот што се одржа во рамките на фестивалот Охридско лето уживаше во несекојдневната уметничка комуникација и чествувањето на слободата на креацијата на двајцата врвни музичари и нивните соработници Дино Милосављевиќ и Ѓоко Максимовски и Васил Хаџиманов како специјален гостин на овој настап за долго паметење.
Кога ќе се сплотат енергиите на виртуози како гитаристот Влатко Стефановски и виолинистот Стефан Миленковиќ и кога обајцата, наспроти фактот што досега се движеле во различни звуковни траектории, со чиста мисла и отворено срце влегуваат во ваков несекојдневен проект, тогаш неминовно се случува врвен уметнички чин. Настан што во овие какофонични и турбулентни времиња ја враќа довербата во креацијата, во убавото, во бришењето на сите огради, во слободата… Ете, како таков ќе остане во колективната меморија на преполниот Антички театар нивниот концерт одржан во пресрет на големиот македонски национален празник Илинден, во рамките на годинешното издание на фестивалот Охридско лето.
Инаку, ова беше четвртиот од серијата концерти триумфално започната на крајот на минатата година во белградскиот Сава центар. Од таму, она што веројатно првично беше замислено како ексклузивен проект на гитаристички виртуоз кој минал низ сито и решето во модерната музика (од „Брег“, преку балканскиот музички феномен – групата „Леб и сол“ до соработки со инструменталисти како Мирослав Тадиќ, Теодосиј Спасов, Јан Акерман…) и виолинист кој своевремно бил бележан како „чудо од дете“ и настапувал со тенорот Пласидо Доминго и диригентот Јехуда Мењухин…артист на УНЕСКО, сега се трансформира во соработка во која обајцата на задоволство на публиката влегуваат со невидена страст и која во иднина, освен со преполните распореди за музицирања по светот, со ништо друго и не може да биде условена.
Навидум несвојствено за музичари со таков бекграунд, тие и овој настап го започнаа со силна желба за докажување. Како да сакаа веднаш да ни стават до знаење дека се чувствуваат комотно во взаемната комуникација независно дали притоа посегаат по дела на класичните композитори Сати, Дебиси, Дворжак, Моцарт…или по теми на Џон Меклафлин и неговите „Махавишну оркестра“ – една од најзначајните појави на “фјужн музиката“ од првата половина на 1970-те, по балканскиот или македонскиот мелос толку речовито присутен во творештвото на визионерите „Леб и сол“ (песни како „Не си го продавај Кољо чифликот“, „Македонско девојче“, „Јовано, Јованке“, „Учи ме мајко, карај ме!“…) .
Тие едноставно својата сторија ја базираат на потрагата по барањето на нитката која упатува на умотворините на народниот гениј низ времето. Во таквите настојби ичекоруваат едно скалило погоре дозволувајќи си како големи мајстори на занаетот низ чинот на импровизација само да ја потенцираат сопствената потреба за слободно исчекорување во творештвото онака како што самите го поимаат. А, кога сето тоа ќе биде пречекано со бура воодушевување од присутните (во случајов неколку генерации на вљубеници во музиката, но и бројни гости од странство кои веројатно по првпат се среќаваат со балканската традиција), тогаш е сосема јасно зошто во еден момент Стефановски и Миленковиќ се престорија во модерни алхемичари кои звуците од своите инструменти ги престорија во мевлем за душите на сведетелите во чии спомени уште долго ќе пулсира ритамот на овој неповторлив длабоко емотивен перформанс.Стефановски и Миленковиќ во оваа своја инструменталистичко-творечка авантура имаат силна поткрепа од басистот Ѓоко Максимовски и тапанарот Дино Милосављевиќ (инаку членови на трито на гитаристот и на уште неколку македонски групи) кои нималку не се „луѓе од сенка“ задолжени за моторичноста на проектот, туку и креативци кои со одмерени соло партии знаат и тоа како да ги загреат дланките на присутните.
Кога, пак, на целата екипа ќе и се придружи и пијанистот Васил Хаџиманов (вистински наследник на лозата музичари Хаџиманови, школуван на славниот џез колеџ Беркли во Бостон, водач на сопствена „фјужн“ група во Белград со која има три албумски објави, чест гостин на концертите на татко му Зафир и тетка му Бисера Велетанлиќ, од неодамна член на електро-пионерите „Дарквуд даб“ и лидер на триото во кое се извонредните Изет Кизил перкусионист од Турција и грчкиот басист Костас Теодору…), дефинитивно се создадени сите предуслови за врвно шоу. Тој како специјален гостин на оваа серија на концерти на своите славни колеги, знаејќи си го местото, само и ги дава оние неопходни бои кои неминовно ве тераат на помисла дека пред себе имате состав подготвен за големи подвизи. Нешто како регионална „супер-група“ од новото столетие која наместо „мисионерство“ претпочита наново посегање по вистинските вредности. Нешто што нам, овде и сега, ни е неопходно потребно, оти немирниот Балкан никако не смее да биде слепото црево на светот.
Серијата концерти на Стефановски и Миленковиќ пролжува денеска во Хрватска, а потем …којзнае можеби еден ден ќе ги видиме заедно повторно во Македонија. Во Скопје или било кој друг град. За изведбите на вакви врвни уметници секогаш ќе има глад во земјава во која музичкиот јазик отсекогаш бил третиран како опстојба и нашата врска со цивилизираниот свет./крај/лј
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
(Видео) Кафе Де Анатолиа во живо во Сули Ан во Скопје: Фузија на музика и историја
Во хармонична фузија на култура, историја и музика, Кафе Де Анатолиа го претстави својот најнов жив настап, снимен меѓу древните ѕидови на Сули Ан во Стариот базар/чаршија на Скопје.
Во соработка со Факултетот за уметности, овој посебен настап ги обединува познатите уметници Маџноон (Majnoon) од Турција, Били Естебан (Billy Esteban), А. Јовевски (Aleksandar Jovevski) и Емра Кантуровски (Emrah Kanturovski) за несекојдневно музичко искуство.
Наспроти познатиот пејзаж на еден од најиконичните симболи на Скопје, овој жив настап е повеќе од само изведба – тоа е прослава на традицијата, иновацијата и универзалниот јазик на музиката.
Сули Ан, караванска станица од 15-ти век, стои како доказ за богатата историја и културно наследство на Скопје. Почетно позната како “водена крчма” поради близината до реката Серава, Сули Ан служела како витален дом за патници и трговци кои поминувале низ регионот. Низ вековите, тоа ја видело менувачката историја, развивајќи се од вибран пазар до центар за културна размена. Денес, тоа останува симбол на неодоливиот дух на Скопје, привлекувајќи посетители оддалеку кои бараат да се потопат во неговата бурна минатост.
Вметната во зидовите на Сули Ан лежи Факултетот за Ликовни уметности, светилник на креативност и уметнички израз. Основан во 1980 година како дел од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, факултетот нуди широк спектар на курсеви во фини и визуелни уметности, го градејќи талентот на будни уметници и научници. Неговото присуство во Сули Ан дополнително ја истакнува крстосницата на традицијата и иновацијата, бидејќи студентите и факултетот истовремено се инспирираат од богатото архитектонско и културно наследство што ги опкружува.
На оваа историска и креативна позадина, настапот на Кафе Де Анатолиа се развива, ткаејќи го звучниот платно што преминува граници и жанрови. Од зафатните мелодии на кавал до пулсирачките ритмови на тамбурата, секоја нота резонира со духот на Скопје, одека се чуе низ древните коридори на Сули Ан. Маџноон (Majnoon), Били Естебан (Billy Esteban), А. Јовевски (A.Jovevski) и Емрах Кантуровски (Emrah Kanturovski) донесуваат свој уникатен талент на сцената, инфузирајќи традиционалната музика со современ печат. Додека музиката го исполнува воздухот, публиката се пренесува на патување на чувствата, опфатени во видот и звуците на Стариот базар на Скопје. Калдрмите, украсени со вековно стара архитектура, обезбедуваат живописна позадина за настапот, зголемувајќи го општото искуство за гледачите. Ова е доказ за моќта на музиката да ги обедини луѓето ширум културите и континентите, пресекувајќи го јазот помеѓу минатото и сегашноста.
Како последните ноти затихнуваат, ехото на живиот настап на Кафе Де Анатолиа престојува, оставајќи неизбришлив печат на сите кои имале среќа да го видат.
Кафе Де Анатолиa е македонска продукциска и издавачка компанија основана во 2017 година од Моника Илиева (Monika Ilieva), Никола (Nickarth а.к.а. Rialians On Earth) и Зоран Илиев (Billy Esteban). Постои од 2009 година како концепт и претставува една од основачите на новите жанрови “Organic House”, “Oriental Deep House” и “Ethno House” на светската музичка сцена. Со повеќе од 4,000 артисти-диџеји кои настапуваат глобално, нивниот каталог содржи над 6000 музички композиции (најголем светски каталог во “Organic House” жанрот. Cafe De Anatolia е најнаградуваната музичка издавачка на YouTube со 31 Creator Award, првиот македонски бренд промовиран во Њујорк на Times Square, а соработуваат со глобални брендови како Forbes, Giorgio Armani, W Hotels, Four Seasons, GoTurkiy. Многу списанија како Forbes, Billboard, Entrepreneur, Gulf News, Gothic Magazine, Influencive, The Jerusalem Post, CDA Mag и многи други публикации имаат пишувано за растечкиот тренд бренд на Cafe De Anatoliа во светот. Никола Илиев и Моника Илиева се дел од Forbes Business Council и присуствуваа на Forbes Under 30 и Forbes 30/50 Самитите по добиената ексклузивна покана од Forbes, организацијата за најуспешни млади претприемачи и бизнис лидери од целиот свет, за 2022/23/24 година.
Култура
Во галеријата „Рудиќ“ – годишна изложба на фотографии на фотоклубот ЕЛЕМА – Скопје
На втори април, во 19 часот, вторник, во Рудиќ галерија ќе биде поставена клубска изложба на фотографии, „ЕЛЕМА 2024“.
„ЕЛЕМА 2024“ е изложба која го означува креативниот и творечкиот континуитетот на ФК Елема низ долгите години постоење и промовирање на фотографската уметност.
Како прва годишна клубска изложба она ги најавува идните активности на Клубот кои секако ќе бидат претставени во периодот кој следи, со јасен акцент на индивидуалноста на авторите слободниот дух, секогаш со нов пристап и нови трендови кон создавањето на фотографијата за што ЕЛЕМА секогаш имала капацитет.
Ќе бидат изложени фотографии на реномирани македонски автори: Раде Луковиќ, Дејан Гилевски, Кирил Штрков, Вацлав Лукиќ, Цветан Гавровски, Владимир Арсовски, Катарина Николов, Драгољуб Николовски и Боро Рудиќ.
Култура
Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот Регион
Министерката за култура и претседателка на Националната комисија за УНЕСКО, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска во Охрид оствари работна средба со претставниците на реактивната мониторинг-мисија на УНЕСКО, која е составена од членови на Центарот за светско наследство, Меѓународниот совет за споменици и локалитети и Меѓународната унија за заштита на природата. Средбатата се одржа во Завод и Музеј – Охрид, а учество зедоа и членовите на Националниот координативен тим од нашата држава и директорката Ирена Шајн.
„Министерството за култура и Националниот координативен тим посветено работат на спроведување на препораките од УНЕСКО во делот на заштита на културното наследство. Не отстапуваме од грижата за Охридскиот Регион и зачувување на статусот на престижната листа на УНЕСКО. Уверена сум дека обединети, сите заедно, централната, локалната власт и невладиниот сектор во заедничка координација со забрзана динамика ќе продолжиме да ги исполнуваме насоките на УНЕСКО во подобрување на состојбите со реткото природно и културно наследство на нашиот регион“, потенцира Костадиновска- Стојчевска.
На средбата стана збор за актуелните состојби поврзани со заштитата на културното наследство во Охридскиот Регион, начините за надминување на предизвиците и напредокот што го има остварено државата во однос на последните препораки на УНЕСКО.
Министерката со македонските експерти ги информира членовите на реактивната мисија за сите реализирани, како и за тековните активности поврзани со препораките, како што е донесувањето на стратегискиот план за рехабилитација на природното и културното наследство на Охридскиот Регион, изработката на правни документи, меѓу кои предлог-закон за управување со светското природно и културно наследство и предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за прогласување на старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење.
Беше дискутирано и за завршените активности за заштита на дрвената платформа во Заливот на коските, пристапот до заштитените културни добра, изработката на „упатство за иматели на недвижни културни добра во Охридскиот Регион – светско наследство на УНЕСКО“, со цел да им се помогне на имателите на недвижни културни добра во Охридскиот Регион да ги исполнат своите права и обврски.
Средбата беше дел од агендата на тридневната заедничка реактивна мониторинг-мисија на членовите од Центарот за светско наследство на УНЕСКО, Меѓународниот совет за споменици и локалитети (ИКОМОС) и Меѓународната унија за заштита на природата во прекуграничното светско наследство „Природно и културно наследство на Охридскиот регион“ во Република Албанија и во Северна Македонија.